Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Филмски новости

Филмски новости 23 Дек 2009 20:05 #4306

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Џон Во - добитник на награда за животно дело

Филмскиот фестивал во Венеција, ќе го награди режисерот Во, со најголемо признание. Иконата на хонкошките филмски акции е новиот добитник на признание за животно дело, кое ќе му го врачат организаторите на „Мостра„. Тие Во го нарекуваат иноватор кој засекогаш ги трансформираше акциските филмови, не само во Азија, туку и во САД.
Денес 61 годишниот Џон, кој е наречен „иноватор на современиот филмски јазик„, човек чии акциски „стилизации се блиски со визуелната уметност„, а поради сето тоа ќе му биде врачена наградата „Златен лав„ за животно дело.
Џон Во се прослави во Хонг Конг со класиците како „Убиец„, „Подобро утре„, а со доаѓањето во Холивуд ги сними хитовите како „Скршената планина„, „Човек без лице„, „Невозможна мисија 3„.
Наградата ќе ја добие на 67 венецијски филмски фестивал, кој ќе се одржи од 01 до 11 септември 2010 година.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 12 Сеп 2010 03:57 #50868

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Најплатен актер за 2010

Миленикот на жените, актерот Џони Деп, дефинитивно добро заработува штом се најде на врвот на листата на "Форбс"...


Минатата година Деп остварил приход околу 40 милиони евра, па со оваа заработка се искачи за девет места погоре на листата на најбогати луѓе на светот.

Оваа квалификација го направи актерот од "Алиса во земјата на чудата", најдобро платен за 2009 година.

На второто место на познатата листа се најде Бен Стилер со заработка од 30 милиони, пред се благодарејќи на продолжението на филмот "Ноќ во музејот 2", а на третата позиција се најде Том Хенкс со 24 милиони евра.

Меѓу десетте најбогати глумци се најдоа и Леонардо Ди Каприо, Даниел Редклиф, Роберт Дауни Џуниор, Том Круз, Бред Пит и Џорџ Клуни.



Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 12 Сеп 2010 03:59 by Annabel Lee. Причина: Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 17 Сеп 2010 17:56 #52813

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Никол Кидман во трка за Оскар



Актерката Никол Кидман е во трка за престижната награда Оскар, јавуваат американските медиуми.

Познатата австралиска актерка настапува во филмот „Rabbit Hole" во кој глуми мајка која се обидува да преживее по смртта на нејзиниот 4 годишен син.

Според критиката, филмот ги има сите предиспозиции за Оскар.

Никол филмот го претстави на филмскиот фестивал во Торонто.

Никол веќе има еден Оскар за најдобра актерка филмот „Sati" од 2002. година.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 17 Сеп 2010 17:57 by Annabel Lee. Причина: Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 24 Сеп 2010 21:56 #55110

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Македонската актерка Јелена ја освои Анџелина Џоли



Јелена Јованова,младата македонска актерка,ќе игра во режисерскиот потфат на Анџелина Џоли

25 годишната актерка која работи во Mакедонскиот народен театар за улогата е избрана од самата Џоли.Во филмот за Босна и Херцеговина,што е прво режисерско освтарување на Џоли,ќе настапат и Раде Шербеџија и Зана Марјановиќ.На Јелена ова ќе и биде трета филмска улога и остварување на соништата!

Филмот е љубовна приказна на муслиманка и Србин во 90те години за време на војната.

Извор

Фотографија - извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 24 Сеп 2010 22:00 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 29 Сеп 2010 17:56 #56425

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Рекордни 95 филмови на „Браќа Манаки“

Рекордни 95 филма ќе бидат прикажани на 31. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што ќе се одржува од 16. до 22. Октомври во Битола, најави директораката на фестивалот Лабина Митевска денеска на прес-конференција

Во главната, натпреварувачка програма се 12 филмови кои се во трка за наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300: израелско-француско-германската копродукција „Либан“ (со гости од филмската екипа на фестивалот), израелско-германскиот „Аџами“, турскиот „Мед“, францускиот „Влез во празно“, копродукциите „Жени без мажи“, „Г-дин Никој“ (најавен како спектакл снимен со голем буџет во многу земји), „Како го завршив ова лето“ (филм од најновата руска продукција), јужнокорејската комедија „Ха, ха, ха“, холандскиот „Ништо лично“, данскиот „Се ќе биде добро“ и британските „Четири лава“ и „Уште една година“ на Мајк Ли - филм што според селекторот Благоја Куновски имал најголем потенцијал за Златната палма во Кан.
Селекторот на официјалната програма Куновски рече дека се работи за различни и препознатливи стилови. - Различни по израз, од т.н. камерни драми со неколку автори до спектакуларни филмови... главниот извор беше филмови од трите водечки филмски фестивали во Берлин, Венеција и Кан, и други филмови кои по својот израз се наметнаа сами по себе како неизбежни, изјави Куновски.

Во програмата „Нови визии“, во селекција на Сунчица Уневска, ќе бидат прикажани шест филма кои третираат реални приказни. Тука се холандскиот „Дали си таму“, за актуелната пасија со видеоигри, словенечкиот „09:06“ - за самоубиствата во Словенија, германскиот „Пико“ за негрижата кон младите затвореници, финскиот „Испитување“, иранскиот „Орион“ и унгарскиот „Пал Адриен“, за кој селекторката Уневска рече дека е бисер на оваа програма поради исклучителната и оригинална приказна.

Во документарната програма, по избор на Евгенија Теодосиевска, ќе бидат прикажани девет кои се избрани од 67-те пријавени на фестивалот. Меѓу нив се „Видеокрација“, најавен како контроверзен, „Граѓанинот Хавел“ за поранешниот чешки претседател, филм портрет за култниот режисер Милош Форман, уругвајски филм за патување низ Јужна Америка, како и два македонски филма - „Духот на татко ми“ посветен на Ристо Шишков и „Биолошки минимум“ во режија на Иван Митевски.

Премиерно ќе бидат прикажани и три македонски филмови - „Мајки“ на Милчо Манчевски на свеченото отворање на фестивалот на 16 октомври, како и „Некои поинакви приказни“ - филмски парчиња од пет балкански режисерки, меѓу кои е и Марија Џиџева од Македонија, и филмот „Војната заврши“ на Митко Панов.

Во чест на лауреатот на Златна камера 300 за животно дело на годинашниот ИФФК „Браќа Манаки“ - директорот на фотографија Вилмош Жигмонд, на 22 октомври, за затворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Ќе сретнеш висок мрачен странец“ во кој тој е кинематографер, а режисер е Вуди Ален.

Добитник на Специјалната награда Златна камера 300 е британскиот директор на фотографија Роџер Прат, кој ќе биде гостин во Битола. Во неговиот досегашен опус се 35 снимени филмови, меѓу кои „Чоколадо“, два филма од серијалот за Хари Потер, историскиот спектакл „Троја“. Негов најнов проект е римејкот на класичниот филм од 1980-тите - „Карате кид“ во режија на Харалд Зварт

Организаторите дополнително ќе го соопштат составот на жирито што ќе одлучи за добитниците на трите фестивалски награди. Се очекуваат околу 400 гости од кои стотина се странски. Ќе има и 12 кратки филма, од кои најдобриот директор на фотографија ќе добие Мала златна камера 300. Ќе бидат организирани и работилници, со учество на новинари и филмски критичари од познати светски списанија, како „Варајети“ и „Скрин интернешнл“, проекција на филмови за деца - во соработка со спонзорот на фестивалот - ВИП оператор. Во соработка со Кинотека на Македонија, пак, првпат ќе бидат прикажани целосно седум филмови на браќата Манаки, како и омаж за карикатуристот Делчо Михајлов и неговите анимирани филмови. Во фокусот на годинашниот ИФФК „Браќа Манаки“ се три национални кинематографии - израелската, бугарската и финската.

- Да се донесат вакви луѓе и ваква програма, тоа е голем труд. На вистински пат сме и ако фестивалот оди вака, сигурно е дека еден ден ќе ги заслужува првите страници, рече Горјан Тозија, директор на Друштвото на филмски работници на Македонија.

Проекциите на филмовите ќе бидат во големата и малата киносала во Центарот за култура во Битола, а за подобар квалитет на сликата и звукот, ќе биде донесена техника од Сараевскиот филмски фестивал. Буџетот на фестивалот е околу 200.000 евра, од кои 4 милиони денари се од Министерството за култура.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 14 Окт 2010 15:14 #61136

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Забрана за снимање на филмот на Џоли на територија на БиХ




Министерството за култура на Босна и Херцеговина и забрани на холивудската глумица Анџелина Џоли да го снима својот филм првенец на територијата на ентитетот.

Официјално, на таков чекор се решило министерството затоа што не им било доставено изворното сценарио за филмот.

Продуцентската куќа Скаут филм поднела официјално барање за формално одобрување, но официјалните лица во Сараево тврдат дека треба да го добијат сценариото и да ја оценат неговата подобност, со обзир на тоа дека станува збор за приказна врзана за воените случувања во Босна и Херцеговина.

- Ќе го имаат одобрението за снимање ако достават сценарио во кое приказната нема да биде онаква каква ние денеска ја знаеме од тоа што го изјавија луѓето што го прочитале сценариото, рече министерот за култура Гаврило Граховац.

Одлуката е донесена на барање на претставничките на здружението на „жени- жртви на војната“ во која членуваат Босанки кои за време на војната била сексуално злоупотребувани и силувани.

Претставничките на ова здружение иако не го виделе сценариото, тврдат дека темата на филмот е љубовна врска на Босанка и српски војник кој ја силува, а таа потоа се заљубува во него.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 14 Окт 2010 15:17 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 24 Ное 2010 14:29 #76801

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
„Хари Потер“ заработи 330 милиони долари за три дена

[img size=320x240]www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/80...A9D0607AE4A58F96.jpg[/img]


Претпоследниот филм за волшебникот Хари Потер од премиерата во петок до неделата инкасира околу 330 милиони долари (240 милиони евра) на светските киноблагајни, јавија новинските агенции.

„Хари Потер и реликвиите на смртта“ само во САД и во Канада имаше приход од околу 125 милиони долари (90 милиони евра). Во Северна Америка втор најгледан филм е минатонеделниот победник „Мегамајнд“, со заработувачка од 16 милиони долари (11 милиони евра), а на втората позиција на киноблагајните е „Незапирлив“.

Седмото филмско поглавје од приказната за Потер се прикажува во повеќе од 50 земји во светот. Проектот, базиран на последниот роман од серијалот на Џ.К. Роулинг, имаше приход од околу 30.000 долари на киносала во САД и во Канада. За споредба, „Мегамајнд“ минатиот викенд инкасира по 4.300 долари од киносала.

Ден Фелман, одговорен за американската дистрибуција во „Ворнер брос“, студиото што стои зад филмот, за Ројтерс изјави дека насловот добро поминал кај сите сегменти од публиката, а страсните фанови продолжиле да го поддржуваат.

- Разликата е што со овој серијал публиката растеше заедно со филмот и со актерската екипа - изјави Фелман.

Izvor
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 14 Дек 2010 05:13 #88398

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
„Социјална мрежа“ е најдобар филм во 2010 година

Здружението на филмски критичари во Лос Анџелес го прогласи филмот „Социјална мрежа“ за најдобро остварување во 2010 година.



Дејвид Финчер, режисер на филмот што зборува за настанокот на најпознатата социјална мрежа „Facebook“, наградата за најдобра режија ја сподели со Оливије Асајас, чиј филм „Карлос“ е прогласен за најдобар филм на странски јазик.

„Социјална мрежа“ доби и награда за најдобро сценарио, што на свеченото доделување на наградите, на 15 јануари во Лос Анџелес, ќе му биде врачена на сценаристот Арон Соркин.



Епитетот најдобар глумец ја понесе Колин Фирт за улогата на британскиот крај Џорџ VI во филмот „Кралев говор“, а најдобра глумица е Ким Хјеја за улогата во јужнокорејската драма „Мајка“.

Кристофер Нолан, режисер на филмот „Почеток“ е прогласен за режисер на годината, додека Мајкл Кејн е крунисан со наградата „Легенда на сите времиња“.

Најдобар анимиран филм на годината е „Приказна за играчките 3“, пренесе Би-Би-Си.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 28 Дек 2010 13:56 #96099

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
Џенифер Анистон стана недопирлива ѕвезда

Актерката Џенифер Анистон, позната од серијата „Пријатели“ стана недопирлива ѕвезда. На филмскиот сет на Wanderlust на снимателската екипа и сите други им забранила да ~ се доближуваат поблизу од 20 чекори. Веднаш до неа им дозволила да застанат само нејзиниот тим од асистенти.

- Џенифер на снимањето дојде опколена со својот тим на асистенти и така се движеше од приколката до сетот и назад. Никој не смееше да ~ доближи, без никаков изговор - изјавил извор од снимањето.

Комедијата на Дејвид Вејн го следи животот на еден млад пар во модерниот и брз Њујорк, кој одлучува набрзина да го напушти и да му се предаде на животот на село. Во киносалите филмот ќе почне да се прикажува во октомври 2011 година.

Izvor
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Последна промена: 28 Дек 2010 13:57 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 09 Јан 2011 23:59 #100236

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Филмот за „Фејсбук“ на врв на топ-листите

Еснафските филмски здруженија ги симнаа од врвот „Кралскиот говор“ и „Црниот лебед“ и за најдобар филм го избраа „Социјална мрежа“


„Црниот лебед“ и „Социјална мрежа“ се филмовите меѓу кои најверојатно годинава ќе се води главната трка во борбата за „Оскар“ за најдобар филм. Дури, според оценките на критичарите и според веќе објавените номинации и награди на американските филмски еснафски здруженија, се чини дека овие два филма имаат сигурни номинации за „Оскар“, само прашањето е кој ќе го понесе триумфот.

Повеќе - Утрински весник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 12 Јан 2011 01:27 #100926

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Мајкл Даглас го победи ракот на грлото




По шестмесечна борба со кобната болест, операцијата и хемотерапијата, 66 годишниот актер Мајкл Даглас во емисија на телевизијата "NBC" изјави дека го победил ракот.

"Се чувствувам добро. Туморот повеќе го нема, но сепак еднаш месечно морам да одам на контрола", рече актерот во Тудеј шоу.

Пред американските гледачи, Мајкл призна дека му се вратил апетитот и дека може да јаде се што сака. Негова желба е да добие повеќе килограми.

"Ова беше 'диво возење' кое траеше шест месеци. Изгубив 15 килограми, но во меѓувреме откако ми се врати апетитот ставив шест. Посебно сум благодарен на семејството, пријателите и на обожавателите за поддршката што ми ја дадоа", рече Мајкл.

"Татко ми има 94 години. Се чувствувам добро поради добрите гени. Но, добро зачекорив во третата фаза од мојот живот и веќе сум свесен за времето кое ми останува и начинот на кој сакам да го поминам", додаде тој.

Лекарите му даваа 80% шанси дека ќе ја преживее битката со ракот, откако ја помина операцијата и замина на осум неделна хемотерапија.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 12 Јан 2011 01:29 by Annabel Lee. Причина: Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 20 Јан 2011 16:47 #103774

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
"Мајки" на Берлински филмски фестивал



Филмот "Мајки" на режисерот Милчо Манчевски ќе има европска гала-премиера на Берлинскиот филмски фестивал на 16 февруари во програмата "Панорама", која се фокусира на авторски смели и значајни филмови од цел свет.

Проекцијата ќе се одржи во големата фестивалска сала "Синемакс икс 7" во 19 часот, а следниот ден ќе биде репризиран.

Во деновите потоа филмот ќе биде прикажан уште три пати за берлинската публика, и е единствен од Македонија што ќе биде прикажан на Берлиналето.

Светската премиера на "Мајки" се одржа на фестивалот во Торонто во програмата "Специјални презентации", а потоа беше прикажан и на фестивалот во Сао Пауло, Бразил.

По прикажувањето во Берлин, филмот на Манчевски оди на "Фест" во Белград, каде што филмот на 2 март ќе се претстави во програмата "Европа вон Европа".

"Мајки" е и македонски претставник во трката за Оскар, а минатата година беше најгледан филм во Македонија.

Извор - Дневник
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 22 Јан 2011 23:10 #104747

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Ен Хатавеј ќе биде Жената - мачка во "Бетмен"


Ен Хатавеј ќе ја глуми Жената-мачка во следниот филм за Бетмен "Подемот на Темниот витез", изјави режисерот Кристофер Нолан. Нолан, исто така, изјави дека ѕвездата од "Зачеток" Том Харди ќе го глуми негативецот Бејн, кој според стрипот ќе го стави Бетмен до инвалидска количка.
"Почестен сум што можам да работам со Ен Хатавеј која е фантастично дополнение на нашата екипа во исполнувањето на приказната", изјави Нолан во иинтервју за "Аксес Холивуд". "Пресреќен сум што повторно ќе работам со Том и возбуден сум што ќе го гледам како ја оживува нашата нова интерпретација на еден од најопасните непријатели на Бетмен", изјави Нолан.
Во "Подемот на Темниот витез" Кристијан Бејл ќе го глуми Брус Вејн - Бетмен, а филмот премиера ќе има на 20 јули, 2012 година.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 22 Јан 2011 23:13 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 25 Јан 2011 04:01 #105495

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Пристигнаа номинациите за златна малина!

Филмот The Twilight Saga: Eclipse, како и режисерот M Night Shyamalan и неговиот филм The Last Airbender се водечки оваа година според бројот на номинации за непосакуваната “Златна малина“.



Доделувањето на Златната малина каде се доделуваат награди за најлошите стварувања за изминатата година, сигуро е еден од најнепосакуваните настани во Холивуд.

Којзнае колку тинејџeри на светот сега збеснуваат и “сечат вени“ во лутина, откако Eclipse со Кирстен Стујарт и Роберт Патисон, се номинирани за најлоши во... па речиси во сите категории...

Но, погледнете ги подолу целосните номинации, па сами одлучете дали заслужуваат малина или не. Церемонијата на доделуање на “Златните малини“ ќе се одржи на 26 февруари, односно, една вечер пред доделување на оскарите.

Најлош филм:

‘Twilight Saga: Eclipse’
‘The Last Airbender’
‘The Bounty Hunter’
‘Sex & The City 2′
‘Vampires Suck’

Најлоша актерка:

Jennifer Aniston: ‘The Bounty Hunter’
Miley Cyrus: ‘The Last Song’
The Four “Gal Pals”: ‘Sex & The City 2′
Megan Fox: ‘Jonah Hex’
Kristen Stewart ‘Twilight Saga: Eclipse’

Најлош актер:

Ashton Kutcher: ‘Killers’ and ‘Valentine’s Day’
Gerard Butler: ‘The Bounty Hunter’
Jack Black: ‘Gulliver’s Travels’
Robert Pattinson: ‘The Twilight Saga: Eclipse’ and ‘Remember Me’
Taylor Lautner: ‘The Twilight Saga: Eclipse’

Најлоша споредна женска улога:

Jessica Alba: ‘The Killer Inside Me,’ ‘Little Fockers,’ ‘Machete,’ and ‘Valentine’s Day’
Cher: ‘Burlesque’
Liza Minnelli: ‘Sex & The City 2′
Nicola Peltz: ‘The Last Airbender’
Barbra Streisand: ‘Little Fockers’

Најлоша споредна машка улога:

George Lopez: ‘Marmaduke,’ ‘The Spy Next Door,’ and ‘Valentine’s Day’
Billy Ray Cyrus: ‘The Spy Next Door’
Dev Patel: ‘The Last Airbender’
Jackson Rathbone: ‘The Last Airbender,’ and ‘The Twilight Saga: Eclipse
Rob Schneider: ‘Grown Ups’

Најлош режисер:

Sylvester Stallone: ‘The Expendables’
Jason Friedberg & Aaron Seltzer: ‘Vampires Suck’
Michael Patrick King: ‘Sex & The City 2′
M. Night Shymalan: ‘The Last Airbender’
David Slade: ‘The Twilight Saga: Eclipse’

Најлоша двојка/група на филм:

Сите од ‘Sex & The City 2′
Сите од ‘The Twilight Saga: Eclipse’
Сите од ‘The Last Airbender’
Jennifer Aniston & Gerard Butler: ‘The Bounty Hunter’
Josh Brolin’s Face & Megan Fox’s Voice: ‘Jonah Hex’

Најлоша употреба на 3Д:

‘Cats & Dogs 2: Revenge Of Kitty Galore’
‘Clash of the Titans’
‘The Last Airbender’
‘Nutcracker 3D’
‘Saw 3D’

Најлошo сценарио:

‘Last Airbender’
‘Little Fockers’
‘Sex & The City 2′
‘Twilight Saga: Eclipse’
‘Vampires Suck’

Најлошо продолжение:

‘The Twilight Saga: Eclipse’
‘Clash of the Titans’
‘The Last Airbender’
‘Sex & The City 2′
‘Vampires Suck!’

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 28 Јан 2011 18:21 #106920

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Реставрираниот "Таксист" на Берлинале


Триесет и пет години по премиерата на филмот, на Берлиналето ќе биде прикажана дигитално реставрираната верзија во 4К на култниот филм на Мартин Скорсезе "Таксист". Веќе стана традиција во специјалната програма на Берлинскиот филмски фестивал да се прикажуваат реставрирани филмски ремек-дела.
За време на реставрирањето, оригиналниот 35-милиметарски негатив беше скениран со 4К резолуција. Гровер Крисп беше одговорен за сите аспекти на дигиталната реставрација на филмот, кој го снимаше филмското студио "Колумбија пикчрс". Филмот ќе се прикажува со квалитет на 4К преку проектор "барко".
Актерот Роберт де Ниро, кој ја игра главната улога, и режисерот Скорсезе создадоа дел од филмската историја, со приказната за осамениот таксист што сака да го исчисти главниот град од криминалци. Меѓу другите награди, "Таксист", во кој играат и Питер Бојл, Сибил Шепард и Џоди Фостер, има добиено четири номинации за Оскар и Златна палма во 1976 година.
Сценаристот и режисер Пол Шрејдер, кој го напиша сценариото за "Таксист", ќе ја претстави реставрираната верзија на светската премиера во Берлин, заедно со експертот за реставрирање филмови Крисп од "Сони пикчрс".

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 28 Јан 2011 18:21 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 06 Фев 2011 15:01 #109619

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Сабина Ајрула ја снима баба Илонка во Скопје



Во фантастичната музичка комедија Македонија учествува со 6 ми­ли­о­ни денари. Се снимаше 4 недели во Заграб, а од Скопје екипата продолжува на неколку дена во Виена.
Во Скопје деновиве се снима македонскиот дел од филмот со работен нас­лов "Духот на Баба Илонка" во режија на Томислав Жаја, по сценарио на Ирена Крчелиќ, во хрватско-австриско-македонска копродукција.
Сни­ма­ње­то почна вчера , во студиото "Фх3х", денес се во близината на Мар­ков манастир, а утре се повторно во студио. Се снимаше 4 недели во Заграб, а од Скопје екипата продолжува на неколку дена во Виена.
"Филмот е музичка комедија со елементи на фантастика, која го портретира жи­во­тот на едно необично семејство низ очите на десетгодишно девојче", ни из­ја­ви вчера на сетот македонскиот продуцент Зоран Ристески од "Гејзер про­дук­ци­ја", која е копродуцент со "Формула филм" од Загреб и "Кнут Ог­рис филмс" од Австрија.
Режисерот Жаја додава дека е презадоволен од работата во Македонија и дека следниот филм би сакал да го снима обратно, повеќе недели овде, а една во Заграб."Ова е филм во кој ќе има и смеење и плачање, филм каде што преку Ромите како најекстремно отфрлена група во Европа ќе проговориме за сите што не се еднакви. Филм кои ќе биде поучен за младите кои во рана возраст е добро ако ги разбијат табуата од возрасниот свет", ни рече Жаја.
Филмот е поддржан од Филмскиот фонд на Ма­ке­до­ни­ја со шест милиони денари. Премиерата се најавува за на Филм­ски­от фестивал во Пула годинава.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 06 Фев 2011 15:02 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 16 Фев 2011 23:53 #113529

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Наташа Петровиќ стана филмска ѕвезда



Младата македонска актерка Наташа Петровиќ е добитник на наградата „Филмска ѕвезда“ која вчеравечер ~ ја врачи светски познатиот актер Ралф Фајнс.

Македонската актерка и уште деветмина млади европски актери продефилираа на црвениот тепих во „Берлинале палас“ каде што се одржа официјалната церемонија. На церемонијата ~ претходеше голема прес-конференција на која беа претставени надежните актери кои беа интервјуирани од многу медиуми.

Младата македонска актерка на официјалниот дел се презентираше со голем шарм и смисла за хумор, и додека останатите актери нескромно зборуваа за своите желби за идеална улога, Петровиќ рече дека е премногу млада за да избира, но би била најсреќна кога би добила некоја главна улога.

Актерот Ралф Фајнс кој ги додели наградите во пресрет на промовирањето на својот прв филм како режисер, „Кориоланус“ истакна дека „Филмски ѕвезди“ е добра отскочна штица за младите актери да се запознаат со филмскиот крем.

Официјалниот дел заврши со голема забава на која присуствуваа голем број кастинг-директори, агенти и продуценти.

Петровиќ е првата актерка која официјално ја претстави Македонија на манифестацијата „Филмски ѕвезди“ на 61. издание на Берлинскиот филмски фестивал и успеа во конкуренција од триесетина европски актери да биде една од десетината наградени.

Dnevnik
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 02 Апр 2011 14:06 #127486

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Анистон и Мур ќе режираат филм

Актерките Џенифер Анистон и Деми Мур и пејачката Алиша Киз за кабелската мрежа "Лајфтајм"ќе режираат по еден краток филм за ракот на дојка и како оваа болест влијае врз животите на луѓето. Марта Кауфман, еден од креаторите на популарната ТВ серија "Пријатели" е супервизор на збирката кратки филмови со наслов "Проект пет", соопшти ТВ мрежата. Ова ќе биде прва соработка меѓу неа и Анистон откако заврши снимањето на "Пријатели" во 2004 година.
Анистон, Киз и Мур ќе режираат по еден краток филм, како и режисерката Пети Џенкинс која ја режираше крими драмата "Чудовиште" во 2003 година. Петтата режисерка ќе биде избрана подоцна.
Тим сценаристи состави пет приказни во кои преку хумор и драма се прикажуваат последиците од ракот на дојка врз врските на жените и како самите тие гледаат на себе. Збирката пет кратки филмови ќе имаат премиера годинава.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 30 Апр 2011 12:33 #133035

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Бред Пит доби зомби жена


ТВ-ѕвездата Миреј Енос ќе ја игра улогата на сопругата на Бред Пит во епскиот филм за зомбија "Светска Војна З", објави "Холивуд репортер". Ова ќе биде прва улога во игран филм за Енос која моментално ја игра главната улога во телевизиската крими серија "Убиство" која доби добри критики.
Филмот "Светска војна З" е адаптација на истоимениот роман на Макс Брукс, а ќе го режира Марк Фостер, режисерот на "Трошка утеха". Во филмот Бред Пит ќе глуми вработен во Обединетите нации кој составува усна историја на зомби апокалипсата. Со снимање ќе почне во јуни на локации во Лондон и Малта.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 30 Апр 2011 12:33 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 07 Мај 2011 13:22 #134089

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
„Мајки“ на Манчевски во конкуренција за МТV филмските награди



Музичкиот ТВ канал Ем-Ти-Ви денеска на прес-конференцијата која истовремено се одржа во Белград, Загреб и Љубљана, објави дека Филмот „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски е во конкуренција меѓу петте номинарани за годинашните први регионални MTV филмски награди.
Филмот „Мајки“ е во конкуренција со словенечкиот „Гремо ми по своје“, српските „Тилва Рош“, „Монтевидео, бог те видео“ и хрватскиот „Шума суммарум“.

Манчевски е единствен македонски режисер чиј филм е номиниран за овие награди. Годинава првпат ќе може да се гласа и за најдобар филм во регионот, а наградата се вика Горки Лист MTV Movie Awards.

Гласањето ќе биде отворено до 3 јуни на веб страницата www.mtv.rs, а наградите ќе се доделат на 6 јуни во Белград.

MTV филмските награди се едни од најреномираните во светот. Манчевски е добитник на награда на MTV во Њујорк. Во 1992 година тој го режираше музичкото видео за песната „Тенеси“ на групата Арестед Девелопмент, кој беше прогласен за најдобар спот на МТV во категоријата хип-хоп. Стручното музичко списание „Билборд“ тогаш го прогласи спотот на Манчевски за надобар спот во поп/рок категорија, додека култното списание „Ролинг Стоун“ го вброи во 100-те најдобри спотови на сите времиња.

Филмот „Мајки“ победи на белградски ФЕСТ, а беше прикажан во престижната програма „Панорама“ на Берлинале 2011 и беше македонски кандидат за Оскар. Светската премиера ја имаше на фестивалот во Торонто, а гала европската премиера на Берлинале.

Минатиот месец филмот „Мајки“ беше прикажан на фестивалите во Истанбул, Лас Палмас де Гран Канариа на Канарските острови, Вилнус, Литванија и во Кливленд, САД. Беше рикажан и на фестивали во Бразил, Чешка, САД, Србија, Бугарија, а има покани за учество на фестивали во текот на 2011 и 2012.
Kurir
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 24 Мај 2011 13:03 #137700

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
"Титаник" на 3Д во 2012
"Титаник" се враќа во киносалите во 3Д. 3Д верзијата на оскаровскиот филм на Џејмс Камерон ќе има премиера на 6 април следната година. Новата премиера ќе се совпадне со 100-годишнината од запловувањето на "Титаник" на 10 април.
Камерон изјави дека филмот "до најситни детали" бил конвертиран во 3Д и ветува "епско доживување". Оригиналниот "Титаник" кој имаше премиера во 1997 година освои 11 оскари и заработи повеќе од 1,8 милијарди долари на коноблагајните ширум светот, со што се рангира на второ место по "Аватар" на Камерон.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy

Ре: Филмски новости 28 Мај 2011 12:11 #138647

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Алмодовар ќе снима филм за Новак Ѓоковиќ





Педро Алмодовар, славниот шпански режисер, е голем обожавател на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, па дури во Мадрид навивал за него, а не за својот сонародник Рафаел Надал.
-Ѓоковиќ е феномен! Делува како обично момче од соседството, но кога ќе го запознаете сфаќате дека е вонсериски образован и шармантен, а кога ќе заигра тенис, ве фрла во недоумица. Тој е синоним за успех на само 24 години, и заслужува филм - рекол Алмодовар како Што пренесува „Независне новине“.
Двојниот оскаровец најави дека чека да заврши Ролан Гарос, па со српскиот тенисер да поразговара за снимањето на филмот, за кој не е познато дали ќе биде игран или документарен.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 28 Мај 2011 12:12 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 28 Мај 2011 13:07 #138658

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Отворен седмиот меѓународен филмски фестивал Астерфест


Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев вечерва во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица свечено го отвори седмиот Меѓународен филмски фестивал Астерфест кој годинава се одржува под мотото „Струмица, отвореност, креација”.

Учесниците и гостите ги поздрави и министерката за култура Елизабета Канческа – Милеска.

На отворањето, за особени достигнувања во областа на филмската уметност им беа врачени специјални признанија на режисерката од Латвија Лаила Пакалнина и на македонскиот актер Салаетин Билал.

Исто вакво признание му е доделено и на режисерот од Англија Тимоти Бајфорд, кој поради болест не допатува во Струмица, а плакетата ќе ја прими во некоја друга прилика.

Работниот дел од вечерашнава програма започна со премиерна проекција на македонскиот краток игран филм „Жарче“ на Томислав Алексов, а ќе продолжи со прикажување на анимираниот филм „Излегуваш“ на Макс Либих од Австрија и на документарецот „Геринговото жезло“ на Пиа Андел од Финска.

Во вечерашниов филмски маратон ќе учествуваат и седум ексклузивни филмови: „Пат на туарег во еден правец“, „Под жицата“, „Еден чекор“, „Татковина“, „Патот на Марија“, „Тусилаго“ и „Години“.

Фестивалската програма продолжува утре во манастирскиот комплекс „Света Богородица Елеуса“ во Велјуса со традиционалната манифестација „Тивериополски филмски беседи“ посветена на годинашниве лауреати.

Во рамките на официјалната програма во текот на петте фестивалски денови ќе бидат прикажани вкупно 50 кратки, документарни, анимирани и играни филмови од дваесетина земји.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски новости 28 Мај 2011 13:08 #138659

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Ќе се снима римејк на "Кери"


Филмското студио "МГМ" ќе снима римејк на класичниот хорор филм "Кери", а писателот Стивен Кинг за главната улога ја предложи проблематичната актерка Линдзи Лохан.
Филмот од 1976 година што го режираше Брајан де Палма беше направен според романот на Кинг за една огорчена тинејџерка која открива дека има паранормални моќи.
"Линдзи Лохан како Кери Вајт... хмм. Тоа би било интересно", изјави писателот на бестселери за неделникот "Ентертејнмент викли". Меѓутоа Кинг се чини се колеба околу снимањето на римејк, велејќи дека оригиналот бил толку добар што не гледа зошто би се правела нова верзија. "Вистинското прашање е зошто, кога оригиналот е толку добар: мислам, не беше 'Казабланка' или нешто слично, но беше навистина добар хорор-суспенс филм, многу подобар од книгата", вели тој. "Најверојатно би го поддржал проектот ако го режира еден од двајцата Дејвиди: Линч или Кроненберг".
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee

Ре: Филмски новости 27 Окт 2011 12:36 #161540

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Заврши снимањето на „Трето полувреме“


Последна клапа од играниот филм „Трето полувреме“, по сценарио и режија на Дарко Митревски се снимаше пред Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје.

Се снимаше сцена во која актерката Бедија Беговска во улогата на Еврејката Ребека разговара со својата внука со која се вратила од Израел. Дејството на филмот кој ја раскажува и нејзината љубовна приказна се случува во 40-тите години на минатиот век. Таа го избегнала холокаустот на 7.200-те македонски Евреи кои по налог на тогашната фашистичка влада на Бугарија биле депортирани во логорот на смртта Треблинка.

Беговска по снимањето изјави дека во филмот игра 30 години постара жена од нејзините години и тоа, без оглед на нејзиното огромно театарско искуство, е предизвик за неа особено, бидејќи, како што рече, се работи за еден друг медиум.

- Одамна не сум играла на филм и ова е мало искуство. Играм нешто што е сосема дијаметрално различно од моите години и од мојот лик. Во филмот зборувам на македонски, англиски и на јазикот ладино, на кој зборувале Евреите во тоа време, додаде Беговска.

Режисерот на филмот Дарко Митревски изјави дека во филмот не се говори само за судбината на Евреите, делумно е опфатен холокаустот на македонските Евреи, а во добар дел тој зборува и за почетоците на македонскиот фудбал и за некои преломни години кога се формирала нашата држава и се јакнела нашата национална свест.

Повеќе - Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.