Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Стручни совети од адвокат

Стручни совети од адвокат 19 Ное 2012 18:41 #222027

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Од денес на форумот имаме стручни совети од адвокат.
Одговорите на вашите прашања ќе ги дава членот со прекар - advokat
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 23 Јан 2015 16:40 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 21 Ное 2012 16:45 #222387

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Snoopy wrote:
Odlicno.
Imam dve prasanja za gospogata advokat, se nadevam deka ke moze da mi pomogne.
Se raboti za slednovo.
Zenata koja ni cisti po doma i koja se grizi za domakinstvoto komplet, sakame da go regulirame nejziniot angazman. Do sega bese na usen dogovor no sega sakam da napravam konkreten dogovor na hartija pa bi sakal da ja zamolam advokatkata da me upati kako toa da se izvede. Koga i najavivme na zenata ona nemase problem mi spomna deka mozelo toa da odi preku avtorska agencija, demek imalo zeni koi cistele po firmi imale takvi dogovori. Dali e toa taka, ako ne da ne upati advokatkata kako da se napravi toa.
I uste edna rabota koja me interesira a e povrzana so ova, kakvi dopolnitelni trosoci bi trebalo da se plakaat vo smisla na danoci, provizii, ili kako i da se vikaat tie davacki vo vakvi tipovi na dogovori za angaziranje.

Blagodaram.
Многу паметно е тоа што сакаш да го регулираш работниот ангажман од причина што ќе бидете заштитени и Вие но и работникот. И имаш начин истото да го направиш. Бидејќи Вие како домаќинство не сте правно лице, за да можете да го вработите работникот, потребно е да се обратите до некоја од Агенциите за привремени вработувања. Одкако ќе се обратите кај нив ќе Ви ги кажат условите под кои можете да го регулирате работниот ангажман.На Агенцијата ќе и ги доставите сите податоци како на пример описот на работата, работното време, времетраењето на работата, условите за работа итн.

Секако, дополнителните давачки кои произлегуваат од овој работен однос ќе ги сносите Вие, кои ќе зависат од платата, надоместокот за Агенцијата и другите јавни давачки. Но во секој случај Вие сте заштитени од било каква штета но и работникот ќе може да си ги оствари своите права .
Последна промена: 23 Ное 2012 05:34 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 21 Ное 2012 19:19 #222404

  • Snoopy
  • Snoopy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 293
  • Thank you received: 238
  • Карма: 15
advokat wrote:
Многу паметно е тоа што сакаш да го регулираш работниот ангажман од причина што ќе бидете заштитени и Вие но и работникот. И имаш начин истото да го направиш. Бидејќи Вие како домаќинство не сте правно лице, за да можете да го вработите работникот, потребно е да се обратите до некоја од Агенциите за привремени вработувања. Одкако ќе се обратите кај нив ќе Ви ги кажат условите под кои можете да го регулирате работниот ангажман.На Агенцијата ќе и ги доставите сите податоци како на пример описот на работата, работното време, времетраењето на работата, условите за работа итн.

Секако, дополнителните давачки кои произлегуваат од овој работен однос ќе ги сносите Вие, кои ќе зависат од платата, надоместокот за Агенцијата и другите јавни давачки. Но во секој случај Вие сте заштитени од било каква штета но и работникот ќе може да си ги оствари своите права .
Se obrativ vo edna no spore niv bi trebalo da plakam i pridonesi za zdravstveno i socijalno sto voopsto ne e ni nase ni nejzino baranje. Dali toa moze da se regulira poinaku za da ne treb da se plati toj del. Zenava spomna avtorski, tamu pak ona ke bide obvrzana da plati personalen.
Mislam kako i da e na kraj ke mora da se odbere nekoja varijanta no sepak pred da resam sto Vie bi preporacale kako pobobra varijanta osobeno sto ne ni e ideata ni nasa ni nejzina da bide toa bas ona klasicno vrabotuvanje so penzisko plavi kartoni i kako se se vikaat tie davacki.

tnx
Иван А.
с.р
Последна промена: 23 Јан 2015 16:41 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 22 Ное 2012 08:18 #222460

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Да точно е дека ќе треба да се плаќаат придонесите за пензиско, социјално и здравствено осигурување, доколку склучиш таков Договор. Но тој е и единствената можност која ја имаш да го регулираш ангажманот.
А за вториот дел од прашањето за авторската агенција,точно е дека ќе треба да се плаќа и персоналниот данок, кој пример во тековниот период изнсува околу 10 %( проценти).
Најдобра варијанта според мене е да се склучи Договор каде ќе и бидат платени сите давачки ( придонеси и сл.) бидејќи така ќе бидеш најдобро заштитена, во секоја смисла на зборот. Пример доколку жената која работи кај тебе, еве се повреди додека извршува некоја работна задача,во тој случај доколку сака може да те тужи на пример (сега ова е најлошата варијанта) па да бидеш принудена да ги платиш сите трошоци околу лекувањето или на пример да и ја надоместиш и нематеријалната штета.Доколку е пријавена, на пример си заштитена од било каква ситуација или евентуално инспекција, бидејќи ваква ситуација се третира како ,, работа на црно,, што е санкционирано со неколку закони. Јас разбирам дека трошоците за придонеси се високи, но земи в предвид и тоа колку часа, работничката работи кај тебе. Доколку дневно работи 4 часа, тогаш може и да се пријави на тоа работно време (скратено работно време) и придонесите се помали.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 22 Ное 2012 17:39 #222529

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
За лице кое е веќе вработено на друго место има две можности да се регулира тоа :
- може да се склучи Договор за дело, со тоа што мора при исплатата на надоместокот за услугата да се плати и персоналниот данок на сметка на Управата за јавни приходи,
- Исто така може и да се склучи и договор преку авторските агенции.
Ова секако важи само доколку сте правно лице. :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 22 Ное 2012 17:55 #222534

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
betavitevit wrote:
Pocituvana,
Me interesira kako da se regulira rabotniot angazman na devojki za prezentacija-imeno imam firma za marketing i 2 godisno imam prezentacii po marketi so devojki koi rabotat za mene na primer 2 meseci,samo saboti i nedeli po 6 casa?Kako pravno da se regulira ovoj angazman za da bidam ispravna pred inspekcija?Dali seuste postoi dogovor na delo i dali toa moze da se iskoristi ili ima nekoj drug dogovor?Personalniot danok ke go plakam jas.
Blagodaram.

Договорот за дело е форма која сеуште се користи за лица кои веќе се во редовен работен однос со полно работно време, и само доколку ангажираш лица кои се во работен однос со полно работно време можеш да го склучиш договорот за дело, никако поинаку. Со донесување на законските прописи во делот на работните односи односно формирањето на агенциите за привремени вработување, интенцијата на законодавецот беше да ги регулира токму ваквите ситуации, и затоа најубаво е да се консултирате и да се обратите до нив, бидејќи како што одговорив и во претходните одговори, со нив најдобро ќе го регулирате тоа.
Постои и друга можност, односно да склучиш Договор за вработување на определено време( односно за онолку време за колку ти е потребен работник за презентација и може да биде на скратено или полно работно време) и така да го пријавиш во Агенцијата за вработување на РМ. Значи доколу ти е потребен работник само за еден месец, ќе склучиш Договор за вработување на определено во времетраење од еден месец. Ова ти го пишувам од причина што кога би пресметала колку персонален данок ќе треба да платиш, износот ќе ти биде приближен со износот кој ќе го платиш за придонеси. Е сега за да биде се во ред пред инспекции, многу е важно да покрај работниот однос Ви биде регулирана и безбедноста на работникот при работата, односно за работното место да биде изготвена и Изјава за безбедност при работа, односно работникот да биде запознаен со ризиците кои можат да настанат при извршувањето на работните задачи. Мислам дека повеќе те збунив :))
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 22 Ное 2012 17:57 #222535

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
vesnicka wrote:
Претпоставувам дека ова е одговор за за betavitevit.
Моето прашање е погоре и бидејќи има пишувано Снупи под него, не сте го забележале.
Прашањето беше:
Како да се регистрира лице кое сака да дава дополнителни приватни часови, а е вработено?
:) Ова беше наменето за тебе :)
За лице кое е веќе вработено на друго место има две можности да се регулира тоа :
- може да се склучи Договор за дело, со тоа што мора при исплатата на надоместокот за услугата да се плати и персоналниот данок на сметка на Управата за јавни приходи,
- Исто така може и да се склучи и договор преку авторските агенции.
Ова секако важи само доколку сте правно лице.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 22 Ное 2012 18:17 #222539

  • vesnicka
  • vesnicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 648
  • Thank you received: 363
  • Карма: 5

Благодарам на одговорот ама малку ми беше чудно затоа што не мислев да се регистрира правно лице...
Последна промена: 23 Јан 2015 16:41 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 22 Ное 2012 18:23 #222541

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
vesnicka wrote:
Благодарам на одговорот ама малку ми беше чудно затоа што не мислев да се регистрира правно лице...
Мислам дека не сме се разбрале, ти си лицето кое сака да дава дополнителни часови и сакаш тоа да го регулираш?
Последна промена: 23 Јан 2015 16:42 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 22 Ное 2012 19:21 #222551

  • vesnicka
  • vesnicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 648
  • Thank you received: 363
  • Карма: 5
Тетка ми е лицето. И да сака да биде тоа регулирано, во смисла да се палти данок.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 23 Ное 2012 12:21 #222665

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
vesnicka wrote:
Тетка ми е лицето. И да сака да биде тоа регулирано, во смисла да се палти данок.
Бидејќи е вработена, ова ќе и биде дополнителна дејност. Тоа ќе го регулира преку Управата за јавни приходи-Регионална дирекција Скопје. Односно за секој приход од дополнителна дејност ќе си поднесува годишна даночна пријава и ќе си плаќа данок. Но веќе ова е во делот на даночната материја и тука јас не можам да помогнам. Најубаво е да се разговара со овластен сметководител, бидејќи секако ќе мора да ангажира некого за изработка на даночните пријави и пресметката на данокот. Додека со клиентите, нејзиниот ангажман ќе го регулира со Договори за соработка или договори за дело.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 24 Ное 2012 05:11 #222764

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
macika wrote:
Почитувана,

Ме интересира на кој начин да се обезбедам во однос на оставање на наследство од мајка за да потоа не се влечеме по оставински постапки.
Јас сум единица и мајка ми поседува стан и акции. Повеќе пати сме размислувале да го решиме ова прашање ама ете од немукает не сме се обратиле до адвокат. Прашањето е како да не дојде до оставинска постапка (иако сум една нели таа мора да се обави по судски пат). Дали тестамент или некоја друга опција е едноставна и најприфатлива да во случај на смрт мајката ми ги остави мене станот и акциите.
Благодарам однапред.
Имаш повеќе можности:
- договор за подарок
- договор за доживотна издршка,
- договор за рапределба на имот за време на живот.
Немаш потреба од тестамент.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Стручни совети од адвокат 24 Ное 2012 05:22 #222767

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Може ли само да ми кажете колку вообичаено чинат овие постапки и која процедура најкратко трае???
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 24 Ное 2012 05:47 #222771

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
macika wrote:
Може ли само да ми кажете колку вообичаено чинат овие постапки и која процедура најкратко трае???
Па сите се брзи постапки, склучувањето на договор и Солемнизацијата пред нотар се веднаш. Е сега може да се пролонгира при спроведувањето во Даночно одделение на Град Скопје( 8 дена во најдобар случај) и Депозитар за хартии од вредност ( за акциите-3 дена), и во Агенцијата за катастар ( па и тоа се неколку дена ). Во секој случај е брзо.
Последна промена: 24 Ное 2012 05:50 by Marge. Причина: средување на цитат
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Стручни совети од адвокат 24 Ное 2012 07:24 #222779

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
  • Карма: 10
zdravo , mene me interesira kako se vodi ostavinska postapka posle smrtta na covekot

voedno svekor mi e pocinat i sega se sto bilo na negovo ime treba da se prefrli na ime na mm so sto svekrvata bi se otkazala od se

kolku cinat trosocite za da se napravi ova i isto za kolku vreme bi bila gotova taa postapka
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 25 Ное 2012 12:05 #222936

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
pipolino wrote:
zdravo , mene me interesira kako se vodi ostavinska postapka posle smrtta na covekot

voedno svekor mi e pocinat i sega se sto bilo na negovo ime treba da se prefrli na ime na mm so sto svekrvata bi se otkazala od se

kolku cinat trosocite za da se napravi ova i isto za kolku vreme bi bila gotova taa postapka
Оставинска постапка се отпочнува со изготвување и достава на Предлог за расправање на оставина на починатиот. Предлогот се доставува до судот, па потоа судот го распределува кај нотар кој постапува како судски- повереник. Во зависност од вредноста на оставината, ќе чини и нотарската награда односно нотарските трошоци. Обично постапките се брзи, нели секако во зависност од ангажманот на адвокатот( изготвување на Предлогот и негова достава) и нотарот ( закажување на рочиште за распределба на оставина и изготвување на Решение). Во секој случај ако е се во ред не би требало да трае повеќе од 30-тина дена.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 27 Ное 2012 17:35 #223387

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
macika wrote:
Дали сте запознаени со документ смртовница? Свекор ми е починат и сега имот во соседна држава на кој тој е еден од наследниците со братот и сестрата се продава. Од Србија бараат документ извод од матична книга на умрени и смртовница. Каде и како се вади ваков документ и дали постои кај нас таков документ?
Смртовница или умреница е всушност извод од матична книга на умрени и се добива од Управата за водење на книги за матична евиденција (односно од нејзините одделенија). Изводот од матична книга на умрените за Скопје, на пример можете да добиете во зградата на МТВ ( каде се сместени дел од одделенијата на Управата). Тие не се два различни документи, може да не сте се разбрале добро но тоа е еден ист документ. Претпоставувам дека изводот им е потребен за да поведат оставинска постапка, како би го пренеле имотот. Отприлика со соседните држави ако се работи на пример со Р. Србија имаме доста сличен Закон за наследување.Таму Изводот од матична книга на умрени се нарекува смртовница и истата е потребна за поведување на оставинска постапка.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Стручни совети од адвокат 27 Ное 2012 17:36 #223388

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Mama Ane wrote:
Која е постапката за регистрирање на возило чиј сопственик е починат?
Возилото не може да се регистрира доколу сопственикот е починат. Потребно е да поведете оставинска постапка за возилото.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Ре: Стручни совети од адвокат 03 Дек 2012 13:03 #224210

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Cize wrote:
Почитувана, ве молам за совет.
Купуваме недвижност и веќе имаме платено 80% од цената. Сега треба да ги доплатиме преостанатите 20%, кои се до евро јасно назначени во договорот. Сега добивме информација дека имотниот лист има еден м2 повеќе од предоговорот и дека треба да платиме уште еден м2. Иницијалната цена е по листот за прибележување. Има една ставка во договорот која што претпосавувам дека го штити инвеститорот (болдираната):

Член 3

Договорните страни се изрично согласни вредностa на недвижноста предмет на овој
Преддоговор да изнесува Х Евра/m2 (што во денарска противвредност изнесува
Х ден) по метар квадратен.

Вкупната цена на недвижноста предмет на овој Преддоговор, спрема квадратурата од
Листот за предбележување на градба бр.Х за КО Карпош, изнесува Х Евра
или Х ден. Оваа цена е со вклучен ДДВ.

Доколку во меѓувреме дојде до промена на курсот на денарот во однос на еврото,
вредноста на недвижноста ќе се смета во денарска противвредност на куповниот
курс на Еврото во менувачниците на денот на уплатата на средствата од страна на
Купувачот.

Конечната вредност на недвижноста, предмет на овој договор, ќе се утврди согласно
површината од Имотниот лист а по цена на 1m2 утврдена во овој член.

Член 4

Договорните страни се согласни Купувачот уплатaтa на купопродажната цена
на недвижноста предмет на овој Преддоговор да бидат извршенa на следен
начин:

-

првата уплата веднаш, на денот на потпишување на овој Преддоговор и
тоа Х евра во денарска противвредност,

-

втората уплата најдоцна до Х и тоа Х евра во денарска
противвредност

третата уплата по изврсен техницки прием и тоа Х евра во
денарска противвредност.

-

Како вкупна цена во смисла на оваа одредба се подразбира цената од член 3 став 2
од овој Преддоговор.

Од друга страна во преддоговорот стои точно колку треба да доплатиме.
Има ли начин да го избегнеме зголемувањето на цената?

Ви благодарам!!
Според Преддоговорот вие имате изрично договорена цена која треба да ја платите, но во Преддоговорот стои и клаузула која вели дека ,,Конечната вредност на недвижноста, предмет на овој договор, ќе се утврди согласно површината од Имотниот лист а по цена на 1m2 утврдена во овој член,, така да преддоговорот е двосмислен, од една страна сте заштитени и Вие но и инвеститорот. Па не би можела да Ви одговорам со точност и конкретно. Може да одбиете да ја доплатите цената повикувајќи се на погорната одредба дека веќе е ,, изрично утврдена цената,, од Преддоговорот,па да видите што би Ви одговорил инвеститорот. Реално гледано Вие сте купиле со Преддоговор недвижност со ,,Х,, површина и тоа треба да го добиете. Во секој случај, со цела документација, консултирајте Адвокат, и во иднина кога ќе склучувате Договори за купопродажба на недвижности, секогаш ангажирајте Адвокат :), за да бидете правно обезбедени во вакви или слични ситуации. Знам дека не Ви помогнав многу, но сепак во овој случај е најдобро со сите расположливи документи да консултирате некој колега-Адвокат, кој по детално разгледување на документацијата ќе може да даде соодветен одговор.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Стручни совети од адвокат 03 Дек 2012 13:17 #224212

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
mila982 wrote:
Pocituvana,

Imam edno prasanje, dali moze da se pobie dogovor za dozivotna izdrska. Imeno maz mi i tako mu imaat skluceno takov dogovor vo koj se navedeni obvrskite na dvete strani, i deka po smrtta na svekor mi se ke pripadne na ime na maz mi. Dali ke moze eventualno ova da go pobijat sestrite na maz mi po smrta na svekor mi.

Pozdrav,
Како и секој Договор, и Договорот за доживотна издршка може да се побива пред судот.Тоа може да се случи доколку некоја од страните не ги почитува договорените обврски на пример во случајот, доколку Вашиот сопруг ги исполнува своите обврски од договорот, односно доколку се грижи, односно ги издржува неговите родители, се однесува добро кон нив, останатите наследници не можат да го докажат спротивното пред судот. Значи сестрите на вашиот сопруг не можат да го побиваат Договорот доколку вашиот сопруг се грижел за неговиот татко-ваш свекор.
Она што е важно да се напомене е и фактот да секој наследник има право на нужен дел, па би можело да се побива и по тој основ, но сепак волја е на вашиот свекор на кого ќе го остави својот имот. Она што е најважно е дека доколку Вие постапувате согласно договорните обврски останатите наследници не би можеле да го побијат Договорот за доживотна издршка.
Поздрав :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mila982

Ре: Стручни совети од адвокат 04 Дек 2012 04:31 #224266

  • mila982
  • mila982's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 25
  • Thank you received: 10
  • Карма: 0
Blagodaram,

Taka znaci svekor mi i taka zivee vo Germanija, no sto i da e se e vrz nas i toj i svekrvata,koga ke se razbolat nie gi vleceme po bolnici i taka. E sega muabetot mi e kako moze da se dokaze deka nekoja od strankite ne go pocituva dogovorot, so svedoci ili kako?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 06 Дек 2012 18:12 #224844

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
mila982 wrote:
Blagodaram,

Taka znaci svekor mi i taka zivee vo Germanija, no sto i da e se e vrz nas i toj i svekrvata,koga ke se razbolat nie gi vleceme po bolnici i taka. E sega muabetot mi e kako moze da se dokaze deka nekoja od strankite ne go pocituva dogovorot, so svedoci ili kako?
:) Razbiram se. Vo tekot na dokaznata postapka pred sud mozat da se koristat pismeni dokazi no i izjavi od svedoci. Vidi ubavo kakov ti e dogovorot koi Vi se obvrskite. Garancija deka nekoj dogovor ne moze da se ospori ne postoi, no sepak dokolku se grizite za vashite svekor i svekrva na nacin koj soodvestvuva na dogovornite obvrski, ne bi trebalo da imate problem. No vo sekoj slucaj, onaka kako shto kazuvate, smetam deka nema da imate problem.
Pozdrav :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mila982

Ре: Стручни совети од адвокат 07 Дек 2012 03:17 #224870

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Ke ve zamolam mi treba eden sovet. Isklucena sum od toplifikacija,i za stan od 47m/2 mi dojde smetka da platam 690 den. Iskreno jas mislev da si plakam no neli rekoa po 10 den od kvadrat i jas ocekuvav 470 den. A sega za iskluceno parno treba da platam 690 den. sto voopsto ne e malku. Sakam sovet dali mora da plakam,dali e dadeno na ustaven sud. Mnogu gragani ne plakaat.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 08 Дек 2012 09:16 #225059

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Pred 3 godini svekor mi ( sega pokoen ) ja prodade kolata koja ne bese vo ispravna sostojba, ja dadovme vo otpad kako staro zelezo, covekot trebase da ni dade 300evra, utre, drugiden, utre, drugiden, do den denes ni gi nema dadeno.
Bevme vo policija za da go prijavime slucajot, vo policija ni kazaa deka kolata se vozi :blink:
Covekot sto rabotel vo otpad si ja prodal

Mm potpisa izjava vo policija, deka bilo kakva nesreka da se sluci so taa kola deka nema da odgovara toj, nitu nekoj clen od naseto semejstvo, zatoa sto site dokumenti seuste glasat na svekor mi imeto

Me interesira sto I kako da napravime za da si gi zememe parite od civekot?
Covekot ima pari, ima prodavnici, ima privaten otpad, ednostavno nesaka da ni gi dade parite, sekojdnevno mm odi, a covekot se mu vika utre, utre...
Kako moze da dokazeme deka ni dolzi pari, dali moze so izvrsitel da odime I da si gi zememe parite?

P.S. Covekot bese prijatel so svekor mi, nemame nikakov dokument od covekot deka kolata mu ja dasovme vo otpad

The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од адвокат 12 Дек 2012 18:13 #225621

  • advokat
  • advokat's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 27
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
kalina wrote:
Ke ve zamolam mi treba eden sovet. Isklucena sum od toplifikacija,i za stan od 47m/2 mi dojde smetka da platam 690 den. Iskreno jas mislev da si plakam no neli rekoa po 10 den od kvadrat i jas ocekuvav 470 den. A sega za iskluceno parno treba da platam 690 den. sto voopsto ne e malku. Sakam sovet dali mora da plakam,dali e dadeno na ustaven sud. Mnogu gragani ne plakaat.
Најдобро е со сметката да отидеш во Топлификација АД Скопје, и да побараш објаснување. Во однос на иницијатива за пред Уставен Суд, немам сознанија, но Одлука од Уставен Суд во моментов по ова прашање мислам дека нема.
Поздрав:)
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.