Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: On line хонорарна работа

Ре: On line хонорарна работа 05 Окт 2012 04:03 #216381

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Еве си кликам јас еден месец и повеќе и имам околу 30 доларчиња. Не е некоја заработка ама па не ни одзема време, си штракаш по малку во денот...иам и некои tasks да ги извршуваш кога ги има за да добиеш пари од таму...па можеш и да си купиш реферали да ти помагаат т.е со нивното кликање добиваш и ти....итн, прочитајте има и форум таму за земјите од бивша југославија...поразбирливо е.
Е сега на почетокот е споро ама се уходува човек и башка колку повеќе луѓе купуваш побргу ќе собираш пари.
Онака за занимација.....мм ме зеза а бре до Нова година ќе собереш ли 50 долари....лелее кај ли ќе идеме :kamsik:
Инаку мора да си отворите payza....бидејќи нели немаме payal....и после на ваша девизна ќе си префрлите...и тоа е тоа.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Molly, forumce

Ре: On line хонорарна работа 05 Окт 2012 04:48 #216401

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Катерина, само да те прашам, дали си проверила со банката дали ќе има проблем да ти легнат средствата на девизна сметка?

Прво, ако парите ти стигнат од правно лице (ако ти исплаќа сајтот тогаш тоа е правно лице), ќе мора да покажеш некаков договор со фирмата дека соработуваш, и дека врз основа на тоа ги добиваш парите (што не ја исклучува и претпоставката дека можеби ќе треба да си платиш и персонален данок).

Ако парите ти стигнат од твоја сметка, тогаш можеби ќе треба да докажуваш зошто имаш сметка во странство...нели, да ли имаш работна дозвола и слично...

До пред две години беше вака, е сега ова што го кажуваш payza искрено не го разбирам како оди...може има некоја финта да се избегне сето ова, но сепак распрашај се во банката кога ќе ти стигнат парите што ќе се случи...да не ти испадне провизијата за прилив поголема од заработката.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Thatcher, Марфи

Ре: On line хонорарна работа 05 Окт 2012 06:49 #216426

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Аннабел, кога повлекуваш малку пари никој не прави проблем. Проверено. Е сега ако ти стигнуваат по не кои 500-600е месечно, ќе треба да си пуштиш пријава во УЈП.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee

Ре: On line хонорарна работа 05 Окт 2012 08:00 #216445

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Не сум банкар, ама мислам дека ако имаш прилив на сметка мора да се каже основот за приливот, па затоа ова што го кажува анабел ми има логика.
The administrator has disabled public write access.

Ре: On line хонорарна работа 05 Окт 2012 09:36 #216476

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Sanja wrote:
Не сум банкар, ама мислам дека ако имаш прилив на сметка мора да се каже основот за приливот, па затоа ова што го кажува анабел ми има логика.

Да, да Сања, на тоа мисла...До пред некоја година барем беше така, ако ти стигнат девизи од физичко лице што живее во странство, немаше проблем, ама од правно лице, мора да докажеш основ за приливот.

Е сега, пак ќе кажам, ова payza не знам како функционира, може има некоја финта...




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: On line хонорарна работа 03 Мар 2014 09:46 #249031

  • iskrenavaga
  • iskrenavaga's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
  • Карма: 0
www.sfi-vodic.weebly.com eve vodic za obuka, koj e zaentersiran neka se regestrira na ovoj link: www.sfi1.biz/13937962 i mozam da Ve obucuvam cekor po cekor..no, se sto e potrebno e poznavanje na angliski jazik i da se odvoi 2/3h sekoj den za izvrsuvanje na zadacite.
I ovaa e pred se obuka, pa ako ste uprorni i odgovorni posle eden mesec i zarabotuvacka, i jas se uste sum na obuka, no ima cel tim koi te podrzavaat i objasnuvaat sto ne ni e jasno.Pozdrav, moze i da mi pisete PP.
Ako sakate da se regestrirate ke treba da imate otvoreno e-mail na yahoo.
Последна промена: 03 Мар 2014 15:09 by Cinnamon. Причина: nedozvoleno e postiranje na licni kontakti
The administrator has disabled public write access.

Ре: On line хонорарна работа 31 Окт 2014 17:24 #252847

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Хонорарците ем невработени ем обесправени

Од први јануари, на сметка на државата ќе одат најмалку 35 проценти од секој хонорар по договор на дело или авторски договор, освен ако не сте врвен спортист, државен функционер или судија

Оние кои имаат примања врз основа на договори на дело и авторски договори, односно т.н. хонорари, за два месеца отсега ќе се соочат со ситуација во која од сумата на хонорарот ќе треба да бидат одземени, не како досега само персоналниот данок од 10 отсто туку и придонесите за пензиско и инвалидско и за здравствено осигурување. Заедно со персоналниот данок, оптоварувањето на хонорарите ќе изнесува над 35 отсто од сумата. Придонеси ќе се плаќаат за хонорарите кои го надминуваат износот на минималната плата, односно од околу 9.500 денари.
За да се воведе ваквата новина, одеднаш се изменети пет закони: за работни односи; за придонеси од социјално осигурување; за пензиско и инвалидско осигурување; за здравствено осигурување и Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Сите се донесени по скратена постапка, а измените се веќе озаконети со објавата во Службен весник уште кон крајот на јули 2014 година.

Образложението на Владата и на Синдикатите за овие законски измени, донесени сред летните одмори, беше дека со нив практично ќе се стимулира вработувањето по теркот на другите европски држави и ќе се спречат злоупотребите.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, уште при донесувањето на измените изјави дека „со ова ќе се елиминираат злоупотребите што дел од работодавачите ги правеа кај овие авторски или договори на дело, каде што често се изигруваше и договореното за минималната плата“.

Што предвидуваат измените

Во Процедурата за прием во задолжително социјално осигурување и плаќање на социјалните придонеси, која БИРН ја обезбеди од Министерството за труд и социјална политика, се наведени сите елементи кои законски треба да бидат дел од договорите на дело или авторските договори од први јануари.

Таа предвидува и компанијата „исплатувач“ и лицето „примател на приходот“ да го достават меѓусебниот договор на дело до Фондот за пензиско инвалидско осигурување (ФПИОМ). Ако лицето не е вработено, односно нема социјално осигурување, покрај договорот, треба да се достави и барање за прием во осигурување, трансакциска сметка и М1/2 пријава.

Ако некој има повеќе договори под минималната плата, но нивниот збирен износ е поголем од 9.500 денари, тогаш и тој подлежи на наплата на придонеси. Во тој случај, наместо правното лице или фирмите, самиот работник како физичко лице треба да оди во ПИОМ, да ги поднесе сите барања и да си ги плати придонесите.

Ист е случајот и за оние кои имаат авторски или договори на дело со странски компании, авторот односно „изведувачот“ е обврзник за надомест на даноците и придонесите.

Во практика, ова значи дека од следната година за хонорар во бруто износ од, на пример, 30.000 денари, оној што ја дава услугата ќе добие околу 20.000 денари, а на сметка на државата ќе легнат околу 10.000 денари.

За пензиско и инвалидско осигурување ќе се платат 17,6 отсто или околу 5.280 денари, а за здравствено 7,3 отсто или нешто под 2.190 денари. Вкупно за придонеси ќе се одвојат 7.470 денари од хонорарот. Од останатите 22.530 денари уште 10 проценти или 2.253 денари ќе се одвојат за данок на доход.

Повеќе
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.