Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош

Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 16 Ное 2010 15:59 #73102

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Овде пишувајте информации за установите или лицата кои имаат потреба од помош, а која ќе се обезбеди со хуманитарната акција која е во тек
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 22 Ное 2010 19:45 #75813

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Го посетивме Центарот за слух и говор, кој е физички одделен, но работи под капата на Клинички Центар. Не е само за деца (мада 80% се тие), туку има и возрасни. Тука се работи со деца кои се глуви, наглуви, аутистични и со психо-физичко попречување во развојот....
Имаат една просторија мала, која ја викаат „градинка“, и тука се занимаваат дечињата до 13 часот (тие на кои им требаат повеќе часа рехабилитација дневно). Во септември ја искречиле и тоа е тоа, се друго е старо, и префрлувано од една просторија во друга, во зависност од како имаат потреба. Може да се обезбеди мебел (мали столчиња и маси), плакарчиња, сунѓери за на под (да можат да играат и да вежбаат), играчки (тоа можеме пред НГ, кој има по дома што не ги употребува повеќе :) ), детали на зид (сликички, плута за закачување)...
Делот каде што децата седат после 13 часот е во малце полоша состојба (правам муабет пак за ваквиот инвентар), ама пак затоа сега брзо ги промениле прозорците, искречиле и ставиле демит фасада на бараките :OK: Исто и во тој дел, внатре има доста работи кои би можеле да се променат / додадат / набават, пошто дечињата реално и немаат каде да седат :( (се` се тоа стари сунѓерести детски каучи, на кои кожата одозгора им се распаѓа).
Мислам дека и јас, и Ана Моли и мама Васе останавме без збор од сите работи кои ги слушнавме од директорката, почнувајќи од фактот дека со имплатанти 100% глуво детенце може најнормално да слуша, до фактот дека оваа операција е целосно покриена од Фондот, а за тоа никој ништо не кажува!
Хуманитарен настан за оваа установа би значел и подигнување на свеста кај луѓето за болестите, проблемите, рехабилитацијата, и најмногу - за можностите сите овие работи да се сведат на минимум, и во основа да не постои глуво дете!
Јас сум ЗА дефинитивно :OK:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 22 Ное 2010 19:46 by Goddess^.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, redsonja, zence, EckaGj and this user have 6 others thankyou

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 22 Ное 2010 20:31 #75825

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
  • Карма: 27
Мало дополнување-Во центарот за развој на слух,говор и глас се работи и со сосема здрави дечиња кои имаат проблем со неправилно користење на гласот па од таму неправилна артикулација,со деца кои имаат дислексија и дисграфија,дискалкулија а тоа се деца кои целосно се здрави и психички и физички.се работи со деца и возрасни кои поради одредени хирушки интервенции(операции )останале без глас и слично,значи се работи и со психофизички ЗДРАВИ деца;)
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
Последна промена: 22 Ное 2010 20:33 by kalinche70.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: zence, Goddess^, Molly

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 22 Ное 2010 21:14 #75852

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Да, така е калинче, фала ти на дополнувањето :love: Не сум запамтила се` :poimnemam:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 02:52 #75930

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
mene cel den mi se vrtat sliki od dnevniot prestoj na decata.pogotovo onoj vtoriot del kade prestojuvaat 24/7.tmurno,mracno,depresivno.sega se renovira megjutoa mebelot i inventarot e star 30 god :what:

kolektivot ostavi na nas da odlucime sto bi donirale,vo edno bevme soglasni.da bide nesto so podolg rok na upotreba.
rabotni materijali kako plastelin,boicki,kocki,igracki i sl im trebaat vo sekoe vreme no povazen e mebelot i nekoi sl raboti.
i jas kje nabrojam nekolku raboti.
drveni masicki i stocinja,duseci za vezbanje i sedenje.pluteni tabli za na zid.muzicko katce,gradezno katce.sofi za sedenje,mozat da bidat vo pomali dimenzii.razni posteri za na zid so azbuka,brojki,godisni vreminja.

sigurno ima uste ova vaka kolku za pocetok.
site idei se dobredojdeni.

i edno :srce: za goddess i anna

a isto taka vo sklop na ovaa akcija moze da se organizira i kampanja za podobra informiranost na idnite majki.zacuduvacki bea faktite koi ni gi kazaa okolu raniot skrining,detekcija na gluvosta i lecenjeto.
mnogu e vazno da se znae i prepoznae bidejki ponataka moze da bide kasno.za zal nivoto na informiranost e mnogu nisko.

ne se tuka samo gluvite,tuku i site onie kategorii na deca sto gi nabroja kalince.
Последна промена: 23 Ное 2010 02:57 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, Zlatna, Goddess^, Molly

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 03:14 #75942

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Јас денес повторно ја барав директорката од Златан Сремац, ама воопшто не дошла на работа. Жената со која и некни и денес се слушнав ми рече дека и пренесла за што ја бараме и и го дала мојот телефонски број, но еве ја нема да се јави.

Но, од ова кое го прочитав, мене се повеќе ми оди умот натаму- Центарот за слух. Многу убаво би било, а мислам и дека ќе успееме во тоа да собереме средства за таму. Голем дел од тие што ги набројавме - играчки и др. ситници не се скапи. Верувам ќе успееме да најдеме и некои спонзори за играчки, ако не сакаат поинаку да донираат.
Она кое ќе чини повеќе, ќе биде мебелот и други покрупни работи. Може тоа да се опреми како игротека да биде.
А и ми се допаѓа она кое го кажа Васе - за едукативниот дел.
Ми се чини дека овде ќе оствариме повеќе од една цел.

Е сега, ако сме сите ЗА овде, да почнеме со други детали
Ако пак сметате дека треба да се отиде во Сремац, па да решаваме, ќе правиме така.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 23 Ное 2010 03:15 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 03:18 #75947

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5144
  • Thank you received: 2409
  • Карма: 111
Od ova sto go procitav i ja sum ZA Centarot za sluh.
Da ne se gubi mnogu vreme, neka se izjasnat i ostanatite i da se pocne so realizacija.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 03:21 #75949

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Јас сум дефинитивно -ЗА!
По тоа што го видов, и тоа дека мебелот им е од 73', а поновиот од 80' година мислам дека кажува се!
Плус тоа дека директорката беше искрена и си кажа дека скоро секогаш се заборавени, до сега немале ниту една донација :tupco:
Имавме можност да се запознаеме со Драгана и Петар, преслатки дечиња- кои и повеќе ја зголемија мојата желба да им се помогне!:srce: :srce: :srce:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 03:33 #75957

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
centarot e za sluh,govor i glas.ima deca koi se vodat kako lesni slucai na pr. deca koi nemozat da kazat r,l i sl do teski slucai kako deca so autizam i daunov sindrom.

ane mislam deka okolu edukativniot del ti mozes da zavrsis rabota,da napravis intervju.interesni podatoci bea kazani kako na pr. povrzanosta na autizmot so denesniot nacin na zivot.pocnuvajki od nosenje na plodot vo utrobata pa se ponataka.

inaku najmnogu slucai imaat vo gradinkite od centar,deca na biznismeni,politicari,intelektualci.
abe temava nema kraj,bi mozela so zenata cel den da sedam i muabet da pravam.a mnogu e otvorena po toa prasanje.

pa toa intervju da izleze vo vesnik a edno kratko size da se napravi za flaeri.

ajde da glasame pa da se fatime za rabota.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 03:51 #75966

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
да за интервјуто и мене ми текна. тоа може да оди пред самиот настан како најава, таман.
темава очигледно дека е неисцрпна и може не само да се збори, туку и многу да се стори овде за да се помогне.
и според она кое ни го донесовте можам само да заклучам, дека се навистина заборавени од сите. а и искрено не се сеќавам некогаш некој да ги споменал некаде за помош.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 03:55 #75971

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
И јас сум ЗА центарот за слух и говор. Да не се распливнуваме по други институции. Не верувам дека некој им помогнал до сега после тоа што го прочитав од горните постови.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 04:00 #75979

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Definitivno DA i dobro e sto ste bile precekani so siroko otvorena vrata, spremnost za sorabotka i jasno podadena raka za potreba od pomos.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 14:03 #76119

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
И јас го давам својот глас ЗА, да не одолговлекуваме да остане време во целост да се изорганизира се, нека се изјаснат членките и да почне да се дејствува
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Последна промена: 23 Ное 2010 14:03 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 15:02 #76153

  • Snoopy
  • Snoopy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 293
  • Thank you received: 238
  • Карма: 15
Сите иницијативи за хуманост се убави.
Не мора да се малтретирате да барате институции помогнете овде
www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=130546
Иван А.
с.р
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 15:35 #76171

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
  • Карма: 14
јас сум ЗА што и да одлучиме.
јас требаше информации за домот за доенчиња од Битола да најдам меѓутоа од муабетот со директорката се уште ништо бидејќи тешко се наоѓа, а не сум во Битола за да одам на лице место.
како и да е и центарот за слух е доста добра идеја,како и поголема транспарентност и информираност низ медиумите за истиот.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 16:05 #76195

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Мноооооооогу работи можат да се направат и сменат во Центарот, и тоа ни дава широк спектар на дејствување :OK: Со самото тоа што хуманитарниот настан би бил за место кое е заборавено од сите, а од есенцијално значење, мислам дека одзивот ќе е голем, а со самото тоа и запознавањето со оваа проблематика - широко прифатено :da:

Со сета должна почит Снупи, меѓутоа Стојанови се само 1 фамилија, а ние сакаме помошта да стигне до многу повеќе деца кои имаат (и оние кои во иднина би имале) проблем од оваа област...сакаме луѓето да го дознаат она што ние го дознавме и видовме таму, за ако не друго, да знаат дека СЕПАК има место (а и решение) каде можат да се обратат за ваков вид на проблем. :)
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 23 Ное 2010 16:05 by Goddess^.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 16:30 #76214

  • mami29
  • mami29's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 420
  • Thank you received: 257
  • Карма: 3
Доцна ја видов темата, но одсега редовно ќе ја пратам. Секако дека и јас сум ЗА Центарот и колку можам ќе помогнам. Ланската година бев во Златан Сремец и прекрасно беше да се гледаат толку насмеани и весели лица за време на приредбата.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 16:30 #76215

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Se soglasuvam so vas i vi stojam na raspolaganje ako mozam nekako da pomognam se setiv deka tetkami raboti vo centarot za sluh i govor ako ima potreba da se preprasa nesto dopolnitelno slobodno mozam da zavrsam rabota, mi padna na pamet nekako da se stapi vo kontakt so prosvetno delo oni moze mnogu da ni pomognat da ni dadat slikovnici i knigi sto im se potrebni , se sekavam deka lani nabavuvaa samite.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации за установи и лица кои имаат потреба од помош 23 Ное 2010 16:48 #76224

  • Zlatna
  • Zlatna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1107
  • Thank you received: 360
  • Карма: 32
После овие опширни излагања од страна на Годесс и Мама Васе јасно е се’.Сега веќе мислам нема потреба да се искажуваме дали сме за ова или за друга институција и да се расплинуваме повеќе.Ане мислам дека повеќето ќе го дадат овој одговор и да се заврши оваа дискусија ...„И јас сум ЗА“...Времето проаѓа и иако е договорено за после Нова Година сепак веќе треба да почне да се реагира. Сега да се дадат насоки во кој дел да се реагира, од кај да се почне и да се преземаат веќе поконкретни чекори.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.