Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Доење

Ре: Доење 02 Јул 2014 07:19 #251317

  • winnie the pooh
  • winnie the pooh's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 305
  • Thank you received: 63
Dobro e nadezni sme,ne e kojznae kolku ama 200gr za edna nedela vo granica na normalno bilo,sepak ima razlika od vaga do vaga eve vo ista ustanova razlicno mrenje kaj dve doktorki,ne e vazno,ke terame samo cicanje pa ke vidime :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Мај 2016 14:55 #255323

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
Majki, ve molam za sovet. Sinceto ima 2.5 meseci, izmacivme maka so doenjeto, nekese da fati grada voopsto, pa silikonski bradavici, pa dohrana, pa jas pocnav da odmolzuvam i mu davav na sisence... Haos.
Napokon posle mnogu trud i trpenie, pred 2-3 nedeli sinko resi da fati grada. Od togas se doime, imase 2 dohrani x 90 ml vo denot, sega gi isfrliv i mu davam koga ke posaka, pa duri i bez da place mu nudam.
Prasanjeto mi e, malovo kratko cica 5-10 min i se trga, se luti, se crvenee... Posle toa si e srekno, guga, si igra, noke vrzuva 3-3.5h, kaka i po 6 pati na den, zlatno zolto, mocka redovno.
Od druga strana racinjata mu se non stop vo usta?
Se plasam dali dovolno jade bidejki kratko cica, a racinjata mu se non stop vo usta, dali pa toa e znak deka e gladno?


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 04 Мај 2016 09:55 #255324

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Mamatobe гладно бебе плаче, ама баш плаче и ништо друго освен млеко не може да го смири. Иако му се рацете во уста не значи дека е гладно, сепак сега ги открива рацете а бебињата прво осознаваат преку устата ;) Кога огладнуваат стрвно ги лапаат рацете и испуштаа звуци за да кажат дека огладнуваат но чим не плаче се е ОК.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 26 Окт 2016 19:31 #255402

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
Мајки, ве молам за совет. Синчето за 4 дена ќе наполни 2 месеци. Го доев и му додавав адаптирано млеко, бидејќи немав доволно млеко. До пред една недела се' беше во ред, цицаше, па пиеше адаптирано млеко со цуцла од шише. Во последно време јас почесто се измолзував со пумпа за да стимулирам повеќе млеко и му го давав измолзеното млеко со шише. Сега, неколку дена, не сака да застане на града, плаче и не се смирува додека не му го дадам адаптираното млеко во шише. Разговарав со другарки, патронажни сестри, доктор-педијатар... Пробав да го дојам во потемна и тивка просторија, но тоа воопшто не влијаеше бепчето да се натера да цица. Забележав, кога не е гладно, не сака да цица и залуден е трудот да го ставам на гради. Кога ќе огладне, нервозно е и нетрпеливо, силно плаче и не сака да застане на града. Мислев дека причината е затнатото носе, но не било тоа. Едноставно, се навикна да пие млеко од шише и така му е полесно. Потешко му е да цица, а и помалку млеко му течеше, па одбива да цица. Овие дена се измолзував. Не знам дали да продолжам да се измолзувам. За да имам повеќе млеко во градите не треба да се измолзувам. Со измолзувањето ми се празнеа градите и тоа немаше што да цица. Ако не се измолзувам и ако не цица, што ќе се случи... Дали некоја од вас имала слично искуство и како го реши?
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 26 Окт 2016 22:08 #255403

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Nezavisna toa e "greskata" sto ja pravat mnogu majki so siseto. Jas koga dopolnuvav adaptirano nikako ne mi preporacuvaa cucla. Samo so lazicka. Macno, naporno, zamisli noke 2 pati da mu davas mleko na bebe od mesec dena so lazicka? Ama uspeavme i ne se odbi od cicanje - naprotiv na 3-4 meseci se vrativme na ekskluzivno doenje.
Sto da ti kazam sega neznam. Dopolnitelen problem e i cucla lazacka. Isfrlete ja ako ja koristite. Potesko e bez "pomagala", ama ima zosto e toa taka. Bidi pouporna, isfrli cucli pa mozebi ke uspeete.
Druga varijanta e da kupis pumpa i samo na sise da ostanete.
Последна промена: 26 Окт 2016 22:09 by Thatcher.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 28 Окт 2016 18:57 #255404

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
Thacher, работата е што мене не ми кажаа така, т.е. ништо не ми рекоа и јас самата почнав да му давам адаптирано млеко од шише. Помина тоа, сега нема враќање назад. Мислам дека е доцна за да исфрлам цуцли во овој момент. За 2 дена влегува во третиот месец. Потребата за храна е поголема. Тоа не може да се стрпи за да му дадам млеко во шише, а не пак допрва да се мачиме со лажичка... Пробав и со лажичка - залудно. Сфатив дека не може така. Тоа веќе 2 дена не цицаше воопшто. Се измолзувам и му давам мое млеко од шише + АД-млеко во шише. Денес пробав со силиконска брадавица, но и тоа не помогна. Бепчето си знае веќе што пушта повеќе, а што не. Тоа е. Не можам ништо на променам. Криво ми е, зашто баш тогаш почна да ми доаѓа повеќе млеко. Пумпа имам и ја користам.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 28 Окт 2016 19:00 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 30 Окт 2016 15:24 #255405

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Naporno e so lazicka, znam nie niz sto pominavme. Ama so cucla sekogoas rizikot e da se odbie, da si odbere polesen nacin.
Ako ne mozete so lazicka, izmolzuvaj se pocesto. I cuvaj rezervi - ima po net kako da pravis.. Taka ke stimuliras lacenje na mleko.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 31 Окт 2016 21:48 #255407

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
Колку почесто да се измолзувам? Се измолзувам трипати дневно. Ако се измолзувам по секој оброк на бепчето, излегува помалку млеко и послабо. Тоа млеко не го заситува (+АД, секако) и морам да му додавам уште АД, така што излегува дека залудно било. Сметам дека трипати е доволно и за да се наполнат градите со млеко и тоа да не е слабо и со бледа боја.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Доење 08 Ное 2016 13:47 #255409

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
Го врвиш најтешкиот пат. И јас за синко немав доволно млеко и му давав три недели АД млеко од шише после доење ама моиве деца беа цицкомани, не се откажаа од цицање, во моментот кога јас имав доволно млеко синко го исфрли шишето и до година се доевме, од нив шест месеци само доење. Моите деца не фатија цуцла лажачка, мојата града им беше тоа :)
Измолзувањето е најтешко, имав другарка што правеше како ти и се откажа после 4-5 месеци. Измолзувај се кога ги осеќаш градите дека се полни, и со среќа.
The administrator has disabled public write access.

Доење 10 Ное 2016 18:56 #255410

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
Девојки, ви благодарам за советите. Моето бепче фати лажачка цуцла веднаш штом му дадов, т.е. истиот ден кога ме пуштија од болница. Не знам што ќе правев ако не беше таа. Првите 2 недели по раѓањето беше само на цицање и многу плачеше. Лажачката цуцла го смируваше колку-толку. Тогаш не знаев дали имам доволно млеко. Дознав кога отидовме во советувалиштето и му мереа тежина, а мене подој. Можеби грешката моја е тоа што не почнав веднаш по доаѓањето дома да ја користам пумпата за да ми се отворат каналите и да доаѓа повеќе млеко. Мислев дека тоа не е неопходно, а од друга страна често немав време ни да јадам. Имав некаква помош од свекрва ми, ама не голема. Друга отежнувачка околност беше и тоа што се породив со царски рез и некое време и движењето и станувањето ми беше болно, а и немав апетит, не ми се јадеше. Бебулето си беше лакомо и нетрпеливо кога ќе дојдеше време за јадење. Немаше време за чекање и долго влечење. :P

Сега е тоа што е. За второто бебе (ако се решам :) ) ќе знам што да правам.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.