Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Филмски оскари

Филмски оскари 23 Јан 2013 03:38 #230291

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Американската филмска академија ги објави номинации за претстојното, 85-то по ред доделување на најпрестижните филмски статуетки – оскарите, чие доделување ќе се случи на 24 февруари.

Најдобар филм:
- „Beasts of the Southern Wild“ на Бен Зејтлин
- „Silver Linings Playbook“ на Дејвид О. Расел
- „Zero Dark Thirty“ на Кетрин Бигелоу
- „Lincoln“ на Стивен Спилберг
- „Les Misérables“ на Том Хупер
- „Life of Pi“ на Анг Ли
- „Django Unchained“ на Квентин Тарантино
- „Argo“ на Бен Афлек
- „Amour“ на Михале Ханеке

Најдобар актер:
- Даниел Деј Луис („Lincoln“)
- Дензел Вашингтон („Flight“)
- Хју Џекмен („Les Misérables“)
- Бредли Купер („Silver Linings Playbook“)
- Жоакин Феникс („The Master“)

Најдобра актерка:
Наоми Вотс („The Impossible“)
Џесика Честејн („Zero Dark Thirty“)
Џенифер Лоренс („Silver Linings Playbook“)
Емануел Рива („Amour“)
Кувензан Валис („Beasts of the Southern Wild“)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Филмски оскари 2013!!! 23 Јан 2013 03:58 #230292

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Синоќа го гледав Арго кој инаку зема и Златен глобус за најдобар филм :blink: Филмот е базиран на вистински настан, тајна операција на ЦИА во 1980 за да извлече шест американски дипломатски лица од Иран кои успеваат да се сокријат во канадската амбасада при нападот на американската амбасада во Иран. Ми се допадна филмот, но не ми остави впечаток дека треба да биде номиниран за најдобар филм.
Од друга страна Django Unchained ме воодушеви. Не очекував дека ќе ми се допадне толку многу пред се филм на Квентин Тарантино, а второ вестерн филм. Одличен ексцентричен филм, одлична режија и фантастична глума. Филм кој трае 160 мин, а се гледа во еден здив.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски оскари 2013!!! 23 Јан 2013 04:12 #230298

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Јас ги гледав Silver Linings Playbook и Les Miserables.
И двата ми се допаднаа. Џенифер Лоренс и Бредли Купер ми се фантастичен пар во Silver Linings..., а и ме бендиса приказната.

Незнам како можев да пропуштам Les Miserables е мјузикл, па малку ме изненади тој момент, меѓутоа сума сумарум интересно замислен и реалзиран филм.

Неделава на репертоар е Life of Pi во кино :)


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски оскари 2013!!! 23 Јан 2013 04:18 #230301

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Life of Pi дефинитивно во кино :) Ние вечер одиме во кино на Zero Dark Thirty - исто е филм базиран на вистински настан за ЦИА операција за гонењето на Бин ладен и неговото убиство. Инаку едвај чекам да ги гледам Silver Linings Playbook и Les Miserables, сигурна сум дека ќе ми се допаднат. Оваа година мислам дека има номинирано многу поубави филмови за разлика од претходната :roll:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски оскари 2013!!! 23 Јан 2013 06:01 #230318

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Jas od ovie go gledav samo Life of Pi. (ne vo kino). Prvicno bese idejata za vo kino so sinko, no mi rekoa deka defintivno ne e za deca za vo 3D zaradi efektite koi se prejaki pa go gledavme doma na surround i mozam da vikazam sreka sto ne otidovme vo kino so sinko.
Odlicno filmce i bas me bendisa.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски оскари 2013!!! 26 Јан 2013 04:18 #230565

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Го гледав Django Unchained, ми ги исполни очекувањата - cast одличен, Christoph Waltz обожавам колку е мрднат :)
Освен должината, друго немам да замерам, ама Оскар не би му дала.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски оскари 2013!!! 26 Јан 2013 15:56 #230604

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Од друга страна Django Unchained ме воодушеви. Не очекував дека ќе ми се допадне толку многу пред се филм на Квентин Тарантино, а второ вестерн филм. Одличен ексцентричен филм, одлична режија и фантастична глума. Филм кој трае 160 мин, а се гледа во еден здив.


Во потполност се согласувам со коментарот на Мики Маус. :da:

И јас денес попладнево го гледав Django Unchained и супер беше. Баш ме релаксираше. Има добри фори и одлична музика.
Последна промена: 26 Јан 2013 15:59 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски оскари 2013!!! 16 Фев 2013 17:06 #232815

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Ги гледав Argo и Silver Linings Playbook, двата се ок, вториов сепак повеќе ме освои. Zero Dark Thirty не планирам да го гледам баш заради темата, бљак ми се филмови каде американциве го спасуваат светот. Следни ми се Django и Life of Pi. Незнам дали и овој Amour ќе најдам некаде да го симнам (односно мм, тој е задолжен за тој дел кај нас дома), го гледал ли некој?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски оскари 2013!!! 16 Фев 2013 17:50 #232820

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Lif of Pi me voodushevi, taka ne me razmrdal film so godini! Prekrasen,neobicen,fascinantna prikazna,rezija,montaza i kamera!

Go preporacuvam! I toa zadolzitelno vo kino so 3d naocari!

P.S ne e bas soodveten za deca.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mama ana

Ре: Филмски оскари 25 Фев 2013 04:37 #233527

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
На 85-то доделување на филмските награди Оскар, кое се одржа изминатава ноќ во Лос Ангелес, за најдобар филм е прогласен Арго на режисерот Бен Афлек, а четири награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобра режија, доби Животот на Пи на режисерот Анг Ли.

Еве на листата на доделени оскари:

1. Најдобар филм: Арго
2. Најдобра режија: Животот на Пи, Анг Ли
3. Главна женска улога: Џенифер Лоренс, Прирачник на оптимистот
4. Главна машка улога: Даниел Деј Луис, Линколн
5. Споредна женска улога: Ен Хатавеј, Клетници
6. Споредна машка улога: Кристоф Валц, Џанго разузданиот
7. Оригинално сценарио: Џанго разузданиот, Квентин Тарантино
8. Адаптирано сценарио: Арго, Крис Терио
9. Странски филм: Љубов, Михаел Ханаке
10. Краток игран филм: Курфју, Шон Кристенсен
11. Краток анимиран филм: Пејпермен, Џон Карс
12. Долгометражен анимиран филм: Храбрата Мерида, Марк Ендрјус и Бренда Чепмен
13. Краток документарен филм: El Inosente, Шон Фајн, Андреа Никс
14. Долгометражен документарен филм: Во потрага по Шугармен, Малик Белаџелуи
15. Оригинална музика: Животот на Пи, Мајкл Дена
16. Оригинална песна: Скајфол, Пол Епворт, Адел
17. Камера: Животот на Пи, Клаудио Миранда
18. Монтажа: Арго, Вилијам Голденберг
19. Монтажа на звук: 00.30 – Тајна операција, Пол Ен Џеј Отосон / Скајфол, Пер Халдберг, Карен Бејкер Лендерс
20. Микс на звук: Клетници, Енди Нилсон, Марк Патерсон, Сајмон Хејс
21. Сценографија: Линколн, Рик Картер, Џим Ериксон
22. Костим: Ана Каренина, Жаклин Дуран
23. Шминка: Клетници, Лиза Весткот, Џули Дартнетл
24. Визуелни ефекти Животот на Пи, Бил Вестенхофер, Гијом Рошерон, Ерик Жан де Боер, Доналд Р. Елиот

Извор

Ја гледавте ли церемонијата? Јас го гледав само почетокот кога доаѓаа на црвениот тепих и во стајлингот никој посебно не ме воодушеви оваа година, сите ми беа просечни.
Последна промена: 25 Фев 2013 04:37 by Marge.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, Ирис, Cize

Ре: Филмски оскари 2013!!! 25 Фев 2013 17:39 #233575

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Толку ми се спиеше, што не го изгледав целосно ни пристигнувањето, камо ли церемонијата. Еве сега го догледувам на E!. Инаку најубава ми беше Jessica Chastain, гламурозна, баш како за Оскари.
Јас пак денеска се израдував дека две македонски студија работеле на Арго и на Life of Pi.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски оскари 17 Јан 2014 18:16 #248015

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
По 10 номинации за Оскар за "Измама" и "Гравитација"

Комедијата "Американска измама" и 3Д вселенската одисеја "Гравитација" водат со по 10 номинации за Оскар, а историскиот еп "12 години роб" е веднаш зад нив со девет номинации. Номинациите што беа соопштени ги ставија во трка трите сосема различни филмови што се номинирани во категоријата најдобар филм во која има девет кандидати.
Другите номинирани се "Капетан Филипс", "Клубот на потрошувачи од Далас", "Нејзе", "Небраска", "Волкот од Волстрит" и "Филомена".

Највпечатливо беше отсуството на номинација за Том Хенкс за главната улога во "Капетан Филипс". Роберт Редфорд, за кого многумина очекуваа дека ќе биде номиниран за бродоломната драма "Сe е изгубено" исто така остана без номинација за најдобар актер. Редфорд никогаш нема добиено Оскар како актер.
За најдобар режисер номинирани се Дејвид О. Расел за "Американска измама", Алфонсо Куарон за "Гравитација", Александер Пејн за "Небраска", Стив Меквин за "12 години роб" и Мартин Скорсезе за "Волкот од Волстрит".
Во категоријата најдобар актер се номинирани Чиветел Еџиофор ("12 години роб"), Брус Дерн ("Небраска"), Леонардо ди Каприо ("Волкот од Волстрит"), Метју Меконахи ("Клубот на потрошувачи од Далас") и Кристијан Бејл ("Американска измама").
Филмот "Спасувајќи го господин Бенкс" за тоа како Дизни го сними "Мери Попинс", исто така остана без номинација за најдобар филм и актерка за Британката Ема Томпсон.
Номинирани за најдобра актерка се Ејми Адамс ("Американска измама"), Австралијката Кејт Бланшет ("Тажната Јасмин"), Сандра Булок ("Гравитација"), Британката Џуди Денч ("Филомена") и Мерил Стрип ("Август: Осејџ Каунти").
За најдобра споредна машка улога номинирани се Баркад Абди за "Капетан Филипс", Бредли Купер за "Американска измама", Мајкл Фасбендер за "12 години роб", Џона Хил за "Волкот од Волстрит", Џаред Лето за "Клубот на потрошувачи од Далас", а за најдобра споредна женска улога Сали Хокинс ("Тажната Јасмин"), Џенифер Лоренс ("Американска измама"), Лупита Нјонго ("12 години роб"), Џулија Робертс ("Август: Осејџ Каунти") и Џун Скуиб ("Небраска").
За најдобар странски филм номинирани се "Раскинат круг" од Белгија, "Величествена убавина" од Италија, "Лов" од Данска, "Слика што недостига" од Камбоџа и "Омар" од Палестина.
86. доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука ќе се одржи на 2 март, а ќе ги води Елен Деџенерис по втор пат.

Извор
Последна промена: 17 Јан 2014 18:31 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Филмски оскари 25 Јан 2014 06:54 #248220

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
„Оскар“ за најдобар филм за „12 години ропство“?


Главната трка на 86. „Оскари“ ќе се води меѓу „Гравитација“ и „12 години ропство“ во годината со најмногу контроверзии

Главната оскаровска трка оваа година, сепак, нема да се води меѓу двата филма што поведоа на листата по бројот на номинации, „Американски измамници“ и „Гравитација“, кои добија по десет номинации, меѓу кои и оние за најдобар филм и режија. Бидејќи, според сите предвидувања, филмот кој има најголеми шанси да биде прогласен за најдобро остварување во 2013 година е „12 години ропство“ на Стив Меквин, кој доби девет, односно една номинација помалку. Така што, според досегашните награди на еснафските здруженија што се сметаат за најсигурен показател за претстојните оскаровски победници, тежиштето се преместува на филмовите „12 години ропство“, и тоа за најдобар филм и „Гравитација“, за најдобра режија на Алфонсо Куарон.

Така велат сите предвидувања, бидејќи, според статистиките, во последниве 25 години најдобар патоказ за тоа кој ќе добие „Оскар“ се наградите на американските здруженија на продуценти и на актери, потоа „Златните глобуси“, како и наградите на критиката и на Филмскиот фестивал во Торонто. А според нив, филмот кој се очекува годинава да добие „Оскар“ е „12 години ропство“. Но, она што изненади е излегувањето во прв план на научнофантастичниот филм „Гравитација“, кој успеа да ги добие најмногубројните награди за режија. Инаку, овој филм, кој направи и извонредна заработка на киноблагајните, покрај признанијата за режија, собра многу признанија во техничките категории, фотографија, монтажа, визуелни ефекти.

Повеќе
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.