Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Омилени цитати

Омилени цитати 04 Фев 2011 23:46 #109238

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7856
  • Thank you received: 5645
Една од најважните лекции која ја научив како историчар е дека постои само сегашност. Само сегашноста има непроменлива, бескомпромисна форма, минатото е онакво какво што сами ќе избереме да го создадеме. Историјата е обликувана од нашата секашност, не спротивно.

“Крвав Орел“ - Крег Расел


Кој е вашиот омилен цитат, извадок, од некое книжевно дело?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 04 Фев 2011 23:46 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 05 Фев 2011 00:40 #109253

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Некои луѓе се како камења. Тоа од нив го прави љубовта. Не стареат не се менуваат. Има по некоја трага во нив, некој ситен знак остава врз нив сонцето, ветерот и дождот, но тие вечно стојат на своето место. И да ги тргнеш нивното место останува. Издлабено и точно по нивна мерка. Таа вдлабднатина е вечна како што е вечен и каменот. Засекогаш си припаѓаат еден на друг.

"Последниот чај" - Винка Саздова
Последна промена: 05 Фев 2011 00:40 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 08 Фев 2011 01:36 #110118

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Вие сте единствената личност која треба да се грижи за приказната за Вас самите. Свеста за тоа менува се. Сетете се, свеста за вистината е првиот чекор до овладувањето со себеси, а тоа е она што токму сега го правите. Се потсетивте што е вистина. Сега кога ја разбирате оваа вистина и кога сте свесни, како воопшто можете нешто да сфатите лично?Кога еднаш ќе разберете дека сите човекови суштества живеат во свој свет, во сопствен филм, во сон, втората спогодба е вистински здрав разум: ништо не сфаќајте лично. - Од книгата "Петтата спогодба" на дон Мигуел Руис
Последна промена: 08 Фев 2011 01:37 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 08 Фев 2011 03:25 #110144

Ако имаш нешто неискажано
нешто што те притиска и пече
закопај го во длабока тишина
тишината сама ќе го рече...


Ацо Шопов :aleluja:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 09 Фев 2011 05:19 #110680

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
"Посака еднаш во животот дa се одрече од себе. Посака еднаш во животот да биде како другите луѓе и да се откаже од својата внатрешност, како тие од својата љубов и глупавото почитување, така и тој од својата омраза. Посака еднаш, само еден единствен пат да да биде прифатен во своето вистинско постење и од некој друг човек да добие одговор на своето единствено чувство, омразата."

Парфем - Патрик Зискинд
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 09 Фев 2011 05:25 #110683

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
"Западот пати од премногу наука, а Истокот страда од премногу религија. Сега ни треба ново човештво во кое науката и религијата ќе станат два аспекти на единственото човештво. И штом ова човештво ќе биде донесено до стадиум на постоење, земјата за првпат ќе може да стане она што е замислена да стане. Ќе стане рај: ова тело ќе стане Буда, оваа земја ќе стане рај."
Книга за разбирањето - Ошо
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 13 Фев 2011 06:47 #112135

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
"Почувствував нагон да и речам дека ја сакам, но тие зборови ги изговорив премногу пати без да ги мислам сериозно и така ги уништив за себе."

Кит Аблоу- Негирање
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 13 Фев 2011 07:13 #112139

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1133
  • Thank you received: 480
Кога секој би знаел колку е мало растојанието помеѓу доброто и лошото, помеѓу хуманоста и окрутноста, помеѓу доброчинителството и злобата ... тоа мало растојание лесно би го прескокнал за да помине на страната на добрите, хуманите и доброчинителите.

"Клуч" - Ленка Попоска-Гогоска
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 21 Фев 2011 06:53 #115240

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
"Да се бара среќата некаде надвор од себеси е исто како да се сака да се фати облакот со ласо. Среќата не е предмет. Таа е состојба на умот. Таа е нешто што мора да се живее. Таа не може да се одвои ниту со световна моќ ниту со стекнување финансиско богатство. Менталниот немир настанува како последица од насочувањето на вниманието кон надворешниот свет". Од книгата "Како да се биде секогаш среќен" од Парамханса Јогананда
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 21 Фев 2011 16:04 #115313

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
„Тајната на среќата се состои во тоа да ги набљудуваш сите чуда на овој свет, ама никогаш да не ги заборавиш двете капки масло во лажичката.“

„Не е зло она што влегува во човековата уста, туку зло е она што излегува од неа.“




Алхемичарот - Пауло Коељо
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 21 Фев 2011 16:20 #115319

  • milicka
  • milicka's Avatar
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 266
  • Thank you received: 175
Кога секогаш гледаме исти лица ,на крајот тие стануваат дел од нашиот живот.А кога тие ќе станат дел од нашиот живот тогаш сакаат и да ни го сменат.И не се задоволни ако не е на нивното.Зашто секој човек има точна претстава како би требало да го живее својот живот


Во определен миг на нашето постоење,ја губиме контролата над сопствениот живот и и се припуштаме на судбината.Ете тоа е најголемата лага на светот.


А кога сакаш нешто целата Вселена прави заговор за да ја оствариш слојата желба


На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата,без оглед дали тоа се случува сред некоја пустина или во некој голем град.И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи,сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под Сонцето ги има испишано само една Рака.Рака која ја буди љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност што работи,што се одмора и што бара богатство под сонцето.Зашто без тоа ниту еден сон на човековата раса нема да има смисла - мојот омилен цитат :love:


Алхемичарот - Пауло Коељо
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 17 Јун 2011 15:27 #142129

  • bart
  • bart's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Еве и еден цитат:

„Ќе се трудам се` додека не успеам. Не сум дошол на овој свет за да бидам поразен, ниту неуспех струи низ моите вени. Не сум овца што чека да ја поттикне нејзиниот пастир. Јас сум лав што одбива да зборува, оди и спие со овците. Касапницата на неуспехот не е мојата судбина.“
Од древниот свиток III
„Најголемата мистерија на светот“
Ог Мандино
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 21 Јун 2011 18:47 #142562

  • bart
  • bart's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Човековиот ум е налик на градина и може интелигентно да биде обработуван или да биде препуштен диво да расте, но во секој случај ќе биде продуктивен. Ако врз него во изобилство не се насее семе, семето ќе падне врз плевелот, и како резултат на тоа ќе израснат погрешни, бескорисни, штетни и нечисти билки. Со други зборови, се` што ќе дозволиме да влезе во нашиот ум, секогаш ќе даде полд, ваков или онаков.
„Додека човекот размислува“
Џејмс Ален
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 30 Јун 2011 16:20 #143728

  • bart
  • bart's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
„Религиите во голема мера станале сила што раздвојува, а не сила што обединува. Место да придонесат за окончување на насилството и омразата по пат на спознание за фундаменталната единственост во животот, тие донеле уште повеќе насилство и омраза, повеќе поделби меѓу луѓето, како на оние од различни религии, така и на оние во рамките на иста религија. Се развиле во идеологии, во системи на верувања со кои луѓето можеле да се идентификуваат и на тој начин да го зголемат лажното доживување за сопственото „јас“. со нивна помош тие можат да го идентификуваат својот живот како „исправен“, а туѓите како „погрешни“ и на тој начин да го дефинираат својот идентитет преку своите непријатели.
„Нова земја“ Екарт Тол
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 30 Јун 2011 21:53 #143826

  • lilit
  • lilit's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 7
ce placam utre!!zivotot ne e panadjur!!!nauciv brgu deka mora da zagrizam mnogu povece otkolku sto mozam da progoltam!! od OG MANDINO 17n pravila na mojot zivot!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 30 Јун 2011 22:00 #143827

  • lilit
  • lilit's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 7
i zasto me sada podsecate na proslost kad ja neznam da se oslobodim sebe,zar ni je to grebanje sa kasikom u prazno???f.dostoevski!
sto vredi da go osvoite svetot ako pri toa si ja izgubite dusata.onaa sto go barame vece e vo nas!-ANTONI DE MELO-NOVIOT DEN
The administrator has disabled public write access.

Ре: Омилени цитати 04 Дек 2012 18:40 #224410

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Зависта е молец, таа како и несреќната животинка ја јаде рубата која се родила: звиста го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.

Папокот на светот- Венко Андоновски
The administrator has disabled public write access.
Time to create page: 0.303 seconds