Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Реализирани акции на Здружението Родители и деца

Реализирани акции на Здружението Родители и деца 09 Фев 2014 19:14 #248505

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
1. Школски прибор за децата од ОУ „Златан Сремац“.

2. Новогодишни пакетчиња и електрична гитара за децата од Детското СОС село и донации во облека.

3. Донација од бебешка облека, чаршавчиња и ќебенца, како и плетени калчинки и капчиња за предвреме родените бебиња на Гинеколошко акушерска клиника во Скопје.

4. Учество во новогодишниот панаѓур организиран од здружението „Дајте ни крилја“ и донација од храна.

5. Хуманитарна априлијада и донации за децата од Домот 11 Октомври, Скопје.

6. Донација од велигденски украси и вапсани јајца за децата од Домот 11 Октомври, Скопје.

7. Учество во „Втората чоколадна аукција„ организирана од Здружението Позитиво, и донација од 25 пакети со облека и обувки за Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје.

8. Организирана акција „Зимница вкусна има, ќе јадеме цела зима“ од која се собраа пакети со зимница и се донираа на социјално загрозените семејства.

9. Донација во храна за тетка Сирма од Гостивар.

10. Облека, млеко, пелени и средства за хигиена за Најден.

11. На 27 април 2013 година го организиравме Саботното модно дружење со РиД. Настанот освен едукативна и забавна цел имаше и хумана нота - имено беше обезбедна шминка и фризура за 11 матуранти и полуматуранти од Домот за деца 11 Октомври. Голема благодарност до “Мое студо - Дадар“.

12. Донација во храна за семејството Грнчаровски од Орешани.

13. Парични средства за Максим кој страда од едно многу ретко заболување, Шимке имуно-дисплазија синдром.

14. Парична донација за Даниeла Наумова.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 16 Фев 2014 18:33 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Реализирани акции на Здружението Родители и деца 16 Фев 2014 14:32 #248702

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
14. Пакет облека за едномесечно новороденче за кое се грижи само неговата мајка.

15. Парична донација за момче болно од акутна леукемија.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Реализирани акции на Здружението Родители и деца 16 Фев 2014 17:18 #248705

  • mami29
  • mami29's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 420
  • Thank you received: 257
Имавме и мала помош во средства и финансиски за една бабичка од Гостивар на иницијатива на Билјанан.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Реализирани акции на Здружението Родители и деца 16 Фев 2014 18:31 #248706

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Така е мами29 сум ја изумила акцијата за тетка Сирма. Ја додадов.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.