Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Македонска кинематографија

Македонска кинематографија 31 Дек 2010 05:21 #97438

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Може ли Македонија да се пофали со богата и квалитетна кинематографија?

Јас искрено верувам дека може и повеќе и подобро, но и тоа што си го имаме е за пофалба.

Има некои филмови кои посебно ми се драги:

Фросина
Исправи се Делфина
Тетовирање
Балкан-Кан
Пред дождот
Среќна Нова '49
Преку езерото

Еве да бидам искрена, од последните што ги гледав, не ми се допаднаа:

Превртено
Јас сум од Титов Велес

Едно што ми смета е тоа што најчесто низ македонските филмови провејува една тажна, депресивна нишка која по завршувањето на филмот ми остава тешка грутка на душата. Ги сакам филмовите кои таа тага ја изразуваат со една комична нота како Тетовирање и Балкан-кан.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 31 Дек 2010 05:33 #97441

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Анабел :OK: за темата и за вкусот, т.е. мислењето сосема ми се поклопува со твоето.
Од друга страна пак, за што друго би зборувале нашите филмови освен за реалната состојба на обичниот човек... Види ги српските филмови, или се воени, или се мафијашки, или банди се пукаат меѓу себе, наркомани...
Ни јас не сакам да ја гледам бедата на филм, цел свет го гледа тоа и го гради мислењето за нас врз основа на тие филмови. Како што нели и ние го правиме истото за другите.

Во твојот список ми фали само Контакт со Лабина Митевска и Никола Којо :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 31 Дек 2010 05:35 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 31 Дек 2010 05:38 #97445

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Да, одличен филм, го заборавив, а и на Лабина добро и лежеше улогата, особено со делот во лудницата. А Којо е еден од моите омилени српски актери и посебно ме радува што се појавува во македонски филм.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 31 Дек 2010 05:55 #97456

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Морам да признаам дека слабо гледам филмови (без разлика дали се мак или странски), едноставно повеќе уживам во книгите..тој тип сум..Но, од македонските филмови кои сум ги гледала апсолутно би ги издвоила како фаворити Пред дождот и Балкан-Кан. Што се однесува до продукцијата на филмови кај нас, мислам дека има многу талентирани актери и режисери, но де факто, лошата економска состојба баш и не оди во прилог на кинематографијата..и воопшто уметноста. А од друга страна пак, можеби и тоа е до психологијата на луѓето...Не знам..Јас се надевам дека во иднина ќе имаме побогата кинематографија :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 01 Фев 2011 16:39 #107969

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Четири македонски филма премиерно годинава


Четири македонски филма годинава ќе заиграат на филмските платна во земјава и на светските филмски фестивали. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска за годинава најави богата филмска програма и активности за олеснување на странски продукции, подобрување на киномрежата и дигитализација на киносалите. Од дваесетината играни филма што се снимаа во последните три години и по двете домашни премиери лани, годинава ќе ги видиме „Како да ме нема“, на Хуанита Вилсон, „Ова не е американски филм“, во режија на Сашо Павловски, „Панкот не е мртов“, на Владимир Блажевски, и омнибусот „Д Скопје“, на 10 млади режисери од земјава. Нашата публика ќе ја види крими-комедијата на Павловски околу 25 февруари, а филмот на Вилсон премиерно ќе биде прикажан во март.

- И 2011 ќе биде особено плодна филмска година, ќе донесе многу остварувања на многу македонски автори. Ќе има премиери на четири долгометражни, осум документарни, девет кратки и два анимирани филма. Веќе поведовме иницијатива за олеснување на странските продукции со што цениме дека ќе ги привлечат да ги снимаат своите филмови кај нас. Тука е и иницијативата за обновување на киномрежата кај нас. Очекуваме да добиеме дигитално кино во Центарот за култура во Битола, кината „Рамстор“ и „Фросина“, кои се влезени во мрежата на „Еуро имаж“ и „Еуропа синема - посочи Канческа-Милевска.

Повеќе - Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 21 Мај 2011 12:50 #137176

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
ПОЧНУВА СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ "БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ" НА АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ


По сценарио на Дејан Дуковски, со Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Наташа Шолак, Раде Шербеџија, со камера на Дејан Димески и музика на Џајковски, се спрема новиот македонски филм

Во две хали на Скопски саем, наредните 30-ина дена ќе се случуваат драматични, смешни, тажни, љубовни сцени, кои ќе се одвиваат во кафеани, улици, куќи, балкони, харем, шума. Таму се гради цел свет на филмот кој ќе почне да се снима во вторник, "Балканот не е мртов" во режија на Александар Поповски, по истоимениот драмски текст на Дејан Дуковски, и косценаристите Поповски и Ана Ласиќ.
Приказната за љубовта на Кемал Ататурк со Елени Каринте, што се случувала во Битола, ќе се снима само во неколку секвенции во Битола, другиот дел од филмот ќе биде фикција, иреален свет, свет во којшто, како што рекоа членовите на екипата на вчерашната прес-конференција, акцентот ќе биде ставен на приказната, на актерите, на светлото и на камерата.
"Се одлучивме за нов принцип на работа, нов за сите нас, во кој нe интересира суштината на просторот, а не просторот сам по себе", рече режисерот, кој додава дека приказната е онаа од "Македонска крвава свадба" и прашањето за нив било дали да се вратат онаму каде што е направен тој историски важен филм за нашата кинематографија или да одат во нешто ново. Одат натаму, најавувајќи искрен филм, зашто, како што вели Александар, ако во "Македонска рвава свадба" слоганот бил слобода или смрт, кај нив е љубов или омраза. "Текстот е пишуван во 1991 година, кога се случуваше нешто, а не се знае што точно. Јас го поставив во 2001, кога, исто така, се случуваше нешто, а не се знаеше што, така што сега го правиме филмот кога, исто така, се случува нешто, но ние би сакале тоа да е нешто убаво", вели Поповски, кој додава дека сега неговото чувство да направи светол филм е уште позасилено, зашто смета оти доста време сме поминале на темната страна.
"Балканот", според екипата, е текст кој се занимава со борбата на два принципа - грдата страна на светот, кога империите се распаѓаат и кога се случува ерозија на моралните вредности и убавиот принцип - љубовта, големите мисли, промената на светот и на самите себеси.
На прес-конференцијата зборуваа и сценографот Свен Јонке и костимографката Снежана Пешиќ-Раиќ, соработници од театарските проекти на Поповски. Никола Ристановски, Драгана Костадиновска и Србинката Наташа Шолак беа актерите на прес-конференцијата кои се дел од кастингот, за што Поповски рече дека е екипа која само треба да се посака. Играат и: Јордан Симеонов, Благој Веселинов, Ертан Шабан, Сузан Акбелге, Сашка Димтровска и Раде Шербеџија.
Директор на фотографија е Дејан Димески, а композитор - Кирил Џајковски. Продуцент е "Кино око" и Роберт Насков, кој рече дека филмот чини 1.250.000 евра, од кои 775.000 евра (или 62 отсто) се од Министерството за култура. Копродукција е со Србија, Хрватска и со Словенија.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 01 Ное 2011 10:42 #162435

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Ужасот на војната низ фантазмагорични слики


Кон филмот од Ирско-македонско-шведската копродукција „Како да ме нема“ на Хуанита Вилсон

Сунчица Уневска

Ирско-македонско-шведската копродукција „Како да ме нема“ на Хуанита Вилсон, која по премиерата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, тргна во редовна дистрибуција во киното „Милениум“ во Скопје, има една чудна и необична комбинација. Сценариото и режијата ги потпишува младата авторка од Ирска, која за краткиот филм „Врата“ понесе номинација за „Оскар“, додека за своето играно деби ја одбра книгата на хрватската писателска Славенка Дракулиќ, која се осврнува на настаните за време на босанската војна. Во филмот се зборува босански, а речиси целосно е снимен во Македонија. По играта на случајот, и неговата главна актерка е Македонка, младата Наташа Петровиќ, која оваа улога ја вивна на меѓународната сцена. Вилсон во овој проект влегува со амбициозна и комплексна замисла, која не се остварува, бидејќи, сепак, некој се преценил.

„Како да ме нема“ е филм за војната, тоа е филм кој се обидува да проговори за универзалното зло видено од еден сосем поинаков агол. Ирската режисерка Хуанита Вилсон прави таков приод каде што војната и настаните во неа ги става во заднина, додека во преден план е човекот, неговата судбина, бесмислата, апсурдот и ужасите, чии траги се неизбришливи. Иако станува збор за босанската војна, Вилсон, всушност, сака да се осврне на сите војни, на сите оние страшни и незамисливи последици, на сите нешта што го претвораат животот во пекол, со кој подоцна, за жал, мора да се живее.

Повеке во Утрински Весник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 07 Ное 2011 06:39 #163417

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
„Панкот не е мртов“ награден во Германија


Филмот „Панкот не е мртов“ ја освои наградата „Дијалог за меѓукултурни комуникации“ на 21. Интернационален филмски фестивал во Котбус, Германија, што се одржа од 1 до 6 ноември годинава.



Наградата за „Панкот не мртов“, кој е годинашен македонски кандидат за Оскар, ја обезбеди германското Министерството за надворешни работи.

„Панкот не е мртов“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски, претходно, беше награден и на Фестивалот на медитерански филм што се одржа од 12-ти до 16-ти октомври годинава во Копер, Словенија.

Филмот доби награда на 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка за најдобар филм во програмата „Исток на Западот“, во која се натпреваруваа уште 11 филмови.

За улогата на Мирса во „Панкот не е мртов“, македонскиот актер Јордан Симонов ја доби наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови.

„Панкот не е мртов“ ја освои специјалната награда од жирито на третото издание на интернационалниот филмскиот фестивал „ПриФилмФест“ во Приштина.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 18 Ное 2011 10:56 #165442

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Никола Ристановски - Мал бог на љубовта


"Актерката Арна Шијак толку добро зборува словенечки во филмот, што никој не забележува дека е Македонка", рече режисерот на "Состојба на шок", Андреј Кошак, потсетувајќи дека во неговиот прв филм на гитара свирел Влатко Стефановски. За вчерашната премиера на филмот во кој главната улога ја игра Никола Којо, немаше слободни билети, а публиката ќе може да го гледа по две недели, на редовен репертоар во кино "Фросина"


Актерот Никола Ристановски доби филм во кој улогата е работена специјално за него. Тоа е "Мал бог на љубовта", кој завчера имаше македонска премиера на фестивалот "Синедејс". Ристановски одработил маестралната улога, и машки го носи на плеќи целиот филм, па реално би било да се очекуваат и бројни награди од филмски фестивали! Македонската публика ќе може да го види Ристановски во црногорско-македонско-словенечка копродукција дури следната година.
За овој филм во режија на Жељко Сошиќ се говореше и вчера во МКЦ, на презентација на автори од уште четири филмови работени со македонска поддршка, па продуцентот од македонска страна Роберт Јазаџиски кажа дека филмот ја добил наградата за уметнички израз на фестивалот во Херцег Нови. Меѓу гостите беше и режисерот на Состојба на шокк, Словенецот Андреј Кошак, кој кажа дека се работи за комедија посветена на југоносталгијата.

"Актерката Арна Шијак толку добро зборува словенечки во филмот, што никој не забележува дека е Македонка", кажа Кошак, потсетувајќи дека во неговиот прв филм на гитара свирел Влатко Стефановски. За вчерашната премиера на "Состојба на шок" во кој главната улога ја игра Никола Којо, немаше слободни билети, а публиката ќе може да го гледа по две недели, на редовен репертоар во кино "Фросина".

На средбата посветена на македонските премиери на "Синедејс" се говореше и за двата кратки филмови "Митот за Сара" во режија на Саша Станишиќ и "Девојчето со кибритчињата" од Филип Матевски.

На средбите во Кан ме прашуваа колку чини овој филм, а јас на шега им велев 150.000 евра. Ми одговараа дека тоа е малку за ваква продукција. Поентата беше да се види со што располага Македонија и што може да се направи тука", рече Димитар Николовски-Таки, продуцент на "Митот за Сара". Ставот дека овие филмови се работени за да се види дека е можно да се направи добар продукт го повтори и Блаже Дулев, продуцентот на Девојчето со кибритчињата".
На средбата организирана од Филмски фонд и Синедејс" беше и режисерот Марко Ѓоковиќ, автор на документарниот филм Луѓе без земја", делото кое говори за хероината Вера Фотева и обработува тема за Егејците и Граѓанската војна во Грција.

За крај, директорот на Фондот, Дарко Башески, ги повика филмаџиите за поактивна партиципација на фестивалот.

На конкурсот во Фондот пристигаат по шеесетина апликации, а гледаме премалку филмаџии на фестивалот", заврши Башески.

Еден ден на еден човек му ја снема жената
Еден ден на еден човек му ја снема жената. Да му снема жена некому е голема трагедија. Да се разболи човек тешко е голема трагедија. Да се види светлоста на две деца кои ги чека истиот тој процес...". Оваа мисла од актерот Никола Ристановски, кажана по завчерашната премиера на Малечкиот бог на љубовта" овде нека остане недовршена, како инспирација да се погледне филмот и филмската бравура на Ристановски!

Вечер
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 22 Ное 2011 15:02 #165974

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
„Мајки“ на фестивали од Ирска до Индија


Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски овој месец се прикажува на шест меѓународни фестивали - во Корк (Ирска), Мадеира (Португалија), Минск (Белорусија), Севиља и Мадрид (Шпанија) и во Гоа (Индија).

Како што информира С-прес, Манчевски во Гоа е поканет да одржи мастер клас на тема „Уметноста и занаетот на режијата“, при што ќе бидат прикажани делови од неговите претходни филмови, како и од американската детективска серија „The Wire“ за ХБО каде што тој режираше.

- Индија е единствено место на планетава, за мене можеби најубаво или најважно. Никогаш не ни помислував дека ќе ја посетувам со деловен повод, изјави Манчевски за Индија, која е овековечена во неговата книга фотографии „Пет капки сон“.

С-прес информира дека фестивалот во Мадрид е посветен на експерименталниот филм, фестивалот во Корк е меѓу најзначајните културни настани во Ирска, а тој во Севиља ги прикажува финалистите на трката за награда на Европската филмска академија. „Мајки“ таму е прикажан на 6-ти и на 10 ноември од 40-ина избрани европски филмови на годината.

Izvor: Vest
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 23 Ное 2011 05:01 #166027

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
„Анимакс" - прв фестивал на анимиран филм во Македонија


Од 24.до 26. Ноември, земјата на фестивали за првпат ќе добие фестивал на анимиран филм. 40 години по првиот македонски анимиран филм „Ембрион Но. М“ на Петар Глигоровски, „Анимакс “ ќе се обиде да ја реанимира репутацијата на Скопје како центар на анимација. - „1971-2011, четири децении македонска анимација. Во тоа време, студиото за анимиран филм при Вардар филм беше едно од најсилните во Југославија. Неслучајно нашата голема тројка од автори: Дарко Марковиќ и починатите Петар Глигоровски и Боро Пејчинов, се вивнаа во врвот, не само на југословенската, туку и на европската и светската анимација“ – вели Благоја Куновски – Доре, селектор на „Анимакс Скопје фест“.

„Анимакс“ ќе го донесе најдоброто од светот и ќе ги претстави домашните автори. Од 220-те филма од 25 земји кои биле пријавени, ќе погледнеме 50-тина, меѓу кои и добитници на Оскар и БАФТА. Во склоп на фестивалот ќе се одржи и работилница за деца со помош на ЕСРА, на тема „Од цртеж до филм“. Застапените филмови се стоп анимации, анимации со кукла и амалгами од 2Д и 3Д.

Повеќе




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 14 Дек 2011 09:28 #170743

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Во Прага се снима краток филм

Во Прага деновиве почна снимањето на краткиот игран филм „Недовршена приказна“ на режисерот Наум Михајловски, а во продукција на „Kавал филм“ од Скопје. Михајловски го пишуваше сценариото заедно со актерката Верица Недеска. Филмот целосно ќе се снима во чешкиот главен град, а ќе заврши до 18 декември.

„Недовршена приказна“ е копродукција со чешката филмска академија и Студио И/О пост од Прага. Поддржан е од Филмскиот фонд на Македонија. Во филмот учествуваат повеќе македонски филмски автори и работници. Главната улога ја толкува Недеска. Директор на фотографија е Димитар Попов, композитор Јордан Kостов и други.

Главната машка улога ја толкува чешкиот актер Павел Режничек, а играат и Јитка Шнајдерова и Kарел Зима. И постпродукцијата ќе се одвива во Прага.

Izvor: Dnevnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 02 Ное 2012 18:06 #219879

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Проекција на „Тајната книга“ во чест на Цветановски



Во чест на прерано починатиот режисер Владо Цветановски задутре (недела) во 20 часот во Kинотеката на Македонија ќе биде прикажан неговиот филм „Тајната книга“. Проекцијата е бесплатна.

- Тој повеќе децении беше значаен дел од македонското културно милје, а како доказ за тоа е и оваа проекција во чест на неговото севкупно дело – информираат од Kинотеката.

Неговиот прв и единствен филм во холандско-француска копродукција e работен по сценарио на Јордан Плевнеш и на Љубе Цветановски. Во главните улоги се Жан-Kлод Kарие, Тиери Фремон, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Ѓорѓи Јолевски, Лабина Митевска. Снимањето на филмот почнува во 2002 година, а претпремиерата ја имаше во 2006 година.

Приказната за филмот е базирана врз потрагата по „Тајната книга“, книга напишана на глаголско писмо. Се претпоставува дека „Тајната книга“ ги содржи основите на богомилското верување, познато исто така и како катаризам.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 13 Мар 2013 07:47 #234764

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Природните убавини на Македонија на чешкиот фестивал "Околу светот"

Македонските планини и нивните убавини се дел од програмата на чешкиот фестивал „Околу светот, кој претставува различни делови во светот. Во двата фестивалски денови на 23 и 24 март во две кина во Прага ќе бидат претставени делови од Македонија преку јужниот дел на Балканот до Исланд.



Како што јавува дописникот на МИА, Фестивалот е место каде се среќаваат чешките авантуристи и љубители на патувања, кои низ коментирани видео проекции и фотографии претставуваат разни теми од светот.

Манифестацијата, ја посетуваат голем број љубители на адреналински доживувања и луѓе кои бараат инспирација за следната дестинација која ќе ја посетат.

,,Зимска Македонија" е наречена репортажата која е снимена на еднонеделен излет во македонските планини. - Во Македонија има прекрасни планини и ние како главна цел го избравме излезот и сртот на вториот и третиот највисок врв во поранешна Југославија - Голем Кораб и Титов Врв, објаснува Јан Пала, љубител на ски-алпинизам и планинарење.

Во репортажата, со воодушевување се претставени убавините на Пелистер, највисокиот врв на планината Баба, кој е трет највисок планински врв во Македонија.

- Македонија нуди безброј можности за разни видови на зимски патувања или на алпско скијање како и брзо одење со скии. Во пролет, таму во планините, исто така, може да се оствари и средба со тукушто разбудена и намќореста мечка, шеговито се доловува адреналинското чувство кое го буди престојот во живописниот пејсаж на македонските планини.

Македонија е претставена и во репортажата на професионалниот геолог и музичар Јероним Лешнер, кој со помалку бизарен хумор го претставува своето патување на велосипед од Грција преку Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија до Косово.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 17 Сеп 2013 02:37 #243981

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
34-то издание на Браќа Манаки во Битола се отвори со премиера на македонскиот филм Соба со пијано на 14 септември.

Соба со пијано е приказ на различни животни судбини доведени на оваа единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење.

Премиера на Соба со пијано
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Последна промена: 17 Сеп 2013 02:38 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 25 Јан 2014 06:59 #248221

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
„Соба со пијано“ на топ 10 листата на магазинот „Ролинг стоун“

Вториот игран филм на Игор Иванов-Изи, се најде меѓу најдобрите десет филмски остварувања од регионов за 2013 во престижното светско списание

„Соба со пијано“, вториот игран филм на македонскиот режисер Игор Иванов-Изи, се најде меѓу најдобрите десет филмски остварувања од регионов за 2013 година во престижното светско списание „Ролинг стоун“, издадено во Хрватска.

Списанието „Ролинг стоун“, кое со својот милионски тираж ги покрива сите континенти, е основано во Сан Франциско во 1967 година. Излегува во 25 земји во светот и важи за едно од најдобрите списанија посветени на музиката и на културата воопшто.

„Соба со пијано“ е снимен по сценарио на Жанина Мирчевска и Игор Иванов, а авторски потпис ставија и Томи Салковски, продуцент и снимател, Чили Гонзалес, автор на музика, Владимир Павловски, монтажа, Миленко Јеремиќ, сценографија, Елена Дончева, костимограф и Ана Булајиќ-Црчек, шминка. Во филмот играат: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогес, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Фирдаус Неби, Невена Ристиќ, Јагода Кумриќ, Астрит Алихајдарај, Нино Леви, Јана Стојановска и специјалните гости: Тони Палмер, Мајк Сарн и Ханес Вегенер.

„Соба со пијано“ ја имаше светската премиера на минатогодишниот Фестивал на филмска ламера „Браќа Манаки“ во Битола и доби позитивни критики и реакции од македонската публика, која имаше можност да го види филмот во кината низ цела Македонија.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 18 Фев 2014 06:30 #248763

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Панел за Милчо Манчевски на Кембриџ

Скопје, 18 февруари 2014 (МИА) - На Универзитетот во Кембриџ денеска ќе биде одржана панел дискусија на тема „Довженко/Манчевски: Тишина, Говор и Поглед“.
Дискусијата е дел од семинарите и дискусиите ориентирани кон темата „Нови интердисциплинарни пристапи“, при што заинтересирани студенти, научници и истражувачи можат да учествуваат во разни тематски дебати, соопшти „С Прес“.
Дискусијата за Довженко и Манчевски ќе ги разгледува двата режисера и нивните творештва низ различни контексти.
Рускиот режисер Александар Довженко е клучен автор во развојот на филмската уметност. Сценарист, продуцент и филмски режисер, Довженко со својата дејност во почетокот на 20. век придонел во дефинирањето на модерниот филмски израз.
Манчевски, во декември, 2013 година, одржа предавање на британскиот Универзитет во Кембриџ на тема „Филм, конфликт и репрезентација“. Притоа на Кембриџ беа прикажани и неговите филмови „Мајки“ и „Пред дождот“
Последна промена: 18 Фев 2014 06:31 by Fairy. Причина: edit text
The administrator has disabled public write access.

Ре: Македонска кинематографија 19 Ное 2019 18:33 #255542

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Годинава ќе биде во знакот на „Медена земја“ кој за жал го немам гледано и сакам да го погледнам, па да дадам свое мислење. Но според сите критики филмот е претендент за “оскар“.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.