Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Наши стихови

Наши стихови 22 Сеп 2011 06:40 #155037

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Не јадев поради тебе.
Се најадов со љубов од срцето твое
со отров од усните твои.
Гладна сум, но сепак сита.
Сита од тебе, од среќата наша,
од страста меѓу двете тела,
од бакнежите меѓу двете усни.
Но ситоста кратко трае кај мене.
Повторно сум гладна за твоите усни
за твојата љубов, за твоето тело.



Ова е наше катче во кое слободно ќе ги претставуваме нашите дела :srce:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, biljann, Независна

Ре: Наши стихови 22 Сеп 2011 10:32 #155070

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Нестварна


Ќе направам скали од облаци

и лесно ќе влезам во твојот сон

да не те разбудам.

Со најнежен допир од прстите

ќе ти ја помилувам косата.

Најубава пајажина од бакнежи

ќе исплетат моите усни на твоето лице.

Не, немој да се будиш!

Ќе знаеш дека тоа сум јас

по мирисот на телото

и нежноста на допирите

Не, немој да се будиш!

Само тука сум само твоја.

:sram2:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 22 Сеп 2011 10:33 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Adelle, biljann, mamatobe, mamicka, Mama Sani and this user have 1 others thankyou