Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Театар - вести, новости ...

Театар - вести, новости ... 05 Окт 2010 18:01 #58299

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Силни аплаузи за Хамлет од Драмски во Британија


Се врати екипата актери од Драмски театар Скопје кои минатата недела со Хамлет во режија на Дејан Пројковски гостуваа во британскиот град Колчестер со четири изведби во театарот Мерјкури.

Задоволни се од полната сала и силните аплаузи на сите 4 претстави. Очекуваат многу покани за гостувања, откако ја придобиле пребирливата публика на земјата со стара театарска традиција. За тоа сведочат и позитивните критики во повеќе англиски весници и списанија, меѓу кои и „Гардијан”, и написите со одушевеност од еминентни театарски рецензенти за играта на македонските актери. Нивниот настап е значаен и зашто е прво официјално гостување на македонски театар во Велика Британија.

- Ова гостување е различно од претходните гостувања низ светот, зашто е раритетно. Ретко се случувало англиската публика уште при првата изведба да вика браво и да има овации на самата претстава и по неа. Првпат се случува толку релевантната театарска критика од Велика Британија да се занимава со нашата претстава, со нашиот Хамлет. И првпат се случува во толку еминентни списанија да се занимаваат токму со оваа претстава, токму со Драмскиот театар. Затоа ова гостување е раритетно. Како актер и како директор не можам да не сум задоволен, рече директорот на ДТС Бранко Ѓорчев на денешната прес-конференција по повод гостувањето во Колчестер.

Режисерот Дејан Пројковски истакна дека била голема возбудата и исчекувањето на средбата на македонскиот Хамлет со англиската публика.

– Многу се зборуваше за тоа, добивавме прекрасни комплименти...Беа одушевени од стартната позиција на нашата претстава – да се биде или да се биде – и коментарите беа дека ова е првиот Хамлет кој е спремен да дејствува и е решен да го менува светот, а не само да филозофира колку е тешко да се живее во него. За нас е важно што ја проверивме нашата претстава на меѓународна сцена, колку нејзиниот сценски јазик е современ и препознатлив. По пребирливата англиска публика се надеваме дека нашиот Хамлет ќе има живот на меѓународната сцена, а покани имавме и таму, рече Пројковски.

Дејан Лилиќ, кој ја игра насловната улога, рече дека му било предизвик да биде Хамлет во Англија и имал трема пред да замине, но потоа таа исчезнала зашто немал време да размислува за неа. – Знаевме каде одиме, со што одиме и каде треба да играме, рече Лилиќ.

Три и полчасовната претстава „Хамлет“ е комплетно финансирана од Министерството за култура. На гостувањето во Колчестер присуствуваше и Дарко Стефановски, државен секретар во Министерството, кој денеска истакна дека бил сведок на одличниот прием и оти гостувањето ќе ја продлабочи културната соработка меѓу двете земји.

Најновата постановка на „Хамлет“ премиерно беше изведена на годинашното Охридско лето, а на 15. и 16. октомври ќе има премиера за скопската публика. Овој петок, пак, Драмски театар ќе биде домаќин на театарот „Меркјури“ кој е на турнеја во Бугарија и ќе го посети Скопје со камерната претстава „Стокхолм“.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 20 Окт 2010 17:02 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 10 Ное 2010 19:00 #70890

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
Дејан Лилиќ, нов директор на МНТ
[img size=320x240]tocka.com.mk/images/content/golemi/img33499062.jpg[/img]
Актерот Дејан Лилиќ е новиот директор на Националната установа „Македонски народен театар“-Скопје.

Од Министерството за култура велат дека Комисијата за селекција на кандидатите за избор на директор, пријавен на Конкурсот, ги исполнувал општите и посебните услови, а и со доставувањето на програмата за развој на Установата за периодот од 2010 до 2014 година поседува стручни и други квалитети за директор.

Програмата која ја понудил Лилиќ, била насочена кон градење на нова театарска естетика која води кон отворање на нови полиња на театарското дејствување со посебен осврт кон модернизација и осовременување на маркетингот. Во програмата сериозно внимание е посветено на поттикнувањето и промовирањето на современата македонска драматургија преку организирање на јавни читања и конкурси за современи текстови. Меѓу другото, наведено е и збогатување на репертоарот со гостување на релевантни театарски куќи од регионот и Европа кои би биле атрактивни и интересни за публиката.

Од министерството додаваат дека функцијата која ја има во моментов Лилиќ, како Уметнички директор на Драмскиот театар му престанува, а новиот кој ќе биде избран на таа функција ќе го именува сегашниот директор на Драмски Театар, Бранко Ѓорчев.
Извор
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 11 Ное 2010 22:45 #71362

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Репертоар на Драмски театар за месец ноември:

11 ное (20.00) 2012 - последните Македонци
Автор :
Режија : Сашо Миленковски


12 ное (20.00) Жената како воено поле
Автор : Матеј Висниек
Режија : Владлен Александров


13 ное (20.00) Кинегонда во Карлаленд
Автор : Венко Андоновски
Режија : Сашо Миленковски

14 ное (20.00) Норвешка денес (премиера)
Автор : Игор Бауерсима
Режија : Оливер Мицевски

15 ное (20.00) Ветер низ тополите
Автор : Жерар Сибернијас
Режија : Коле Ангеловски

16 ное (20.00) Демонот од Дебармаало
Автор : Горан Стефановски
Режија : Слободан Унковски


17 ное (20.00) Умри машки
Автор : Алдо Николај
Режија : Коле Ангеловски

18 ное (20.00) Хамлет
Автор : Вилијам Шекспир
Режија : Дејан Пројковски

19 ное (20.00) 2012 - последните Македонци
Автор :
Режија : Сашо Миленковски

20 ное (20.00) Спиноза
Автор : Гоце Смилевски
Режија : Зоја Бузалковска

23 ное (20.00) 2012 - последните Македонци
Автор :
Режија : Сашо Миленковски


24 ное (20.00) Хамлет
Автор : Вилијам Шекспир
Режија : Дејан Пројковски


25 ное (20.00) Умри машки
Автор : Алдо Николај
Режија : Коле Ангеловски


26 ное (20.00) Демонот од Дебармаало
Автор : Горан Стефановски
Режија : Слободан Унковски


27 ное (20.00) Нирвана (премиера)
Автор : Константин Илиев
Режија : Јане Бојаџи


30 ное (20.00) Догодина во исто време
Автор : Бернард Слејд
Режија :

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 11 Ное 2010 22:47 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 11 Ное 2010 22:46 #71363

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Репертоар на МНТ за месец ноември:

11-11-2010 - 20:00
БУРЕ БАРУТ од Дејан Дуковски
режија: Сашо Миленковски
12-11-2010 - 20:00
СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ од Бранислав Нушиќ
режија: Синиша Евтимов
13-11-2010 - 20:00
СРЕБРЕНА СВАДБА од Габриел Гарсија Маркес
режија: Звезда Ангеловска
15-11-2010 - 20:00
ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА од Бранислав Нушиќ
режија: Наташа Поплавска
16-11-2010 - 20:00
ЕЕГ од В. Шекспир, С.Бекет, Ј.Плевнеш, Х. Милер, Р. Крле, С. Мрожек, А. Ками, Г. Бихнер
режија: Ѓорѓи Јолевски
18-11-2010 - 20:00
ВИШНОВАТА ГРАДИНА од АНТОН ПАВЛОВИЧ-ЧЕХОВ
режија: Трајче Георгиев
23-11-2010 - 20:00
БУРЕ БАРУТ од Дејан Дуковски
режија: Сашо Миленковски
29-11-2010 - 20:00
СУД од Коле Чашуле
режија: Љупчо Ѓорѓиевски
30-11-2010 - 20:00
ВИШНОВАТА ГРАДИНА од АНТОН ПАВЛОВИЧ-ЧЕХОВ
режија: Трајче Георгиев

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 11 Ное 2010 22:47 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi, Goddess^, babyastra

Ре: Театар - вести, новости ... 22 Јан 2011 23:07 #104746

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Белград со возбуда ја чека "Глембаеви" со Ристановски

"Господа Глембаеви" се најавува како еден од најзначајните театарски нас­та­ни во регионот за оваа сезона, а интересот е голем и поради фактот што овој текст се поставува во Белград по 40 години

Срп­ски­те медиуми веќе почнаа со големи најави и интервјуа за пре­ми­е­ра­та на "Господа Глембаеви" во Ателје 212, закажана на 4 февруари, во ко­ја една од главните улоги игра македонскиот актер Никола Ристановски.
Прет­ста­ва­та се најавува како еден од најзначајните театарски настани во ре­ги­о­нот за оваа сезона, а интересот е голем и поради фактот што "Глем­ба­е­ви" се поставуваат во Белград во Ателје 212, по 40 години.
Ре­жи­сер на едно од најпознатите и најизведувани дела на хрватскиот кла­сик Мирослав Крлежа е Јагош Марковиќ, а покрај Ристановски, игра и еден од најдобрите словенечки актери Борис Каваца, како и цела екипа поз­на­ти српски актери: Аница Добра, Јелена Џокиќ, Властимир - Ѓуза Сто­иљ­ко­виќ, Светозар Цветковиќ, Бранислав Трифуновиќ и Танасије Узуновиќ.
Во интервју за "Вечерње новости", режисерот Марковиќ, на прашањето ка­ко се одлучил за таа репрезентативна, интернационална екипа, од­го­ва­ра: "Вакво дело не би работел без прекрасна подела. Во Белград има бо­жес­тве­ни глумци кои тоа врвно ќе го изиграа. И во самото Ателје 212. Па Бел­град е актерски расадник. Но моите Леоне и Игњат се Никола и Бо­рис. Затоа што режисерот не дели само улоги туку со поделата ја од­ре­ду­ва можноста на односите на два лика или на повеќето од нив. Инаку, сите се одлични. Не се знае кој е подобар".
Вес­ни­кот "Блиц", пак, направил репортажа од пробите за претставата , во ко­ја Ристановски за Леоне вели оти е човек кого го одликуваат неп­рак­тич­ност, некомпатибилност со околината и општеството, сензибилност.
"Де­нес во светот има сe помалку места за љубов, тага, емоција, и пак не мо­же да се рече дека луѓето немаат потреба за нив. Театарот можеби ос­та­на единственото место каде што е можно да се артикулираат тие нешта. Пов­тор­но големи исчекувања, големо возбудување и моја потреба во сето тоа да останам свој. Петнаесет дена пред премиерата, тоа е едноставно мо­ја интимна потреба", изјавил македонскиот актер, кој последниве го­ди­ни успешно соработува со белградските театри.

Извор - Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 22 Јан 2011 23:08 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 27 Јун 2011 00:36 #143298

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
"Арко" го отвора "Бит фест"

На "Бит фест" ќе се игра и скопската претстава на МНТ "Ромео и Џулиета" од Лилјана Абаџиева

Бит фест" свечено ќе се отвори вечерва (21ч) во Античкиот театар Хераклеја, со настап на гудачкиот камерен оркестар "Арко" и со изведбата на филмската музика "Плачот на виолината". И годинава на "Бит фест" ќе можат да се видат над 120 уметници од разни области на уметноста. Битолското културно лето има цел да промовира реномирани уметници и независна културна сцена. На манифестацијата ќе учествуваат гости од Франција, Белгија, Италија, Велики Британија, Полска, од Хрватска, како и бројни учесници од Македонија.
Се најавува премиера на новата претстава "Одисеј"на бугарскиот режисер Александар Морфов, и бројни претстави како "Мили ангели", "Ласица" и други. Од домашните театри гостува Македонскиот народен театар со "Ромео и Џулиета" од Лилјана Абаџиева, и Центарот за современи уметности со претставата "Сарипинар од Анкара". Од музичкиот дел ќе настапат "Љубојна", "Фолтин", Тони Китановски, браќата Тавитјан, ќе се изведуваат оперски арии од македонската опера и балет, "Танец", "Акапела" хор од Словенија, како и изложбите на ликовната колонија "Де Ниро", фотографии и факсимили од Никола Карев, изложба на Константин Плевнеш и многу други. Новитет годинава е што ќе се одржи и првиот интернационален детски театарски фестивал "Битолино", како и детскиот фестивал "Тра ла ла". Покровител и годинава е Општина Битола. Манифестацијата трае до 27 август.

Vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 30 Окт 2011 06:15 #161965

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Денови на комедијата во градот на културата



Домот на културата „Македонија“ од Гевгелија од понеделник до трети ноември ја организира втората меѓународната театарска манифестација „Денови на комедијата“, која годинава е дел од културниот проект „Гевгелија-град на културата за 2011“.

На сцената пред гевгелиската тетатарска публика ќе бидат изведени четири комедии со гостувања на исто толку театарски ансамбли, од кои три домашни и еден гостувачки од Благоевград, Бугарија.

Во четиридневниот фестивалски програмски избор место обезбедија претставите „Грев или шприцер“ во режија на Дејан Дуковски со глумиштето од Драмски театар Скопје, „Тупаница полна со љубов“ во режија на Санди Лопачиќ, а во изведба на артистичкиот состав на МНТ, „Женско царство“ во режиски ангажман на Шенка Колозова и членовите од Тетатарот „Колозов“ и комедијата „Живот, макар и краток“ во режија на Игор Дамјанов со која ќе се претстави гостинскиот театарски ансамбал од Благоевград.

- Ретките гостувања на професионални драмски ансамбли се доволен аргумент да очекуваме голем број театарски вљубеници на претставите по повод „Деновите на комедијата“, со кои следните четири денови ќе пулсира гевгелиската културна средина, изјави директорот на Домот на културата Миле Ничевски.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 03 Ное 2011 05:57 #162848

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Осум претстави на „Скупи фестивал“


Претставата „Рокенрол“ во режија на Дино Мустафиќ на Националниот театар на Kосово од Приштина ќе го отвори петтиот „Скупи фестивал“ утревечер во 20 часот, во Македонскиот народен театар во Скопје. Уште седум претстави ќе бидат изведени на истата сцена до 10 ноември. Мотото на фестивалот е „Да пукне!“ и ја означува симболиката на петтото издание, вели уметничкиот директор на фестивалот - Сенко Велинов.

Од МНТ изразија задоволство што фестивалот по втор пат се одржува во нивниот театар. Во знак на благодарност, организаторите најавија дека приходот од влезниците ќе останел целосно за театарот.

- Петто издание е веќе сериозна работа. Се трудевме да обезбедиме друг поглед на театарот, ќе има театри и групи за кои нашата публика не слушнала, тие се алтернативни и необични од различни аспекти. Многу сакавме да донесеме претстави што наши уметници ги работат во странство, ама за чудо, беше многу тешко. Таа замисла ќе ни остане отворена за секое наредно издание. „Скупи фестивал“ се труди да ја пополни театарската празнина од алтернативни проекти која се создава на нашите веќе етаблирани театарски фестивали. Ние не се трудиме да се споредуваме со нив – рече Велинов.

Во Скопје ќе гостуваат театри од: Италија, Словенија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Франција и од Полска. За сите претстави е обезбеден превод.

Тричлено жири ќе ја избере најдобрата претстава што ќе добие Гран при. Тоа се: Марта Пшениозло, амбасадорката на Полска во Македонија, актерот Исмет Рамадани и режисерот Сашо Миленковски.

Буџетот на фестивалот е за 500.000 ден. помал од лани и изнесува 2,5 милиона денари.


Дневник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 07 Ное 2011 06:35 #163415

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Хемороидите и отеченото јајце не насолзија од смеење

Од кобниот сладолед, стравот од птичјиот грип до ешерихија коли, лажната паника и стресот со кој Сашо не смееше до солзи до малите но флекасти придружници што неретко ги придружуваат нашите задници, а преку кој Сашо извиде и што треба и што не треба низ нашите болници, дури и "бутањето кабелска" каде што не треба, а се во име на здравјето...


Докторската приказна на Сашо Тасевски не прошета низ плоштадот Македонија и од времето кога беше "рамен како тепсија" и сега кога е полн со ликови, нам добро познати, со кои Сашо си правеше муабет и самиот шетајќи низ плоштадот и низ историјата низ една комично-човечка призма... За по едно време да не бутне во лавиринтите на медицинските ходници и лаборатории... Од кобниот сладолед, стравот од птичјиот грип до ешерихија коли, лажната паника и стресот со кој Сашо не смееше до солзи до малите но флекасти придружници што неретко ги придружуваат нашите задници, а преку кој Сашо извиде и што треба и што не треба низ нашите болници, дури и "бутањето кабелска" каде што не треба, а се во име на здравјето... И се така до фудбалот и кобната топка која му го отече едното јајце... И (к)урологот од кој исто така немаше фајде... Да не беа бабините лекови Сашо и до ден-денеска ќе се држеше и за задник и за предник, а поради ешерихијата немаше да може да ни го раскаже она што ни го раскажа во преполната Универзална сала во која не анимираше речиси час и половина.

А дека тоа добро го направи, симпатично, луцидно комуницирајќи со публиката, доказ се и 27-те аплаузи кои членовите на екипата и продукциската куќа "Дел Рио Филмс" ги избројале на отворена сцена... Стенд-апот кај нас е нова, се уште "неиспитана" форма, но се докажа во случајот на "Не ме лечи докторе, жити мајка" на Сашо Тасевски дека е форма која ќе може да анимира публика, па дури во догледно време и да има свои фанови, бидејќи како во случајот на сторијата на Сашо таа претпочита денешни интересни, свежи, актуелни теми. Медицинските сестри кои го придружуваа Сашо на сцената можеби не се дел од стенд-апот како форма, но беа интересно интермецо меѓу трите патешестија кои Сашо ни ги раскажа - ешерихија коли, хемороидите и отеченото јајце.

Сашо Тасевски и "Дел Рио Филмс" имаат продукт кој нуди една нова свежина на "естрадниот ни пазар" и е комедија, претстава ако сакате и стенд-ап, кој според првичниот впечаток ќе умее да влече публика.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Театар - вести, новости ... 28 Ное 2011 08:56 #166885

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Јунаците од бајките



"Јунаците од бајките" во режија на Петар Димоски е новата претстава за деца што се подготвува во народниот театар "Војдан Чернодрински" во Прилеп. Оваа претстава се поставува по втор пат, по 17 годишна пауза. Според режисерот Димоски се работи за весела претстава со многу песна и игра, еден вид детски мјузикл.

Улогите ги толкуваат Игор Трпчески, Марија С.Илијеска, Наташа Наумоска, Јасмина М. Станкоска, Даниела Иваноска, Александар Тодески... и десетина деца од младинската сцена. За коерографијата е задолжен Кире Миладиноски, сценографијата е на Владимир Ѓорѓијоски, костимите се на Бојана Трпческа, а музиката на Душко Темелкоски.
Премиерата на "Јунаците од бајките" се очекува да биде изведена пред новогодишните празници.


Izvor: Vecer
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 09 Дек 2011 05:28 #169596

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
И Македонија на Културната олимпијада во Лондон


Битолскиот театар во Лондон, Хокни во Скопје

Македонската култура најверојатно ќе биде презентирана на Културната олимпијада во Лондон, која ќе кулминира со почетокот на Олимписките игри идната година. Засега, извесно е само гостувањето на битолскиот театар, кој треба да изработи еден дел од трилогијата на Шекспировата драма „Хенри Шести“, која ќе биде поставена на сцената на познатиот театар „Глоуб“ во британската престолнина.

Битолскиот театар заедно со Србија и со Албанија ќе го изработат последниот дел од трилогијата на Шекспир. Изведбата на претставата е закажана за 12 и 13 мај. На фестивалот на кој ќе се претстави нашиот театар ќе учествуваат 37 меѓународни театарски компании што ќе ги изведат сите 37 драми од Шекспир, на исто толку јазици.

- Режијата ќе биде на Џон Блондел од Америка, а ќе учествуваат 14 актери од ансамблот на битолскиот театар - вели Благој Мицески, уметнички директор на театарот во Битола.

„Трите наелектризирани претстави за првата голема граѓанска војна во Англија ќе бидат презентирани како епска и сеопфатна балканска трилогија, во која ќе бидат вклучени и национални театри од Србија, Албанија и од Македонија“, вели Доминик Дромгул, уметнички директор на театарот „Глоуб“.

Повеќе




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 14 Дек 2011 09:33 #170744

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Мо­ни и Упа ја играат нивната комедија


По повеќе од 20 години отсуство од македонската театарска сцена, со ко­мич­на камерна драма се враќаат Мони Дамевски и Љупчо Тодоровски - Упа. Тие имаа премиера на нивниот текст, работен и со Бојан Трифуновски "Ни ваму, ни таму" во Охрид, а вечерва и утревечер претставата ја играат во скопскиот Драмски театар од 20 часот.

Се работи за двајца Македонци што случајно ќе се сретнат на еден свет­ски аеродром. Едниот иселеник, другиот повратник, разговараат на сме­шен начин за предностите и маните на животот во Македонија или, пак, за ис­ле­ду­ва­ње­то од неа. Во претставата игра и Никола Кумев.

Izvor: Vest
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 28 Дек 2011 10:23 #173141

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Танцовиот театар во Скопје го оди вистинскиот пат

На првиот ден од конференцијата на тема „Нов танцов театар - кој е вистинскиот пат“, покрај македонските, учествуваа и претставници од Холандија и од Србија

Интересни и инвентивни идеи и размислувања беа изнесени на првиот ден од дводневната конференција на тема „Нов танцов театар - кој е вистинскиот пат?“, што се одржа вчера во Рисимкин истражувачки центар. Новинари, балетски уметници и критичари, претставници од Министерството за култура од земјава, но и културни работници од Холандија и од Србија беа учесниците на почетокот од конференцијата која по трет пат ја организира Културниот центар „Интерарт“. И покрај различните излагања, сите едногласно заклучија дека на Македонија не само што и' е потребен танцов театар кој ќе продуцира претстави во современ дух, туку несомнено и' е потребно образование во оваа сфера за да зачекориме во ист правец со европските културни средини.

Конференцијата ја отвори уметничкиот директор на Танц-академијата во Скопје, Рисима Рисимкин, која истакна дека Македонија во однос на современата танцова сцена моментно се наоѓа на раскрсница, но дека со сите сили се бори да го пронајде вистинскиот пат, создавајќи инфраструктура.

„Ја формиравме Танц-академија во Скопје, која беше прв чекор во создавањето современа танцова сцена, додека вториот чекор беше формирањето на ’Скопје танцов театар‘, кој во април годинава ја направи и првата претстава ’Меѓусвет‘, која имаше и меѓународно претставување. Се трудиме да ги откриеме сите начини на кои современиот танц може да се развива“, рече Рисимкин.

Повеќе
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 02 Ное 2012 18:23 #219884

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
ПРЕ­МИ­Е­РА НА "ТРАВНИЧКА ХРОНИКА" ВО РЕЖИЈА НА БРЕЗОВЕЦ ВО БИТОЛА

Актерска игра до гола кожа


Но­ва­та претстава "Травничка хроника", на режисерот Бранко Брезовец, која Би­тол­ски­от народен театар премиерано ја изведе вчеравечер, претставува авангарден те­а­тар со жестока актерска игра, слободни сцени и со сценографија во која и актерите и пуб­ли­ка­та беа затворени во железни кафези.

Осумнаесеттемина актери на сцената, под ротација, низ игра, песна и глума го пренесоа колективното лудило кое постоело во везирското седиште во Босна - градот Травник, на почетокот на 19 век. Но ги при­ка­жаа и страстите на конзулите, поданиците на султанот и ма жителите на тој град, при­тоа во повеќе наврати разголувајќи ги своите тела. Комплексниот лик на Илина Чо­рев­ска од неа побара да се слече, играјќи со голи гради, гол се соблече и актерот Ог­нен Дранговски, стоејќи пред глобус, дел од актерите шетаат и по танга гаќи, меѓу кои и Сашо Огненовски. А поставката бараше по танга да прошета и Александар Ма­ке­дон­ски, кој беше претставен и како хомосексуалец, вметнат во претставата со На­по­ле­он, војсководци што се подготвуваа да обединат дел од светот.
Ко­мен­та­ри­те од публиката се дека актерите се надминаа себеси, прикажаа совршена ак­тер­ска игра со многу дијалози, монолози, песни, игри, масовни сцени, кои се из­ве­ду­ваа околу и над публиката. Се истакна Габриела Петрушевска, која изведе доста ус­пеш­на трансформација во машки лик, глумејќи го францускиот конзул Жан Давил.
Му­зи­ка­та за претставата ја подготви композиторот Марјан Неќак, а се изведуваше ка­ко музичка подлога и сценско пеење. Таа беше сплет на класични мелодии, бо­сан­ски севдалинки и преадаптации од песните "Недела" (Недеља) на Тома Здравковиќ, "Гла­во луда" на Здравко Чолиќ, "Џули" на Даниел Поповиќ, "Гулабе" (Голубе) на Жељ­ко Јоксимовиќ и други.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 02 Ное 2012 18:24 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 05 Јан 2013 09:30 #228704

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Уште две бесплатни претстави на МНТ


Поради големото интересирање на публиката на 8 јануари ќе бидат бесплатни влезниците за претставите: „Сребрена свадба“ и „Парите се отепувачка“

Претставата „Парите се отепувачка“, која по повод новогодишните и божикните празници Македонскиот народен театар бесплатно ја изведе вчера, поради големиот интерес ќе биде изведена повторно на 8 јануари.

„Парите се отепувачка“ е во режија на Бојан Трифуновски, кој го подготви и текстот инспириран од истоимената драма на Ристо Крле и од романот „Деветта конфигурација“ на Вилијам Питер Блати. Главните улоги во претставата ги играат: Николина Кујача, Славиша Каевски, Гораст Цветковски и Софија Насевска. Сценограф и костимограф е Мери Георгиевска, додека музиката е на „Кантон 6“.

Како што соопштија од МНТ, поради големото интересирање на публиката, на 8 јануари ќе бидат изведени уште две претстави за кои билетите ќе бидат бесплатни. Во 18 часот првин ќе биде изведена „Сребрена свадба“ по текст на Габриел Гарсија Маркес, а во режија на Звезда Ангеловска, во која игра Катина Иванова. Сценографијата за оваа претстава е на Теодора Стојановска, а костимографијата на Ѓурѓица Спасовска. Додека, во 20 часот повторно ќе биде изведена претставата „Парите се отепувачка“.

Влезниците за претставите можат да се подигнат од билетарницата на МНТ без резервации. (С.У.)

Извор Утрински Весник
Последна промена: 05 Јан 2013 09:30 by Fairy.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 06 Јун 2013 02:40 #240542

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
ПОД МОТОТО „АЕРОДРОМ СЕ СМЕЕ“ ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „КУЛТУРНО ЛЕТО 2013“ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Мотото на ова прво културно лето што се организира во општината е „Аеродром се смее", со оглед на фактот што во рамки на проектот ќе бидат прикажани шест популарни комедии од познатите театри. Претставите ќе се играат шест последователни денови од 17-ти до 22-ри јуни со почеток во 20:30 часот на отворена сцена што ќе биде поставена на фудбалското игралиште во близина на Паркот на езерата, а влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.
На репертоарот на културното лето на Општина Аеродром ќе бидат претставите „Ах Љубов моја" и „Лет на кандидатското гнездо" од Тетар комедија, „Последните Македонци" и „Солунски патрдии" од Драмски театар, „Свадбата на Фигаро" од МНТ и детската претстава „Принцот и жабата" на приватниот театар Крик, која ќе биде прикажана на 19 јуни во 19 часот.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 07 Јун 2013 13:44 #240949

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ПРИЛЕП

Последното од Цветановски за почеток на „Војдан Чернодрински“




Најдоброто од театарската продукција во земјава, според уметничкиот директор на фестивалот, Петар Темелковски, ќе биде изведено на неколку сцени во градот под Марковите кули до 14 јуни

Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е подготвен да ги пречека театарските уметници и публиката по 48. пат за отворање на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Театарската завеса ќе биде крената за претставата „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ од Јордан Плевнеш, во режија на Владо Цветановски на Драмскиот театар, во 20 часот. Половина час претходно, во ликовната галерија при Центарот, ќе биде отворена изложба „Скулптури“ од Никола Смилков, а во фоајето ќе се најдат дела од ликовната колонија „Де Ниро“ од Битола. Во „Архелаос“, чија премиера беше на „Стоби“ лани, играат: Рубенс Муратовски, Игор Ангелов, Жарко Димоски, Трајанка Илиева, Валдета Исмаили, Гордана Ендровска, Маја Вељковиќ-Пановска, Kатерина Аневска, Александра Павлова и Билјана Беличанец-Алексиќ.

Наградата за животно дело ќе му биде врачена на режисерот Љубиша Георгиевски. Ќе се обратат министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Најдоброто од театарската продукција, според уметничкиот директор на фестивалот, Петар Темелковски, ќе биде изведено на неколку сцени во градот до 14 јуни.

Во конкуренција за награда ќе бидат 13 претстави на професионални театри од целата земја.

Наградите во десетина категории ќе настојуваат да ги добијат театарските уметници од: „Женидба“ на театарот „Kомедија“, „Ноќите во бел сатен“ на Велешкиот театар, „Шекспир во приказни“ на Турскиот театар, „Змејовата невеста“ на домаќините од Прилеп, „Прст“ на Албанскиот театар, „Изгубени Германци“ на МНТ, „Парови“ на штипскиот ансамбл, „Не чукај блиску до срцето“ на „Антон Панов“ од Струмица, „Малограѓанска свадба“ на Охридскиот театар, „Гнида“ на Тетовскиот, а кумановскиот ансамбл ќе ја изведе „Духот на слободата“ на Лука Kортина. Поради комплексноста на претставата, Народниот театар од Битола на својата сцена ќе ја изведе „Травничка хроника“ на Бранко Брезовец.

Новина е што фестивалот ќе додели награда за најдобар млад актер, поединечно за машка и за женска улога.

Освен претставите во официјална конкуренција, ќе бидат изведени неколку претстави во придружна програма, а ќе бидат организирани трибини и промоции на театролошка литература. Ќе бидат изведени по две студентски претстави од Факултетот за драмски уметности и од ЕСРА. Театарот за деца и младинци ќе ~ ја претстави „Пипи Долгиот Чорап“ на прилепската детска публика, а Kултурниот центар „Скрб и утеха“ ќе ја изведе „Посланија“. Публиката ќе може да ја види „Падот на Масада“ во режија на Димче Николовски. Ќе биде промовирана монографијата за актерот Kирил Ристоски, а ќе се одржи и трибина на тема „Театарот - митска матрица на Македонија“.

Во чест на наградените на 14 јуни ќе биде изведена претставата „Ах, љубов моја“ на театарот „Kомедија“ од Скопје.

Dnevnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 31 Јул 2013 02:42 #242598

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Модерна зграда за уметниците од Драмски

На местото на досегашниот објект на МНТ Центар, пак, планирана е изградба на современа зграда во висина од 40 метри, која е во фаза на проектирање



Проектот за изградба на нов објект на местото на сегашниот Драмски театар-Скопје е затворен, ревидиран, избрана е консултантска фирма која ќе работи на физибилити-студија која ќе понуди пет модели за јавно приватно партнерство, рече министерката за култура Елизабета Kанческа Милевска на прес-конференција на која беше презентиран проектот за објектот, кој ќе биде на истото место каде што сега е Драмскиот театар.

Таа очекува дека оваа изградба ќе оди по моделот јавно-приватно партнерство. Посочи дека во согласност со идејното решение и Деталниот урбанистички план планираната висина на објектот Драмски театар е 35 метри, а вкупната нето-површина на објектот е 33.543 квадратни метри.

Долниот дел ќе биде наменет за театарот, а горниот дел со површина од 12.710 квадратни метри за деловни објекти на приватниот партнер. Предвиден е паркинг-простор за 204 возила.

- На местото на досегашниот објект на МНТ Центар, пак, планирана е изградба на современа зграда во висина од 40 метри, која е во фаза на проектирање. Избрано е идејно решение, фирма што го работи проектот и очекуваме за два месеца да биде ревидиран. Kонсултантската фирма која е избрана ќе работи на таа физибилити-студија. Многу работа е завршена, потенцира Kанческа-Милевска.

Автори на идејното решение за објектот „Драмски театар“ се архитектите Емил Јагени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска од студиото „Платформа“, а идејното решение за „Театарот Центар“ е дело на архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пулја.

Делот во кој ќе бидат сместени театрите ќе биде во сопственост на државата додека останатиот дел од објектите ќе биде даден на користење или, пак, во сопственост на приватниот партнер кој ќе се вклучи во реализација на проектите.

Паралелно со изработката на проектната документација за предвидениот објект кој треба да биде изграден на местото на досегашниот објект на Драмскиот театар -Скопје, Министерството склучило договор со консултантската фирма „Грант Торнтон“ за изработка на физибилити-студија со која ќе се утврди оправданоста, моделите и начинот на реализација на овој проект, преку модел на јавно-приватно партнерство.

Dnevnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 03 Окт 2013 07:53 #244480

  • Mama*D*
  • Mama*D*'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • ex.DijanaP
  • Теми: 607
  • Thank you received: 93
  • Карма: 0
Вчера бев во театарот, просто сум изнанадена и воодушевена од изгледот во натре...се надевам наскоро ќе почнат и претставите. :respekt:

Идеална мајка, жешка љубовница, почитувана дама...Сето тоа треба да биде една жена!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 25 Мај 2015 11:34 #254459

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР ИЗВЕДЕНА БАЛЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „14 ЧАСА“


Во рамките на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ и претстојниот празник свети Кирил и Методиј синоќа на сцената на новата театарска зграда на НТ „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ во Велес беше изведена претставата „14 часа’ на ансамблот на Македонската опера и балет.

Велешката публика која првпат имеше можност да види театарска изведба во својот град беше воодушевена и ги награди со долг аплауз изведувачкото дуо Александра Мијалкова и Васил Чишијашвили и останатите балетски првенци и солисти при Македонската опера и балет.

Во шеесет минутната современа балетска претстава преку ликовите Лили и Марк , во 12 сцени балетската претстава ги разработи женско-машките односи.

Претставата е работена според музиката на Кирил Џајковски, кореографијата и сценографијата е на Игор Киров. Режијата и либретото се на Наташа Поплавска, а костимографијата е на Александар Ношпал.

Кореографот Игор Киров по изведбата на театарската претстава појасни дека имаше енергија, публиката беше присутна што значи концентрирано на тоа што може да го види, а театарот го овозможи тоа со добрата акустика и им долови на играчите една нова слика.

- Секој театар има различна атмосфера и сцена. Мислам дека беше едно добро доживување за публиката и за мене како кореограф. Во водовме ансамблот во едно ново светло. Ја имам гледано претставата седум-осум пати и секоја нова изведба претставува едно ново доживување, а посебно со големата енергија која ја даваа играчите, а која мене ме фасцинира, потенцира Киров.

Режисерот Наташа Поплавска оцени темата на оваа сцена како и во Париз допрела до публиката, затоа што сцената како помала ја дозволува таа интима.

- Претставата моравме да ја адаптираме за оваа сцена, но тоа пак придонесе за една друга блискост со публиката, а енергијата на играчите се сплоти со публиката што е нашата најголема мисија да може публиката да се поистовети со она што го гледа на сцена, потенцира Поплавска.

Воедно Игор Киров појасни дека големо е значењето на манифестацијата „Велес-Град на културата“ и дека воедно во Македонија има голем број сцени на разни објекти наменети за културата, а кои со оваа манифестација на Министерството за култура и општините можат да бидат оживеани преку танцот.

utrinski
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Театар - вести, новости ... 28 Сеп 2015 14:05 #255095

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
"ДРУГА СТРАНА" ОД АТИНА И "СОЛУН, ГРАД НА ДУХОВИ"

Атинскиот танцов театар "Лидија Литос", со изведба на претставата "Друга страна", ќе го отвори денешниот трет ден на 40. Млад отворен театар.

Претставата е на Дејан Дуковски, во режија на Фенија Апостоли, и ќе се одигра во 20 часот во Младинскиот културен центар. "Друга страна" е драма за човечките соништа и за страсната борба на луѓето да сакаат и да бидат сакани кога се заробени во една уништена држава.
"Лидија Литос" работи во областа на современиот танц, физичкиот театар и на изведувачките уметности. Театарот е формиран во 2002 година, и оттогаш е под водство на Фенија Апостолур.
ВЕСТ
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.