Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Театар за деца и младинци

Ре: Театар за деца и младинци 25 Дек 2011 10:29 #172616

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
samo ,,beskrajni sonihsta,, ne sme ja gledale. ostanatite se - must see :OK: kje go iskoristime raspustot za uzivanje vo teatar.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 31 Мај 2012 06:56 #201485

  • Majkata na Martin
  • Majkata na Martin's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
нашата прва претстава на 1 и8 месеци беше во драмски театар, новогодишна шретстава за деца мартин узиваше додека траеше музиката и огранјето после кога заврши се кога му ја викна да плаче зашто завршило беше најгласен!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 23 Ное 2012 17:35 #222718

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Поубаво поминат ден одамна не сум имала :trep: Со синко и другарчињата од градинка бевме во театарот за деца и младинци на снежана и седумте џуџиња, синко си помина одлично, се утепа од смеење и викање и имитирање, јас исто така си се изнасмеав поштено, ама кога го видов синко колку беше возбуден и среќен срцево ми се стопи :oblace: Ова ни е прва претстава, незнаев дека толку ќе ужива, од сега ќе бидеме редовни посетители.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Зока

Ре: Театар за деца и младинци 23 Ное 2012 17:49 #222723

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Микимаус, ако веќе сте почнале, те охрабрувам почесто да одите. Сите претстави се одлични. Мене лично, претставата за Снежана и седумте џуџиња ми беше една од помалку убавите. За возраста на твојот батко Црвенкапа е одлична , потоа Лакомата Меца, Волшебната флејта, Попот и неговиот слуга Будал, Баш Челик....ама сите претстави се прекрасни. Имаше еден период кога со синко одевме буквално секоја недела на претстава, и заедно уживавме гледајќи ги.
Ана уште не сум ја носела, ама се спремам да ја однесам и неа. Сакам и неа да и ја всадам љубовта кон театарот :trep:
Последна промена: 23 Ное 2012 17:50 by Marge.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cuvce

Ре: Театар за деца и младинци 23 Ное 2012 18:15 #222730

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Nie sme na rodenden pokaneti vo teatar na 6 sledniot mesec, i gi cuvam za tamu prv pat da odat na prestava. SAkam bash da se voodushevat za da mozeme posle redovno da odime.Vo kino na crtan film ne im beshe ic interesno.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 20 Дек 2012 06:37 #226619

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Премиера на „Грдото Пајче“ во Театарот за деца и младинци


По „Снежната Кралица“, „Девојчето со кибритчиња“ и „Малата Сирена“ по четврти пат во театарот за деца и младинци ќе биде поставена бајка на Кристијан Андерсен. Се работи за класична детска бајка која досега во театарот не била поставена.

Според директорот Довлев театарот добива претстава во која лесно се прати дејствието и нарацијата, што ќе значи дека децата ќе излегуваат задоволни.

Во претставата до израз ќе дојде актерската игра, музиката и танцот а вклучени ќе бидат и визуелни ефекти. На сцената ќе се видат ликови кои ги нема во оригиналната верзија. Идејата за нејзиното поставување е на Дејан Дамјановски.

Прв пат како сценограф се јавува Кирил Василев кој десет години во театарот е задолжен за куклите. Тој годинава освои наградата со претставата „Шехерезада“ на фестивалот Чернодрински.

Иако нова во театарот за деца, главната улога и е доделена на Емран Куртишова а ликот кој ќе воведува низ претставата е на Марија Ѓорѓиовска.

Вечерва претставата премиерно ќе биде изведена во 19 часот. Следуваат неколку прикажувања во старата, а во новата година, претставата ќе биде на редовниот репертоар на театарот.

Извор
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Синоличка, Cuvce

Ре: Театар за деца и младинци 27 Мар 2013 16:06 #235826

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Пипи долгиот чорап“ утре премиерно во Театарот за деца и младинци


Театарот за деца и младинци утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Пипи долгиот чорап“ по приказната на шведската писателка Астрид Линдгрен. Ќе ја режира Драгана Милошевски-Попова, а актерката Соња Стамболџиоска ќе го игра насловниот лик.



Режисерката на прес-конференција рече дека идејата да ја раскаже приказната за Пипи ја носи од детството кога на задачите за цртање во училиште децата често различно ги гледаат и прикажуваат работите.

- Низ приказната за Пипи да се поддржат децата кои имаат слобода и визија за нешто што е различно, да не мора сите да се облекуваме како под индиго, да се однесуваме на ист начин. Потребно е да дадеме свој израз и печат од детството, рече Милошевски-Попова.

Актерката Стамболџиоска се надева дека со улогата на Пипи ќе ги поттикне децата што ќе ја гледаат претставата од театарот да излезат послободни и посилни.

Адаптацијата ја направи драматургот Бојан Трифуновски, кој смета дека само за нас нелогичноста на Пипи, а за неа многу природниот начин на однесување и размислување, може да го скрши овој, како што рече, нереален и на погрешни нозе ставен свет.

- Пипи ја интересира само она што неа ја прави среќна. Треба карактер како оној на авторката Линдгрен, како Пипи, кој има генетски внесен цинизам што го пренесува во светската литература, рече Трифуновски.

Ќе настапат и Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Предраг Павловски, Татјана Павловска-Кочовска, Мики Анчевски, Бојан Кирковски, Владимир Лазовски, Марија Ѓорѓијовска и директорот на театарот Драган Довлев, кој на прес-конференцијата рече дека очекува претставата да патува по фестивали и да има многу изведби. Сценографијата ја изработи Кирил Василев, а костимите Марија Пупучевска. Кореограф е Симона Спировска, а музиката е на Маријан Неќак.

Извор
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska, betavitevit

Ре: Театар за деца и младинци 11 Дек 2013 04:48 #247284

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Дали можете да ми пратите некој линк каде може да се види репертоарот на театарот за деца и младинци?! Во последно време не се ажурира нивната веб страна, па не можам да видам кои претстави играат.

:tnx:
Последна промена: 11 Дек 2013 04:50 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 11 Дек 2013 06:30 #247291

  • marina_m
  • marina_m's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 79
  • Thank you received: 6
  • Карма: 1
Vo sabota e pretstavata devojceto so kibritcinjata a vo nedela volsebnikot od oz.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Marge

Ре: Театар за деца и младинци 28 Јан 2014 03:43 #248260

  • winnie the pooh
  • winnie the pooh's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 305
  • Thank you received: 63
  • Карма: 2
dali slavel nekoj rodenden ovde, sakam da znam kako odi procedurata za zakazuvanje, kolku vreme posle pretstavata se zadrzuvaat decata,kako e protokolot za slavenje,dali se plaka nesto ekstra za prostorot i sl. nikogas ne sum bila na rodenden samo na edna mala privatna zabava na koja se zadrzavme nekade 40tina minuti posle pretstavata, imase i vozrasni,imase sokovi,gricki i sl.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 28 Јан 2014 04:38 #248267

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Се закажува месец-два порано. Не се плаќа за изнајмување на просторот, туку само плаќаш за картите. Мислам дека минимум треба да земеш 20 карти.
После претставата децата од роденденот остануваат и имаат забава од околу пола саат, на крај е тортата и толку. Сокови за децата и грицки си купуваш сама. Во бифето на театарот може да се нарачаат пијалоци за возрасните.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 28 Јан 2014 07:57 #248273

  • winnie the pooh
  • winnie the pooh's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 305
  • Thank you received: 63
  • Карма: 2
denes se javiv, nemaat sekoj den pretstavi, znaci samo vo tie denovi koga ima pretstava togas moze da se slavi, treba min.20 karti cenata e 150 den, posle pretstavata se ostanuva vo bifeto 1 cas, si nosis torta, sokovi za deca(so cevce) i za vozrasni, alkohol ne se sluzi, kafe moze od tamu da se naraca, ordeveri i salati ne se nosat samo nesto za na salfetka na pr.pici i sl. imaat zdeli samo za gricki. casi, salfetki i drugi zdeli za jadenjeto si nosis od doma. repertoarot za sledniot mesec se formira na krajot na prethodniot.
sto mislite dobra e idejava za proslava na 5-ti rodenden ili mali sme, sakam da citnam necie mislenje.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 28 Јан 2014 10:08 #248278

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
  • Карма: 6
Според мене тоа е супер роденден :) Децата гледаат претстава, мајките лаф-муабет во фоаје. После тоа торта, сокче и доволно. Децата суви а мајките намуабетени. Полн погодок! :cvet:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 28 Јан 2014 17:59 #248292

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Зависи од децата. Имаш деца кои не сакаат да седат сами и ќе мора мајките со нив или пак имаш деца кои се плашат - на еден таков роденден почна да плаче детенце се исплаши од ловџијата кој истрча од зад публика за да го улови волкот.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 18 Фев 2014 09:45 #248782

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
На сцената на Театарот за деца и младинци утревечер премиерно ќе биде изведена претставата „Бајка за царот Нај“ на Снежана Иљовска - Наумовска, во режија на Коле Ангеловски.

Во улогата на царот Нај се појавува Бојан Кирковски, а главната женска улога ја играат Емра Куртишова и Симона Спировска. Во останатите улоги ќе играат Катерина Илиевска - Силјановска, Ненад Митевски, Винета Дамческа, Мики Анчевски и Мартин Јордановски.

Директорот на Театарот Драган Довлев денеска на прес-конференција појасни дека се работи за еден многу стар мотив опфатен во многу драмски текстови, каде царот се преправа како питач и оди меѓу народот.

„Бајка за царот Нај“ утре премиерно во Театарот за деца и младинци

Претставата ќе биде за сите возрасти на деца од најмали до најголеми. Новина е што првпат двајца актери ќе играат една улога, најизменично ќе се менуваат во секоја наредна претстава, информира Довлев.

Претставата, според режисерот Ангеловски, е вистинска бајка, каде се прикажани вредности од кои, како што нагласи, на некој начин се далеку од денешните деца, а тоа се добрина, љубов, патување, мечтаење, кои некако се изгубени.

Текстот претставува патување низ разни соништа, вистини, ситуации. Напишан е во стихови што е реткост за нашите сцени и бара поинаков пристап од актерите. Царот Нај, кој е убав како слика, но за жал не зборува, туку како лав рика и луѓето се плашат од него, одлучува да тргне низ светот, патува седум години низ 33 земји и откако ќе го победи злото ќе му се врати говорот. Сето тоа е заокружено со една љубовна приказна меѓу царот и принцезата Сончев свет..., истакна Ангеловски.

Костимите се на Розе Трајческа - Ристовска, сценографијата е Илина Ангеловска, а музиката ја подготви Љупчо Мирковски.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 11 Мар 2014 06:12 #249146

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Marge wrote:
Дали можете да ми пратите некој линк каде може да се види репертоарот на театарот за деца и младинци?! Во последно време не се ажурира нивната веб страна, па не можам да видам кои претстави играат.

:tnx:

Случајно дознав дека Театарот за деца и младинци има нова веб страна. Повелете :)

www.tdm.mk/
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 11 Мар 2014 07:01 #249149

  • dusa
  • dusa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Everything is possible again
  • Теми: 55
  • Thank you received: 18
  • Карма: 0
Сакам ќерка ми да ја носам во театар на Пипи долгиот чорап, ама незнам како ќе реагира бидејќи има 2 години и 4 месеци. Какво е вашето искуство, да не е мала за театар?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 11 Мар 2014 08:56 #249155

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Сакам ќерка ми да ја носам во театар на Пипи долгиот чорап, ама незнам како ќе реагира бидејќи има 2 години и 4 месеци. Какво е вашето искуство, да не е мала за театар?

Зависи од детето. Може да сака да гледа, а може и да се исплаши. Има деца кои сакаат да им се читаат приказни, а плачат од претставите. Најубаво да отидеш и да видиш. Само не знам дали Пипи е соодветна за прва претстава. Не сум ја гледала и не знам што има во таа претстава, ама многу е битно да нема нешто од што ќе се исплаши.

Како претстави кои се за најмала возраст би ги издвоила Грдото пајче, Лакомата меца и Црвенкапа (со тоа што кај последнава може да се плаши од волкот)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: dusa

Ре: Театар за деца и младинци 19 Мар 2014 05:04 #249306

  • dusa
  • dusa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Everything is possible again
  • Теми: 55
  • Thank you received: 18
  • Карма: 0
Бевме на Пипи и супер поминавме, цел саат си седеше мирна, се смееше, баш уживавме сите заедно. :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар за деца и младинци 10 Јан 2015 00:38 #253389

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
За сите оние кои планирале во текот на распустот да ги носат децата во овој театар, да ве информирам дека истиот се реновира. Планирано е сите активности околу реновирањето да завршат на крајот на зимскиот распуст.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.