Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Лектири

Лектири 16 Фев 2013 04:25 #232735

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Мамички, ајде споделете со нас што мислите околу лектирите кои ги читаат вашите деца. Ја отворив темава поттикната од она што го прочитав на една web страна, во однос на тоа што читаат нашите деца и кој ги одобрува лектирите?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 16 Фев 2013 05:11 #232738

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Klaudija wrote:
Мамички, ајде споделете со нас што мислите околу лектирите кои ги читаат вашите деца. Ја отворив темава поттикната од она што го прочитав на една web страна, во однос на тоа што читаат нашите деца и кој ги одобрува лектирите?

Posoceniot gospodin Gorjan Petreski sum imala prilika da go citam vo vremeto koga mojata kerka bila tinejdzerka i sosema go delam mislenjeto deka e eden podprosecen pisatel.

Jas licno imam golem problem so lokal patriotizmot, vo globala.
Ne znaci ako nekoj e domasen avtor deka navistina e kvaliteten i deka treba da najde mesto vo lektirite samo poradi toa.
Voopsto literaturata za deca e mesto kade sto pominuvaat raznorazni gluposti, osobeno od domasni pisateli.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nataly

Ре: Лектири 16 Фев 2013 16:11 #232811

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
Tuka nema takva lektira kako sto e vo MK, znaci zavisi od ucitelot po germanski, dali decava ke citat i sto i kolko... Znaci ladno mozes da pomines do matura, a da ne si procital najvaznite dela od literaturata... Inace koga se cita, se cita 99% ako ne i 100% germanska/avstrijska knjizevnost, sto mene vo gimnazijata (jaz imam dojdeno na 15 vo Avstrija) mi ima smetano... Ima bukvalno luge so fakultet, a da nemat zemano Dostojevski na primer vo raka...

Za lokalnite avtori, mislam, deka e malce i sindrom na "malite" narodi da si gi citat svojite avtori i da cuvat svojeto... Mislam deka e ok, koga e vo kontekst na svetska literatura i decava znaat deka ima nesto i drugo nadvor...

Kaj Elias veke od sega se trudime da citame klasika, no ne samo tuka poznata, znaci mu citam i nekoj ruski detski autori itd... Pa posle ke vidime, od skoloto tuka ne ocekuvam nesto mnogo :(
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 18 Фев 2013 14:32 #232951

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Според ова што го прочитав во критиката на off.net.mk ми изгледа тотално несоодветна за седмооделенци.... па и за било кој. Со сериозна тема од тип на педофилија мора многу претпазливо на таа возраст, а ова што го прочитав не ми делува така. Нејсе, кога ќе погледнам уште од сликовниците на ќерка ми кои изгледаат како да ги преведувале тотални лаици на кои македонскиот не им е мајчин јазик... очигледно дека критериумите во образованиеот отидоа во бестрага ... за жал.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 04:21 #232982

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Се согласувам дека образовниот систем кај нас е многу паднат и дека ако порано имаше некои стандарди, се може се’ да се протне и да се вметне во образовниот систем.
Не сум ја читала книгава лектира, но ако навистина има елементи на потсвесни еротски фантазии, тогаш дефинитивно не е за деца кај кои почнуваат интензивно да работат хормините.

Она што ми падна во очи во текстов е дека извесната Илина иако дава критика на книгата, сугерира да се стави Лолита на Набоков за лектира, наместо оваа. А, Лолита и те како не е за таа возраст. Од грешка во грешка одиме.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 04:28 #232985

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Да прашам, има ли промена во лектирите, дали се воведени некои нови како спорнава? Не сум ја читала книгата и не можам да дадам свое мислење по истата, но се сеќавам пак дека имавме книги во средно кои јас ги обожував, како на пр.Сто години самотија од Маркес, ама пак кои лесно може да те измрдаат, да не речам да забегаш ако си полабилен карактер.

Јас се надевам дека од друга страна пак, ги нема веќе оние лектири од наше време каде партизаните беа главни јунаци :)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 04:43 #232987

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
Sanja wrote:
Она што ми падна во очи во текстов е дека извесната Илина иако дава критика на книгата, сугерира да се стави Лолита на Набоков за лектира, наместо оваа. А, Лолита и те како не е за таа возраст. Од грешка во грешка одиме.

i mene mi padna ova vo ochi. a koja e ovaa ilina? dali ima za pravo da dava vakvi recenzii ili pishuva od rakav? ako ova e tochno, tekstot treba da bide objaven na nekoj poseriozen portal ili sl. kolku shto znam, vo momentov se vodi bitka za okolu 30 lektiri (da bidat simnati ili premesteni vo soodvetno odd.)pak mi mirisa na nekoja igra...

konkretnata lektira ne ja znam, bi sakala da prochitam kritika od nekoj drug. a avtorot kjerka mi mnogu go saka, barem do sega.
generalno, nemaat loshi chetiva no sekogash moze podobro.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 05:08 #232989

  • Nataly
  • Nataly's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Be yourself – everyone else is taken !!
  • Теми: 846
  • Thank you received: 600
  • Карма: 52
Ovaa kniga spored mene definitivno ne e soodvetna za vozrasta na ucenicite ne koi im e zadolzitelna lektira ..Znaci, knigata e interesna za interesna, veruvam deka povekjeto ja citaat bas poradi temata (koja sekako najmnogu im odgovara na podivenite decji hormoni, i nadojdenata pubertetska fantazija) No, kako sto pisuva doticnata Ilina (pojma nemam koja e ) mi gi zema zborovite od usta ...I mislam deka ova prasanje treba da se akruelizira , sepak vo knigata se pokreva edna debata koja veruvam deka samo daleku povozrasni lica mozat da ja vodat i da se dojde do krajnata poucna cel (koja sekoja kniga treba da ja ima.) Ovie sedmoodelenci ne mi se veruva deka mozat da rasudat dali ima ili (nema)momenti na pedofilija, kako bi postapile dokolku bi se nasle vo slicna situacija, i na kraj na kraistata zosto i voopsto da im se otvoraat vakvi idei na ucenicite (a bogami i na nekoi "nastavnici" da im se potkopuva fantazijata) koga mozat da se citaat i obrabotuvaat daleku poubavi i posoodvetni temi, a ovie prasanja da se ostavat na povozrasni srednoskolci.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 05:12 #232990

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Sanja wrote:
Она што ми падна во очи во текстов е дека извесната Илина иако дава критика на книгата, сугерира да се стави Лолита на Набоков за лектира, наместо оваа. А, Лолита и те како не е за таа возраст. Од грешка во грешка одиме.

Илина го кажува ова со Лолита со изразит сарказам ... нормално дека Лолита ни на сон не е за таа возраст ... мислам воопшто не е ни за лектира. Но девојчето го имам читано и во други наврати многу издржано пишува, сосема се сложувам со нејзината критика.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Nataly

Ре: Лектири 19 Фев 2013 05:28 #232994

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
E ova e navistina strasno, i posle se cudime sto se vakvi denesnite generacii, malku e toa sto go ima na televiziite, pa sega trebalo i vo knigi da citaat nesto za sto ne se uste dovolno razvieni mentalno za da go razberat. Ja nemam procitano kngata, ama spored tekstot na Ilina voopsto ne e za vozrasta za koja e nameneta. Vo celost se soglasuvam so Tatjana koa veli deka kriteriumite vo obrazovanieto otidoa bestraga.
Последна промена: 19 Фев 2013 05:30 by None-bt.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 05:33 #232996

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Dilberta

Ре: Лектири 19 Фев 2013 08:02 #233020

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Мизерен обид да се минимизира вредноста на критиката преку контракритика која претежно тежнее да ја омаловажи Илина и да го пренесе вниманието на важните коментари за романот кон тврдењето дека она е нестручна за давање критика.

Сакав авторот да ме разубеди во заклучоците кои се однесуваат на делото, а не да држи предавања по правопис, да ја валидира вредноста на писателот според број на награди, да објаснува дека обичните родители без диполома по книжевност не треба да се замараат со тоа што читаат децата туку да го препуштат тоа на "стручното" око на книжевнците и слично.

Ај малку и јас да си го кажам моето нестручно мислење:

Еден од контрааргументите е дека ликот опишан во делото е НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛЕГНТНО дете и затоа се изразува така зрело. Ама не треба да се поседува диплома од книжевност за да се заклучи дека реченицата: "Не сум помодна професоре. А во нашево време национализмот како да стана помодност!" не опишува интелектуална натпросечност туку натпросечна ЕМОТИВНА ЗРЕЛОСТ ... нереално за седмооделенец ама ај нека е така.

Она што најмногу ми падна во очи е еротската и моралната компонента во романот. Е овде контрааргументите ми се смешни ... опис на еротските чувства на професорот кон детето кога предава "Електризирање на тела при триење" уствари не е еротика туку опис на психолошка состојба ... па според тоа романот треба да се вреднува како психолошки. Нема врска што објектот на неговите чувства е четиринаесетгодишно дете. Изгледа и јас сум за кај Фројд :)

Објаснувањето на моралната компонента на стручниот книжевник тотално не ми држи вода ... демек читателот сам треба да ги оцени постапките на ликот. Мислам читателите се седмооделенци кои треба да донесат сами заклучок дали чувствата на професорот се педофилски или не. Ако се способни за тоа да се опуштиме, нити им треба сексуална едукација, нити да се грижиме како да ги заштитиме. И ликот на професорот не завршувал зад решетки за да не се наштети на естетската димензија на текстот !?! ... гротеска!

Понатаму нема да коментирам, доста е толку.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nataly, Зока, Meyo

Ре: Лектири 19 Фев 2013 08:58 #233023

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Мене ме испровоцираа до толку да ја купам и почнам да ја читам книгава.
Не можам да дадам сеуште конкретно мислење, но она кое деновиве го дискутиравме и со други е дека девојкава која дава стручна рецензија по професија е етнолог, мислам. Една од девојките која се сликаше за твитер календарот (подразголена) но тоа веќе е друга тема. Па можеби затоа и авторот на контракитиката така реагира.
Од друга страна се сложувам со Татјана, дека не може било кој да забрани да имаме ние како читатели и родители свое мислење за било кое дело кое го читаат нашите деца и воопшто било кое издадено дело, како читателска публика. Па таман работа на сите да ни се допаѓаат истите дела и писатели.
НО, едно е да имаш мислење, а друго стручно да делиш рецензии на пишани дела. А јас така ја сфатив критиката од Илина.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 13:24 #233035

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
  • Карма: 3
Јас не сум лаик, имам дипломирано книжевност, делото го немам прочитано, но го прочитав одговорот на критиката, па тоа ме испровоцира да се вмешам. Прво, секој има право на свое мислење и свое видување за било кое јавно дело, а тука спаѓаат и литературните остварувања. И не мора да биде стручен (по диплома), ниту пак да биде познавач на правописот за да каже што мисли за некое литературно дело. Тоа што оваа „критика“, или подобро кажано-мислење направи ваква бура е за пофалба, и тоа од повеќе аспекти. И онака во Македонија литераурната критика е сведена на пофалби и на страв некој некому да не се замери, па да си направи проблем, па мислењево за мене е вистинско освежување. И обидот тоа мислење да се дискредитира на ваков начин исто многу кажува. Прво, дали е „литература за деца“ или „детска литература“ е најмалку важно (иако, да, порано и кај нас се нарекувала „детска“, а подоцна како многу попрецизен е прифатен терминот „литература за деца и млади“). И факт е дека Горјан Петревски е веројатно најчитаниот македонски современ автор на литература за деца кај нас. Исто е факт дека вакви дела за недозволени емоции имало и претходно, дури и високовреднувани дела, и сигурно ќе ги има и во иднина. Не навлегувам во мотивот на авторот за едно вакво остварување, со најблаго кажано, деликатна содржина, но секако ниту квалитетот на авторот, ниту пак (евентуалниот) квалитет на делото како уметничко остварување не е алиби тоа дело да се најде меѓу задолжителните лектири. Мене само тоа ми пречи во целава ситуација. Вакво дело, со содржина која е гранична дури и за возрасните читатели секако не е ниту поучна ниту добредојдена за деца. Во ниту еден момент не можеме да бидеме сигурни како децата ќе го сфатат и ќе го доживеат она што им се нуди во книгава, а секако најмалку сакаме да помислат дека ете, и тие емоции се пожелни и има за нив оправдување, посебно во оваа корелација кога станува збор за наставник, кој би требало да биде авторитет и кој тој авторитет и работата ги злоупотребува, дури нека е и само во мислите. Страшно.
И патем, ама воопшто не му завидувам на ниту еден наставник кој ќе треба да прави анализа на ова дело преку обработка на лектирата. Јас не би сакала да се најдам во таа ситуација.
(p.s.Се надевам разбирливо е што сакав да кажам, зашто најмалку 15 пати ме прекинаа додека пишував :blink: ... )
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
Последна промена: 19 Фев 2013 13:26 by Octavia.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Nataly, macika, vodolija, Mama Sani and this user have 3 others thankyou

Ре: Лектири 19 Фев 2013 16:19 #233043

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
kolku shto razbrav, a, pishuva i vo reakcijata na tekstot, knigata ne e stavena na oficijalnata lista na lektiri. pa me chudi togash, zoshto e ostaveno na slobodnata volja na nastavnicite, dali kje ja obrabotuvaat ili ne ovaa kniga, koga site znaeme koj se moze da predava vo shkolite???

inaku jas maka macham da najdam neshto za jana (11 god.) kade i da prasham po knizarive, mi preporachuvaat ljubovni romanchinja :sukalo: mnogu malku ima literatura za deca.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 17:36 #233048

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Да, не е задолжителна лектира, туку оставено е по избор. Е сега и тоа е проблем - кој ќе ја избере и како ќе се обработува и тн.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 18:00 #233050

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Искрено мене одговоров малку ме налути, бидејќи повеќе се занимава со некомпетентноста на авторот на текстот, и докажување кој е кој во македонската современа литература. Но основната цел по мене на тектот е да се оцени дали романот е пригоден за деца во пубертет. Искрено не сум запознаена со делово, но од старт темата воопшто не ми се допадна. Без разлика дали е задолжителна или не, ставена е на листата на лектири. Апсолутно го делам мислењето со Octavia и TatjanaV.
Инаку како несоодветна лектира од младоста за мене беше маестралното дело Малиот Принц кое ми беше лектира за 2ро одделение :tupco: На времето ја мразев, додека не ја препрочитав на постари години.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: None-bt

Ре: Лектири 19 Фев 2013 18:19 #233053

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Така е водолија. Не секогаш значи дека и квалитетна книга е соодветна за одредена возраст. Добар ти беше примерот со Малиот принц (кој патем речено ниту јас не го разбирав, ниту го сакав на таа возраст).

Имено се случува и сега да има и други лектири кои не се соодветни или пак неприфатливи за децата на одредна возраст. Конкретно, воедно и банален можеби пример, е „Снежана“ која е лектира за второ одд. Колешка моја која има ќерка колку син ми, ми кажува денес како им рекла наставничката да ја земат од библиотека и исклучиво нејзе да ја прочитаат, а тоа е оригиналната бајка.
Е сега проблемот е што оригиналната е многу, многу мрачна и многу посурово напишана „крв течеше од срцето кога го извади“ и тн...што кога го читале со ќерка и, девојчето се преплашило.
Оние кои подоцна ги читаме, се преработки и малку ублажени, ако можам така да се изразам.

Зборот ми е, мора да се биде крајно претпазлив во изборот на литература за деца и млади.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 18:53 #233059

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Од Петревски еднаш „несакајќи“ ја прочитав неговата книга „Марта“ и си го поставив истото прашање: како е возможно да има толку потпросечен стил? И на Википедија пишува дека „студирал“ книжевност, но не и дека дипломирал, такашто беспредметно е да се дискутира кој колку е стручен. Тоа што извесната Илина има приватен живот и во слободно време се слика полугола, воопшто не ми значи, не знам зошто е тоа важно?! Според мене, спорна е самата тема, а потоа и сите други набројани недостатоци.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 19 Фев 2013 19:08 #233061

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Klaudija wrote:
Тоа што извесната Илина има приватен живот и во слободно време се слика полугола, воопшто не ми значи, не знам зошто е тоа важно?! Според мене, спорна е самата тема, а потоа и сите други набројани недостатоци.
Бре, ама се фаќате за еден збор!
Значи на никој начин не го коментирав тоа што го правела ниту го оправдав, а уште помалку го осудив. Дури и нагласив дека овде не е тоа тема, само успат споменав што дознав за неа и мораше тоа да биде земено во предвид како ВАЖНО!
Да, коментираме за книгата и за критиката нејзина, а и на господинот кој подоцна и реплицира. И да, добро е што овде се вртат различни ставови, во кои богами досега најдов квалитетни мислења и ме натераа да се подзамислам пред да можам да го изнесам мислењето.
Подолу, ако ме прочита потоа, објаснив дека се сложувам со Татјана чинам беше- дека без разлика кој е и што е, секој има право да си изнесе мислење за било кое дело и писание, се разбира само доколку е искрен и објективен.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 19 Фев 2013 19:10 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Лектири 20 Фев 2013 04:51 #233090

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Е де, немав никаква лоша намера. :fijuk: Иако, читајќи ја критиката на критиката, до некаде се согласувам со Иван, има недоследности во „рецензијата“. Како и да е, во случајов не станува збор за турска серија, па ај нема да му дадам на детето да гледа. Сепак ова е лектира, и мора да се внимава на секој детаљ.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 24 Јул 2013 03:59 #242458

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Го гледав Ивце Пивце пред некој ден на тв и тој даде една многу интересна дефиниција за што е тоа лектира, па ќе се обидам да го прафразирам:
„Лектира е воспитно образовно орудие за малтретирање на деца за летен распуст„ :D

Шала на страна, јас инсистирам синко да ги чита лектирите затоа што сметам дека треба од мал да стекне навика за читање и да ја засака книгата. Досега прочита 3 лектири. Секако нема секогаш желба за читање, па во такви моменти ќе го оставам да си поигра ама после ќе го потсетам дека го чека лектирата и на крај ќе почне да чита.
Колку читаат вашите деца за време на распуст?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 24 Јул 2013 04:03 #242459

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
  • Карма: 10
i filip moj dosega ima 3 procitano ,vo zavisnot od toa kolku mu e interesna so takvo tempo cita
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лектири 22 Јун 2014 17:09 #251231

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Do sega Nikola si gi cita site lektiri vo tek na raspustot. Ovaa godina pocna veke i e pri kraj so prvata. Tuku denes nemaat mnogu lektiri. Koga ke mi tekne za nas kako bese- po 12 lektiri za sekoe oddelenie. Nokna mora mi bea. :D
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.