Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Хаику поезија

Хаику поезија 18 Јан 2011 21:53 #103054

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Хаику е тростих, стиховите имаат приближно по 5, 7 и 5 слогови. Хаику треба да има вкупно 12 до 20 слогови. Хаику-то често содржи ѕбор кој го означува годишното време во кое настанало. Овој вид поезија е непосреден израз на доживувањето на поетот, при што не се вклучени размислувањето, заклучувањето, поучувањето и слично. Хаику поетот се нурнува во предметот на своите песни и не го истакнува своето „јас„. Љубовта со еротско значење, не е предмет на хаику поезијата. За да некое доживување биде забележено како хаику, мора да има своја поетска вредност со која се издигнува над било какво доживување без посебно значење.
Убавината на хаику поезијата е во неговата вистинистост, непосредност и посебно во тоа што со него нешто, можеби веќе познато, е доживеано на нов начин - почисто, посилно, подлабоко.
Времето во кое се случува хаикуто, обично е сегашно - хаику е поезија „овде и сега„.
Хаику не е афоризам, поговорка, минијатура, ниту е „песничка„.
Хаикуто не смее да е накитено. Не трпи рима бидејќи тоа е пресилно средство кое би ги пригушило нијансите.
По правило хаикуто нема наслов.

*******************************************************************************************

Еве хаику поезија од македонски автори. А во темава можете слободно да закачувате и хаику од странски автори, на било кој јазик.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Хаику поезија 18 Јан 2011 21:56 #103055

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Три голи дрвја
за бела земја заковани,
покрива снегот.

*****************************

Од кој спомен е овој снег
што врне
врз сите волшебни мостови.

****************************

Две трепетни раце
по ѕвезда посегнува.
Ѕвезда се замислував.

****************************

Црнина од облаци
ја покрила
големата порта на срцево.

****************************

Врз морето притиска ноќта.
Под боси стапалки
ситен кикот од бранови.

***************************

Затвораш студен прозорец.
Зар и кај тебе треба да се чука
со прстиве истрошени од чукање?

А.Поповски
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хаику поезија 20 Јан 2011 17:10 #103783

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Otkucaji sata
i sve veća tišina
u mračnoj sobi.



Sama sa mislima.
Na tankoj grani
zaklati se trnjina.



Najzad kod kuće--
ne dočeka me ništa
do zuj komarca.



Kraj dugog puta.
Zimske mi se cipele suše
na letnjem suncu.



Zimskom cipelom
niz krivudavu prtinu
šutiram kamen.



Niski oblaci.
Strma staza kroz sumu
u...



Kolima niz dzadu.
Guske digle prašinu
pa gakcu li gakcu



Otvaram vrata
u ponoć nove godine--
nalet pahulja.



Izdužio se dan
i sad je samoće
vise



Ode bez reci
kroz sneg i gustu maglu--
udarci vrata.



Zamračen prozor...
Po nečijim gostima
krupne pahulje



Zimsko veče.
Glas sto pozdravlja komšiju
na moj mi liči.




Niz stepice
uplašena sopstvenom senkom--
zimska noć




Prve pahulje
i moj lik na prozoru
čuteći gledam




Vascele noći
kroz kišu sto dobuje
udarci zvona

Saša Važić
sloboden novinar, astrolog, preveduvach, avtor na proza i poezija, i chlen na redakcijata na Haiku vesnikot i Haiku glanikot vo Nish. Eve Ane navede dosta informacii za toa shto e Haiku poezijata i delo od Nash avtor, jas da dopolnam kako toa izgleda kaj nashite sosedi.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хаику поезија 22 Јан 2011 04:11 #104555

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Жил Фабре

Цветови од цреша
по тротоарот, улицата;
но доаѓа чистачот
_________________________________________________________


Одличен бележувач на страници -
само да беше подолго
ова мое побелено влакно

__________________________________________________________


Последен поглед
кон неа и градинарот
ја пресече розата

__________________________________________________________
The administrator has disabled public write access.