Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Филмски новости

Ре: Филмски новости 31 Окт 2011 07:40 #162147

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Трендо во жири за филмови снимени со мобилен


Сашо Мацановски - Трендо има нов ангажман. Овојпат не се работи за некаков трансфер или пишување на нови колумни или за нова интернет-страница. Трендо, едноставно, ќе биде во жирито кое ќе ги селектира и оценува делата на фестивалот за филмови снимени на мобилен телефон! Заедно со продуцентот и монтажер Блаже Дулев и новинарот Атанас Кировски ќе пресечат кој ќе ја добие главната награда за најдобар филм Лале".

"Наградата е посветена на Ратка Илиевска Лале, човекот што сиот свој живот го посвети на филмот и преку својата работилница Едвуд" едуцираше огромен број филмаџии, писатели, уметници", велат од организаторот, продуцентската и дистрибутерска куќа КТ Филм и Медиа.

Мобил фестивалот се одржува по втор пат, а ова издание ќе се случи на 21 ноември во 19 часот во просториите на Европска Канцеларија во Скопје. Фестивалот го поддржуваат и словачката амбасада и главниот спонзор, компанијата ОНЕ. На конкурсот може да учествува секој кој ќе испрати филм снимен на мобилен телефон до 18 ноември оваа година.

"Освен многу вредни награди пристигнатите филмови може да бидат селектирани и да учествуваат на некој од најреномираните светски фестивали на филмови правени на мобилен, бидејќи мобил фестивал стана дел од мрежата на покет фестивали", велат од организацијата на фестивалот. Условите за пријавување може да се најдат на нивната интернет-страница.

Izvor:Vecer
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: blair waldorf

Ре: Филмски новости 31 Окт 2011 07:46 #162150

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Гран при за аматерскиот документарен филм „Човекот лета“

Меѓународното стручно жири на Фестивалот за аматерски документарен филм „Камера 300“ што се одржува во Битола одлучи највисокото признание на фестивалот, наградата гран-при плакета „Милтон Манаки“ да му ја додели на Франк Бекер од Англија, автор на документарниот филм „Човекот лета“.

На вечерашната проекција на најдобрите, од пристигнатите 47 документарни филмови од 12 држави во Европа, меѓу нив 23 од Македонија, ќе биде прикажан и најдобриот македонски документарен филм „Временски патник“ на авторката Марина Трајковска, кој ја доби наградата златна „Камера 300“.

- Освен најдобриот англиски и македонски документарен филм, вечер ќе бидат прикажани и документарниот филм „Барајќи го Египет“ на авторот Петре Чаповски кој ја доби наградата сребрена „Камера 300“ и филмот „Постапките на храброста“ на авторот Тинчек Ивануша од Словенија кој доби бронзена „Камера 300“, изјави за МИА Стефан Хаџиантоновски, претседател на фестивалскиот Совет.

На 19.издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во категоријата „авторски награди“ жирито за најдобар камерман го прогласи Валентин Иванов од Бугарија, наградата за режија годинава му припадна на Ролф Мандолеси од Италија, наградата за монтажа ќе ја добие Франц Копич од Словенија, а наградата за најдобра идеја Јетон Селими од Македонија за филмот „Златна белегзија“.

- По повод 100 годишнината од познатата репортажа на браќата Манаки посветена на султанот Решад Петти кој е снимен за време на неговиот престој во Битола, од оваа година на фестивалот за аматерски документарен филм ќе се доделува награда за репортажа, а прв добитник е Оскар Сиемберг од Германија за филмот „Сеул, бисерот на Азија“, посочи Хаџиантоновски.

Интернационалниот фестивал на аматерски документарен „Камера 300“ што го организираат Народна техника и Кино студио „Милтон Манаки“, вечер во малата сала на НУ Центар за култура-Битола, ќе доделат и три специјални награди, односно награда за синеастичко изразување на Зорица Петровиќ од Србија, диплома за поттикнување на еколошката свест ќе добие Богоја Стојковски Пусторекански, а посебна награда за документарен филм, плакета на УНИКА ќе добие битолчанецот Љупчо Петровски за филмот „Мојот живот“.

Организаторите на ФАДФ „Камера 300“ очекуваат в година, кога овој меѓународен фестивал ќе го одбележува јубилејот 20 години постоење да се организира под патронат на УНИКА

Izvor: Vest
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Филмски новости 02 Ное 2011 05:55 #162606

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
„Kинопразник“ со француски филмови

Kомедијата „Жените од шести кат“ на Филип ле Ге ќе ја отвори Неделата на француски филм вечерва во 20 часот во киното „Милениум“ во Скопје. Манифестацијата ќе ја отвори амбасадорот на Франција во земјава, Жан-Kлод Шлумберже и Валтер Лојкс, в.д. при амбасадата на Германија. „Свадбена торта“, „Kиднапирање“, „С` што сјае“, „Лујза и Мишел“ се останатите филмови што до 6 ноември ќе бидат прикажани во „Милениум“.

Dnevnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 02 Ное 2011 06:12 #162612

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Десеттиот фестивал на европски филм „Синедејс“ од 10 до 20 ноември


Седумдесет филмови што ќе се прикажуваат во сите пет кино сали во Скопје - Милениум, Фросина, Рамстор, Кинотека на Македонија и киното со огромни димензии под отворено небо на плоштадот „Македонија“, повеќе премиери, музички концерти, забави, предавања и работилници ќе бидат дел од 10-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, што ќе се одржува од 10 до 20 ноември.

Во официјалната конкуренција се 12 филмови, селектирани од Бернд Будер, селектор на фестивалот во Котубс. Во оваа конкуренција се филмовите „Црно поле“ на грчкиот режисер Вардас Маринакис, филмот на грузиската режисерка Кети Мачавариани...

Оваа година програмата „Балкан линк“ е преименувана во „Сине Балкан“ и во неа има осум филмови.

Во Кинотеката на Македонија, во нововоспоставената програма од оваа година „Земја во фокус“, ќе бидат претставени кинематографиите на Словенија и Грузија, заедно со гости, режисери, актери и официјални претставници...

Програмата „Македонија и Европа“ ги содржи остварувањата на продуцентите и актерите од Македонија, кои соработувале вон границите на Македонија, во Словенија, Турција, Албанија, Италија...

Во рамки на музичката прогарама, ќе се прикажат осум музички документарни филмови. Согласно нарацијата, ќе може да се слушнат музички групи кои творат во музичкиот правец кој е застапен во филмот. Ќе настапат музички групи од Лексембург, Канада, Грција, Велика Британија... Селектор е Тони Шариќ. Низ главниот град, повеќе кафулиња и клубови ќе бидат претворени во кино, а филмови ќе може да се гледаат во „Менада“, „Ла Кања“, „ЕМ ЦЕ ЕМ“, „Балет“, „Лаика“.

На фестивалот ќе бидат прикажани краткиот документарен филм „Девојчето со кибритчиња“ на Филип Матевски, играно-документарниот филм на Марко Ѓоковиќ, „Луѓе без земја“.

Ќе има и 18 експериментални филмови, од повеќе европски автори, селектирани од нашата уметница Ирена Паскали, кои ќе бидат прикажани во Музејот на современа уметност.

Во Гала вечерта ќе бидат прикажани повеќе филмови. Официјалното отворање на фестивалот е со филмот „In A Better World“ на Сузан Биер. Потоа ќе бидат прикажани и филмот „Полноќ во Париз“ на Вуди Ален, „Хабемус Папам“ на Нани Морети...

Годинава ќе бидат доделени повеќе награди - Златна ѕвезда (за најдобар филм), Сребрена ѕвезда (за најдобар режисер), Плава ѕвезда (за најдобро сценарио) и Златно сонце - награда за најдобар балкански филм.

Жирито го сочинуваат режисерот Огнен Цвиличиќ од Хрватска, филмскиот критичар Нил Јанг од Велика Британија и нашиот млад режисер Дарјан Пејовски.

Буџетот на фестивалот е над 100 илјади евра, од кои една петтина се од Град Скопје и од Министерството за култура. Делегацијата на ЕУ помогнала со 600 илјади денари.


Vest
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 04 Ное 2011 08:50 #163095

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
„Името е име“ доби награда во Чикаго


Документарниот филм за Македонија и за Македонците „Името е име“ доби заслужено признание откако беше прикажан во Чикаго, како дел од глобалниот Wake Up филмски фестивал организиран од Друштвото на Обединетите Нации-САД Greater Chicago Chapter.

Филмот беше прикажан во сабота, на 29 октомври на Колумбија Колеџот во Чикаго.

Над 140 филмови учествуваа на фестивалот, а само 41 беа избрани за да се прикажат пред јавноста. „Името е име“ освои награда по избор на публиката, а исто така беше награден и како „Официјална селекција“.

-Уживавме гледајќи го секој филм, и тоа е навистина голема чест. Вашите филмови ја допреа публика која можеби никогаш не била свесна за проблемите и борбите со кои се соочуваат луѓето од целиот свет, кои истовремено со ова помагаат да се подигне свеста за милениумските развојни цели на Обединетите нации, пишува во официјалното соопштение од тимот кој стои зад фестивалот.

-Ова е навистина голема чест и признание за Македонија и македонскиот народ и нивната борба да имаат признато име и идентитет, изјави директорот на филмот, Ајсландер Сигуџон Еинарсон.

- Здружението на Чикаго на Обединетите нации да го прикаже филмот и да дарува награда е признание на таа борба и многу сум среќен што помогна да се стави Македонија во центарот на вниманието преку овој документарен филм. Заслугата оди на нашата талентирана тимска продукција од Македонија, нашиот наратор господин Ендрју Мотион од Велика Британија, и нашите брилијантни музичари кои го позајмија своето име и песни за филмот вклучувајќи Мортен Харкет, Еарт Афеар, Сигур Рос, Мум, Кирил Џајковски, Греам Неш, Тоше Проески и Монте Негро, додаде Еинарсон.

Филмот до денес е прикажан во Европа, Австралија, Канада и во САД во 23 градови, се со цел светот подобро да ја разбере Македонија и македонскиот народ.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 21 Ное 2011 12:57 #165809

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
„Синедејс“ отиде десет чекори напред






На десеттото издание на фестивалот се движите во вистинската насока. Има предавања, работилници и одењето на кино стана настан, смета британскиот филмски критичар Филип Бергсон


Филмовите „Меланхолија, „Полноќ во Париз“, „Фауст“, „Авр“, „Опасен метод“, „Kожата во која живеам“, провокативниот „Срам“ беа најатрактивните дела што ја вратија публиката во скопските киносали во изминатите десет дена. Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ понуди автентична слика на европската кинематографија, поткрепена со 70 наслови. Соодветно на понудата одговори и публиката, а и стотината гости на фестивалот се согласија дека „Синедејс“ има богата и добра програма.

Се движите во добра насока

Британскиот филмски критичар и член на жирито Филип Бергсон истакна дека фестивалот се движи во вистинска насока.

- Организаторите го обновија киното „Фросина“, има соодветно греење и услови. Младинскиот културен центар има долга традиција на прикажување европски филмови. С` уште имате голема потреба од киносали каде што ќе се прикажуваат филмови. Има многу пиратерија, многу филмови не доаѓаат, затоа е одлично што имате фестивал. „Милениум“ е прекрасна киносала и беше преполна на „Полноќ во Париз“ на Вуди Ален или балканскиот „Циркус Kолумбија“ на Данис Тановиќ. На десеттото издание на фестивалот се движите во вистинската насока. Има предавања, работилници и одењето во кино стана настан - вели Бергсон.

Продуцентот Роберт Јазаџиски смета дека мора да се анимира публиката и да се размисли како таа почесто да биде во киносалите. Тој беше македонски продуцент на црногорскиот копродукциски „Малиот бог на љубовта“, кој беше прикажан во програмата „Синебалкан“.

- Очигледно е дека организаторите се потрудиле. Скопје е поголем град, па не се чувствува фестивалска атмосфера, за разлика од Битола, која живее кога се одржува „Браќа Манаки“. Да постои комплекс со 5-6 киносали, би било добро публиката да е сконцентрирана на едно место. „Фросина“ не може да ги собере сите љубители на некој попознат филм. Авторските филмови не се толку извикани, но за нив мислам дека има публика во Скопје. Ерата на дигитализацијата направи луѓето с` потешко да излегуваат од дома за да гледаат филм во кино. Тоа го прават дома - вели Јазаџиски.

Повеќе во Дневник
Последна промена: 21 Ное 2011 12:58 by Fairy.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 28 Ное 2011 09:02 #166888

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Новиот филм на Емир Кустурица ќе се вика „Како не го снимив ’Злосторство и казна’“

Новиот филм на режисер Емир Кустурица ќе се вика „Како не го снимив ’Злостоство и казна’.

Кустирица е во Москва по повод „Недела на српскиот филм“, која беше отворена синоќа со неговиот филм „Црна мачка, бел мачор“.

- Јас сум човек што си го комплицира животот, затоа прво ќе напишам роман, а потоа според него ќе направам филм, истакна Кустурица, додавајќи дека навистина сакал да сними филм по романот на Достоевски, но не го направил тоа бидејќи не знаел како да го пренесе јазикот и мислењето на рускиот писател во современоста.

Тој наведе дека кога тој учел руските актери биле најдобрите во светот. Режисерот посебно ги истакна актерите кои играа во филмот „12“ на Никита Михалков.

- Ако зборуваа на англиски ќе беа најпопуларни во свет, посочи Кустурица, додавајќи дека планира да постави споменик на еден или неколку руски актери во артселото Дрвенград, каде веќе има споменик на Џони Деп.

Izvor: Vest
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 09 Дек 2011 05:22 #169594

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Филмофилите си добија дебатен клуб „Лале“

Страсните филмофили од сега секоја среда и недела ќе имаат отворена можност да разговараат за најзначајните дела на филмски автори од независните продукции, благодарение на новоотворениот Дебатен филмски клуб посветен на Ратка Илиевска-Лале и на нејзината филмска работилница и школа „Ед Вуд“.

„Огненото кршетавње“ клубот го имаше во неделата со проекција на филмовите „Ед Вуд“ во режија на славниот Тим Бартон, и „Невестата на чудовиштето“ во режија на Ед Вуд , во клубот „Менада“ во Старата Скопска чаршија.

Целта на оваа иницијатива е во еден алтернативен амбиент, да се задоволат филмските страсти низ проекции и разговори, велат иницијаторите на оваа идеја, кои практично го возобновуваат некогашниот алтернативен центар за млади филмаџии на Ратка Илиевска Лале.

-Се работи за некомерцијален проект кој ќе понуди една сосема поинаква филмска естетика, за разлика од американската продукција. Тоа нема да биде класично кино, а сепак ќе има свои редовни термини. Првичната цел ќе ни биде едукација за тоа што значи добар филм – вели селекторот на филмската програма и медијаторот на Дебатниот клуб, филмскиот критичар Влатко Галевски.

Повеќе




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 28 Дек 2011 10:40 #173145

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Мачорот во чизми од петок



Најновиот светски филмски хит продуциран во студијата во Дримворкс, "Мачорот во чизми" со Антонио Бандерас и Селма Хаек од петок (10.18 ч.) ќе се дава во сала 1 во Рамстор. Оваа приказна за "Мачорот во чизми" ги пренесува настаните од времето пред да се сретне со Шрек. На почетокот го имаме мачорот како бегалец, по кого се распишани потерници и кои веќе со години е во потрага по легендарните волшебни зрна грав, кои водат до големото богатство...

Izvor:Vecer
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 04 Јан 2012 09:19 #173894

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
„Златна мечка“ за животно дело за Мерил Стрип

Американската актерка Мерил Стрип ќе добие „златна мечка“ за животно дело на претстојниот филмски фестивал во Берлин

„Мерил Стрип е брилијантна сестрана актерка, која со леснотија преминува од драматични во комични улоги“, изјави Дитер Кослик, директор на Берлиналето, по повод доделувањето на наградата.

Двојната оскаровка, 62-годишната Мерил Стрип наградата ќе ја прими на 14 февруари, на 62. издание на филмскиот фестивал во Берлин, на кој ќе се прикаже и нејзиниот нов филм „Челичната леди“, во кој ја игра поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.

На Берлиналето ќе се прикажат и нејзините постари филмови, меѓу кои и „Крамер против Крамер“ (1979 г.) и „Изборот на Софија“ (1982 г.), за кои го освои „оскарот“ за главна женска улога.

Организаторите на Берлиналето, кое ќе се одржува од 9 до 19 февруари, истакнаа дека Мерил Стрип, која играше во повеќе од 40 филма, се потврди како една од најталентираните и најпопуларни актерки на денешнината.

Стрип дури 16 пати беше номинирана за „оскар“, а имаше и 18 номинации за „златен глобус“ - освои седум.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 04 Јан 2012 09:20 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: forumce

Ре: Филмски новости 09 Фев 2012 09:28 #179308

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
„Доктор Хаус“ завршува по осум сезони

Култната лекарска драма „Доктор Хаус“ ќе заврши со емитување во април по крајот на осмата сезона, изјавија сценаристот на серијалот Дејвид Шор, продуцентката Кејти Џејкобс и главниот лик во серијата Хју Лори.

Продуцентите на серијалот по многу разговори и размислувања одлучиле да и стават крај на серијата и да ја зачуваат таинственоста на главниот херој. Одлуката, како што се изразија тие, им била „непростлива, но потребна“.

Осумте сезони на серијалот вкупно имаат 175 епизоди.

„Доктор Хаус“ се прикажува во 66 земји. Во периодот 2005-2008 година тој беше меѓу најгледаните серијали во САД. Во последните две години рејтингот му се намали двојно.

Серијата беше четири пати номинирана за наградата „Еми“ за телевизиска драма, но не го доби признанието. Меѓутоа, Хју Лори освои два „Златни глобуса“ и две награди на Американскиот филмски институт за улогата на Доктор Хаус
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 09 Фев 2012 09:29 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi

Ре: Филмски новости 24 Фев 2012 05:03 #183785

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Во Белград само 12 гледачи присуствуваа на премиерата на филмот на Анџелина Џоли



Само 12 гледачи присуствуваа синоќа во Белград на премиерата на филмот на Анџелина Џоли „Во земјата на крвта и медот“, во кој се раскажува за насилството врз жените за време на војната во БиХ.

Спротивно на информациите во меѓународниот печат, „Во земјата на крвта и медот“ не беше забранет во Србија, но привлече само малкумина љубопитни гледачи.

Филмот раскажува за љубовната приказна на муслиманка и Србин, кои се наоѓаат на две спротивставени страни по избувнување на конфликтот.

За разлика од пред една седмица во Сараево, кога беше претставен пред 5.000 гледачи во присуство на Анџелина Џоли и Бред Пит и проследен со овации, филмот предизвика минимален интерес меѓу српската публика.

Според српското издание „Мондо“, некои од 12-те гледачи ја напуштиле кино салата пред крајот на филмот.

Мирко Беоковиќ од филмската Академија во Белград изјави за српскиот печат дека „филмот е пристрасен, затоа што ги покажува босанските муслимани како цивилизирани луѓе, а Србите - како свирепи селани“.

Режисерското деби Џоли го снимаше со актери од земјите од поранешна Југославија. Филмот беше поздравен од асоцијациите на муслиманските жртви во босанскиот конфликт, но осуден како „антисрпски“ од српските здруженија.

Во војната во Босна загинаа околу 100.000 лица и според податоци на локални организации, околу 20.000 жени биле жртва на сексуално насилство за време на конфликтот.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 11 Мар 2012 05:58 #187495

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Откриен најстариот филм снимен според дело на Дикенс


Едноминутниот филм „Смртта на сиромавиот Џо“, снимен во март 1901 година, претставува најстариот филм што постои во кој се третира некој лик од делата на британскиот писател Чарлс Дикенс, открија куратори во Британскиот филмски институт.

Во година кога Англија прославува 200 години од раѓањето на Дикенс, во февруари кураторката Брајони Диксон случајно ја нашла филмската лента. До пред откритието, најстар филм воопшто снимен по дело на Диксон бил „Циција или духот на Марли“, кој датирал од ноември, истата година.

„Прекрасно е што откривме таков редок и уникатен филм. Изгледа одлично и е во извонредна состојба. Ова е шлагот на тортата на нашата прослава на Дикенс на големиот екран“, вели Диксон.

„Смртта на сиромавиот Џо“ ќе биде прикажана како дел од прославата на големиот јубилеј, која почна вчера, а ќе трае до 23 март во Лондон.

Филмската организација најави дека планира да издаде и дивиди-издание од филмот.

Диксон наишла на пронајдокот при истражување рани филмови снимени во Kина. Откако проверила во базата на податоци на Британскиот филмски институт, открила дека филмот бил вброен во колекцијата со алтернативен наслов „Човек се среќава со парталаво дете“, кој бил погрешно заведен под 1902 година. Филмот, кој трае само една минута, го опишува Џо како умира во снегот покрај ѕид од една црква. Kако што паѓа на земјата, случаен поминувач се обидува да му помогне и го лула дури умира.

Филмската лента што била режирана од филмскиот пионер Џорџ Алберт Смит, му била предадена на Филмскиот институт во 1954 година, од колекционер од Брајтон што го познавал Смит. Од Институтот велат дека веруваат дека жената на режисерот, Лора Бејли, го играла Џо, а дека ликот на поминувачот го толкувал Том Грин. Се верува дека филмот бил снимен во Брајтон.

Експерти од Институтот додаваат дека приказната покажувала големи сличности помеѓу „Девојчето со кибритчињата“ од Ханс-Kристијан Андерсен, во кое девојче умира на снегот и помеѓу приказната на Дикенс за Џо, чистач во Блик Хаус, кој колабира во близина на гробишта.

Извор - Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 27 Апр 2012 17:24 #196562

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
Македонската премиера на филмот „Жената што ги избриша солзите“ на режисерката Теона Стругар-Митевска ќе се одржи вечер во киното „Милениум“, со што ќе биде затворен 15. Скопски филмски фестивал.

Гостинка на проекцијата ќе биде шпанската актерка Викторија Абрил, која ја игра главната улога во филмот.

На денешната прес-конференција во Скопје, Абрил изрази задоволство од соработката со сестрите Митевски и што повторно е во Македонија. - Многу сум горда на сестрите Митевски. Во овој филм се обединети земјите од Европа, бидејќи во неговото создавање учествувата претставници од 15 европски земји. За сестрите Митевски нема криза. Овој филм е Обединети европски земји (United States of Europe), изјави Абрил.

Таа рече дека во Македонија се чуствува како дома, и со секое нејзино доаѓање гледа како земјата се трансформира. Во 2009 година, кога првпат била на Битолскиот фестивал на филмска камера, имала можност да ја прошета Македонија и се чуствувала како во кога била дете во нејзината родна Андалузија. Кога допатувала во 2011 година во Македонија, била изненадена најнапред од аеродромот, а потоа и од промените што ги видела.

Извор
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 31 Мај 2012 08:19 #201506

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Пристигнува „Ледено доба 4“ во 3Д техника, во кино Милениум

ICE AGE 4 - CONTINENTAL DRIFT (3D)




Режисер:

Steve Martino, Mike Thurmeier

Улоги:
Ray Romano, Denis Leary, John Leguizamo

Жанр: Анимација, авантура, комедија
Траење: 94 минути



цена на билет: 200 денари.

Билетот за организирана продажба ќе биде по цена од 150 денари

Датумот, дополнително ќе биде соопштен.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 31 Мај 2012 08:26 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 30 Ное 2012 02:24 #223826

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Ако двајца се кошкаат, „Трето полувреме“ ќе користи



На нашиот филм „Трето полувреме“ му претстои значајна трка со победниците од Берлинскиот, Kанскиот и Венецискиот филмски фестивал во борбата за „Оскар“. Македонскиот кандидат се обидува да влезе на листата со пет номинирани од вкупно 71 филм, колку што се вкупно пријавени од неанглиско говорно подрачје. „Трето полувреме“ деновиве засилено ја почнува оскаровската кампања. В недела филмот ќе биде прикажан во Чикаго, на 6 декември Американската академија организира и официјална проекција на нашиот кандидат. На 12 декември свечено ќе биде прикажан и во Музејот на толеранција под покровителство на центарот „Симон Визентал“ во Лос Анџелес, а четири дена подоцна првпат пред поширока публика во центарот „Линколн“ во Њујорк. Во јануари ќе биде и на филмскиот фестивал Палм Спрингс, Kалифорнија, и на Џуиш филм-фестивал во Мајами.

Нe нема меѓу фаворитите

Американските критичари и филмските портали веќе со месеци шпекулираат кој ќе биде победникот во оваа категорија. Меѓу најголемите фаворити за „Оскарот“ се австрискиот „Љубов“ на Михаел Ханеке, победникот во Kан и францускиот „Недопирливи“ на Ерик Толедано и Оливие Накаш, филмот кој во Европа ги руши сите рекорди на гледаност и е втор најгледан француски филм на сите времиња. Номинациите (вкупно пет) ќе бидат објавени на 10 јануари, додека на 3 јануари ќе биде објавена листа со девет филма кои се во најтесниот круг.

Филмските познавачи велат дека е важно филмот да биде претставен на други фестивали или да биде награден. На филмот на Дарко Митревски му недостигаат овие предуслови, но режисерот вели дека според она што се пишува, може да се случи да бидеме изненадување.

- Уште има да се трча во оваа крајно неизвесна трка. Засега сме оптимисти бидејќи колку и да истрчате, сте во ќар. Ги зголемуваме шансите за продажба на филмот, за добра гледаност, за поголем број филмски критики и му помагаме на филмот да биде забележан - рече Митревски.

Во 85-годишната историја на „Оскарите“ сме имале само две номинации - за „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година и за „Дае“ на Столе Попов во 1979 година. Но ниту еден „Оскар“.

Kампањата за „Трето полувреме“ државата ја поддржа со највисока сума досега – 150.000 евра од Филмскиот фонд и од Владата.

Режисерот Дарко Митревски вели дека се прави кампања каква што досега не се правела. За филмот се огласува на половина и на цели страници во најпознатите филмски списанија, како „Варајати“, „Холивуд репортер“, „Енвелоуп“ на „Лос Анџелес тајмс“. По проекциите за оскаровската кампања ќе има гала-вечери зачинети со македонско вино и специјалитети на кои ќе се промовира Македонија како туристичка дестинација.

Прогнози

Според порталот „Индивајр“, во категоријата за најдобар странски филм има навистина исклучителни и храбри остварувања што колективно отсликуваат една импресивна година во светската кинематографија. На порталот „Awards circuit“, кој е познат по прогнозите за „Оскарите“, освен „Љубов“ и „Недопирливи“, во потесна конкуренција е и данскиот „Kралска афера“ на Николај Арсел, победник на Берлинале во категоријата машка улога и сценарио. Меѓу првите десет се и романскиот „Зад ридовите“ на Kристијан Мунгиу и филипинскиот „Bwakaw“, германскиот „Барбара“ на Kристијан Пецолд, награден за режија на Берлинале, канадскиот „Вештица на војната“, кој беше номиниран за Златен лав во Венеција и награден за женска улога во Берлин. Меѓу фаворитите, американските филмски критичари го споменуваат и австралискиот „Знаење“ („Lore“) на Kејт Шортланд, „Не“ на Пабло Лараин од Чиле, швајцарскиот „Сестра“ на Урсула Мејер, израелскиот „Пополни ја празнината“ на Рама Бурштајн, белгискиот „Нашите деца“, шведскиот „Хипнотизер“. Од овие простори се споменува и српскиот „Kога ќе се раздени“ на Горан Паскалевиќ, кој како и „Трето полувреме“ го тематизира холокаустот на Евреите.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 16 Јан 2013 06:04 #229755

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Пристигна филмот на Квентин Тарантино


„Разузданиот Џанго“, кој освои две награди „Златен глобус“, од утре ќе игра во „Синеплекс“ во Скопје



Како што беше и најавено, „Разузданиот Џанго“ пристигна во Скопје во предвидениот термин, односно на 17 јануари ќе се одржи неговата премиера (а денеска неговата претпремиера) во „Синеплекс“ во исто време со многу земји во светот.

Квентин Тарантино повторно направи бум со својот филм, иако многумина беа скептични, особено поради должината на филмот, кој трае цели 165 минути и поради неговата „ексцентричност“. Но, се покажа дека публиката го прифати одлично, бидејќи само за божикниот викенд овој филм заработи 15 милиони долари, искачувајќи се на листата како трет филм, воопшто, во историјата кој имал најголемо божиќно деби.

Повеќе
Последна промена: 16 Јан 2013 06:06 by Fairy. Причина: dodavanje foto
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Филмски новости 21 Јан 2013 07:57 #230113

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Српскиот кандидат за оскар со македонска постава





Се работи за брилијантниот филм "Кад сване дан" . Во филмот покрај мега популарниот Мустафа Надаревиќ играат и македонските актери Мето Јовановски и Зафир Хаџиманов.

Воедно, и музиката во филмот е дело на најпознатиот македонски композитор, Влатко Стефановски.
Филмот досега има освоено две престижни награди во Шпанија.
„Кад сване дан” е приказна за пензионираниот професор по музика Миша Браков (Мустафа Надаревиќ), кој под необични околности го открива своето вистинско потекло. На местото каде некогаш бил нацистичкиот логор за Евреи во Втората светска војна, работниците откриваат лимена кутија со документи кои далечната 1941 година за закопал логорашот Исак Вајс.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 30 Јан 2013 07:16 #230932

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Неделна кинопрограма


„Синеплекс“

„Трето полувреме“

работни денови: 16:30, 18:40

„Скајфол“

работни денови: 20:10, 22:50

„Силент Хил: Откровение“ 3Д работни денови: 23:15

„Животот на Пи“ 3Д

работни денови: 16:40, 19:10, 20:50

„96 часа: Истанбул“

работни денови: 17:30

„Тексашки масакр со моторна пила“ 3Д

работни денови: 19:20, 22:45

„Џек Ричер“

работни денови: 22:20

„Хаос во куќата - Старците доаѓаат“

работни денови: 16:20, 18:20, 20:20

„Ќерката на најдобриот пријател“

работни денови: 15:50

„Џанго Разузданиот“

работни денови: 17:40, 19:40, 20:45, 22:00

„Тајна операција“

работни денови: 17:40, 19:40, 20:45, 22:00

„Трикови“

работни денови: 18:30, 20:30, 22:15

„Паркер“

работни денови: 17:10, 19:30, 21:45

„Авантурите на Семи 2“ 3Д

работни денови: 15:30, 17:20

„Ѕвонче и тајната на крилјата“ 3Д

„Пет легенди“ 3Д

работни денови: 15:10

„Хотел Трансилванија“ 3Д

работни денови: 16:40

„Растури ги Ралф“ 3Д

работни денови: 15:20

„Милениум“

„Свадбена треска во Компобело“ - 13:00

„Пет легенди“ 3-Д („Rise of the Guardians”3Д) -15:00

„Животот на Пи“ 3-Д - 17:30

„Џанго разузданиот“ - 20:00

„Мадагаскар 3: најбараните во Европа” 3-Д - 11:00

„Пет легенди“ 3Д - 13:00

„Животот на Пи“ 3-Д - 15:00

„Животот на Пи“ 3-Д - 17:30

„Џанго разузданиот“ - 23:00

Понеделник - среда (28-30. 1)

„Свадбена треска во Компобело“ - 13:00

„Пет легенди“ 3-Д - 15:00

„Животот на Пи“ 3-Д - 17:30

„Џанго разузданиот“ - 20:00

„Џанго разузданиот“ - 23:00

„Рамстор“

„Огледалце, огледалце“: 17:30

„Што да очекуваш кога очекуваш“: 20:00, 22:00

Izvor Utrinski vesnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 12 Фев 2013 09:34 #232336

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Видео од филмот на Столе Попов на Kарлови Вари


На добро тргнало присуството на македонската екипа за филм на големиот Берлински филмски фестивал. Според Дарко Башевски, директор на нашиот Филмски фонд, додека течат проекциите на филмовите на Берлинале, тие интезивно работат на маркет-скринингот.



Веќе е договорено петминутно видео, нешто како трејлер од филмот „До балчак“ на Столе Попов да биде презентиран на филмскиот фестивал во Kарлови Вари, Чешка, a се нуди и филмот „Соба со пијано“ на Игор Иванов - Изи кој наскоро треба да биде готов.

Извесно е присуството на млади наши автори на фестивалот „Златни Kарпати“ во Романија. Македонската кинематографија нема свој штанд на маркетот во Берлин.

Лани на Берлинскиот филмски фестивал учествуваа дури три македонски филма: „Жената што си ги избриша солзите“ на Теона Митевска премиерно беше прикажана во програмата „Панорама“, а во истата програма беше прикажана и српско-македонската копродукција „Парада“. Kраткиот филм „Бардо“ на Марија Апчевска, беше прикажан во програмата „Генерација“, посветена на млади и надежни режисери.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 02 Мар 2013 10:57 #233885

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Кинотеката организира „Кино будење“ во секоја сабота од март


Кинотеката на Македонија денеска почнува специјална програма „Кино будење“, кој го најави како пладневен ритуал составен од три дела - проекција на наградувани филмови, нивна препорака и отворање од познати домашни имиња и кафе со мафин пред проекциите кои ќе почнуваат во 12.30 секоја сабота во март.



Оваа сабота ќе биде прикажан британскиот трилер-романса „Играчка плачка“ од 1992, во режија на Нил Џордан. Филмот е награден со Оскар за најдобро сценарио и со награда БАФТА за најдобар британски филм.

Идната сабота е „Изгорени од сонцето“ на рускиот оскаровец Никита Михалков, снимен во 1994, кој покрај Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, доби и Гран-при на Канскиот фестивал.

На 16 март на програмата е британскиот „Тајни и лаги“ на Мајк Ли од 1995, награден со „Златна палма“ во Кан, БАФТА и „Златен глобус“ за најдобра женска улога.

На 23 март „Кино будење“ ќе го прикаже „Секс, лаги и видеоленти“ на Стивен Содеберг од 1989, кој доби „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал и награда од публика на фестивалот „Санденс“.

Програмата ќе заврши во последната сабота од месецов, 30 март, со францускиот трилер од 1960 година „Во зенитот на Сонцето“, добитник на наградата „Едгар Алан По“ за најдобар странски филм.

Izvor: Dnevnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 07 Мар 2013 08:40 #234266

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Фестивалот „Џифони“ ќе се одржи во октомври


Македонија е една од трите земји што го доби брендот за одржување на овој исклучителен фестивал за деца, кој трае 43 години

Во Македонија во октомври ќе се одржи реномираниот филмски фестивал за деца „Џифони“, кој зад себе има 43-годишно искуство. Станува збор за фестивал кој е многу повеќе од филмски фестивал, за настан кој носи незаборавно искуство за децата, а наедно е длабоко едукативен и социјален. „Џифони“ низ годините создаде таков бренд со кој соработуваат фестивали за деца од дури 40 земји во светот, додека некои земји и го купуваат како бренд продолжувајќи ја неговата исклучителна традиција. Она што е интересно, е дека овој бренд се продава за доста висока цена, но Македонија, поради својата посветеност и ентузијазам што го покажа, успеа да го добие овој бренд бесплатно.

Нашата земја веќе десет години учествува на овој фестивал, на кој секоја година одат по неколку деца избрани од основните или средните училишта. Со нив на овој фестивал, кој се одржува во градот Џифони, во јужна Италија, се присутни и двете млади девојки Елена Величковска и Катерина Сотирова, со чија работа и упорност, всушност, дојде и до оваа соработка и иницијатива. Во земјава присуствуваше творецот на овој фестивал Клаудио Губитоза, кој имаше средби со сите релевантни институции и на крајот, поради огромниот интерес од наша страна, поради ентузијазмот што го покажале нашите деца што учествувале на овој фестивал и поради преголемата желба тоа магично искуство за децата да се пренесе и овде, се одлучил брендот да и' биде отстапен на нашата земја бесплатно. Овој бренд му е отстапен на Филмскиот фонд на Македонија, кој пак ќе биде негов покровител со поддршка на Министерството за култура, Кинотека на Македонија, Град Скопје, Младинскиот културен центар и, секако, италијанската амбасада.

Повеќе
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 20 Мар 2013 07:13 #235309

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Почнува Неделата на франкофонски филм


Со проекција на францускиот филм „Готвачката на Претседателот“ во режија на Кристијан Венсан, снимен во 2012, вечер во Кинотеката на Македонија ќе почне манифестацијата „Недела на франкофонски филм“ во организација на Францускиот институт во Скопје.



Филмската манифестација се одржува по повод 20 Март - Меѓународниот ден на франкофонијата. Се организира во соработка со дипломатските претставништва на франкофонските земји, ТВ-мрежата АРТЕ и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА-Скопје.

Утревечер ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Детето одозгора“, в петок е бугарско-швајцарско-германската копродукција „Балканска мелодија“. Во сабота, 23 март, ќе има два филма - од 19 часот е белгискиот „Џинови“, а од 21 часот грчкиот „Невести“, а в недела во терминот од 20 часот на програмата е унгарскиот „Таксидермија“.

Француско-австрискиот филм „Густав Малер, аутопсија на еден гениј“ ќе биде прикажан во понеделник, а наредниот ден е проекцијата на канадскиот филм „Господин Лазар“. Неделата на франкофонски филм ќе заврши во среда, 27 март, со омажи за Владо и Љубе Цветановски - првиот омаж е документарен филм режиран од екипа на ЕСРА, а вториот -„Мојот татко Изет“ е филм во продукција на МТВ.

Во рамки на манифестацијата ќе биде поставена изложба на плакати од француски филмови од Бугарија. Неделата на франкофонски филм официјално ќе ја отворат француската амбасадорка Лоренс Оер и бугарскиот амбасадор Иван Петков.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 15 Јул 2013 04:17 #242215

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
"Непобеден" на Џоли премиерно на крајот на 2014




Филмското студио "Универзал" соопшти дека премиерата на "Непобеден", вториот филм што ќе го режира Анџелина Џоли, ќе биде на 25 декември, 2014 година.

Драмата е заснована на книгата "Непобеден: Приказна за преживување, издржливост и спасение во Втората светска војна" на Лора Хиленбранд, а снимањето ќе почне кон крајот на септември. Филмот е за преживувањето на соборениот авијатичар Луи Замперини на отворено море и потоа во логорот за воени заробеници во Јапонија во Втората светска војна.
Џоел и Итан Коен го преработија сценариото што првично го напишаа Вилијам Николсон и Ричард Лагравенезе.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 15 Јул 2013 04:20 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 25 Дек 2014 17:33 #253284

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
ОД ДЕНЕС ТРИ НОВИ ФИЛМА ВО "СИНЕПЛЕКС"




"Игра на имитирање", филмот за нераскажаната приказна за брилијантниот ум на британскиот херој Алан Туринг, од денес е на репертоарот на "Синеплекс".

Режијата е на Мортен Тилдум, а главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербач, Кира Најтли, Метју Гуд, Рори Киниар, Ален Лич, Метју Беард, Чарлс Денс и Марк Стронг.
На репертоарот ќе се најде и комедијата "Французинка", во која се испреплетуваат необичните животни приказни на 11 парижанки во период од 28 дена, насочени околу животот на 28-годишната Исис, која има четири деца. Филмот е во режија на Одри Дана, а играат Изабела Аџани, Ванеса Паради и Летиција Каста.
За најмладите пристигна авантурата на малиот, храбар и љубопитен зајак Јован во филмот "Некаде далеку".
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.