Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Банкарски кредити

Банкарски кредити 11 Ное 2010 17:40 #71217

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
мислам дека ја имаше оваа тема но неможам да ја најдам,ако ја има слободно преместете го постот. Ми треба ваши искуства.
сакам конечно па почнам да разгледувам за нов стан/куќа и сигурно ќе ми треба да земеме кредит.Разгледував по веб страните на банките и некако Тутунска И Стопанска ми имаат најповолни услови за станбен кредит, но ратата е ограничена на 1/3 од примањата а гледав дека кај Охридска и Ик банка ратата може да е и 1/2 од примањата. Колку отприлика се пропратните трошоци кога подигаш кредит, за администрација, осигурување итн.
Последна промена: 11 Ное 2010 17:40 by None-bt.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 11 Ное 2010 17:44 #71220

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Ноне, мислам дека може со кокредитобарател да го земеш кредитот (на пример мажот ти), па ќе отплаќате повисока рата. Е сега, се разбира да немате друг товар на платата.

Јас немам земано станбен кредит, ама сигурно имаш трошоци и тоа не само за осигурување, туку проценка на хипотека, упишување на хипотека во катастар, нотарски трошоци....




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 11 Ное 2010 17:50 #71224

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
  • Карма: 14
ај уште еднаш провери ја стопанска банка ад скопје, они имаат најлоши услови бидејќи за било што да направиш, на пример пред време да отплатиш дел од кредитот или цел дај боже, ти земаат провизија или така наречени пенали си плаќаш.за тутунска провери каква ќе ти биде каматната стапка бидејќи они имаат една за до три години и таа мислам дека им беше фиксна, а после тоа камата доаѓа некаде околу 8,5 за останатите со што се менува.
најдобро ќе биде лично да одиш до банка и да се распрашаш, а за трошоци околу кредитот некаде околу 60 000 денари беше, една колешка пролетва земаше кредит од тутунска и така рече дека платила.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 11 Ное 2010 17:51 #71225

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
знам Анабел, мм сега доби решение на неопределено па имаме малку повеќе сигурност за платите и баш и така си мислев двата да бидеме баратели на кредит. мм сеуште им нема кажанона работа која му е жиро сметката, бидејќи јас земам плата преку НЛБ си мислев и тој да отвори сметка таму, како пто гледам ако земаш плата преку банката каде че отвориш кредит каматите се малку пониски. читав за сите тие пропратни трошоци што ти ги споннуваш затоа и ме интересира отприлика колку пари се. други товари на плата немаме.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 11 Ное 2010 17:55 #71227

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
Стопанска банка од време на време даваат некои акции за поволни формалности и администрација пред подигнување на кредитот, значи тие проценки за впишување на хипотека, катастер ....
Инаку јас го имам земено од Стопанска банка, хипотекарен, куќата што ја купивме ја ставивме под хипотека. Нас рекапитулари не ни бараа зашто тогаш мм имаше голема плата и работеше за странска фирма.
Вчера го гледав договорот и јас мислев претходно дека треба да се платат казнени пенали за предвремено исплаќање на кредитот, но во договорот стои дека ако се исплати кредитот со сопствени пари нема никакво плаќање, провизија (ова уште не ми е верно па ќе се распрашам и јас). Инаку боли тоа што за 25 години треба дупло да ја исплатам земената сума, ама тоа е :(
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 11 Ное 2010 18:12 #71239

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Околу 9500 денари трошоци за нотар - тука спаѓа и она ситното што тие треба да го платат во Катастар за да извадат имотен лист во корист на Банкаta.
0,5% од кредитот како Трошоци за кредитот, нешто ситно за обработка на кредитот (околу 300-500ден), трошоци за проценка (2000 денари) и интеркаларна камата (камата за времето од подигнување на кредитот до почеток на исплата - најниска била ако кредитот се подигни во петок (не знам зошто, ако може некој од банкариве да објасни :emm: ))
И обавезно мора да се осигура имотот во корист на Банката, т.е. да се винкулира во нивна полза (ова е некаде до максимум 1000 денари, зависи од квадратурата и местоположбата на недвижниот имот).
Овие информации се за станбен кредит од Комерцијална Банка. Прошетавме на повеќе места, и најповолната за нас понуда беше токму од нив. Добро е што кај нив кредитот е со денарска клаузула, и хипотеката им е во однос 1:1,4, што не е случај со Тутунска, на пример, каде соодносот е 1:2. Не мора да ја префрлаш платата во нивната банка (не те условуваат со тоа) и за релативно кратко време ни го одобрија кредитот (со се Катастар и чекање за проценка - во рок од 2 недели ги имавме парите :) )
Провери ги сајтовите на сите банки, меѓутоа не им верувај слепо, ниту пак на Калкулаторите за ануитети на истите. Тркни си до секоја посебно, кажи им за колкав износ станува збор, нека ти дадат Амортизационен план, па дома разгледувајте, калкулирајте и споредувајте - само тие бројки се веродостојни ;)

п.с. Парите (освен тие за нотар) ни беа одземени од одобрениот кредит...имајте го тоа на ум кога ќе го барате саканиот износ :)
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 11 Ное 2010 18:13 by Goddess^.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 03:59 #71456

  • Zlatna
  • Zlatna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1107
  • Thank you received: 360
  • Карма: 32
NONE-BT па и сите други што сте заинтересирани за земање на кредит...Нотарските трошоци не се фиксни и се различни секаде...најмногу зависи од висината на кредитот што сакате да го подигнете.Според висината на сумата за кредитот што сакате да ја земате според тоа и се пресметуваат и нотарските трошоци...потоа зависи и со која банка и каков договор има банката со нотарот...некој нотари прават нотарски акти, а некој солемнизација.Потоа дали има и меници или пак колку се кокредитобаратели или пак колку жиранти.Се прават и некои заверки на одделни документи...има повеќе работи....така да кога ќе се собере нотарските трошоци може да излезат доста високи.


За интеркаларната камата...значи не важно дали ќе се земе во петок, туку на крајот од тековниот месец, тогаш таа е најниска.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 05:07 #71499

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Грубо кажано, треба да сте спремни да одвоите 300 до 500 еур за дополнителни трошоци
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 05:10 #71501

  • Macence
  • Macence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 192
  • Thank you received: 94
  • Карма: 12
Mama Ane wrote:
Вчера го гледав договорот и јас мислев претходно дека треба да се платат казнени пенали за предвремено исплаќање на кредитот, но во договорот стои дека ако се исплати кредитот со сопствени пари нема никакво плаќање, провизија (ова уште не ми е верно па ќе се распрашам и јас).

За стамбен кредит не се плаќале пенали, а за потрошувачки се плаќале ако порано го исплатиш кредитот. Така ни кажаа нас пред 1 година во Стопанска банка.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Банкарски кредити 12 Ное 2010 14:30 #71561

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Трошоците што ги наведов се за станбен кредит од Комерцијална Банка, и тоа кај нотар со кого нормално, тие имаат договор (да не го пишувам името) :) Трошоците за нотар во КБ можат да се движат до максимум 200 евра (без разлика на висината на кредитот), меѓутоа голем плус е што барателот не трча по катастар да си вади имотни листови и да запишува хипотеки, туку тоа го прави нотарот, и по службена должност завршува за максимум 2 дена. Меница повеќе не бараат (барем во КБ), затоа и не ја наведов.
Пак ќе кажам, овие се информации за КБ, стари месец и пол :) Варираат, и тоа многу, од банка до банка.
Dzena wrote:
За интеркаларната камата...значи не важно дали ќе се земе во петок, туку на крајот од тековниот месец, тогаш таа е најниска.

Нема врска ако го земиш кредитот на крај на месецот, пошто датата на исплаќање на парите ти е всушност дата за отплата на ратите. Ние го земавме на 16ти, и секој 16ти во месецот ни е краен рок за плаќање, значи, како и да свртиш, има период од 1 месец. Поентата со интеркаларната камата била друга, затоа прашав кој знае да кажи зошто петок е најдобар, пошто и кога ги подигнувавме парите имаше страшно гужва, па службениците што пушеа надвор коментираа дека петок им е најхаос ден за кредити.
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 14:40 #71567

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Ние имаме станбен кредит и во нашиот договор стои дека за предвремена отплата не се наплаќа ништо. И на нас така ни е планот, но сега ме збуни мама Ане :) Само се надевам дека така ќе биде, не ми требаат дополнителни главоболки, ако не, ќе се повикам на договорот.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 14:43 #71570

  • Zlatna
  • Zlatna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1107
  • Thank you received: 360
  • Карма: 32
Goddess^ јас ги пишав тие информации за сите да имаат во предвид кој се работи може да им излезат...Јас не го пишувам тоа од памет ....Пишав за да споделам затоа што од таму имам повеќегодишно работно искуство :)

И јас не сум банкар, ама интеркаларната камата пак ќе ти кажам, нема врска со петок...ќе ти каже поубаво некој економист од форумов :da:
Последна промена: 12 Ное 2010 14:48 by Zlatna.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 15:07 #71579

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Знам Dzena, затоа и јас ги наведов сите трошоци со кои се сретнавме во текот на барањето и одобрувањето на станбениот кредит пред месец и пол :) Затоа и толку пати нагласив дека ова се информации за КБ, и за станбен кредит....се согласувам со тврдењето дека интеркаларната камата е најмала на крај на месец, меѓутоа сакав да потенцирам дека тоа не е случај со станбените кредити (пошто кај нив се врзуваш со датата кога си ги подигнал парите), а има врска со потрошувачките, кога не е битно подигнувањето, пошто отплатата си е до 10ти секој месец :)
Збунувачки е што темава е отворена генерално како Банкарски кредити, а Ноне бара информации за станбен, па податоците се мешаат, ништо од ова не е исто за различни видови на кредити :wtf:

п.с. Свеки земале станбен (20.000 евра) пред 3 години од Охридска Банка и нивните нотарски трошоци биле околу 18.000 денари :blink: (додека нашиот кредит е 37.000 евра) Толку бевме и ние спремни да платиме, очекувавме дека барем овие трошоци се стандардизирани до некаде, меѓутоа не било така (барем не за различни банки)....плус поминаа 3 години, можеби нешто се изменило во меѓувреме....како и да е, ние отпосле дознавме дека КБ ги ограничува нотарските трошоци до 200 евра, без разлика на износот на кредитот.
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 15:18 #71584

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
fala na site za informaciite. jas ja otvoriv temata opsto zatoa sto seuste ne znam koj kredit najmnogu ke mi odgovara, mene mi trebaat sigurno negde okolu 15-20.000 eur so rok navrakanje negde 6 godini. mozebi ne mi odgovara stanben, moze poveke ke mi odgovara potrosuvacki za da gi izbegnam site tie trosoci vrzani so stanbeniot, ne znam. vo sekoj slucaj ke treba da se odi do bankite i da se pobara amortizacionen plan, kako sto veke pisa nekoj. dali site banki kade sto ke odite davaat vakva informacija?
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 15:44 #71600

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Мислам дека Не...не ме држи за збор, ама мислам дека нас Тутунска немаше да ни го даде информативниот амортизационен план ако немавме познат од внатре :emm:
Комерцијална дава, Охридска исто така...не сум информирана за другите :)
Како и да е, толку висок износ мислам дека ќе ве „изеде“ ако го земите како потрошувачки...подобро побарајте го како Станбен на 6-7 години, мнооооооооогу помала камата ќе платите - станбените се со отприлика 8-8,5%, а потрошувачките со отприлика 13% :ohmy:

Исто да кажам дека кредитот што го земавме од КБ е револвинг со кредитен лимит - врз основа на примањата и хипотеката се утврдува кредитен лимит кој би можел да се користи до 2045 (на пример). Кај нас лимитот ни беше поголем од износот што го побаравме, така да, ако имаме потреба од хитни пари, само даваме барање за нов кредит во истата хипотекарна рамка и заштедуваме на процедури, барања, комисии, документи :)
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 12 Ное 2010 15:45 by Goddess^.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 18:24 #71740

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Svekor mi ima zemeno okolu 25000 evra go zema so rok na otplata na 7 godini ok stopanska ama ic ne e zadovolen i sega saka da go zatvori i da zeme od tutunska banka mislam deka oni se najdobri po toa sto go slusav.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 12 Ное 2010 18:36 #71752

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Јас немам добро искуство со Тутунска Банка (во смисла на понудено), ама сепак, тоа се индивидуални работи и треба само малце време да се потроши за да се најде онаа банка која најмногу одговара на вашите потреби во моментот :)
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 13 Ное 2010 16:55 #71984

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
NONE-BT wrote:
fala na site za informaciite. jas ja otvoriv temata opsto zatoa sto seuste ne znam koj kredit najmnogu ke mi odgovara, mene mi trebaat sigurno negde okolu 15-20.000 eur so rok navrakanje negde 6 godini. mozebi ne mi odgovara stanben, moze poveke ke mi odgovara potrosuvacki za da gi izbegnam site tie trosoci vrzani so stanbeniot, ne znam. vo sekoj slucaj ke treba da se odi do bankite i da se pobara amortizacionen plan, kako sto veke pisa nekoj. dali site banki kade sto ke odite davaat vakva informacija?

Godess веќе пишала, ама еве да ти потврдам и јас. Потрошувачките и станбените кредити се неспоредливи од аспект на каматна стапка (тука некаде се како што она веќе те информирала). За кредит од 15-20.000 евра не се зема потрошувачки, доколку намената ти е стан и можеш да земеш станбен, зашто секако е поисплатлив. Некои банки даваат информации и по телефон, така да сврти слушни си се, па после прошетај и на лице место. Ај до после ќе пишам за моите истражувања по банкиве...
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 15 Ное 2010 17:49 #72654

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
Во врска со интеркаларната камата:

Тоа е камата што банката ја засметува од денот кога ги има одобрено средствата од кредитот до денот кога корисникот ја плаќа првата рата од кредитот.
Е сега, она за петокот ме збуни горе па чисто да сме 100% сигурни јас се јавив до банка да се распрашам уште еднаш. Инаку сум дипл. економист и ми се јасни тие работи, ама викам ајде.

Ми рекоа вака: Кредитот го одобруваат кој било ден, значи откако ќе евалуираат се што е поврзано со барањето за кредит, банката го затвора барањето и ги одобрува средствата на продавачот на недвижноста. Меѓутоа, отплатите на ратите секогаш ги темпираат на 1ви во месецот, што значи дека има одреден период од одобрување до тој датум, кој може да варира.Износот на онтеркаларната камата може секој да го пресмета, така што го множи износот на кредитот со каматната стапка на кредитот и бројот на денови од исплата на кредит до прва рата и делиш со 36.500. Пример, на кредит од 45.000 евра (ние тука некаде сакаме да земеме кредит, па затоа така и си сметам), со к. стапка од 7,25% и одобрување на средина на месецот (остануваат уште 15 дена до 1ви), инт. камата е 134 евра.
Ова што го пишувам важи за Охридска банка. За другиве банки, евентуално прашајте дали е можно веднаш да се отплати првата рата односно со моментот на одобрување да започне отплатата и тој датум (кој било во месецот) секогаш да си се плаќа ратата. Ваму не можело, на 1ви ги правеле.
А не е мал тој износ. Пример, што ако го одобрат на 2ри, тоа е цел месец и би си платил 300 евра инт. камата, што ги зголемува трошоците...
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 15 Ное 2010 18:01 #72658

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Ауууу Зока, до сега не сум слушнала некој да платил интеркаларна камата 300 евра! :gone:

Податоците кои јас ги пишав се за Комерцијална, и на износ од 37.000 евра, подигнат на 16ти во месецот (ратата ни е темпирана секој 16ти) плативме околу 700-800 денари интеркаларна камата...ај баш ќе прашам една пријателка во КБ да ми го објасни ова со петокот, па ќе ви пишам :)
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 15 Ное 2010 18:14 #72673

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
Епа затоа не сте платиле значајна сума Годес, зашто така ви ја темпирале ратата. Тоа ептен ми се свиѓа! Зошто да морам на 1ви да плаќам рата и да морам огромни суми интеркаларна камата да плаќам. Инаку ти пишав како се пресметува интеркаларната, зависи од параметрите може и над сумата од примерот да излезе...

Ај пиши што ќе каже пријателката
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 15 Ное 2010 18:16 #72675

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
Поволноста на станбените кредити не зависи само од условите што банките ги имаат поставено, туку и од состојбата на кредитобарателот.

Вака од прва гледано, Стопанска Скопје има најповолни услови. Каматната стапка е најниска, честопати имаат одредени промотивни понуди (порано беа без одредени трошоци, сега гледам даваат кредитна картичка - што многу значи кога се вселуваш и ти требаат средства за се, а немаш толку..), предвремената отплата е БЕЗ провизија (тоа го пишува и во договорите и знам луѓе што отплатиле предвремено без провизија) итн. Само мала напоменам, таа предвремена отплата обично значи дека пак се ќе си платиш, зашто многу голем дел од ратата на почеток оди на име камата а мал дел на главнина (си има во амортизационен план), така што после половина време од отплата на кредитот, каматата речиси се губи. Во секој случај, добро е тоа што не се плаќаат дополнителни пенали/провизии за предвремена отплата.

Меѓутоа, има една негативност кај овој кредит од Стопанска: дозволуваат задолженост максимум до 28% од примањата на кредитобарателот и ко-кредитобарателите (тоа може да биде само сопружник, друг тешко за ваков тип на кредит од многу години. Дури и родител не може да ти биде, обично не го исполнуваат условот за максимална старост). Тоа значи дека ќе мораш да земеш кредит на отплата на многу години за да стигнеш до одредена сума, ако и успеешп да стигнеш до потребната сума. Ова зборам за луѓе кои немаат којзнае колкав семеен буџет, некои можеби го немаат тој проблем, има треба помал кредит итн.

Во нашиов случај, не само што од Стопанска не можеме да земеме сума што ни треба, туку и тоа што би го земале би морало да биде на 30 години за да земеш што може повеќе, а повратот на 30 години е над 2 пати, ми се чини околу 2,3 (земеш 10.000, вратиш 23.000 евра). А повратот на 15 години, да речеме, е 1,6 пати (земеш 10.000, вратиш 16.000 евра). Кога вака ќе израчунаш паѓа во вода предноста со каматната стапка.

Друго, некој пишал погоре дека Охридска дозволуваат задолжување до 50% од плата. Да, ама само со рок на отплата до 15 години (со каматна стапка 7,25%), а ако сакаш над тоа па до 30 години, дозволуваат само 33% од плата и кам. стапка им е повисока 7,75%.

Лично за нас, после многу телефонски разговори и шеткања по Стопанска, НЛБ Тутунска, Комерцијална, Охридска и Шпаркасе, утврдивме дека единствено Охридска ни се поволни. Кај нас клучен момент е тоа што сопругот е привремено вработен и добива договори на три месеци и после пак и пак... Охридска тоа го признаваат во семеен буџет (ако работи над две години во фирмата), а другите банки се поригорозни и не го признаваат тоа (Комерцијална признава некои додатни приходи-од договори на дело и слично...).

И се фино, само уште стан да најдевме...Бараме интензивно 3 месеци и ништо! Ама ајде не се знае среќата... :)
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 15 Ное 2010 18:42 #72698

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Премногу добар маркетинг на Стопанска, за на крај, кога ќе ги направиш пресметките, да утврдиш дека НЕМА НИКАКВА РАЗЛИКА меѓу банките :zid; Единствени работи што на баратели на кредит би им менувало нешто се: % од плата од барателот и кокредобарателите, соодносот на хипотеката и трошоците за интеркаларна камата и нотар.

За Тутунска ви гарантирам дека калкулаторот што им е на сајтот не да не им е точен....ОТАДЕ е грешен :mdf: Со сите поволности што ни ги даваа (таму земам плата, доволно висока, со многу високи екстра приходи од кирија (што за нив е плус, бидејќи можат да баратаат со нив)) ратата не ми испадна ништо пониска од сега што ја имаме во КБ, и тоа за поголем износ! За стан, проценет на 60.000 евра, ми одобруваа максимум кредит од 30.000 :wtf: Хелооууууууууу, не сум несалам да си го задолжам станот за упола износ! :zid;

Во Комерцијална односот е 1:1,4 за хипотека, значи за 37.000 евра, нас ни требаше проценка од 51.800 евра на станот...која разлика а? :blink: Мене ми ја земаа цела плата во предвид, а на кокредитобарателите (освен ако не ти е прв род - татко, мајка, сопруг, дете) земаат 50% од платата во предвид. Нашиот кредит е на 17 години, ние баравме на 15, меѓутоа не можеше со примањата (решивме да не ги даваме да се земаат во предвид екстра пригодите од киријата). Значи, без ништо екстра, со 100% моја плата, и по 50% од двата кокредитобаратели, ние земавме 37.000 евра на 17 години. Исто битно - кредитот е со денарска клаузула, не девизна.

п.с. Зока, мала дигресија на муабетот - пиши ми ПП за каков стан сте заинтересирани, до колку сте спремни да одите, па пошто мм е во тој бизнис, ќе го пуштам да провери и сигурно нешто ќе ви најди :)
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 15 Ное 2010 18:43 by Goddess^.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 15 Ное 2010 18:54 #72711

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
  • Карма: 14
еве што дознав јас за Комерцијална дека кокредито барателот треба да има до 70 години на денот на исплата на кредитот за да биде валиден. е во тутунска е до 64 години ова се инфо од луѓе кои во август земаа кредит преку комерцијална.
The administrator has disabled public write access.

Банкарски кредити 15 Ное 2010 19:12 #72721

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
  • Карма: 90
Односот плата-рата, колку треба да биде 1:2, 1:3 или...??? Пример земам плата 1000евра, ратата може ли да ми биде 800,900 евра или мора ратата да е до 500 евра па на подолг период да биде кредитот или на пократок ама цела моја плата да оди, а мм и останати кокредитобаратели ќе ме поддржуваат...???
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
Последна промена: 15 Ное 2010 19:16 by lavce.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.