Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Поучни приказни - мелем за душа

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 29 Јан 2012 19:57 #177274

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Си бил некогаш некој КАМЕНОРЕЗЕЦ кој што не бил задоволен со себеси и со својата позиција во животот.Еден ден поминал покрај куќата на некој богат трговец. Портата била отворена и тој видел многу убави нешта внатре и многу важни посетители. „Којзнае колку е моќен овој трговец!“ си помислил каменорезецот. Станал многу завидлив и посакал да биде како трговецот.За негово големо изненадување, одненадеж станал трговец, кој што уживал многу повеќе моќ отколку што самиот си замислувал и му завидувале оние што биле помалку богати од него. Наскоро некој висок службеник поминал покрај него, кој го носеле на столица и го придружувале слуги и војници кои што удирале во гонгови. Сите без разлика колку биле богати морале да се поклонат пред поворката. „Мора да е многу моќен овој службеник!“ си помислил каменорезецот. „Би сакал да бидам висок службеник!“Тогаш тој станал висок службеник и го носеле насекаде во неговата столица и се плашеле и го мразеле сите луѓе наоколу. Бил жежок летен ден и службеникот се почувствувал многу неудобно во неговата леплива столица. Тој погледнал кон сонцето. Тоа светело гордо на небото, недопрено од неговото присуство. „Колку е моќно сонцето!“ си помислил. „Посакувам да бидам сонце!“И така станал сонце, светел безмилосно на секого, палел полиња и бил омразен од фармерите и работниците. Ама некој голем црн облак застанал помеѓу него и земјата, па така неговата светлина не можела повеќе да стигне долу на земјата. „Колку е моќен овој облак!“ си помислил. „Би сакал да бидам облак!“Тогаш станал облак, врнел и ги поплавувал полињата и селата и сите му викале. Ама брзо потоа открил дека е поттурнуван од некоја голема сила за која сфатил дека е ветерот. „Колку е моќен!“ си помислил. „Посакувам да бидам ветер!“И тогаш станал ветер, откорнувал покриви од куќи, дрвја и сите се плашеле од него и го мразеле. Поминало време и наишол на нешто што не можел да го помрдне колку и да дувал силно – огромен камен. „Колку е моќен овој камен!“ си помислил. „Посакувам да бидам камен!“И станал камен, помоќен од се на земјата. Но како што стоел таму слушнал звук на чекан и длето како удираат на тврда површина и осетил потреси на себеси. „Што може да биде помоќно од камен?“ се замислил.Погледнал нагоре и видел КАМЕНОРЕЗЕЦ.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 01 Фев 2012 12:23 #177657

  • butterfly87
  • butterfly87's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 829
  • Thank you received: 515
Поучна приказна - Дете и песок

На мека песочна плажа едно 4 годишно детенце си играло со своите кофички. Со сериозен израз на лицето, ги вкопувало рацете во песок и ја полнело својата кофичка. Ова го правело долго време и постојано се разочарувало зошто песокта му испаѓа од стиснатите дланки. Колку посилно стискал со шаката, толку повеќе песок се истурала меѓу неговите прстиња, а помалку стигнувала до кофичката.

Не би му помогнала ни сета насобрана лутина, ако не се сетило да ги претвори дланките во лопатки, па со отворени шаки успеало да собере многу повеќе песок отколку со стиснати.

Поуката до која дошло ова дете, е поука за животот.

Животот е како песок. Многу повеќе опстанува на отворени дланки, отколку во стиснати шаки. Кога сакаме да го сочуваме за себе, егоистично ги притискаме дланките, а тој токму тогаш почнува да тече и бега од нашиот стисок и раката останува празна.

Само кога го примаме животот со раширени раце и го споделуваме со драгите личности околу нас, само тогаш живееме правилно. Ако живеете на овој начин, сигурно сте си осигурале поголемо потомство отколку што има песок на морскиот брег.
[link=http://lilypie.com] [/link]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 03 Фев 2012 21:33 #178183

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Двајца пријатели оделе низ една пустина. По патот се скарале и едниот го удрил другиот. Удрениот се почувствувал повредено, но молчејќи напишал во песокот:

“Денес добив удар од мојот најдобар пријател“

Продолжиле да одат се додека не наишле на оаза каде решиле да се избањаат. Оној кој добил удар за малку не се удавил бањајќи се, но животот му го спасил пријателот.

Кога дошол при себе, изрежал на еден камен:

“Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот!“

Тогаш пријателот кој претходно го удрил го запрашал:

“Кога те удрив пораката ја напиша во песокот, а сега ја изрежа во камен. Зошто?“

Пријателот му одговорил:

“Кога некој ќе ни направи нешто лошо, тоа треба да го запишеме во песокот за ветрот да го избрише, но кога некој ќе ни направи добро, тоа треба да го изгравираме на камен за никој и ништо да не може да го избрише!“

Научи се раните да ги запишуваш во песок, а среќата да ја изрежеш во камен!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 13 Фев 2012 12:02 #180365

  • butterfly87
  • butterfly87's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 829
  • Thank you received: 515
Еден човек, неговиот коњ и куче чекореле заедно по патот накај шумата. Додека поминувале покрај едно големо дрво, ги погодило гром и паднале мртви на лице место. Но, патникот, не забележал дека го напуштил овој свет и продолжил да оди заедно со своите пријатели.

Понекогаш, на мртвите им треба време да сфатат дека се наоѓаат на друго место и под други услови.

Долго оделе. Се потпреле на едно дрво додека сонцето ги печело, а тие биле испотени и жедни. На едно брдо здогледале величествена камена врата која водела на плоштад поплочен со злато, а во средината на плоштадот имало фонтана.

Патникот се обратил на човекот кој стражарел пред вратата:

- Добар ден

- Добар ден , одговорил стражарот.

- Какво е ова убаво место?

- Ова е небото.

- Ух, баш добро што сме стигнале на небото, многу сме жедни.

- Слободно влезете и напијте се вода, ги поканил стражарот.

- И мојот коњ и кучето се жедни.

- Жал ми е, овде е забранет влез за животни.

Човекот многу се разочарал. Бил многу жеден, но не сакал само он да се напие. Се заблагодарил на стражарот и продолжил понатаму. Кога го поминале брдото, патникот и неговите животни стигнале до некое место каде стоела стара врата која водела до земјена стаза окружена со дрва.

Во сенката на едно дрво лежел човек со шешир и дремел.

- Добар ден, рекол патникот.

Човекот само кимнал со главата.

- Јас, моето куче и мојот коњ сме многу жедни.

- Имате овде еден извор меѓу камењата – им покажал човекот.

И додал: Пијте колку што сакате.

Човекот, коњот и кучето се приближиле до изворот и се напиле вода. Патникот отиишол да се заблагодари.

- Вратете се кога сакате – рекол човекот.

- А, како се вика ова место?

- Небо!

- Небо? Но, стражарот пред камената врата ми рече дека она таму е небото.

- Она таму не е небото, тоа е пеколот.

Патникот останал збунет.

- Треба да им забраните да го користат вашето име. Таква лага може да направи голема збрка.

- Ма никако. Во принцип тие само ни прават услуга. Таму се задржуваат сите оние кои себично ги напуштаат своите најдобри пријатели...одговорил стражарот.

Не ги напуштајте никогаш своите пријатели. Затоа што:

Да се пронајде пријател е Милост,

Да се има пријател е Дар,

А, а да се сочува пријателот е предност.
[link=http://lilypie.com] [/link]
Последна промена: 13 Фев 2012 12:02 by butterfly87.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 14 Фев 2012 08:39 #180536

  • vetmedvesna
  • vetmedvesna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Life is short.Smile while you still have teeth.
  • Теми: 1887
  • Thank you received: 482
Еве еден рецепт за денешниот ден, но и за сите останати денови во годината ;) Рецепт за љубов...
Во една пригодна атмосфера додадете малку насмевка, скромност и нежност по желба.

Измешајте ги добро.

По мешањето зачинете со малку чувства.

Кога сето ова ќе се сталожи, но не премногу, почнете внимателно да го динстате, со неколку топли зборови, се додека не стане подготвено за ветувања.

Ветувањата додавајте ги полека и периодично.

Ако приметите дека смесата не е нарасната доволно, додадете малку лаги за подобар вкус.

Кога ќе ја добие саканата форма, оставете ја малку, па префрлете ја на топло и сигурно и чувајте ја една ноќ.

Утредента таа ќе биде подготвена за служење.

Служете ја веднаш бидејќи не е вкусна кога е студена.

Избегнувајте да ја држите на студени, мрачни и несигурни места затоа што тогаш спласнува.

Внимателно чувајте ја од озборувања и интриги и од време на време додавајте по малку љубомора за да остане во добра состојба.

Пријатно и со среќа!

Рок на траење:неограничен.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 14 Фев 2012 13:21 #180600

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Сестринска љубов

Еден златар си седел во својот дуќан и низ излогот ги гледал минувачите.
Едно девојче се доближило до излогот. Прекрасните сини очи добиле радосен сјај гледајќи во еден од изложените предмети.
Одлучно влегла во дуќанот и со раката покажала кон една тиркизно сина огрлица.
- За сестра ми е, може ли да ми ја запакувате како поклон?
Трговецот просто не си верувал и го прашал девојчето: „ Колку пари имаш?“
Девојчето се дигнало на прсти и отворило лимена кутија полна со неколку банкноти, ситни пари, школки и играчки.
Ќе биде ли доволно? - прашала гордо.
Сакав на постарата сестра да и купам поклон. Откако ја нема мајка ни, таа само работи и нема време за себе. Денес и е роденден. Мислам дека поклонот ќе ја израдува. А нејзините очи ја имаат истата боја.
Трговецот отишол назад, го спакувал поклонот и го дал на девојчето.
Земи ја, внимавај и оди дома кај сестра ти.
Таа гордо го зела поклонот и тргнала дома.
Еден час покасно во дуќанот влегла прекрасна девојка со коса боја на мед и прекрасни тиркизно сини очи. Ја ставила кутијата на пултот и прашала:
- „ Дали ова е купено овде?“
- „ Да, госпоѓице “ - одговорил трговецот.
- „ Колку чини ова?“
- „ Во мојот дуќан цените се доверливи, не можам да ви кажам“ - одговорил трговецот.
- „ Но мојата сестра имаше само малку ситни пари, сигурно не можела ова да го плати.“
Трговецот ја затвори кутијата како што беше и и ја даде на девојката.
„Вашата сестра ја плати највисоката цена, ДАДЕ СЕ ШТО ИМАШЕ.“
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 15 Фев 2012 09:49 #180752

  • vetmedvesna
  • vetmedvesna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Life is short.Smile while you still have teeth.
  • Теми: 1887
  • Thank you received: 482
Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух. Во просторијата имало вкупно 200 луѓе. Тој запрашал:
„Кој ја сака оваа банкнота?“ Сите раце се подигнале. Продолжил. „Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто.“

Ја изгужвал парата. Потоа запрашал. „Дали се уште ја сакате?“ Сите раце и понатаму биле кренати. Продолжил. „А, ако и направам вака?“ Ја фрлил банкнотата на под и ја изгазил со чевлите. „Добро, кој ја сака се уште?“ Рацете уште биле кренати.

„Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби на вредноста. Цело време вредеше 50 евра.“

„Во животот често ни се случува некој да не оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал. “Тоа се факти од секојдневниот живот. „Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо.“ Без оглед што ти се случило во животот, или што допрва ќе се случи, ти никогаш нема да ја изгубиш вредноста. Дали си бил валкан или чист, згужван или испеглан, ти и понатаму си непроценлив за сите оние кои те сакаат повеќе од се на светот. Нашите животи не се вреднуваат според она што го правиме или кого познаваме, туку според ОНА ШТО СМЕ. Ти си нешто посебно и не го заборавај тоа никогаш. Број ги соите успеси, а не грижи и проблеми. Немој никогаш да се плашиш да пробаш нешто ново.

И секогаш имај на ум: Едноставни луѓе ја изградиле арката на Ное, а експертите – Титаник.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 21 Фев 2012 18:48 #182838

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Четири свеќи полека гореле. Во тишината се слушал нивниот разговор.

Првата свеќа рекла:
„Јас сум МИР ... луѓето не успеваат да ме сочуваат ... нема потреба да горам понатака ... мислам дека ќе се угасам“ и веднаш се угасила.

Втората свеќа рекла:
„Јас сум ВЕРА ... за жал многу луѓе имаат само површна вера и јас не ги интересирам ... нема смисла да горам понатаму ...“ Само што ги изрекла овие зборови, дувнало ветерче и свеќата се угасила.

Третата свеќа жално проговорила:
„Јас сум ЉУБОВ ... немам повеќе сила ... луѓето често забораваат на мене ... “ и истиот момент се угасила.

По кратко време во собата влегло дете:
„Што е ова ... “? запрашало детето. „Требаше да горите до крај“ и почнало да плаче.

Тогаш се огласила четвртата свеќа:
„Не плаши се ... додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи ... јас сум НАДЕЖ“.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 30 Мар 2012 11:44 #191836

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Старец на смртна постела си го вика синот да му даде последен совет и да му остави аманет. Старецот му дава 2 кутии на синот бела и црна и му вика црната кутија отворија кога ќе ти биде најлошо и најтешко во животот а белата кога ќе ти биде најдобро и најлесно во животот.

По некое време старецот починува ,синот запаѓа во тешка криза ,ги изгубил сите пари,жената го оставила му било многу тешко. Тогаш решил да си го послуша таткаси и земал и ја отворил црната кутија.Во неа имало ливче на кое пишувало ''Ова ќе помине''. Така и било по некое време синот добил нова работа се смирил со жената ,купил нова куќа работите му тргнале на добро и тогаш решил да ја отвори и белата кутија. Земал ја отворил и во неа нашол ливче на кое пишувало ''И ова ќе помине''.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 30 Мар 2012 17:39 #191901

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Gi chitam prikaznive i ovaa so sestrite me rasplache....se mislam dali moze na decava da im se raskazuvaat, nekako prilagodeni za niv. Bas se pouchni i mislam deka mzoe da probame a,sto vikate???
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 16 Апр 2012 17:16 #194792

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Кога стигнав дома таа вечер жена ми ја послужуваше вечерата, ја фатив за рака и реков, имам нешто да ти кажам. Седна и јадеше тивко. Повторно ја видов болката во нејзините очи.

Одеднаш не знаев како да ја отворам мојата уста. Но, морав да и кажам на што мислев. Сакам развод. Ја отворив темата смирено. Таа како да не беше вознемирена од моите зборови, наместо тоа ме праша тивко, зошто?

Го избегнав нејзиното прашање. Тоа ја налути. Таа ги фрли стапчињата за јадење и извика кон мене, Ти не си маж! Таа ноќ, не разговаравме еден со друг. Таа плачеше. Знаев дека сакаше да открие што се случило со нашиот брак. Но, јас едвај можеше да и дадам задоволителен одговор, таа го изгуби моето срце заради Јана. Јас не ја сакав повеќе. Само ја сожалував!

Со длабоко чувство на вина, го подготвив договорот за развод, во кој беше наведено дека таа ќе ја добие нашата куќа, нашата кола и 30% од акциите на мојата компанија. Таа погледна во него и потоа го искина на парчиња. Жената која потроши десет години од својот живот со мене, ми стана туѓинец. Ми беше жал за нејзиното потрошено време, ресурси и енергија, но не можев да го вратам назад она што и го кажав, затоа што толку многу ја сакав Јана. Конечно таа заплака гласно пред мене, што беше она што очекував да го видам. За мене нејзиниот крик беше всушност еден вид на ослободување. Идејата за развод со која бев опседнат во последните неколку недели се чинеше дека сега е уште поцврста и појасна.

Следниот ден, се вратив дома многу доцна и ја најдов како пишува нешто на масата. Не вечерав, веднаш си легнав и заспав многу брзо, бидејќи бев уморен по поминатиот ден со Јана. Кога се разбудив, таа сеуште седеше крај масата и пишуваше. Мене едноставно не ми беше грижа, па се завртив на другата страна и заспав повторно.

Изутрината таа ги постави своите услови за развод: не сакаше ништо од мене, но бараше да помине еден месец пред разводот. Таа предложи во тој месец да се обидеме да живееме колку што е возможно понормален живот. Нејзините причини беа едноставни: нашиот син имаше испити по еден месец, а таа не сакаше да го попречи со нашиот срушен брак.

Тоа беше прифатливо за мене. Но, таа бараше уште нешто, ме замоли да се присетам како ја однесов во нашата свадбена соба на денот на нашата венчавка. Таа бараше за времетраење на месецот да ја носам надвор од нашата спална соба до влезната врата, секое утро. Мислев дека полудува. Но за да ги направиме нашите последните денови заедно поподносливи јас го прифатив нејзиното чудно барање.

И кажав на Јана за условите за развод на жена ми. Таа се насмеа гласно и мислеше дека тоа е апсурдно. Не е важно какви трикови ќе употреби, ќе мора да се соочи со разводот, рече со презир.

Мојата жена и јас немавме телесен контакт уште откако мојата намера за развод беше експлицитно изразена. Кога ја изнесов првиот ден, ние двајцата бевме некако несмасни. Нашиот син ракоплескаше зад нас, тато ја држи мама во неговата прегратка. Неговите зборови ми предизвикаа чувство на болка. Од спалната соба до дневна соба, а потоа до вратата, изминав повеќе од десет метри, со неа во мојата прегратка. Таа ги затвори очите и рече тивко, не му кажувај на нашиот син за разводот. Кимнав со главата, со чувство на вознемиреност. Ја спуштив надвор од вратата. Таа замина да чека автобус за на работа. Јас возев сам до канцеларија.

Вториот ден на двајцата ни беше полесно. Таа се потпре на моите гради. Можев да го почувствувам мирисот на нејзината блуза. Сфатив дека долго време не сум погледнал внимателно на оваа жена. Сфатив дека повеќе не е млада. Имаше брчки на лицето, косата и беше проседена! Нашиот брак го земал својот данок од неа. За една минута се прашував што сум направил со неа.

На четвртиот ден, кога ја кренав почувствував враќање на интимноста. Ова беше жената што даде десет години од својот живот за мене. На петтиот и шестиот ден, сфатив дека нашето чувство на интимност растеше повторно. Јас не ни и кажував на Јана за ова. Како што изминуваше месецот стануваше се полесно да ја носам. Можеби секојдневниот тренинг ме направи посилен.

Едно утро таа избираше што да облече. Проба неколку фустани, но не можеше да најде соодветен. Потоа воздивна, Сите мои фустани станаа преголеми. Одеднаш сфатив дека таа стана толку тенка, дека тоа е причината зошто ја носев се полесно.

Одеднаш почувствував како удар ... таа имаше закопано толку многу болка и горчина во нејзиното срце. Несвесно ја подадов раката и ја допрев по главата.

Нашиот син дојде во тој момент и рече: Тато, време е да ја изнесеш мама надвор. За него, гледањето како неговиот татко ја носи неговата мајка стана суштински дел од неговиот живот. Мојата сопруга со гестикулација му даде знак на нашиот син да се приближи и го прегрна цврсто. Го свртев моето лице на другата страна, бидејќи имав страв дека може да се предомислам во овој последен момент. Тогаш ја земав во моите раце, одејќи од спалната соба, преку дневна соба, до ходникот. Нејзината рака беше околу мојот врат нежно и природно. Ја држев цврсто, беше исто како на денот на нашата венчавка.

Но, нејзината помала тежина ме растажи. На последниот ден, додека ја држев во моите раце јас едвај можев да направам чекор. Нашиот син отиде на училиште. Ја држев цврсто и реков: не забележав дека на нашиот живот му недостигаше интимност. Возев во канцеларија .... скокнав надвор од колата набрзина без да ја заклучам вратата. Ми беше страв дека секое одлагање ќе ме натера да се предомислам ... одев нагоре по скалите. Јана ја отвори вратата и реков, Жалам, Јана, не сакам повеќе развод.

Ме погледна, вчудоневидено, а потоа ми го допре челото. Да не имаш треска? рече таа. Јас ја тргнав нејзината рака од мојата глава. Жал ми е Јана, реков, јас нема да се разведам. Мојот брачен живот беше здодевен веројатно затоа што таа и јас не ги ценевме деталите од нашите животи, не затоа што ние не се сакавме повеќе еден со друг. Сега сфаќам дека штом ја внесов во мојот дом на нашиот свадбен ден, би требало да ја задржам се додека смртта не не раздели. Се чинеше како Јана одеднаш да се разбуди. Ми удри силен шамар, а потоа ја тресна вратата и прсна во плач. Се симнав надолу и заминав. Во цвеќарницата на патот порачав букет цвеќе за мојата сопруга. Продавачката ме праша што да биде напишано на картичката. Се насмеав и напишав, Ќе те носам секое утро, се додека смртта не не раздели.

Таа вечер стасав дома, со цвеќе во моите раце, со насмевка на моето лице, трчајки по скалите, само за да ја најдам жена ми во кревет мртва. Мојата сопруга се борела со ракот со месеци, додека јас бев толку зафатен со Јана што дури и не бев забележал. Знаеше дека ќе умре наскоро и сакаше да ме спаси од негативните реакции на нашиот син, во случај да продолжев со разводот. Барем во очите на нашиот син - Јас сум саканиот сопруг ....

Малите детали од вашите животи се она што е навистина важно во врската. Не се работи за куќата, за автомобилот, имотот, парите во банка. Тие создаваат средина погодна за среќа, но не може да дадат среќа самите од себе.

Затоа најдете време да бидете пријател на вашиот брачен другар и да ги направите оние мали нешта едни за други, кои ја градат интимноста. Имајте навистина среќен брак!

Ако не го споделите ова, ништо нема да ви се случи.

Ако го споделите, можеби ќе спасите нечиј брак. Многу од неуспесшните луѓе во животот, се оние кои не сфатиле колку блиску биле до успехот, кога се откажале.



Непознат автор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 30 Апр 2012 12:06 #196931

  • Mariposa
  • Mariposa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 24
  • Thank you received: 23
СЛЕДИ ЈА МЕЧТАТА

Имам пријател по име Монти Робертс, кој поседува ранч и одгледува коњи. Тој ми дозволува да ја користам неговата куќа за одржување на различни семинари, со цел да се соберат пари за разни младински програми и проекти.
Последниот пат кога бев таму, тој ме претстави и кажа:
- Сакам да ви раскажам зошто се согласив Џек да ја користи мојата куќа. Се започна од една случка поврзана со синот на еден патувачки тренер на коњи. Постојано тој патувал од хиподром на хиподром, од фарма на фарма, од ранч на ранч, за да тренира коњи. Од таа причина нормалното основно образование на син му постојано било прекинувано и нередовно. Кога веќе стигнал во погорните класови, учителот му рекол да напише писмена работа и да раскаже каков сака да стане кога ќе порасне и со што би сакал да се занимава.
Една ноќ, момчето ја опишало на седум страници неговата мечта еден ден да поседува ранч за коњи. Ја опишало својата замисла до детали, па дури и го нацртало ранчот од 800 декари, ја обележило положбата на зградите, коњушницата, хиподромот... Дури нацртало и детален план на куќата од 360 квадратни метри, која требала да се наоѓа во ранчот- мечтата од 800 декари.
Со голем жар го опишало сето тоа и следниот ден ја предало задачата на учителот. После два дена ја добило писмената задача назад. На првата страница имало една огромна двојка, напишана со црвено и белешка:" Јави ми се после часот".
Момчето со мечтата отишло да се сретне со учителот и прашало:
- Зошто сте ми ставиле двојка?
-Многу си мал за да имаш така големи мечти- рекол учителот. -А и освен тоа, ти немаш пари. Потекнуваш од семејство кое постојано патува. Немаш никакви средства. За да го купиш ранчот, неопходни се многу пари. Треба да ја купиш земјата. Треба да платиш за стадо расни коњи, а подоцна ќе треба да плаќаш и огромни такси за добитокот. Невозможно е да го постигнеш тоа.
После ова учителот додал:
-Ако уште веднаш ја напишеш писмента со пореалистична цел, ќе ти ја поправам оценката.
Момчето отишло дома и почнало внимателно да размислува за сето тоа. Го прашало татко си што треба да направи, а тој му рекол:
- Гледај сине, ти сам треба да решиш што ќе направиш. Затоа што решението што ќе го донесеш е од исклучителна важност за тебе.
На крајот, откако размислувало цела недела, момчето ја предало истата писмена, без ниту една поправка, со зборовите:
- Можете да ја оставите двојката, јас ќе си ја задржам својата мечта.
Полсе ова Монти се сврте кон насобраната група и рече:
-Ви ја раскажувам оваа историја, зашто се наоѓате во мојата куќа од 360 квадратни метри, во средина на мојот ранч од 800 декари. Сеуште ја чувам писмената работа, врамена и виси над мојот камин.
А после додаде:
-Најубавото нешто од целата оваа приказна е што пред две години истиот учител доведе 30 ученици на летен распуст од една недела на мојот ранч. Пред да си замине, учителот ми рече:
-Види Монти, ќе споделам нешто со тебе. Кога бев твој учител, јас бев еден вид крадец на мечти. За сите тие изминати години јас украдов многу мечти од децата. За среќа, ти пројави доволно здрав разум и не се откажа од својата.

Не дозволувајте никому да ви ги краде мечтите. Следете ги желбите на срцето, независно какви се тие.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 07 Окт 2012 13:55 #216694

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Еднаш еден богат човек решил наместо да ја исфрли кесата со ѓубре во контејнер ја фрлил пред нозете на просјак кој се наоѓал во близина.
Просјакот се насмевнал и заминал задоволен со кесата полна со ѓубре. Застанал покрај една локва, извадил се од кесата, ја очистил и ја наполнил со цвеќиња, кои растеле во близина. Се вратил кај богаташот и му ја дал торбата во рацете.
Богатиот гледал воодушевен и прашал:
- Зошто ми даваш прекрасни цвеќиња, откако јас ти дадов само ѓубре!?
Просјакот му одговорил:
- Затоа што секој човек дава она што го носи во своето срце....
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 30 Јан 2013 04:13 #230912

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
МУДРИОТ РИБАР

Еден човек решил да се самоубие и се качил на еден мост за да скокне од него. Во тој момент го видел од долу еден стар рибар и му рекол:
- Еј, човеку, дојди малку.
- Не можам! Ќе скокам! - одговорил човекот.

- Абе дојди кога ти велам! Имам нешто важно да ти кажам. - рекол старецот.
Отишол човекот кај старецот и му рекол:
- Ми се смачи од животот старче. Ќе скокам.
А старецот му одговорил:
- Оди си дома, смири се, седни и прочитај ја оваа порака. - и му дал едно стуткано ливче.

Човекот си заминал дома, седнал и го отворил ливчето што му го дал старецот. На него пишувало: „Нема да е секогаш вака!“.

„Бреј“ си рекол човекот, „во ова има смисла“, и се фатил за работа. Му тргнал бизнисот и заработил многу пари.

Еден ден се сетил на стариот рибар, кој му помогна со белешката. Отишол кај него и му рекол:
- Еј старче, ти ми помогна и сега сакам да ти се заблагодарам. Ќе ти купам голем рибарски брод за да ловиш многу риби, ќе ти купам и се друго што ќе посакаш, имам многу пари.
А старецот му рекол:
- Момче, оди си дома, смири се, седни и прочитај ја пораката. Изгледа одамна не си ја прочитал.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поучни приказни - мелем за душа 12 Јун 2014 08:03 #251132

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
A ovie slucki mi se slucija mene i me naezija i mi gorazneznija srceto, da gi spoledelam so vas:



* Jas sum postarata sestra i na eden moj rodenden mojata pomala sestra dojde od uciliste i mi donese podarok zavitkan vo ukrasna hartija vo cvekjara na sto site se zacudivme.Bidejki bese 2ro ili 3to odd. jas pomisliv tato i mama i go dale da mi go dade, mama go prasa tato dali e toj a toj ikaza deka mislel deka e taa?!
Go otvoriv i imase tetratka i moliv a na prasanjeto od kade i e ni kaza deka denta od skolo odele na pretstava koja cimela 50 denari i imala vo nea tolku za taa namena no koga odele taa rekla deka ne i e dobro i ne moze da odi na pretstavata i so tie pari kupila poklon za mene
*Lani bev na patoloska bremenost i parite kasnea so meseci, pa nasite ni pomagaa. Najcesto koga nosea nesto za kjerka ni im kazuvavme pa za tie pari mesto kinder jajce mleko kje kupevme.. Ednas dojde tatko mi i zaedno so malata bevme vo marketoti toj i vika ajde odberi si nesto da ti kupam i taa zede mleko, i vikame ajde zemi kinder jajce, cokolado, smoki.. a taa ne, samo mleko. Od tolku muabeti po doma si vrzala dusata, a 2ipolgodisno...
* I sega od ko ostanav i jas bez rabota, pred nekoj den i velam na kjerka mi ajde vo tinex, sho sakas da ti kupam, gumeni veli, i tufkam jas od koga ti nemame kupeno nesto takvo nie,babite dedovcite kupuvaat i mi veli aku mama baba dedo kupi, i velam sorry bejbi, mama odi na rabota , taa ne, a tato, taa pak ne,pa togas nie nemame parii vikam, i taa jas odam rabota i imame pari. :(


I uste nesto od mene licno.
mesec dena bez rabota, sekoj den samo po oglasi za rabota kisnam, i nacekav edna prilika, ama 3 smeni e,plata ne bas nesto i od ko bev na intervju i cekam da se javat se samo se premisluvam, svakjam deka duri sum domatufkam za rabota mesto da uzivam so decava, i ako bi odela svakjam sto kje izgubam, se molamda ne mi se javat mene... Moj zaklucok - toa sto go barame kje ne snajde i koga kje go imame odma se naogja nesto novo sto go sksme a nemame. Zatoa se pomiriv, so godini maka macev da zabremenam sega si imam dve decinja, i gledajki gi kako uzivaat dodeka im go davam ona najvrednoto sto nikoja rabota ni plata nema da go nadomestat - sebe si, moeto prisustvo, moeto vnimanie, pregratka, ljubov vo sekoe vreme i mesto uzivam i znam deka se se sluci so pricina, se e del od golemiot plan za mene.:)
Последна промена: 12 Јун 2014 08:06 by bubale23.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.