Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Собирање донации за самохрана мајка

Собирање донации за самохрана мајка 12 Јун 2015 14:43 #254714

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7900
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Таа е самохрана мајка на двајца тинејџери и жртва на семејно насилство која во моментов одвај врзува крај со крај со својата скромна плата од 4000 ден. Ќеркичката минатата година преживеа мозочен удар од кој го загуби видот на едното око, а на другото гледа одвај 30%. Семејството не може да опстане со ниските примања на мајката, а не пак да го лекува девојчето.
Минатата година мајката имаше операција од рак на карличната коска и беше подложена на хемотерапија. Но поради сомневање дека болеста се вратила таа треба повторно да оди на испитување, што во моментов поради нивната тешка состојба не е возможно.
Во моментов нашето Здружение „Родители и деца“ преку својот адвокат помага мајката да земе социјална помош, која и е оневозможена поради проблеми со поранешниот сопруг.
Исто така со помош на Црвениот крст е договорено да се плаќа месечната кирија, бидејќи живеат во стан во Скопје, а не можат да се вратат во родниот град поради насилството низ кое минувале.
Но сопственикот на станот не сака да потпише договор за киријата додека не биде платен долгот за струја од минатата година кој изнесува 31.000 денари.
Во моментов најургентно е да се плати струјата за да можат да останат во станот и мајката да оди на испитување, инаку ќе бидат исфрлени од станот. Ако секој од нас донира барем по 100 ден. ќе помогнеме ова семејство малку да живее нормален живот.
Воедно жената е бескрајно скромна и се понуди ако некој кој ќе донира има потреба од чистење стан или чување дете, да ја повика нејзе и таа ќе си ги одработи донираните пари.
Исто и синот кој е матурант во средно угостителско бара работа како готвач.
Ве молиме донирајте на нашата сметка за да им помогнеме!!!
Ви благодариме во нивно име
Здружение за организирање хуманитарни настани РОДИТЕЛИ И ДЕЦА- РИД Скопје
Жиро сметка – 290100000188323
ТТК Банка
Девизна сметка на здружението
RODITELI I DECA -RID SKOPJE
ACC. 00-722-0000044.8
TTK Bank A.D
IBAN : MK07290722000004409
SWIFT : TTXBMK2X
контакт - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Темата е заклучена.