Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Закон за работни односи - права на бремените жени

Закон за работни односи - права на бремените жени 10 Окт 2011 03:31 #158324

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Трудници, дали си ги знаете вашите работнички права и дали вашите работодавци ги почитуваат?

Обврска на обезбедување на безбедни работни услови
Член 42
(1) Работодавачот мора да обезбеди услови за

(3) По добивањето известување дека некоја работничка е бремена, во текот на
различните фази на бременоста, работодавачот е должен да воведе повеќекратно
оценување на ризиците кои можат да влијаат на бремената жена, нејзиното
неродено или новородено дете. Дополнително оценување на ризикот се
применува и при промена на условите за работа, опремата или машините.
(4) По соодветни консултации и согласност на жената, а во зависност од
природата, интензитетот и времетраењето на ризикот, работодавачот треба да
воведе мерки за подобрување на здравјето и безбедноста при работа на
бремената работничка, работничка која неодамна родила или дои, како и
отстранување или намалување на опасноста на ризикот од
- неповратни ефекти,
- предизвикување рак,
- наследни генетски оштетувања,
- предизвикување штети на нероденото дете и
- предизвикување штети на исхраната на детето.
(5) Ако при оценката на ризикот не е откриен ризик, работодавачот треба да ги
информира сите вработени за потенцијалните ризици. Исто така, работодавачот
треба да објасни што ќе се направи за да се осигури дека новите бремени
работнички нема да бидат изложени на ризици кои можат да предизвикаат
оштетување на нивното здравје и безбедност.

Посебна заштита за време на бременоста
Член 163

(1) Работодавачот не смее да бара какви било податоци за бременоста на
работничката, освен ако таа самата не ги достави заради остварувањето на
правата за време на бременоста.
(2) Ако работничката врши работа која за време на нејзината бременост може
штетно да влијае на нејзиното здравје или здравјето на детето, определени
согласно со членот 162 на овој закон, работодавачот е должен да и обезбеди
вршење на друга соодветна работа и плата, како да ја вршела својата работа, ако
тоа за неа е поповолно.
(3) Во спорот меѓу работодавачот и работничката одлучувачко е мислењето на
избраниот лекар, односно лекарската комисија.
Заштита за време на бременост и родителство во врска со ноќната и
прекувремената работа
Член 164

1) За време на бременост или со дете до една година возраст, работничката не
смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе.
(2) На работничката која има дете од една до три години возраст, може да и се
наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по нејзина
претходна писмена согласност.
(3) Правото од ставовите (1) и (2) на овој член го има работникот - татко на
детето, односно работникот кој го негува детето, доколку мајката умре, го
напушти детето, односно врз основа на мислењето на надлежната лекарска
комисија според прописите на здравственото осигурување е неспособна за
самостојно живеење и работа.
(4) На еден од работниците - родители кој има дете помладо од седум години или
тешко болно дете или дете со телесен или душевен недостаток и кој живее сам со
детето и се грижи за неговото воспитување и заштита, може да му се наложи да
врши прекувремена работа или работа ноќе, само по негова претходна писмена
согласност.

Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство
Член 165


(1) Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на
платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку
роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) една година.
(2) Врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, работничката може да го
започне отсуството за бременост, раѓање и родителство 45 дена пред раѓањето, а
задолжително 28 дена пред раѓање.
(3) Доколку работничката се породи порано од рокот утврден во ставот (2) на
овој член, отсуството за бременост и раѓање започнува да го користи од денот на
раѓање на детето до истекот на рокот од ставот (1) на овој член.
(4) Доколку од здравствени причини детето е задржано за нега или лекување во
здравствена установа и доколку во меѓувреме мајката или таткото се вратат на работа, отсуство поради раѓање и родителство се прекинува и истото имаат право
да го искористат неискористениот дел од отсуството од ставот (1) на овој член.
(5) Работникот е должен на работодавачот да му го најави времето на
започнувањето на користењето и времето на завршување на родителското
отсуство 30 дена пред започнувањето, односно пред завршувањето на
користењето на правото на родителско отсуство.
(6) Работничка која посвојува дете има право на отсуство до наполнување на
деветмесечна возраст на детето, а доколку посвоила повеќе деца (две или
повеќе) една година.
(7) Работничка која посвојува дете има право на платено отсуство за
времетраењето на периодот на адаптацијата на детето, согласно со прописите за
семејството.
Повторно враќање на работа од отсуство од работа поради бременост,
раѓање и родителство
Член 166

(1) Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство,
ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред
45 дена од денот на раѓање на детето.
(2) Работничката од ставот (1) на овој член, покрај правото на плата, има право и
на надомест на плата за отсуство поради бременост и родителство, во висина од
50% од утврдениот износ на надоместокот за отсуството од ставот (1) на овој
член според прописите за здравствена заштита.
(3) На крајот на родителското отсуство работникот има право да се врати на
истото работно место или, доколку тоа не е возможно, на соодветно работно
место според условите од договорот за вработување.
Користење на отсуство од работа за родителство од страна на татко или
посвоител на дете
Член 167
Доколку отсуството од работа за родителство од членот 165 на овој закон не го
користи работничката, правото на отсуство од работа за родителство го користи
таткото или посвоителот на детето.
Продолжување на отсуството поради бременост, раѓање и родителство
Член 168

1) Ако работничка роди мртво дете или ако детето умре пред истекот на
отсуството поради бременост, раѓање и родителство, има право да го продолжи
отсуството за време колку што според наодот на лекар е потребно да закрепне од
раѓањето и од психичката состојба предизвикана со губењето на детето, а
најмалку 45 дена, за кое време и припаѓаат сите права врз основа на отсуството
за бременост, раѓање и родителство.
(2) За време на отсуството од ставот (1) на овој член и членот 165 став (2) на
овој закон, работничката има право на надомест на плата според прописите за
здравствена заштита.

Извор: Закон за работни односи 09.12.2010




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 10 Окт 2011 03:33 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi

Закон за работни односи - права на бремените жени 10 Окт 2011 05:36 #158349

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
Анабел,
само да те дополнам дека мајките имаат право на пауза за доење од еден час, во тек на работното време, која не е пресметана со паузата од половина час. Ова право мајката го има додека бебето не наполни една година.
Ме мрзи сега да барам според кој член е тоа.
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
The administrator has disabled public write access.

Закон за работни односи - права на бремените жени 10 Окт 2011 05:46 #158350

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Да, да Редсоња, точно е тоа...само баш би сакал да сретнам таков газда, да му пружам рака:)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Закон за работни односи - права на бремените жени 10 Окт 2011 06:11 #158353

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Кај мене се применува ова законско право за доење. Јас лично не го искористив пошто касно дознав за него, ама летово една моја колешка го искористи.
Инаку работодавач ми е државата, во државна администрација сум
The administrator has disabled public write access.

Закон за работни односи - права на бремените жени 10 Окт 2011 08:14 #158393

  • gunnergirl
  • gunnergirl's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 169
  • Thank you received: 44
  • Карма: 3
Seto ova e ubavo napisano no sto da mu kazam jas na mojot gazda koj ovaa godina ne mi dade odmor zasto sim bila na patoloska oa mart i ne sum rabotela odnosno rintala posledovatelno sest meseci iako sum 5godini vo taa ustanova i otkako ke se vratam na rabota treba da rintam pak sest meseci pa da zamam odmor.
The administrator has disabled public write access.

Закон за работни односи - права на бремените жени 13 Окт 2011 17:15 #158965

  • malazver
  • malazver's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 7
  • Thank you received: 9
  • Карма: 0
Mnogu loso se odnesuvat rabotodavci, ne site ali mnogumina od niv se skoro luti koga im se saopsti za bremenosta. Licno mislam deka porodilno odsustvo ne e dovolno dolgo. Savremeni zemji koi imaat problem so natalitet davaat podolgo porodilno. Npr vo Srbija (ne e sovremena mnogu ali ima mortalitet pogolem od natalitet) e godina dena i za toa vreme se prima normalna plata ne prosecna, vo Avstrija porodilno e dve godini a vo Madjarska kako sto slusnav tri. No ove nemam provereno spored madjarskio zakon. Isto taka zenite imaat moznost da rabotat od doma, skrateno rabotno vreme itn... No toa da dojde ovde ke pocekame nekoe vreme :( .
Последна промена: 13 Окт 2011 17:17 by malazver.
The administrator has disabled public write access.

Закон за работни односи - права на бремените жени 27 Окт 2011 09:09 #161502

  • MAJA_DS
  • MAJA_DS's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Be yourself, everyone else is taken!
  • Теми: 118
  • Thank you received: 25
  • Карма: 0
Јас бидејќи очекувам близнаци можам да речам дека сум среќна бидејќи ми следуваат 12 месеци. Искрено и јас мислам дека 9 месеци се многу малку. Пак барем моиве ќе имаат по една годинка и колку толку ќе бидат поразвиени и пооформени. Точно е дека во многу од западниве земји им даваат многу поголемо породилно, ама искрено да ви кажам ретко која од тие жени го користи.
Јас живеев неколку години во Германија и знам дека таму е 3 години породилното. Имам една пријателка германка со која што сум уште во контакт и таа после три месеци од кога се породи се врати на работа. И тоа не е таа единствениот случај, скоро 80% е така, дури некои и по еден месец се вражќаат назад на работа. Јас тоа до негде можам да го замислам и зошто сето тоа така функционира на запад. Тие жени имаат високи примања, понекогаш дури и над 3000 евра месечно. Секако дека не им оди во прилог да седат дома, а и плус имаат доволно материјални средства за да најмат и по 2 бебиситерки ако сакаат и децата да им бидат добро згрижени. Ние овде живееме во сосема поинакви услови и мислам дека никогаш нема да го осетиме тоа на своја кожа како живеат странците. Во странство самиот квалитет на животот е на многу повисоко ниво и буквално скоро сите родители гледаат да имаат доволно средства да ги пратат нивните деца во добри градинки, школи и универзитети (што секако чини многу пари).

Што се однесува до тоа дека кај нас според закон им е дозволено на мајките до 1 година да искористат по еден саат во текот на работното време, ретко каде е применливо. Кај мене на работа една колешка праша дали ќе може наместо во текот на работното време да си оди порано од работа еден саат и нормално дека и беше кажано дека не може. После тоа исто слушна некои муабети од кадрово као демек зошто да се користи тој еден саат, така само ќе се растревожело детето повеќе кога ќе те види и ќе почне да плаче кога ќе треба да се вратиш пак на работа :what: Со еден збор и кажаа индиректно као подобро не го барај тој саат.


Nicht weil die Dinge schwierig sind wagen wir sie nicht, sondern weil wir die Dinge nicht wagen sind sie schwierig. (Seneca)
Последна промена: 27 Окт 2011 09:14 by MAJA_DS.
The administrator has disabled public write access.

Закон за работни односи - права на бремените жени 30 Апр 2014 13:36 #250404

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
Nabrzina prebarav niz forumov i ne najdov odgovor na ovaa tema zatoa otvaram, ako veke ima seizvinuvam,no mi treba itno odgovor. Bev na porodilno 9 meseci, i go koristam lanskiot odmor,idnata nedela treba da pocnam na rabota, vrabotena sum preku agencija i dobivam mesecen dogovor, noovojpat dogovorote samo za nekolku denaod mesecot, zaklucno so denot na zavrsuvanje na odmorot, so drugi zborovi mi zavrsi vrabotuvanjeto, posle 5 godini staz na ovoj nacin i posle dve porodilniboleduvanja. Ima li nekoj zakon za zastita na mladi majki? Iskustva? Blagodaram
The administrator has disabled public write access.

Закон за работни односи - права на бремените жени 30 Апр 2014 15:34 #250405

  • gvendolin
  • gvendolin's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 251
  • Thank you received: 75
  • Карма: 4
mora da ima ne se otkazuvaj rasprasaj nekoj pravnik sto znae dobro mislam dek ane smeat da te izbrkaat e toa deka si preku agencija neznam znaes kako e so zakonive ama prasaj obavezno ili moze ke ti dadat nov dogovor ubavo rasprasaj se jas bev vo nekoja slicna situacija koga se vrativ so prvoto ama ne me brkaa bas poradi toa mislam deka sme zastiteni i si ostanav
НАШЕТО ГОФЧЕ-ГОРДАНА 10/05/2010
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubale23

Закон за работни односи - права на бремените жени 04 Мај 2014 00:58 #250448

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
Мислам дека тоа е тоа. Завршил договорот и едноставно завршил работниот однос. За вработување на неопределено е друга работата, закинот те штити, но во овој случај не е така.

Не разговараа со тебе околу работата кога го земаше одморот?
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Закон за работни односи - права на бремените жени 07 Мај 2014 17:47 #250601

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
Ednostavno rekoa zemi si go lanskiot odmor iskoristi go so vreme dan ti propadne, i narednite denovi dobiv dogovor so denot na posleden den na traenje na odmorit :[
The administrator has disabled public write access.

Закон за работни односи - права на бремените жени 08 Мај 2014 01:50 #250602

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
Разговарај со нив за да видиш на што си. Можеби е некоја процедура или пак едноставно не ти го продолжуваат договорот. Сепак мораш да бидеш правилно информирана нели? Не донесувај сама претпоставки и заклучоци, разговарај со одговорните во фирмата. Со среќа!
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubale23

Ре: Закон за работни односи - права на бремените жени 08 Мај 2014 11:23 #250619

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
Gotovo e, od denes pod zavod
Pravata na rabotnicite, bremenite, taze majkite ... gi nema!
Последна промена: 08 Мај 2014 11:25 by bubale23.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Закон за работни односи - права на бремените жени 09 Мај 2014 06:05 #250646

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Bubale, не сакам да ме разбереш погрешно, но во случајов штом си работела преку агенција под договор кој го продолжувате на одреден период, сосема било можно и да се случи истото иако не си била на породилно. За жал со таквите договори, никој не е заштитен, освен работодавецот. Тој потпишал договор во кој јасно е одредено времетраењето на работниот однос.
Ако било поинаку- да е трајно вработување или договор на неодредно време, можеби би биле поинакви работите :emm:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Закон за работни односи - права на бремените жени 14 Мај 2014 03:32 #250740

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
Sekako deka gi razbiramtie raboti i normalno se vo pravo.. No sepak, posle 5 godini rabota, posle porodilno boleduvanje, koga imam dve deca, samo jas rabotam, preku mene teci zdravstvenoto za 4ta, nedela dena pred krajniot datum dobivam mail i cela nedela nema nekoj soodveten ziv covek da mi se javi, da me izvesti "licno, vo zivo, Covecki",tuku jas gi baram i site - javi se kaj petko kaj trajko... Duri sega doznav deka imalo propust od 5 meseci vo prijavuvanjeto na dokumentite vo fondot, pa mi fali staz, ne moam da fatam uslov za zdravstveno preku zavodot radi toa, a poradi nekoi novi zakoni vo odnos na visinata na minatogodisnite primanja ne ispolnuvam uslov naredna godina dena za zdravstveno osiguruvanje. A imam dve mali deca, nedaj boze ne mozam na lekar da gi odnesam. Mozda ne e za ovaa tema,no moram da se olesnam. UZAS

I uste nesto, site 5 godini dogovorot mi e od 1vi do 31vi, zosto ne mi go prekinaa minztava godina i pol koga bev na boleduvanje poradi teska bremenost ili duri bev na porodilno!? Znaci nekoi zakoni sepak i za niv vazat i mora da se pocituvaat. I sto se cudam jas, vo denesno vreme preku net pocnuvaat vrski, sklucuvaat brakovi, se razdeluvaat po sms, pa normalno i preku mai da te izvestat deka si otpusten.
Последна промена: 14 Мај 2014 12:47 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.