Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Стручни совети од адвокат

Ре: Стручни совети од адвокат 12 Дек 2012 18:21 #225624

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
izabella wrote:
Pred 3 godini svekor mi ( sega pokoen ) ja prodade kolata koja ne bese vo ispravna sostojba, ja dadovme vo otpad kako staro zelezo, covekot trebase da ni dade 300evra, utre, drugiden, utre, drugiden, do den denes ni gi nema dadeno.
Bevme vo policija za da go prijavime slucajot, vo policija ni kazaa deka kolata se vozi :blink:
Covekot sto rabotel vo otpad si ja prodal

Mm potpisa izjava vo policija, deka bilo kakva nesreka da se sluci so taa kola deka nema da odgovara toj, nitu nekoj clen od naseto semejstvo, zatoa sto site dokumenti seuste glasat na svekor mi imeto

Me interesira sto I kako da napravime za da si gi zememe parite od civekot?
Covekot ima pari, ima prodavnici, ima privaten otpad, ednostavno nesaka da ni gi dade parite, sekojdnevno mm odi, a covekot se mu vika utre, utre...
Kako moze da dokazeme deka ni dolzi pari, dali moze so izvrsitel da odime I da si gi zememe parite?

P.S. Covekot bese prijatel so svekor mi, nemame nikakov dokument od covekot deka kolata mu ja dasovme vo otpad
При продажба на возилото како отпадно железо, од страна на отпадот требало да му издадат на свекор ти Откупна белешка и да му ги исплатат парите. Но нејасно е како човекот го регистрира возилото?!? Има неколку опции според законските прописи но секако ќе мора да отпочнете постапка пред надлежен суд, односно ќе мора да ополномоштите Адвокат за да Ви ја води постапката. Проверката во полиција дека возилото сеуште стои на име на свекор ти, не значи и дека се вози, може да не е одјавено. Во секој случај со документите директно кај некој колега, за да си го остварите побарувањето. Поздрав :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 13 Дек 2012 16:42 #225747

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5144
  • Thank you received: 2409
  • Карма: 111
Moite celiot nedvizen imot sto se naoga vo Skopje go imaat prepisano na moe ime, podarok roidet-dete.
E sega prasanjeto mi e sledno: ni ostana nedvizen imot vo oblast koja pripaga pod Kavadarci.
Dali toa moze da se sredi od tuka so notar ili advokat ili treba da se odi direkno vo Kavadarci?
Vi blagodaram
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 14 Дек 2012 04:34 #225828

  • marina_m
  • marina_m's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 79
  • Thank you received: 6
  • Карма: 1
Почитувана

Јас сум дипломиран класичен филолог би можела да го предавам предметот Класична култура во европските цивилизации. Имам конкурирано во неколку школи ама веќе некој друг го има земено местото. т.е некој што има завршено Филозофски факултет без разлика кој отсек. Во бирото за развој на образование пишува дека овој предмет може да го предува исклучиво класичен филолог, доколку нема пријавено таков на конкурсот тогаш може и од други смерови. Сега пак имам конкурирано во неколку школи ама овој пат сакам да тужам. Кои документи би ми биле потребни за да почнам со постапка?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 15 Дек 2012 19:25 #226101

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Majsi wrote:
Moite celiot nedvizen imot sto se naoga vo Skopje go imaat prepisano na moe ime, podarok roidet-dete.
E sega prasanjeto mi e sledno: ni ostana nedvizen imot vo oblast koja pripaga pod Kavadarci.
Dali toa moze da se sredi od tuka so notar ili advokat ili treba da se odi direkno vo Kavadarci?
Vi blagodaram
Доколку недвижноста се наоѓа во Кавадарци, твојот Договор за дар може да ти го сработи било кој Адвокат ( од Скопје), со тоа што ќе е потребно од твоја страна да прибавиш нов Имотен лист кој пак можеш да го добиеш од Агенцијата за катастар на недвижности кој се наоѓа во Автокоманда и Извод од матична книга на родените за тебе. Одкако ќе го направите Договорот, со сите документи ќе треба да го пријавите во даночното одделение на имот за град Кавадарци, и потоа ќе го солемнизирате пред Нотар надлежен за Кавадарци. Сепак ќе мора да отидете таму. :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 15 Дек 2012 19:32 #226102

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
marina_m wrote:
Почитувана

Јас сум дипломиран класичен филолог би можела да го предавам предметот Класична култура во европските цивилизации. Имам конкурирано во неколку школи ама веќе некој друг го има земено местото. т.е некој што има завршено Филозофски факултет без разлика кој отсек. Во бирото за развој на образование пишува дека овој предмет може да го предува исклучиво класичен филолог, доколку нема пријавено таков на конкурсот тогаш може и од други смерови. Сега пак имам конкурирано во неколку школи ама овој пат сакам да тужам. Кои документи би ми биле потребни за да почнам со постапка?
Не сум запознаена конкретно со фактот дека тој предмет мора да го предава токму класичен филолог, но штом во некој правен акт е така уредено, потребно е да го прибавиш :
- огласот на кој што конкурураш
- доказ дека документите ти се предадени,
- известувањето со кое што те одбиваат од работнот место, во кој има правна поука, и на истото да поднесеш жалба до второстепената комисија.
Значи, работодавецот кај што ти си конкурирала, потребно е да те извести за резултатите, односно да те известат дал те одбиваат и да почнеш постапка за поништување на вработувањето.
Но како и да е штом си подготвена да тужиш, во консултацијата со Адвокатот, ќе ти објасни што се е потребно да прибавиш од документација за тужење односно жалба.
Но сепак се надевам дека ќе успееш на некој конкурс, па нема да има потреба од тужење :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 27 Јан 2013 11:57 #230647

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
anita30 wrote:
Zdravo,

Me interesira dali e donesen zakon so koj se zastituvaat majkite koi bile na porodilno poroduvanje otkako ke se vratat na rabota.Iskreno pred 8 godini mi se sluci da ostanam bez rabota tuku sto vratena od porodilno,zatoa bi sakala sega so vtoroto dete da znam koi se moite prava i dali ima zakon koj me shtiti.Vrabotena vo privaten sektor.Fala mnogu
Специјален закон за заштита на работник- мајка на дете, не постои, но сите права се загарантирани со Устав и Закони ( пр. Закон за работни односи, Закон за здравстевна заштита и сл.). Породилното боледување и правата на мајката ( со дете до три години) е регулирано со Закон за работни односи и таму има посебен оддел за правата. На пример постои забрана за прекувремена работа за мајка на дете до 3 години, освен со изјава на работникот, постои и право на мајка-доилка( со дете до една година) за еден и пол час платена пауза во текот на работниот ден, исто така не смее на работничка после породување = да и се дадат работни задачи кои се со зголемена опасност за нејзиното здравје и здравјето на нејзинотот дете и слично. Во секој случај, читни го на нет Закон за работни односи :)) Поздрав
Последна промена: 27 Јан 2013 13:27 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 16 Апр 2013 14:50 #237134

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
jovanoska wrote:
poz do vas
majkat e pocinata pred 7 godimi a tatkoto pocina pred 1 mesec .nie sme tri deca i neodamna doznavme deka tatkoto ja prepisal kukata na ednata setra nasa .dali imame pravo na nasledtsvi i nie dve deca na taa kuka i kako da go pobieme toj testament bidejki kukata e gradena vo zaednicki zivot so nasata majka a i zivot so nas .pozz i vi blagodaram
Доколку куката е изградена заеднички во бракот на вашите родители,имате право на наследство ( како татковина така и мајковина) односно и од мајчиниот дел и од татковиот дел. Доколку еден од родителите веќе извршил пренос на сопственоста на еден од наследниците, Вие секако имате право на нужен дел од таа сопственост, и правното дело со кое е пренесена сопственоста можете да го побивате и по основ на правото на нужен дел и по основ на мајчиниот дел. Но секако тоа се прави во постапка пред надлежен суд и со издржани докази.Во секој случај е потребно со потребната документација да се обратите до адвокатските канцеларии за подетална проверка и отпочнување на постапка. Сите тестаменти , договори за доживотна издршка или било кои правни дела се депонирани во судот, и секогаш кога ќе поднесете барање за расправање на оставина, судот по службена должност ги пребарува. Поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 16 Апр 2013 15:12 #237138

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Irena1 wrote:
Почитувани, може ли за совет.Гледам темава не е некако активна, но можеби ќе знае некој да ми одговори.
Ќе се обидам да објаснам најдобро што можам. Значи имаме земјиште и на него куќа карабина за продажба и имаме заинтересиран купец. Е сега земјиштето е купено многу одамна како што било со сведоци на времето, а карабината е изградена на диво исто така пред повеќе од триесет години. Од пред неколку години имаме поднесено барање и се што треба во општината за расчистување. Значи за легализација на куќата и префрлање на земјиштето. Процедурата си е во тек. За земјиштето сите години си е уредно плаќан данок. Дали може да ми појасните како да се изведе продажбата во однос на документите. Односно дали оди она купопродажен договор, уплата на парите и заверка на нотар, а постапката за легализација и понатаму да си тече или треба поинаку и како.
1. За земјиштето-недвижноста најпрвин е потребно да се види како е заведено во катастарската евиденција, односно дали врз него е востановен катастар на недвижности, и дали во катастарската евиденција е ,, изложено,,односно со утврдено право на сопственост. Доколку врз истото е востановен катастар на недвижности, и доколку постои комуникација со сопствениците ( кои се заведени како такви на имотниот лист) можете да склучите Договор за купопродажба на недвижноста и со истото уредно да ја префрлите сопственоста на ваше име, во постапка утврдена со Закон.
2. За изградената карабина- иако имате поднесено барање за легализација, органот надлежен за постапување ( во случајот општината) може да се случи да не Ви даде легализација, бидејки истата е карабина односно истата е нефункционална целина, односно ќе Ви даде рок истата да ја доуредите, пред да Ви го издаде Решението за легализација на бесправно изграден објект. Исто така пред легализацијата е потребно е да го средите правниот основ за сопственост на земјиштето, односно истото да биде на Ваше име. Со Одлука на Владата на РМ, дадена е и можност, граѓаните кои купиле недвижност( со вакви договори како и Вие спомнувате во Прашањето) и истата ја владеат повеќе од 20 години истата да ја пренесат во постапка пред надлежен орган, со доставување на потребна документација. Значи,со документацијата со која располагате, потребно е да се обратите до адвокатските канцеларии кои целосно и навремено ќе Ве упатат и ќе Ви помогнат во успешно пренесување на сопственоста на недвижноста. Иако прашањето е кратко и јасно, се надевам дека барем малку успеав да Ви помогнам и да Ве упатам, но сепак мора да ме извините дека мојот одговор е генерелен од причина што ја немам погледнато целокупната документација за да можам да дадам прецизен одговор. Во секој случај, мој совет за сите прашања е со потребната документација веднаш да се консултирате со Адвокати и да отпочнете постапка, бидејки ,, правото на сопственост,, врз недвижностите е нешто кое мора веднаш да се регулира, бидејќи роковите за легализација на бесправно изградените објекти течат, односно предметите пред општините се решаваат, така да за позитивен исход на вашето барање, единствено е најдобро најпрвин да отпочнете со регулирањето на правниот основ на земјиштето. Поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 16 Апр 2013 15:21 #237141

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Angie wrote:
Колку тоа треба да се толерира неодговорниот родител за да плати тоа што му е пресудено со судска одлука при разводот?
Да одам право кај извршител или прво тужба?
Кои се чекорите кој треба да ги превземе секоја мајка за алиментацијата да се одбива секој месец од сметка на неплаќачот?
Ви благодарам однапред на одговорот.
Кога веќе располагате со правосилна и извршна судска одлука, во која е утврдено дека родителот треба да исплати алиментација- месечна издршка за малолетно дете, не е потребен рок за ,, толерирање,,. Значи се работи за право на малолетно дете, на кое Вие сте му законски застапник. Доколку веќе се доспеани одредени износи, а родителот не ги исплатил, односно за истите паднал во задоцнување, потребно е да се обратите кај Адвокат. Односно со оригиналната пресуда ( во која е утврден износот) ќе се обратите до Адвокат кој ќе Ви изготви Барање за извршување, и заедно со потребната документација ќе ги достави до надлежен извршител. Адвокатот во Барањето за извршување, по претходна консултација со Вас, ќе му предложи на Извршителот на кој начин односно со кое средство на извршувањето ќе бидат извршени заостанатите неплатени месечни издршки. Исто така постои и можност за истото да се поведе и кривична постапка до Основното јавно обвинителство, но мора да имате в предвид, дека истото може да резултира со кривична осуда за родителот на Вашето дете, додека наплатата на паричните средства ќе бие потешко. Поздрав,
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 19 Апр 2013 19:18 #237422

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Minka wrote:
Imam prasanje vo vrska so ostavinska postapka. Me interesira kakvi dokumenti se potrebni za podnesuvanje ostavinska postapka? Dali treba original umrenica ili moze kopija ( mora li da e notarski zaverena), dali treba vencanica za soprugata, i dali za site naslednici treba da se izvadi izvod na rodeni, ili moze seto toa da bidat kopii zavereni na notar?? Moze sami da si podneseme ili mora da barame advokat? Na stranicive na osnoven sud 2, ili pak na stranata na uslugi.com nema nikakvi infdormacii.
За отпочнување на оставинска постапка, потребно е сите документи да се оригинал,но и секако може да се заверени на нотар, но сепак многу поефтино ќе Ве чини истите да ги прибавите одколку да ги заверувате на нотар. И да, во зависност од барањето за оставина, како и од предлагачите, потребно е да се достават сите документи, значи потребно е :
- Извод од матична книга на умрени од оставителот,
- Доколку оставителот бил во брак- потребен е Извод од матична книга на венчани,
- За наследниците- Изводи од матична книга на родени, од каде може да се види во какво сродство се со оставителот ( односно кој наследен ред) како би можел нотарот да донесе соодветно Решение.
И секако може да си поднесете сами барање за распределување на оставина, но сепак најубаво е истото да го направите преку Адвокат, од причина што истиот е најстручен за да Ви даде правна помош во текот на оставинската постапка. Значи, правната помош е потребна како не би се појавил проблем, во однос на податоците за имотот кој се наследува, во однос на документите и текот на целата постапка, се до спроведување на оставинското решение до даночното одделение на Град Скопје и Агенцијата за катастар на недвижности, и истото согласно Адвокатскиот тарифник не би Ве чинело многу, со оглед на тоа што целата работа ќе Ви биде спроведена од него, и би ги одбегнале сите бирократски сопки :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 25 Окт 2013 20:33 #245125

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
gipsygirl wrote:
Sakam da znam kakva e procedurata za bankarski sef vo ostaviska postapka odnosno kolku e notarskata taksa vo ovoj slucaj ili toa zavisi od toa tolku e "vreden" sefot?
Visinata na notarskata nagrada( soglasno notarskata tarifa) zavisi od vrednosta ( izrazena vo pari) na sefot.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 25 Окт 2013 20:49 #245126

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
ma4orce wrote:
имам прашање мм работи во приватна фирма пред 2 години падна и го повреди прстот беше шиен со 3-4 конци меѓѕтоа не беше осигуран и не доби ниту плата ниту оштета ништо потоа за направија сообрќајка одејки за на работа каде имаше набиеници и потрес на мозокот газдите повторно не му платија ништо ние на своја рака документите што ги имавме ги дадовме на адвокат бидејки со приватно такси се возеа мегутоа од 2 фебруари тој постоано ни вика дека треба демек да побараме од албанската полиција незнам некоја скица и ништо од делово пред 2 недели мм падна во дупка од 2 метри висина има скршеница на рамото мегутта од септември е осигуран не интереисра дали можемме да тужиме бидејки не веруваме дека и овој пат ке добие било каква помош а овој пат ке треба подолго време да седи дома знаци без плата ке биде позз очекуваме одговор
За секоја настаната повреда на работа на работникот следува надомест на штета но доколку се исполнети одредени услови. Најубаво е со истото да се консултирате со Адвокат на кој детално ке му ја објасните целата ситуација но и ке ги приложите сите списи со кои располагате. Во однос на сообраќајната незгода, од ова што го прочитав, сфатив дека истата се случила надвор од МК, но сепак за да остварите надомест на штета по автоодговорност од трети лица, потребен е Записник за случена сообраќајна незгода со прилог скица, без истото не би можела да се отпочне постапка. Во однос на последната повреда, важно е каде е случена, кој е одговорен за ископот ( дупката од 2 метри) зошто истата не била заштитена, кој е одговорен за неа, дали настанот го пријавивте на надлежните. Значи најубаво е со документите да закажете кај Адвокат каде подетално би ги образложиле сите факти. Инаку, најчесто оштетените имаат право на надомест на штетата за претрпените физички болки, претрпениот страв, намалената животна активност но и нагрденоста, но потребно е да се утврди вина кај штетникот. Исто така да напоменам дека доколку вашиот сопруг бил во работен однос, информирајте се дали истиот е колективно осигуран преку работодавецот. Доколку е осигуран исто така и по овој основ може да поднесе пријава за штета до осигурителната компанија каде е осигуран. Поздрав
The administrator has disabled public write access.

Дилеми за имотно правни работи 14 Мај 2014 08:44 #250746

  • моника91
  • моника91's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
Моето прашање е следново, мојата мајка откако е мажена не живее во куќата на нејзините родители, нејзината мајка е почината пред петнаесет години, а нејзиниот татко односно мојот дедо имаше друга жена на која по својата смрт (пред една година) и ја има препишано половина од куќата во која живееше. Инаку тие се три деца (мајка ми има уште двајца браќа), но таа нема земено никаков дел од куќата на нејзините родители (ни мајковина ни татковина).Она што ме интересира е тоа што дали и по препишувањето на дел на новата жена, мајка ми има право на наследство од куќата (која е градена во заеднички брак со баба ми-родена мајка на мајка ми), или со препишувањето се изгубени сите можности за добивање на дел од куќата? Фала однапред.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 17 Мај 2014 14:54 #250803

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
моника91 wrote:
Моето прашање е следново, мојата мајка откако е мажена не живее во куќата на нејзините родители, нејзината мајка е почината пред петнаесет години, а нејзиниот татко односно мојот дедо имаше друга жена на која по својата смрт (пред една година) и ја има препишано половина од куќата во која живееше. Инаку тие се три деца (мајка ми има уште двајца браќа), но таа нема земено никаков дел од куќата на нејзините родители (ни мајковина ни татковина).Она што ме интересира е тоа што дали и по препишувањето на дел на новата жена, мајка ми има право на наследство од куќата (која е градена во заеднички брак со баба ми-родена мајка на мајка ми), или со препишувањето се изгубени сите можности за добивање на дел од куќата? Фала однапред.
Доколку куќата е изградена во бракот кој го имале твоите дедо и баба, се работи за заеднички имот, каде и двајцата се сопственици на една половина. Доколку твојот дедо својата половина ја пренел на новата брачна другарка, било негова волја и во тој дел не може да се спори воопшто. Меѓутоа, на половината од вашата баба, право на наследување имаат нејзините потомци, поточно трите деца меѓу кои е и мајка ти. Доколку едната половина е заведена во јавна книга за недвижности како сопственост на баба ти, доволно е само да поведат оставинска постапка. Во спротивно ке Ви биде потребно да поднесете тужба за утврдување на вашето право на сопственост на делот од вашата баба, и доколку е вака како што кажувате, би требало да успеете во постапката. Во секој случај, бидејки се работи за покомплексен случај, во однос на роковите, податоците и слично, сепак е потребно да се консултирате со Адвокат, за да не се случи недоразбирање. Поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 18 Мај 2014 06:24 #250807

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
Bidejki gledam deka vcera ima aktivnost na temava a uste odamna sakav da prasam, eve i od mene dve prasanja.
Prvoto: 5 godini rabotev na istoto mesto a osiguruvanjeto go vrsese agencija za privremeni vrabotuvanja,votie 5 godini se smenija 2 agencii, prekin vo stazo tnema. Rodiv dve deca, otkako go iskoristiv vtoroto porodilno go zedov stariot odmor i za mesecot koga trebase da pocnam na rabota mi dadoa dogovor zaklucno so datumot na posleden den na odmorot. Bidejki imav zamena duri bev na porodilno, mi kazaa deka nema potreba od mene na rab. mesto, a zamenata si ostana da raboti. Vo red li e toa?

I vtoroto, dokolku se podigne bankarski kredit so garancija od ziranti, sto bi bilo vo slucaj nositelot na kredit dapocine pred da go isplati celiot kredit?
Blagodaram
Последна промена: 18 Мај 2014 06:25 by bubale23.
The administrator has disabled public write access.

Ostavinska postapka 27 Јун 2014 04:23 #251278

  • Desnik
  • Desnik's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
Pocituvani,

Se naogjam vo edna ocajna sostojba koga posle smrtta na majka mi koja bese sopstvenik na stanot tatko mi se otkaza od negoviot del i so ostavinska postapka go dodeli na mene i na sestra mi.Jas i sestrami za da ne dojde do nekoja neblagodarna sostojba se izjasnivme pred sudot deka negovoto stanarsko pravo nema moznost nikoj da go narusi sakajki da go zastitime. Sega posle 5 godini mu tekna sakal da ja povtori postapkata i sega sakal toj povtorno da bide sosptvenik na stanot so negoviot del a vo meguvreme se prezeni i zivee kaj negovata vtora zena.

Ve molam za odgovor dali moze sega povtorno da ja obnovi postapkata i da dobie na sud i kako jas i sestrami bi mozele da se zastitime od negovite zli nameri???
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.