Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Породилно боледување

Ре: Породилно боледување 26 Мар 2014 14:31 #249472

  • meca
  • meca's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 24
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
kazete mi kako odat sega zakonite vo vrska so bremenosta,porano bese da imas staz 6 meseci,sega slusam deka trebalo da ravotis 1god pa duri posle toa da se sleduva plateno boleduvanje,znacili toa deka nevazi zakonot za 6 meseci ili ne se tocni informaciive sto gi slusnav??Ve molam za odgovor,moze i vo inbox
The administrator has disabled public write access.

Ре: Породилно боледување 30 Окт 2014 18:52 #252840

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Законски удар врз вработувањето жени

Породилното отсуство отсега ќе го исплаќаат фирмите, кои потоа ќе треба да се раздолжат со Фондот за здравство. Тоа ги зголемува стравувањата дека работодавачите ќе избегнуваат да вработуваат млади жени.

Платите за родилките и надоместоците за боледувања од следната година ќе паднат на товар на работодавачите, а државата ќе им префрла пари на фирмите.
Доколку се има предвид досегашната задолженост на државата кон стопанството и честото доцнење на институциите во исплатата на компаниите, реален е стравот дека со оваа мерка фирмите, за да го заштитат својот капитал, нема да вработуваат млади жени, велат аналитичарите.
Според владината програма, од јуни следната година Фондот за здравство ќе го спроведува проектот „Побрза исплата на породилните надоместоци и боледување“. Проектот подразбира фирмата да им исплати на вработените, а Фондот на фирмата.
Во изборната програма на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека со овој проект ќе се обезбеди континуитет во исплатата, а доцнењето на пари за боледување или породилно ќе биде минато. Активистите за заштита на човекови права стравуваат дека со оваа мерка ќе се зголеми дискриминацијата при вработувањето на жените поради стравот на работодавачите дека парите за породилното отсуство кое трае 9 месеци нема да им биде исплатено или, пак, тоа ќе се случи со големо задоцнување.

Ако се оствари овој проект, тоа ќе биде силен удар врз сите жени во Македонија, вели активистката Ирена Цветковиќ.

„Можеме да претпоставиме кој од приватниците ќе има доверба дека откако ќе го исплати породилното боледување, за скоро време ќе ги добие парите од Фондот, напротив можам да претпоставам, речиси со сигурност, дека по усвојувањето на оваа мерка голем дел од работодавците едноставно ќе се одлучат за најлесното решение, а тоа е да не вработуваат жени, односно да избираат попрво мажи отколку жени во однос на вработувањето“, вели Цветковиќ.

Претседателот на конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, вели дека секој нов трошок не е добредојден за компаниите, но нормално е дека секоја компанија треба во целост да се грижи за своите вработени и да постапи според законот. Тој се надева дека реализирањето на овој проект ќе се поклопи со спроведувањето законот за финансиска дисциплина, па државата нема да доцни во исплатата за породилното отсуство.
„Не ни можам да помислам нешто друго, дека државата нема да го спроведува законот, едноставно таа го креира и државата треба да го исполни и да се консолидира, така што искрено не се сомневам и не треба да се сомневам дека ќе се спроведува правилно законот“, вели Миле Бошков.

Тој објаснува дека како конфедерација можат само да ги советуваат компаниите да ги почитуваат законите за работни односи и конвенциите за заштита на човекови права.

„Дека едноставно не можат да ги дискриминираат луѓето при вработувањето и да претендираат да вработуваат мажи кои биолошки не можат да затруднат, иако можат да користат трудничко боледување, тоа е дискриминација која не може да се случува и не треба да се случува во македонското општество“, вели Бошков.

Цветковиќ вели дека кога жена оди на интервју за работа, честопати одговара на прашања кои не им се поставуваат на мажите.

„Едно прашање се повторува кај сите, дали планираш да забремениш и кога“, вели Цветковиќ.

Според податоците на Фондот за здравство, минатата година биле исплатени речиси 28 милиони евра за породилно отсуство. Речиси 8 илјади жени минатата година биле на породилно отсуство, што е за 1.500 повеќе од 2009-тата година.

Од Фондот не ни одговорија на прашањето дали стравуваат дека оваа мерка ќе влијае на дискриминација на жените при вработување поради стравот на компаниите дека овој трошок нема да им биде исплатен или дека ќе биде исплатен со големо задоцнување.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Породилно боледување 09 Дек 2014 19:22 #253166

  • Roze
  • Roze's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 860
  • Thank you received: 507
  • Карма: 0
Жени, дали земавте пари за месец октомври? Јас сеуште не. :tazna:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Породилно боледување 19 Јан 2015 23:55 #253463

  • lil3
  • lil3's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
Здраво ...Еве и јас после неколку години следење да прашам нешто :sonce: вака доколку си вработен под договор работодавецот неможе, односно нема право да те избрка за време на породилно отсуство, меѓутоа што се случува доколку договорот ти истече пред да завршат тие 45 дена кои мораш да ги земеш после раѓањето на бебето.
п.с.Значи мора да се најде замена(додека јас ќе бидам на боледување) за местото бидејки е неопходен работник.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.