Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Новости во областа на книжевноста

Новости во областа на книжевноста 10 Јан 2011 00:07 #100237

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“

1. „Утрински весник“ доделува единствена годишна награда „Роман на годината“ , за која можат да конкурираат сите романи напишани и објавени на македонски јазик во периодот од 15 декември минатата година до 15 декември тековната година.

Повеќе - Утрински весник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 10 Јан 2011 00:21 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 20 Јан 2011 01:56 #103378

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
„Пингвин“ ќе издаде книга на Гоце Смилевски

Најголемиот светски издавач, англиско-американската корпорација „Пингвин“, ги откупи правата за објавување на романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски.

Во веста под наслов „Пингвин оди во Македонија“, објавена во американскиот неделник „Паблишерс викли“, се вели дека издавачот „Пингвин“ ги купил на аукција авторските права за англиското јазично подрачје за објавување на „Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски. Смилевски, кој е Македонец, во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија за овој роман, кој веќе е продаден во повеќе земји, меѓу кои и во Франција, Италија и Бразил.

Веста е објавена во рубриката „Договори на неделата“ на високотиражниот американски неделник за издавачка дејност „Паблишерс викли“, заедно со информации за откуп на авторските права на петмина американски писатели.

Авторските права за романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“ ги застапува француската агенција „Астие“ од Париз.

„Пингвин“ е најголем светски издавач, кој своето повеќедецениско реноме го има изградено со објавувањето врвни белетристички дела.

„Сестрата на Сигмунд Фројд“ е втор роман на Гоце Смилевски што ќе биде објавен во САД. Во 2006 година неговиот роман „Разговор со Спиноза“ излезе во издание на „Нортвестерн јуниверзити прес“ од Чикаго.

Дневник
Последна промена: 20 Јан 2011 01:56 by Molly.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Новости во областа на книжевноста 21 Фев 2011 01:31 #115085

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Конкурс за краток-краток расказ (втор дел)

Редакцијата на веб порталот Окно ве повикува да учествувате во наградниот конкурс за најдобар краток-краток расказ.

Конкурсот трае од 21 јануари до 7 март 2011 година и ќе биде реализиран во два циклуси од по три недели. На крајот од секој циклус ќе бидат доделени по 3 награди. Првата награда е 7, втората 5, а третата 3 книги во издание на издавачката куќа Темплум.

Секој учесник во рамки на секој циклус може да испрати најмногу 5 кратки-кратки раскази.

Секој краток-краток расказ не смее да биде подолг од 1200 знаци (заедно со празните места).

Нема никакви ограничувана од тематски или жанровски вид.

Расказите можат да бидат потпишани со вистинското име или со псевдоним.

Еднаш неделно на Окно ќе биде објавуван неделен избор од пристигнатите текстови.

Расказите можете да ги испраќате на адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 24 Фев 2011 17:04 #116591

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
15 дела во трка за Роман на годината

Дваесет и девет автори конкурираа за наградата "Роман на годинатаа на "Утрински весник", која годинава се доделува по дванаесетти пат. "Пристигнатите наслови ја отсликуваат богатата романескна продукција и се од најразлични жанрови, тоа се дела од реномирани македонски автори, како и од млади авторски имиња. Тие, преку секојдневните мали теми, генерализираат општи состојби на духот и менталитетот, обидувајќи се да бидат уметнички сведоци, но и одреден коректив на мноштвото вистини и невистини со кои живееме денес", изјави жирито.
По првиот пресек, во конкуренција се останати 15 романи на авторите: Роберт Алаѓозовски, Игор Анѓелков, Димитар Башевски, Бобан Богатиновски, Владимир Јанковски, Ирена Јорданова, Ричард Мило, Фросина Наумовска, Владимир Попов, Гоце Ристовски, Владимир Плавевски, Душко Родев, Милован Стефановски, Добре Тодоровски и Методија Фотев. Жирито е во состав: Томислав Османли, минатогодишен лауреат на наградата и претседател на комисијата, Луан Старова, Соња Стојменска - Елзесер, Жарко Кујунџиски и Манчо Митевски.

Вест
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 05 Мар 2011 00:39 #119481

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Акција на „Вермилион“ за донирање книги


Во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден на литературата за деца, издавачката куќа „Вермилион“ во соработка со библиотеката „Страшо Пинџур“ - Скопје организира акција за донирање книги. До 1 април во библиотеката „Страшо Пинџур“ во Скопје (до зградата на Кјуби) ќе може да се донира нова или користена книга за деца од 13 до 18-годишна возраст. Книгите ќе бидат донирани во Воспитно-поправниот дом „Тетово“ и во Малолетничкиот затвор во Охрид.

Донацијата ќе биде доделена на 2 април.

Dnevnik
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 05 Мар 2011 00:39 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 01 Апр 2011 13:49 #127292

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Фестивал на книга за деца


Да им помогнеме на децата да го засакаат читањето!


Хуманитарна акција за донирање на книги, наменети за воспитно-поправните домови за малолетници во Тетово и Охрид

...(книгите може секој ден до 2 април да ги оставите во Детскиот креативен центар)

Одбележување на 2 април - Меѓународен ден на литературата за деца

Претставување на книгата „Легендата за Марфи Компирката“ од Овен Колфер – препорачана за деца кои не сакаат да читаат и деца со дислексија
- Промотор: проф. Весна Мојсова-Чепишевска, професорка по светска и македонска книжевност за деца на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје

Изложба на цртежи од Димитар Торбаков, илустратор на македонското издание на „Легендата за Марфи Компирката“ од Овен Колфер

Младите актери од театарската работилница ќе читаат извадоци од книгата.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 02 Апр 2011 14:04 #127485

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Ле Каре ја одби номинацијата за Букеровата награда


ЛОНДОН (Ројтерс) - Британскиот писател Џон Ле Каре ќе остане во потесниот избор за меѓународната Букерова награда за литература која се доделува на две години, и покрај тоа што го замоли жирито да го тргне неговото име од списокот со 13-мина номинирани.
"Многу сум поласкан што сум наведен меѓу финалистите за меѓународната Букерова награда за 2011", изјави човекот кој ги напиша шпионските класици како "Шпионот кој излезе од Студената војна" и "Мислител, кројач, војник, шпион". "Но, јас не се натпреварувам за литературни награди и затоа побарав мојата номинација да биде повлечена", изјави 79-годишниот писател чиешто вистинско име е Дејвид Корнвел.
Но, организаторите на наградата рекоа дека ќе се оглушат на неговото барање.
"Името на Џон Ле Каре, се разбира, ќе остане на тој список", изјави Рик Гекоски, претседател на жирито што ја доделува меѓународната Букерова награда за 2011. "Разочарани сме што сака да се повлече од изборот бидејќи ние сме големи обожаватели на неговото дело".
Во потесниот избор за наградата, чијшто добитник ќе биде објавен во Сиднеј на 18 мај, се Филип Рот, Рохинтон Мистри и Филип Пулман. За наградата вредна 96.000 долари може да се номинираат живи писатели чиишто белетристички дела се напишани во оригинал на англиски јазик или се достапни во превод на англиски. Оваа награда се доделува за вкупниот книжевен опус на еден писател, за разлика од Букеровата награда за белетристика која се доделува конкретно за една книга.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 02 Апр 2011 14:05 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 24 Мај 2011 13:11 #137704

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Читателите го избираат „ Хитот на летото“


„Клубот Матица“ ја започна својата промотивна кампања „Да го избереме хитот на летото” за традиционалната акција „Со книга на плажа“, која веќе тринаесет години се организира во периодот од 20 јуни до 20 август.
На членовите и читателите, како што информираат денеска од „Клубот Матица“ ќе им бидат понудени 25 нови наслови од кои по принципот на гласање ќе биде избран „Хитот на летото“.

Гласањето е овозможено во салонот на „Клубот Матица“, на интернет страницата на овој издавач и на сите интернет социјални мрежи.

Курир
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Новости во областа на книжевноста 28 Мај 2011 12:59 #138655

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Романот „Наспроти ветрот‘‘ на Владимир Попов доби „Рациново признание‘


Високата литературна награда „Рациновото признание‘‘ за 2011 година ќе му биде доделена на писателот Владимир Попов за романот „Наспроти ветрот“ во издание на „Култура‘‘.

Ова го одлучи жири комисијата за доделување на наградата, во состав Братислав Ташковски, Оливера Николова и Методија Фотев.

Меѓу пристигнати 20 дела, четири романи влегле во потесен избор и тоа на Драги Михајловски, Владимир Костов, Оливера Ќорвезировска и Владимир Попов, а жирито одлучило наградата годинава да му биде доделена на писателот Владимир Попов.

Ташковски како претседател на жири комисијата образложи дека романот „Наспроти ветрот‘‘ од современиот македонски писател Попов е впечатлива приказна која започнува со распадот на бившата држава и преку интересни раскажувачки проседеа го следи животниот пат на еден обичен човек, графички работник кој верува во вредностите и сопствениот труд.

Жирито оценува дека овој роман е сугестивна човечка драма која е раскажана без изнасилен патос, со карактеристично детализирање.

- Покрај смелиот тематски зафат романот на Попов претставува продолжување на успешната традиција на македонската проза, истакна Ташковски.

Добитникот на наградата Владимир Попов изјави дека е тешко со зборови да се изрази чувството од сознанието дека неговиот најнов роман „Наспроти ветрот‘‘ е годинашен добитник на значајното Рациново признание, награда која го носи името на основоположникот на современата македонска поезија и литература Кочо Рацин.

- Моето задоволство е уште поголемо што овој роман излезе од печат минатата есен, во годината во која се совпаднаа неколку мои лични јубилеи, шеесет години од мојот живот, четириесет години творештво, а романот беше моја десетта објавена книга. Со добивањето на големото Рациново признание, ова дело добива творечко вреднување кое ми дава за право да верувам дека сум постигнал уметничка зрелост и дека мојот минат авторски труд не е попусто поарчен.Уште поголема сатисфакција од добивањето на ова значајно признание е што мојот роман во пошироки рамки кореспондира со Рациновите погледи,заложби, идеали и борба за правата на работникот, нагласи Попов.

Инаку, Рациновото признание за 2011 на Владимир Попов ќе му биде врачено во рамки на годинашните Рацинови средби што во јуни ќе се одржат во Велес.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 15 Јун 2011 14:36 #141805

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Види музика, Слушни слика, Добиј книга


Мултимедијалниот спектакл –Види музика, Слушни слика, Добиј книга- по четврти пат ќе се одржи на 16 Јуни со почеток во 21часот. Во Градскиот парк, Македонската филхармонија ќе настапи под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар додека на две платна своите уметнички креации ќе ги создаваат ликовните уметници Касиопеја Наумовска и Томе Мишев. Како солисти на концертот ќе настапат виолинистите Анна Кондратенко и Владимир Костов, а програмата содржи популарни дела од музичката литература.


Настанот го заокружуваат 20.000 бесплатни примероци на книгата од Умберто Еко: Како да се патува со лосос која за прв пат е преведена на македонски јазик со специјална дозвола од авторот-токму за потребите на овој проект.



Спектаклот Види музика, слушни слика, добиј книга е во организација на Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, а во изминатите години привлече повеќе од 50.000 посетители.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara, Goddess^, bart

Ре: Новости во областа на книжевноста 27 Окт 2011 12:48 #161545

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
„Хрватски Фауст и други драми“, нова книга од „Блесок“


„Хрватски Фауст и други драми“, избрани драми од Слободан Шнајдер се објавени во новата едиција „Гестус“ на „Блесок“. Книгата е преведена од хрватски јазик и е во избор на Јелена Лужина.

- Нагласувам дека изборот од петте драми отпечатени во оваа книга – оваа петтина од вкупниот 25-драмски опус на Слободан Шнајдер претставува нешто како „разумен компромис“, до кој е дојдено по многуте разговори, проверки и договори со самиот автор, ама и со неколкумина негови (и мои) генерациски другари, компетентни познавачи на Шнајдеровата театралика, на неговиот театар „како таков“, ама и на контекстот кој го „обусловувал“ неговото тврдоглаво и упорно драмско писмо, се вели во предговорот на Лужина.

Оваа книга е објавена со поддршка на „ТРАДУКИ“, мрежа за книжевност во која членуваат Министерството за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Министерството за надворешни работи на Германија, Фондацијата за култура „Про Хелвеција“ од Швајцарија, КултурКонтакт од Австрија, Гете институт, Словенечката агенција за книга и Фондацијата С. Фишер.

Објавувањето на оваа книга е помогнато и од Министерството за култура на Република Хрватска и Министерството за култура на Република Македонија.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 31 Окт 2011 07:48 #162152

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Одгласи за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски во Италија

Најтиражните дневни и неделни весници во Италија објавија низа одгласи за романот на Гоце Смилевски, „Сестрата на Зигмунд Фројд“, нецел месец по неговото појавување кај познатиот италијански издавач „Гуанда“, во превод на Давиде Фанчиуло.

Објавени се рецензии во „Ла Република“, „Ил Соле 24 Оре“, „Л’Еспресо“ и во ватиканскиот дневен весник „Л’Осерваторе Романо“, а во дневникот „Кориере дела сера“ се појави интервју во кое авторот е најавен како „откровение што доаѓа од Македонија“.

Во интервјуто Смилевски зборува за основните идеи на романот, а одговара и на прашањето за проблемот со Грција околу името на Република Македонија.

Во рецензијата објавена на страниците на „Ла Република“ меѓу другото се вели: „Во романот Фројд и Виена се само можност за патување по темниот и болен живот на една жена поразена од судбината. Тој е реконструиран со стил кој е силен, повеќеслоен, опсесивен. Авторот наликува на Жозе Сарамаго, во начинот на кој суптилно ги крши правилата на формата за да го изнесе на површина она што е суштински значајно“.

Рецензентот во ватиканскиот дневен весник „Л’Осерваторе Романо“ подвлекува: „Роман кој одговара на многу имплицитни прашања за човечката и интелектуална средина во која е родена психоанализата, но исто така опфаќа и пошироки егзистенцијални теми. Преку животот на Адолфина, авторот сугерира дека иако секој од нас е сам и детерминиран од својата судбина, ние можеме да создадеме оригинална и длабока интерпретација на животот“.

Во рецензијата на дневниот весник „Ил Соле 24 Оре“ се оценува дека станува збор за „оригинален и фасцинантен роман“. Натаму се вели: „Раскажувањето не ја следи логиката на линеарна приказна, туку тоне длабоко во себе и одново изнурнува преку нишката која постојано се кине и постојано се обновува. На моќен начин овој надарен млад автор не го конструира романот како права линија, туку како вител“. Рецензентот наоѓа сродност на ова дело со формата на античката трагедија: „Ова е роман за подземниот свет на сестрите, кој Гоце Смилевски го сопоставува на небесниот, подеднакво болен но ултимативно триумфален, свет на браќата, како хор на анонимни жени кои ја кажуваат својата сопствена вистина која се спротивставува на онаа на машките херои на трагедијата“.

Најтиражниот италијански неделник „Л’Еспресо“ објавува рецензија во која авторот пишува: „Јас сум импресиониран“ и нагласува дека станува збор за „страстен роман“.

Во интервјуто за „Кориере дела сера“, каде е најавен како „откровение кое доаѓа од Македонија“, Гоце Смилевски зборува за основните идеи на романот, а одговара и на прашањето за проблемот со Грција, околу името на Република Македонија.

„Проблемот не е во името, вели Смилевски, туку во фактот што во 1948 година од Грција беа протерани триста илјади Македонци, на кои им е конфискуван целиот имот, кој, по влегувањето на Македонија во ЕУ, Грција стравува дека ќе мора да го врати“.

За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ минатата година Гоце Смилевски ја доби Наградата за литература на Европската унија. Делото се преведува на повеќе од дваесет јазици во светот.

Во САД романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ го објавува најголемиот светски издавач, „Пингвин“ од Њујорк.


Izvor: Vest
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Новости во областа на книжевноста 03 Дек 2012 05:19 #224135

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Чудесниот свет на минералите во луксузна книга



Од 4.700 евидентирани минерали во светот, Македонија со своите 130 ви­до­ви, на мала површина колкава што е земјава, е на врвот по ова природно богатство, а 7 од минералите се ендемични.-Луксузно издание на МАНУ и на "Скенпоинт"

Уни­кат­на монографија за околу 130 минерали во Македонија, резултат на 25-годишна на­уч­но­ис­тра­жу­вач­ка дејност на авторите: академик Глигор Јовановски, Блажо Боев и Петре Макрески, вчера беше промовирана во Македонската академија на науките и умет­нос­ти­те.
Мо­ног­ра­фи­ја­та "Минералите од Република Македонија со вовед во минералогија" ја из­да­доа МАНУ и печатницата "Скенпоинт".
На 664 страници, преку текст, целосно на англиски јазик, и 750 ексклузивни фо­тог­ра­фии, поместени се: краток вовед во минералогијата, опис на четирите геолошки зони и 66 локалитети во државава од кои се собрани минералите, како и комплетен опис на 80-ина изучени и идентификувани минерали.
Спо­ред академик Јовановски, наведени се и 50-ина минерали, за кои имаат докази де­ка постојат и постоеле во Македонија, но веќе ги нема. Тие, како, на пример, ма­ке­до­ни­тот, треба да се најдат, соберат и изучат, додаде авторот.

Мо­ног­ра­фи­ја­та ја промовираа Ангел Јовановски од "Скенпоинт", академик Бојан Шоп­тра­ја­нов и професорот Тодор Серафимовски, кои заклучија дека изданието е ре­мек-дело, како во научноистражувачката област така и во графичкиот дизајн, по­фа­лу­вај­ќи ги графичарот Ладислав Цветковски и фотографот Роберт Јанкулоски.
Јо­ва­нов­ски додаде оти книгата, отпечатено во 2.000 примероци, е наменета за свет­ска­та и за домашната научна и стручна јавност, како и за сите други ентузијасти да се за­поз­на­ат со непроценливото природно минерално богатство на Македонија, а ќе прет­ста­ву­ва и полезна лите­ратура за студентите.

Извор- Вест
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 05 Дек 2012 03:10 #224426

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Нешто старо, нешто ново, а евтино

Евтини книги, промоции, авторски средби, разговори, трибини, дебати е концептот на првата аутлет-книжарница во Скопје и втора во регионот откако во Загреб речиси во исто време беше отворена книжарница од ваков вид. „Убавицата и ѕверот“ за 70 денари, „Пепелашка“ за 80 денари, боенки за 15 денари, разговорници за 100 денари, книги од областа на здравјето за 50 денари, најнови изданија за 200 денари како „Kозиканско писмо“ на Роберт Ладлам и „12-тиот ангел“ на Ог Мандино, се дел од понудата на добри книги за поволни цени, кои можат да се најдат на 100 квадратни метри, на две нивоа. Освен изданија на „Феникс“ застапени се и дела од други македонски издавачи.

Писателот Христо Петрески, основач и директор на „Феникс“, вели дека идејата е книжарницата е да биде место каде што може да се најдат книги по најповолни цени, но и простор за сите македонски издавачи, писатели и за читателите.

- Идејата беше големиот Саем на книгата во Скопје наместо да трае пет дена, да трае цела година. Се оствари идејата да дојдат вистинските купувачи, кои навистина сакаат да читаат, а немаат пари. Има книги од 10 денари до 500 денари најскапите. Во просек добрите, квалитетни и убави книги се од 100 до 200 денари - вели Петрески.

Според него аутлет не значи буквално евтина продавница.

- Зборот аутлет во речник значи отвор за излез. За мене е тоа излез за книгата, како книгата да излезе од магацинот, од книжарницата и да отиде во домот на читателот. Мораше да се направи нешто вакво едноставно зашто сите издавачи имаат големи резерви. Со вакви попусти се исплатува влогот во иднината. Нашата логика е подобро нешто отколку ништо бидејќи македонската книга е дојдена во таа ситуација. Всушност, книга што е објавена, а не е прочитана, е мртва книга - вели Петрески.

Тој додава дека посетеноста е над очекувањата.

- Луѓето се задржуваат по два-три часа во книжарницата, што е нов момент за нас. Особено доаѓаат млади читатели, а и цените си го прават своето. Мора да се направи цена што не можеш да ја одбиеш. Понудата постојано ќе се обновува. Но ни треба уште многу работа бидејќи таков простор мора постојано да има активност - дополнува Петрески.

Селекција од други издавачи

Освен на „Феникс“, застапени се изданија на други издавачи.

Од „Просветно дело“ велат дека не станува збор за заеднички концепт со „Феникс“.

- Со „Феникс“, како и со сите други издавачи, имаме потпишано договор за деловна соработка. Тие нарачуваат од нас изданија и ги продаваат во нивните продажбени места со тоа што самите си прават селекција од нашата издавачка програма што најмногу им одговара. Претпоставувам дека си направиле избор според концептот аутлет - на поевтини наслови од нашата издавачка продукција. Тоа се постари, убави и квалитетни изданија со пониски цени. Нема дополнително намалување на цените бидејќи нашата политика е да има загарантирани цени на сите продажбени места и без наша дозвола никој не смее да дава попусти на нашите изданија - вели Татјана Димовска-Атанасова од „Просветно дело“.

И од „Три“ не делат заеднички концепт со новата аутлет-книжарница, па затоа и немаат увид во цените.

- Од „Феникс“ ги набавуваат нашите изданија, но не сме провериле какви се цените. Ние имаме една аутлет-едиција - вели Бојан Саздов од „Три“. (М.Л.)

Театар „Бајка“ во книжарницата

Во просторите на првата аутлет-книжарница кај нас почна со работа најмалиот театар на светот „Бајка“. Претставата „Дедо Мраз гради фабрика за чоколади“ според текст на писателот Христо Петрески, ќе се изведува секоја сабота во книжарницата, точно напладне, за сите заинтересирани деца и за нивните родители.

Сите посетители ќе добијат и боенка со текстот на бајката. Поради големата заинтересираност за оваа интерактивна претстава, истата ќе се изведува и во детските градинки и во домовите за деца без родители.

Извор- Дневник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 31 Јул 2013 01:22 #242596

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2977
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Млади поети ќе ги оживуваат Струшките вечери

Своето учество го потврдиле 50 странски поети, но ќе дојдат и директори на фестивали, на значајни асоцијации, издавачи од Мексико и од регионот

Истакнатата данска поетеса и академик Пиа Тафдруп, реномирани поети од Израел, Египет, Франција, Kина, Русија, Турција, Словачка, Романија, Шпанија, Чиле, Англија, Индија, Полска, Германија, како и по еден поет од регионот го потврдија своето учество на претстојните Струшки вечери на поезијата, кои ќе се одржат од 22 до 26 август. Засега своето учество на најголемата поетска манифестација во светот го потврдиле 50-ина странски учесници од сите континенти. Од фестивалот велат дека годинава половина од гостите ќе бидат млади автори кои, на некој начин, треба да му внесат живост на фестивалот, но и ќе ги покажат поетските трендови во светот.

- Потврдени се околу 50 странски поети, но на фестивалот ќе дојдат и директори на фестивали, на значајни асоцијации, издавачи од Мексико и од регионот бидејќи фестивалот тежнее да развие широка меѓународна активност поврзана во сите сегменти, од фестивалските случувања до издавачката дејност – рече директорот на фестивалот Мите Стефоски.

Струшките вечери вчера промовираа нова интернет-страница за која велат дека нема да биде само лична карта на фестивалот туку и дигитална поетска архива на с` што било значајно во светската поезија во овие 52 години и кое на некој начин било претставено на СВП.

- Струшките вечери со новата интернет-страница влегуваат сериозно во дигиталната ера овозможувајќи им на целокупната светска јавност дел од своето богатство наталожено во изминатите 52 години. Опфатено е целокупното архивско богатство на тие 5.000 поети кои поминале низ СВП, аудиовизуелните материјали, поетски колекции, книги, изданија на СВП, за СВП, излагања во рамките на симпозиумот. Ние ќе се обидеме да им дадеме еден нов живот ставајќи ги во дигитална форма. Тоа ќе биде најголемата дигитална поетска архива и сеопшта антологија на светската поезија – рече Стефоски.

Младиот поет Ненад Јолдески, кој работел на интернет-страницата, додаде дека таа ќе овозможува пренос во живо на настаните од фестивалот и ќе биде отворена за сите идни начини за споделување на содржините.

- Ставени се околу 2.000 поети во последниве години, но страницата ќе биде во постојано надградување. Во план е да се извадат комисиите што ги доделувале наградите за да се добие една транспарентност која му недостигаше на фестивалот. Амбицијата е да се стигне до најголемата поетска колекција во Македонија, па и во светот бидејќи нас ни недостигаат дигитални информации – рече Јолдески.

Од СВП информираат дека од годинава има нов правилник за жирирање на наградата „Браќа Миладиновци“ која се доделува за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик. Жирито за наградата е зголемено на пет члена заради поголема објективност.

Претседателот на Управниот одбор на СВП, Славе Ѓорго Симоски рече дека конкурсот за наградата е завршен. Пристигнале 34 ракописи кои ги разгледува комисијата. Околу 10 август ќе бидат соопштени петте кандидати во најтесен избор, а добитникот ќе биде прогласен на вториот ден на фестивалот.

Николина Андова доби „Мостови на Струга“

Kнигата „Влезот е од другата страна“ од македонската поетеса Николина Андова е добитник на наградата „Мостови на Струга“ која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСKО за дебитантска книга. Таа е првиот поет од Македонија што ја добива оваа награда која беше установена пред 10 години.

- Kнигата на Андова импонира со своевиден завидлив поетски исказ кој вниманието на читателот го привлекува со својата необичност и провокативност – рече Димоски образложувајќи ја одлуката на жирито.

Андова истакна дека оваа награда ~ е значајна бидејќи станува збор за нејзина прва книга издадена пред неколку месеци.

- Се надевам дека книгата ќе стигне до што поголем број читатели бидејќи верувам дека пишуваме и поради радоста на создавање, но пред с` и поради радоста на споделувањето – рече таа.

Марина Лазаревска (Извор - Дневник)
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 31 Јул 2013 01:24 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новости во областа на книжевноста 03 Фев 2014 02:30 #248397

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Нови 60 наслови од едицијата "Ѕвезди на светската книжевност"


Нови 60 наслови од едицијата "Ѕвезди на светската книжевност" беа промовирани, со што досега се објавени 269 од предвидените 560 книги од овој капитален проект на Владата на Македонија.

Првпат на македонски се преведени дела од старата египетска литература, митологии, писмата од Ван Гог, романи од Солженицин, Шо, Грас, Музил, Борхес, Едгар Алан По, Пруст, Зола, Томас Ман. До крајот на оваа или почетокот на 2015 се планира заокружување на целиот проект кој почна пред две години.



"Антологијата опфаѓа 560 дела не само од областа на светската белетристика, туку и впечатлив број на есеи, патописи, мемоари, како и класици на филозофијата, епистоларната литература и естетиката. Благодарение на овој проект македонската публика ќе може на мајчин јазик да ги чита Блејк, Песоа, Музил, Борхес и Мопасан на својот мајчин јазик", рече на промоцијата премиерот Никола Груевски.
Главниот редактор на едицијата Митко Маџунков се осврна на значењето на оваа едиција за македонскиот кнжевен јазик кој, како што рече, досега не бил докрај кодифициран во јазичната практика.

Извор-Вест
The administrator has disabled public write access.