Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Вадење пасоши, лични карти и др. документи!

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 22 Фев 2013 10:21 #233354

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
На син ми ќе му истече наскоро пасошот, а ќе патуваме во Македонија крајот на Април. Ќе може ли да влезе во МКД со истечен пасош (а богами и да излезе од Германија) па да извадиме таму нов? Ќе морам да се јавам во конзулатот во Бон, ама ај некој да знае од искуство, зашто да ги добиеш во конзулат на телефон треба живци ортома, а прошлото одење и не ни кажаа дека треба слики за малиот, па едвај завршивме работа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 22 Фев 2013 11:16 #233362

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Cize koga soopstija deka starite (plavi) MKD pasosi poveke nema da vazat zaklucno 02. mesec 2012 nie dobivme izvestuvanje od MKD Ambasada vo London deka ke moze da se patuva so istecen pasos samo sto treba Ambasadata nasa da izdade nekakov paten list.
Bidejki ne postoi opcija da se izvadi biometriski pasos vo niedno nase prestavnistvo vo stranstvo znaci deka ovaa opcija seuste postoi.
E sega nie ne ja testiravme ovaa moznost bidejki mm ima i Britanski pasos, pa patuvase so nego, a na vlez vo MKD plus go pokaza isteceniot Makedonski (imase muabet togas deka nema da moze da vleze vo Makedonija so stranski pasos :tupco: ) no dobi predupreduvanje deka so Britanski pasos nema da moze da ja napusti drzavata :tupco: , pa izvadivme nov.

Nemaat vo konzulatot e-mail, pisi im ako ne dobivas na telefon. :pp:
Последна промена: 22 Фев 2013 11:22 by Fairy. Причина: pecatni greski
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 22 Фев 2013 15:31 #233384

  • lela
  • lela's Avatar
  • Offline
  • junior
  • BOG CE UVJEK SVAKOM DATI;SAMO TREBA VJEROVATI...
  • Теми: 549
  • Thank you received: 222
  • Карма: 12
Cizi izvadi od ambasada dokument kosta 30 evra i bez problem ke pominete na site granici inaku ke ve kaznat.Nas letoska t.e mene imav plav pasos i neznaev deka istekle i vo slovenija me kaznija 350 evra i vratija nazad,viken ambasada neraboti,hoteli polni haos,so malo dete pa aj od Pp so prijateli vo nedela ne primija i mi dadoa takvo livce i ti trebat 2 sliki.
I mislam deka nema poveke konzulat vo Bonn deka ima samo vo Berlin i Minhen.
i tako bi točkica, iz točkice naraste graškić, iz graškića oraščić, iz oraščića kruškica, iz kruškice dunjica, iz dunjice lubenica, a iz lubenice naša mala bebica :love:

...http://
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 23 Фев 2013 00:26 #233407

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Аха, значи пак ќе ни треба тоа патно писмо. Вадевме и пред првиот пасош да го извадиме. Си ја знаеме постапката ;) Мислам дека во Бон функционира конзулатот, од кај мене од работа вадат често визи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 25 Фев 2013 05:11 #233531

  • Ирис
  • Ирис's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 79
  • Thank you received: 17
  • Карма: 0
bart wrote:
Ирис wrote:
Треба да патуваме во Бугарија од 3-10 јануари, а пасошот на син ми му трае до 12 јануари. Дали може да ни прават некој проблем на граница Бугариве? Ако е некој упатен нека каже. Знам дека на времето за вадење грчка виза мораше пасошот да ти важи најмалку 6 месеци плус од последниот ден до кога ти важи визата, па помислив и на граница да не може да прават таква некоја зафрканција?

Нема да ти вреди многу мојот одговор сега, ама еве како информација и за другите. Отприлика еден месец пред истек на рок на важење на пасош- нема да те пуштат на граница.

Можеби на некој ќе му користи оваа информација, немавме никаков проблем на граница, ниту нашите, ниту бугарите прашаа нешто :rm:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 25 Фев 2013 05:22 #233533

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
Европа

Прв период: 22 ноември 2012 – 15 јануари 2013 година
Втор период: 01 март – 31 мај 2013 година

При најавувањето, државјаните на Република Македонија треба да ги достават следните податоци:

- име и презиме (за лица со променето име или презиме и името и презимето во моментот на раѓање)
- место, датум и држава на раѓање
- име и презиме на родителите
- последна адреса на живеење во Република Македонија
- тип на пасош за кој се поднесува барање: Тип “А” (македонски, како и македонско – бошњачки, турски, српски, влашки и ромски) и тип “Б” (македонско – албански)
- вид на барањето за пасош (издавање нов пасош, замена на пасош со поминат рок на важност, предвремена замена на пасош чиј рок на важност не е изминат, заменет на оштетен пасош, издавање на “дупликат” пасош доколку пасошот е изгубен или украден)
- адреса на живеење во странската држава
- телефон или е-маил за контакт

Согласно најавата, дипломатско–конзуларните претставништва на Република Македонија за истото ќе го информираат Министерството за надворешни работи, кое ќе го информира надлежното Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, со цел проверка дали постојат законски пречки за прием на барањето за издавање на пасошот.

Оние државјани за кои Министерството за внатрешни работи ќе утврди дека не постојат законски пречки да биде примено барањето за издавање на пасош, ќе можат да го поднесат барањето во следните периоди и во следните градови:
1. За поднесена најава во периодот од 22 ноември 2012 до 15 јануари 2013 :

15 февруари 2013 – Стокхолм
16 февруари 2013 – Гетеборг
17 февруари 2013 – Малме
18 февруари 2013 – Копенхаген
19 февруари 2013 – Хаг
20 февруари – 21 февруари 2013 – Брисел
22 февруари 2013 – Лондон
23 февруари - 24 февруари 2013 – Париз
25 февруари 2013 – Берн
26 февруари – 27 февруари 2013 – Местре
15 април – 17 април 2013 – Берлин
18 април – 27 април 2013 – Бон
28 април – 30 април 2013 – Минхен
01 март – 02 март 2013 – Виена
28 февруари 2013 - Љубљана

2. За поднесена најава во периодот од 01 март до 31 мај 2013:

01 јули –05 јули 2013 – Стокхолм
07 јули – 10 јули 2013 – Гетеборг
12 јули – 14 јули 2013 – Малме
16 јули – 19 јули 2013 – Копенхаген
21 јули – 24 јули 2013 – Хаг
26 јули – 29 јули 2013 – Брисел
31 јули – 04 август 2013 – Лондон
06 август – 09 август 2013 – Париз
11 август -17 август 2013 – Берн
19 август – 22 август 2013 – Местре
24 август - 26 август 2013 – Пјаченца
28 август – 01 септември 2013 – Берлин
03 септември – 09 септември 2013 – Бон
11 септември – 15 септември 2013 – Минхен
16 септември – 18 септември 2013 – Виена
19 септември -21 септември 2013 - Љубљана

При поднесувањето на барањето за пасош државјаните на Република Македонија задолжително треба да презентираат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето кое поднесува барање за пасош) и копија од истиот.

Доколку се поднесува барање за издавање на пасош на лице кое го изгубило пасошот или истиот му е украден, потребно е да биде доставен и оригинален документ – потврда од Службен весник на Република Македонија за пријавено губење на пасошот. Со барањето се поднесува и оригинален документ за пријава на губењето или кражбата на пасошот и копија на истиот, како и изјава дадена во оригинал од носителот на пасошот.

Поднесувањето на барањето за пасош се врши лично, а за малолетните деца потребно е присуство на двајцата родители односно старателот (старателството се докажува со соодветен оригинален документ – судско решение за старателство и копија од истиот). Доколку едниот родител не е присутен при поднесувањето на барањето за пасош потребна е негова, во оригинал, писмена согласност дадена во форма на полномошно односно изјава, која е заверена на нотар, суд или во дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија. При поднесувањето на барањето за пасош за малолетно лице задолжително се презентира оригинален македонски извод од матичната книга на родените и копија од истиот.

За хендикепирани лица барањето го поднесува законски определениот старател (старателството се докажува со оригинален документ и копија од истиот), а се поднесува и оргинална болничка документација за доказ на болеста или степенот на хендикеп, како и копија од истата.

За барањата за предвремена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност се уште не е поминат или оштетен пасош, при поднесувањето на барањето задолжително се презентира пасошот и копија од истиот.

Сите документи кои се поднесуваат при аплицирањето за пасош, задолжително треба да бидат на македонски јазик. Доколку се поднесува странски документ истиот задолжително треба да биде преведен на македонски јазик, со заверен превод.

При поднесувањето на барањето се плаќа или се доставува доказ за платена конзуларна такса согласно Законот за административни такси. Информација за висината на конзуларната такса може да се добие во надлежното дипломатско – конзуларно претставништво на Република Македонија.

При поднесувањето на барањето за пасош, државјаните на Република Македонија задолжително пополнуваат и пријава за престој во странство подолго од три месеци.

Врачувањето на изработени пасоши ќе се врши во следните периоди и градови:
1. За поднесени барања во периодот 15 февруари – 06 мај 2013 година:

01 јули –05 јули 2013 – Стокхолм
07 јули – 10 јули 2013 – Гетеборг
12 јули – 14 јули 2013 – Малме
16 јули – 19 јули 2013 – Копенхаген
21 јули – 24 јули 2013 – Хаг
26 јули – 29 јули 2013 – Брисел
31 јули – 04 август 2013 – Лондон
06 август – 09 август 2013 – Париз
11 август -17 август 2013 – Берн
19 август – 22 август 2013 – Местре
24 август - 26 август 2013 – Пјаченца
28 август – 01 септември 2013 – Берлин
03 септември – 09 септември 2013 – Бон
11 септември – 15 септември 2013 – Минхен
16 септември – 18 септември 2013 – Виена
19 септември -21 септември 2013 - Љубљана

2. За поднесени барања во периодот 01 јули – 21 септември 2013 година:

11 ноември – 13 ноември 2013 – Стокхолм
14 ноември -15 ноември 2013 – Гетеборг
16 ноември -17 ноември 2013 – Малме
18 ноември -19 ноември 2013 – Копенхаген
21 ноември – 22 ноември 2013 – Хаг
24 ноември - 25 ноември 2013 – Брисел
26 ноември - 27 ноември 2013 – Лондон
28 ноември - 29 ноември 2013 – Париз
30 ноември – 03 декември 2013 – Берн
05 декември – 06 декември 2013 – Местре
07 декември – 08 декември 2013 – Пјаченца
10 декември – 12 декември 2013 – Берлин
13 декември – 15 декември 2013 – Бон
16 декември -18 декември 2013 – Минхен
19 декември -20 декември 2013 – Виена
21 декември -22 декември 2013 – Љубљана

При врачувањето на пасошите државјаните на Република Македонија задолжително треба да презентираат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето кое поднесува барање за пасош).

Доколку е извршена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност се уште не е поминат или оштетен пасош, при врачување на новиот пасош, задолжително се поднесува и стариот пасош заради негово поништување.

Информација за поднесување на барања за пасоши и нивно издавање може да се добие и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија на телефон: +389 2 3133 062, мобилен телефон: +389 75 350 938 или на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Министерството за надворешни работи напоменува дека во зависност од интересот на македонските државјани во странство за добивање на пасоши преку дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија, во текот на годината можно е во случај на потреба (доколку има доволен број на барања за пасоши) да бидат опфатени и други градови во рамките на утврдените термини, кои исто така, доколку има потреба можат евентуално да претрпат и соодветни измени, за што граѓаните на Република Македонија ќе бидат благовремено информирани.

izvor

Cize, oficijalno e zapocnata postapkata za vadenje pasosi vo ambasada. Ako vi e doaganjeto samo za pasos mozes prvo da se rasprasas vo ambasada...sekako ke treba da vadite paten list ;)
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 25 Фев 2013 05:39 #233536

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Emilija wrote:

Cize, oficijalno e zapocnata postapkata za vadenje pasosi vo ambasada. Ako vi e doaganjeto samo za pasos mozes prvo da se rasprasas vo ambasada...sekako ke treba da vadite paten list ;)

Ги погледнавме датите ама постапките траат по 3-4 месеца, и некако кнап ни беше времето. Комбинираме одење за нов пасош, славиме роденден, 1 Мај и Велигден :) И се надеваме на сонце :rm:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 25 Фев 2013 09:19 #233557

  • SIKICA
  • SIKICA's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 20
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Мамички дали некој знае како е постапката за вадење пасош за малолетно дете на разведени родители, дали треба некое одобрение од другиот родител или доволно е само старателот , бидејки таткото е во странство а мајката е старател ме интересира дали од него треба некој документ или потпис или само старателот е битен(мајката во случајов), ве молам ако има некој таква информација нека пише
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 26 Фев 2013 03:06 #233590

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
Јас мислам дека треба согласност и од другиот родител, ама најпаметно е да си провериш директно во МВР.

Закажувал ли некој сега скоро телефонски за пасош? За колку време закажуваат? На ќерка ми и истекува пасошот средина на март па да знам кога да закажам :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: SIKICA

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 26 Фев 2013 03:52 #233593

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Колешката моја за децата се јави во петокот, а и закажаа за вчера (понеделник). Сега е многу брзо :)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 26 Фев 2013 04:52 #233597

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
Zakazuvaat slikanje za sledniot den a pasosot e gotov za okolu 3 dena (poredovna postapka ;) ) Nema guzvi...
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 11 Мар 2013 15:32 #234621

  • Macence
  • Macence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 192
  • Thank you received: 94
  • Карма: 12
Мамички да ве прашам, се породив во Систина и сега ме интересира каде треба да се пријави детето за да му извод од матична книга на подени. Дали треба кај МТВ или во општина Ѓорче Петров?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 11 Мар 2013 16:52 #234623

  • Миња
  • Миња's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • monabombona
  • Теми: 359
  • Thank you received: 82
  • Карма: 1
Маченце, од Систина во Ѓорче Петров. Јас се породив во Чаир, и детето требаше да го пријавам во општина Чаир. Само знам дека мм го враќаа затоа што венчаницата ни била постара од 3 години?!,па мораше да оди да вади нова.
* Шмизлата 05.01.2007
* Шармерот 06.02.2013
If evolution really works, how come moms have only two hands
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Macence

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 11 Мар 2013 17:02 #234625

  • Ирис
  • Ирис's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 79
  • Thank you received: 17
  • Карма: 0
Macence, детето треба да се пријави во МТВ.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Macence

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 26 Мар 2013 04:38 #235708

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Се закажува ли за вадење на извод од МКР, или се оди директно таму? Најдов и начин на уплата на сајтот, ама незнам дали им се валидни податоците на интернет?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 23 Апр 2013 09:33 #237622

  • gorda
  • gorda's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 31
  • Thank you received: 3
  • Карма: 0
:hello: На сајтот на МВР стои дека е потребна лична карта за вадење пасош, а како е за малолетни не пишува... Сакаме за бебево да вадиме пасош, треба ли извод или нешто? Знае ли некој да ми каже? :neznam: Барање, уплатници, тоа знам, друго што треба? Инаку да ги пофалам за закажувањето, закажуваат за ден-два и многу се поажурни од порано :nanana:
Поздрав :chilpil:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 23 Апр 2013 10:29 #237628

  • leona
  • leona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 123
  • Thank you received: 38
  • Карма: 1
Ti trebaat licnite karti od roditelite I izvod (ne ti go zemaat, samo za podatocite im treba). I baranje popolneto, tamu ke go zemes so potpis od dvata roditeli. Sega ima moznost I vo kabinata koga se slikas da platis so karticka. Nie bevme vcera za slikanje.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 21 Фев 2014 07:54 #248860

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Dali nekoj ima informacija dali vo Grcija moze da se patuva so pasos koj ima uste eden mesec rok na traenje. primer sakame da odime na odmor pocetok na avgust, a pasosot na maliot mu istekuva vo Septemvri?
Da ne treba da vadime nov :wtf:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 21 Фев 2014 08:28 #248862

  • winnie the pooh
  • winnie the pooh's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 305
  • Thank you received: 63
  • Карма: 2
jas ja imav istata dilema ama za Bugarija za eden den prestoj, a imav uste eden mesec do istekuvanjeto na pasosot, se javuvav vo MVR, carina, pa duri i vo bugarska ambasada i site mi rekoa deka toj si vazi do posledniot den, i dokolku na denot na vrakanje ne ti e istecen mozes da odis, i nemav problem navistina, sepak moze da si prasas za posigurno da ne ima razlika od drzava do drzava.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Fairy

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 22 Фев 2014 21:42 #248885

  • sweden
  • sweden's Avatar
pasuso ti vazi do poslednio den jas mislam deka nema da ima nikakov problem osven ako ostanis vo stranstvo povejce od vaznosta na pasuso pa posle ce treba da baras pomos vo ambasada pa da ti da paten nalok za da mozis da se vratis nazat.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 22 Мај 2014 08:37 #250876

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
  • Карма: 6
:hello: друштво!! Вадел ли некој скоро државјанство и извод? За колку дена ги даваат? И колку се плаќа :prolet2: Тенкс :loveya:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 22 Мај 2014 10:54 #250883

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
  • Карма: 3
Kaj nas vo kav. gi davaat odma za dve min i izvodot e okolu 210 den a za drzavjanstvo ne znam kolku e


"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 23 Мај 2014 05:39 #250891

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
  • Карма: 6
Сега знам :) Државјанство се издава одма на лице место на шалтер. Чини 150ден. и може да се плати на шалтер со картичка :yes:

Изгледа изводите од матични книги на родени и венчани се чекаат 2-3 работни дена :brm:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 30 Дек 2014 19:19 #253311

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Do koja vozrast mora dvajcata roditeli da se prisutni pri vadenje na pasos za dete, do 18 god ili?
I dali e potreben samo izvod na rodeni ili i drzavjanstvo? Thanks :cvet:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вадење пасоши, лични карти и др. документи! 31 Дек 2014 15:19 #253314

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
Do polnoletstvo. So polnomosno zavereno propisno moze samo Eden roditel da zavrsi rabota. Dovolen e izvod. Ne treba da se dokazuva drzavjanstvoto ako ima prethodno vadeno pasos.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Fairy

Најново на форумот

  • No posts to display.