Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Доење

Доење 18 Дек 2009 02:37 #66

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Децата кои се доени се многу повеќе заштитени и поотпорни на одредени болести. Тие деца поретко повраќаат и имаат поретко проблеми со варењто на храната. Преку мајчиното млеко детето ги добива сите хранливи состојки потребни од првите шест месеци од животот.

Предности на доењето:
- Доењето е најдобро за здравјето на вашето бебе.
- Доењето е добро за мајчиното здравје.
- Доењето е поекономично.
- Доењето ги поврзува новороденчето и мајката.

Овде можите да ги раскажете вашите искуства за доењето, да прашате ако имате некој проблем или ви треба само совет од поискусни мајки..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nikas

Одг: Доење 18 Дек 2009 05:10 #119

  • mamicka83
  • mamicka83's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Карма: 0
Lele sto ubav tekst. Sekoja cest.
Jas imav mnogu problemi so doenjeto, i so prviot sin i so vtoriot. Steta i dvajcata samo doeja po 2-3 meseci.
Kako i da e im preporacuvam na site majki koi mozat da dojat da prodolzat zatoa sto toa e najubavoto iskustvo.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 18 Дек 2009 14:07 #174

  • TIFANI
  • TIFANI's Avatar
  • Offline
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
  • Thank you received: 158
  • Карма: 9
Јас Филип го доев скоро една година.Секогаш кога ми качуваше температура не сакаше да пие ништо,освен млекото од мене.Мислам дека и јас бев на раат од миенје и попаруванје шишинја,а и тој здраво си се хранеше.Не му давав никакво адаптирано млеко,ниту пак некои готови кашицки,се му пасирав свежо.
You make me happy
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 18 Дек 2009 21:59 #191

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
ПРАШАЊЕ

Зошто доење?

ОДГОВОР
Мајчиното млеко го обезбедува потребното ниво хранливи продукти за Вашето бебе, за негов здрав развој.
Со доењето се пренесуваат антитела и други заштитни фактори што ги има во млекото, што ќе му помогнат на Вашето бебе да биде поздраво и поотпорно на вообичаените инфекции. Доколку Вие или Вашиот сопруг страдате од алергии, мајчиното млеко ќе му помогне на бебето полесно да се бори против нив.
Мајчиното млеко е лесно сварливо, лесно се апсорбира и ризикот за појава на стомачни проблеми и дијареа е помал. Исто така, помала е веројатноста за појава на запек кај Вашето бебе, доколку го храните со мајчино млеко.
Доењето е бесплатно.
Доењето помага Вашата матка да се врати во нормална големина, по пораѓањето и исто така помага побргу да се вратите во нормала во однос на тежината и формата, ослободувајќи се од вишокот маснотии, што Вашето тело ги користи за да продуцира млеко.

ПРАШАЊЕ
Дали сите мајки можат да дојат ?

ОДГОВОР
Повеќето од младите мајки можат да продуцираат доволно млеко за да ги задоволат потребите за исхрана на своето новороденче.
И покрај тоа што најдобро решение е доењето, сепак постојат неколку ситуации кога тоа не е сигурно, пример, доколку мајката употребува лекови, што можат да преминат во мајчиното млеко, доењето може да предизвика анoмалии во растот и развојот на детето. Во такви случаи, по совет на доктор или фармацевт, треба да се премине на посигурен начин на исхрана со алтернативна замена на мајчиното млеко.
Исто така, доколку мајката е ХИВ позитивна, се советува да не го дои своето бебе, бидејќи ризикот за премин на вирусот од мајката на бебето, преку млекото е поголем одколку алтернативна замена на мајчиното млеко.

ПРАШАЊЕ
Дали доењето е лесно?

ОДГОВОР
Иако доењето е природен процес, тоа секогаш не е лесно. Тоа е ново искуство и за Вас и за Вашето бебе, така што е потребно малку упорност и различни техники за да се дојде до вообичаената рутина. Битно е мајката да биде опуштена кога ќе го дои бебето, за да може млекото да тече нормално и Вашето бебе нормално да се храни.
Доколку и покрај повеќето обиди доењето не е успешно, би требало да се посоветувате со стручно лице што ќе може да ви помогне.

ПРАШАЊЕ
Како да се хранам за време на доењето?

ОДГОВОР
Многу е важно, мајката за време на доењето да се храни нормално, редовно и здраво. Потребно е да се јаде и пие секогаш кога ќе се почувствува потреба за тоа. Заради доењето може да чувствувате зголемена желба за храна и да бидете пожедни од вообичаеното. Не ги пропуштајте оброците, бидејќи организмот ви продуцира млеко 24 часа, па доколку држите не соодветни диети може да дојде до ослабување на имунитетот и нарушување на здравјето.
Запомнете, трагите од Вашите оброци можат да преминат во млекото и заради тоа внимателно со алкохолот и храната што може да предизвика алергии, за да не го изложувате бебето на опасност и можност за нарушување на неговото здравје.

ПРАШАЊЕ

Колку често треба да го дојам бебето и колку долго ?

ОДГОВОР

Должината и честотата на доењето зависи од бебето и варира кај различни бебиња. Треба да го доите бебето по потреба, со што Вашиот организам ќе продуцира онолку млеко, колку што му е потребно на бебето.
Новородените бебиња не можат долго да цицаат и затоа е потребно интервалите на доење да бидат почести, односно на секои 1 до 2 часа, со мали количини млеко. Со текот на времето, интервалите на доење се зголемуваат и по недела или две тие можат да бидат на 3 до 4 часа. Во оваа фаза, на Вашето бабе ќе му требаат 6 или 8 хранења во текот на 24 часа.
Со зголемување на апетитот на бебето, се зголемува и количината на млеко што бебето ја цица, така што и доењето станува подолго, а интервалите на доење се намалуваат. Со текот на растењето, потребите за храна на бебето се зголемуваат и бебето ќе бара повеќе храна.
Во однос на прашањето, до кога треба да го доите Вашето бебе, тоа зависи исклучиво од бебето.
Доењето може да трае од 5 минути до половина час, во зависност од тоа колку е гладно бебето.


ПРАШАЊЕ
Како да знам дека моето дете добива доволно млеко?
ОДГОВОР

Количината на млеко што бебињата ја цицаат зависи пред се од самите бебиња. Доколку Вашето бебе има задоволителен раст на тежина и доколку во текот на 24 часа често ги мокри пелените, без пиење други течности, значи дека во голема мерка количината млеко што бебето ја цица е задоволителна. Во секој случај за ова прашање треба да го консултирате Вашиот доктор, поготово доколку сметате дека бебето не добива доволно храна.

ПРАШАЊЕ

Кога треба да престанам со доењето?

ОДГОВОР

Доењето за Вашето бебе претставува најдобриот начин за добар раст и развој. Вие можете да го доите бебето онолку колку што сакате. Некои мајки доењето го прекинуваат после неколку недели или месеци, а други пак го продолжуваат до една година па и повеќе. Не постои никаков релевантен доказ дека детето треба да се дои најмалку до три месеци заради можност бебето да добие стомачни проблеми, така што од продолженото доење, Вашето бебе може да има само корист.
Во фамилии каде што постои историја на нетипични болести, доењето се препорачува како превентива најмалку 4 до 6 месеци, па дури и подолго како задолжително, доколку постојат услови за тоа.
Некои мајки мислат дека треба да престанат со доењето доколку се вратат на работа. Ова не мора да биде така. Млекото може да го измолзете за да му се дава на бебето додека сте на работа или во тој период бебето да се храни со адекватни млечни формули, а потоа да го продолжите доењето кога ќе се вратите дома.
Доколку не сте сигурни како да постапите во такви случаи, посоветувајте се со доктор или стручно лице.

Извор
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 16 Јун 2011 22:38 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nikas

Одг: Доење 18 Дек 2009 22:11 #192

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Исклучиво доење

Многу често се сретнуваме со поимот ИСКЛУЧИВО ДОЕЊЕ. Што е всушснот ИСКЛУЧИВО ДОЕЊЕ?

Терминот ИСКЛУЧИВО ДОЕЊЕ се користи да се дефинира прехраната на бебето исклучиво со мајчиното млеко во првите шест месеци од животот, без никакво друго додавање на храна или течност, освен витамински капки или лекови.

Зошто да се дои исклучиво? Исклучивото доење е најприродниот начин на прехрана на детето до шестмесечна старост, бидејќи мајчиното млеко ги содржи изблансираните хранливи состојки кои од првата минута на животот секојдневно му се потребни на детето и доволни се за неговиот нормален раст и развој.

Мајчиното млеко содржи состојки (антитела) кои го штитат од бактерии и вируси, имунолошки недоволно развиениот организам на детето и многу го намалува ризикот од појавата на алергии, посебно на астма. И се разбира, мајчиното млеко е секогаш пристапно кога мајката е покрај детето, а количината е прилагодена на неговите потреби. Важно е да се напомене дека мајчиното млеко ги задоволува сите потреби на детето за храна и течности во првите шест месеци, вклучително и на водата, па дури и во многу жешки климатски услови.


Фото, Roda.hr
Исклучивото доење влијае и на психолошкото ниво на развојот на децата, бидејќи при доењето ја чувствува близината на мајката, а со тоа сигурност, нежност, внимание и утеха, кои овозможуваат здрав психички развој на детето. Со доењето детето истовремено го задоволува и рефлексот за цицање што е особено изразен во првите месеци од животот.

Исклучивото доење има предности и за мајката, затоа што после породувањето го поттикнува испуштањето на хормонот окситоцин, кој освен создавањето на рефлексот за отпуштање на млекото, предизвикува и контракции кои го овозможуваат враќањето на матката во состојбата пред зачнувањето, а со тоа ја намалува можноста за постпородилни крварења. Мајките – доилки согоруваат 200 – 500 калории на ден повеќе, што овозможува намалување на вишокот килограми добиени за време на бременоста. Доењето го намалува ризикот од рак на дојката и јајниците, болестите на срцето и остеопороза, како и го одложува враќањето на менструацијата, со што ја намалува можноста за повторно зачнување.

За мајката да дои исклучиво треба да ги почитува следниве правила:

- Во првите шест месеци од животот, детето треба исклучиво да дои и да не прима друга храна, ниту течност (да се исклучи адаптираното млеко, вода, чај и сл.) Мајките многу често сакаат што побрзо да почнат со воведување на некои други производи, за да може детето да се привикне на новите вкусови. Треба да се знае дека прераната прихрана непосредно влијае на производството на млеко и води кон престанок со доењето. Поради тоа со давањето на нови намирници треба да се почека до шест месеци на старост на детето.
-
- Во овој период мајката треба да почитува законот на понуда и побарувачка, што значи дека ако детето дои почесто и подолго, производството на млеко ќе биде поголемо. Мајчиното млеко е секогаш прилагодено на возраста на детето, имајќи го предвид тоа дека неговиот состав и количина се менува од подој до подој и од месец до месец. На тој начин организмот на мајката совршено ги следи потребите на детето и неговото растење. Мајката во никој случај не смее да наметнува дневен распоред на доење, туку да го храни детето исклучиво кога тоа сака, и да не се грижи ако детето не дои секој ден во исто време. Како и возрасните, и детето има свои природни потреби, па така еден ден може да побара и до десет и повеќе подои. Тоа е нормално, а производството на млеко ќе биде прилагодено всушност на неговиот ритам. Треба само да се слушаат/гледаат сигналите на бебето и да се водиме од нив. Со наметнување на сатница, детето цица поретко, а со тоа и поретко го поттикнува организмот на мајката на производството на млеко што може да доведе до прерано воведување на прихраната.

- Во периодот на исклучиво доење треба да се избегнува хранење на шише. На детето му е многу полесно да го извлече млекото од шишето, отколку од дојката, па после некое време може да ја одбива дојката, бидејќи на неа треба да се помачи, за разлика од шишето од кое млекото капи само. Во периодот кога се одвоени, мајката би требало да се издојува колку што може почесто да ги празни дојките, за да може да се одржи производството на млеко. Личноста на која и е доверено на чување детето би требало да го дава издоеното млеко на лажиче или во чаша.

- За смирување на детето не смее да се користи цуцла лажалка. Со смирување на детето со цуцла лажалка, се смалува бројот на подоите, и многу брзо детето не мора да цица за да се смири, туку само кога е гладно. Тоа може да доведи до смалување на бројот на оброците, па и до хранење споре строго утврдена сатница, на пример, на секои 3 часа. Ако на бебето му се дава цуцла и во текот на ноќта, тоа ги прескокнува и тие подои, а со ноќното доење се поттикнува поголемо производство на млеко. За жал, многу мајки се плашат дека со смирувањето на детето на гради лошо влијаат на него. Тоа е заблуда. Бебето најлесно се смирува кога цица, бидејќи тоа е за него најприроден и најкорисен начин, а тоа делува смирувачки и на мајката бидејќи така се воспоставува посебна врска меѓу нив.

- Ноќното доење може да биде многу исцрпувачко за мајката, и затоа е препорачливо и мајката и бебето да спијат заедно. Ако детето спие покрај мајката, може да цица кога ќе посака во текот на ноќта, мајката е посмирена, а детето побрзо заспива. Производството е поголемо бидејќи во текот на ноќното доење се отпушта поголема количина на хормонот пролактин, одговорен за производство на млеко.

- Во периодот на исклучивото доење од шест месеци, мајката треба да избегнува се што го ограничува доењето, или ја раздвојува мајката од детето. Со такви примери се сретнуваме кога мајката треба порано да се врати на работа, а детето тргнува во градинка или мајката поради некоја причина е разделена од детето. Некои мајки после подолго раздвојување, се воздржуваат да го подојат своето дете или му ги скратуваат подоите, а сето тоа може да има големо влијание на намалување на производството на млеко и на рано воведување на прихраната.

Извор
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nikas

Одг: Доење 18 Дек 2009 22:13 #193

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Совети за успешно доење

Мајчиното млеко е најдоброто за Вашето дете обезбедувајќи му се што е потребно за здрав раст и развој. Советите кои следуваат Ви ги покажуваат на краток и јасен начин нештата кои треба да ги земете во предвид со цел да го направите доењето забавно искуство за Вас и Вашето бебе.

• Поставете го бебето на градата веднаш по неговото раѓање, ако е можно веќе половина час по раѓањето. Ова е најдобар начин да се стимулира создавањето на млеко кај мајката. Дури и ако Вашето бебе не цица доволно во оваа фаза, сепак тоа Ви го олеснува доењето во понатамошниот период.

• Хранете го Вашето бебе секогаш кога тоа дава знаци дека е гладно. Во почетокот, доењето може да биде на 2 часа, но времето меѓу доењата постепено ќе се зголемува се додека бебето само не си определи свој ритам на хранење. Приближно 6-7 доења во текот на денот се сосема доволни. Ова покажува дека строг план за исхрана не е неопходен. Заклучокот е колку почесто го ставате бебето на градата, толку подобро, затоа што количеството на млеко кое се создава ќе биде во согласност со неговите потреби.

•Составот на мајчиното млеко во целост ги задоволува потребите на Вашето бебе. Како бебето расте така и составот на мајчиното млеко се менува, дури и промените се во согласност со текот на доењето. Мајчиното млеко е најлесно сварлива храна и затоа е најдобра за Вашето бебе.

• Одделете време за да го нахраните Вашето бебе. Најдете тивко место каде се чувствувате удобно и каде нема да ве вознемируваат. Блискиот физички контакт ја зацврстува врската меѓу Вас и Вашето бебе. Времето кога доите користете го за да го запознаете Вашето бебе. Запомнете, доењето е ново искуство, како за Вас така и за Вашето бебе, затоа треба да бидете трпелива особено ако тоа не оди така лесно.

• За да обезбедите доволно млеко потребно е да го поставите бебето на едната града за еден оброк. Доколку бебето го испие целото млеко од едната града и сеуште е гладно, треба да го поставите да цица на другата града се додека не се најаде. Наредното доење треба да го започнете на другата града.

• Немојте нагло да го тргате бебето од градата - на тој начин може да ве повреди. Подобро е да поставите прст помеѓу крајот од устата на бебето и брадавицата на градата и на тој начин да се прекине цицањето. На овој начин Вие лесно ќе можете да го одвоите бебето од дојката.

• По доењето, држете го бебето уште малку на вашата рака и масирајте му го грбчето. На овај начин се ослободува од воздухот кој бебето не може да го проголта и тоа ке подригне.

• По доењето, оставете ја брадавицата од дојката да се исуши на воздух неколку минути. Остатоците од млекото кое ќе се исуши на брадавицата содржат супстанции кои спречуваат појава на инфекции на градите.

• Добро балансиран план на исхрана за мајката додека таа дои влијае на составот на млекото и е посакуван со цел бебето да ги добие сите потребни витамини.

• Добро балансираната исхрана е исклучително важна за Вас како мајка доилка и игра важна улога вие да се чувствувате пријатно. Во периодот на доење, добра идеја е да имате 5 оброци на ден со мали ужини меѓу нив. Пред се, важно е да практикувате исхрана со која ќе избегнувате месни производи (околу 2/3). Треба да конзумирате житарици, леб, ориз, тестенини како и компир. Свежото овошје и зеленчук треба да бидат во центарот на вашата исхрана. Правилната количина е 5 порции на ден. Млекото истотака треба да биде вклучено во вашето секојдневно мени како извор на протеини и калциум.

• Водете сметка да пиете доволно течности. HiPP чајот за доилки е подготвен од растенија за кои е докажано дека го зголемуваат создавањето на млеко кај мајките дури за 13%. Истовремено HiPP чајот за доилки ја подобрува општата состојба на организмот на мајката, а влијанието кое го има кај доенчето е ублажување на коликите, обезбедувајќи му мирен сон.


Извор
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 18 Дек 2009 22:14 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nikas

Одг: Доење 18 Дек 2009 22:15 #194

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Исхрана на доилката

Со правилните навики за исхрана на доилката се дава оптимална основа за раст и развој на детето
За време на доењето се зголемени потребите за енергија и хранливи состојки бидејќи детето сите потребни состојки за својот раст ги црпи од мајчиното млеко. Со доењето се губат многу важни нутриенти кои мајката со својата исхрана мора да ги надополни.

Правило кое треба да се следи :НЕ ЈАДИ ЗА ДВАЈЦА!

Треба да се јаде мешана и разновидна храна која ги опфаќа сите основни групи на производи : житарици, млеко и млечни производи, месо, овошје и зелнчук. Во просек на долките им требаат 500 кcal повеќе од нормална, здрава жена која не е бремена и не дои. Дополнителните енергетски потреби зависат и од конституцијата на мајката и потребите на самото новороденче.
Некои продукти кои се присутни во исхраната на доилките може да предизвикаат подуеност, колики или проблеми со дигестијата на детето.

„ Проблематични „ продукти во исхраната на доилките :

• грав, грашак, мешункаст зелечук, кромид, зелка - може да предизвикаат појава на грчеви кај бебето

• кофеин и теобромин (ги има во какаото и чоколадите) - во големи дози може да предизвикаат раздразнетост и немир кај бебето

• теин - состојка во чајот кој има слично влијание како и кофеинот. Препорачливо е конзумирање на чај, меѓутоа треба да се одбере оној кој има помала содржина на теин. Треба да се избегнува црниот чај

• не се препорачува многу солена ниту лута храна

• миризливиот зеленчук ( лук, кромид, брокула ) содржи мирисни масла кои преминуваат во млекото и му даваат специфичен мирис кој кај повеќето бебиња предизвикуваат проблеми на дигестијата

• млечни производи - многу често грчевите кај бебињата може да се јават како последица од конзумирање на млечни производи од страна на мајката

Немојте да дозволите Вашата исхрана да стане еднолична бидејќи тогаш многу тешко ќе бидат целосно задоволени потребите на организмот од хранливи материи.

Внес на течности за време на доење
Во периодот на доење, потребите за течност се зголемени. Најдобро е да се изедначат со чувството на жед, кое кај поголемиот број доилки е зголемено.

Доење и пушење

Пушењето е забрането за време на доењето. Кај жените кои се пушачи е намалена продукцијата на млеко и порано престануваат да дојат. Кај нивните деца се појавуваат мачнини, повраќање, пролив.
Не смее да се пуши нити во просториите во кои престојува детето бидејќи пасивното пушење е штетно за здравјето на бебето. Докажано е дека веројатноста да се појават респираторни инфекции е многу поголема кај бебињата кои се изложени на дим од цигари.

Доилки вегетаријанки и макробиотичари
Било каков облик на вегетаријанска или макробиотичка исхрана носи со себе ризик од недоволно внесување на железо, калциум, цинк и витамин Д. Всушност, сите облици на растителна храна се богати со состојки кои пречат на апсорпцијата на важни витамини и минерали. Освен тоа, голем проблем е недостатокот на витамин Б12 бидејќи тој е од животинско потекло. На доилките кои се вегетаријанки и макробиотичари се препорачува дополна во исхраната со мултивитамински-минерални додатоци, но во секој случај да се посоветуваат со доктор.

Дополнителна исхрана за време на доењето
За правилниот развој на детето неопходна е здрава исхрана на мајката. Несоодветната исхрана на мајката може неповолно да се одрази на здравствената состојба на мајката и да предизвика пад на имунитетот. Потребите за хранливи материи се зголемени во текот на доењето, но со урамнотежена исхрана, можете на својот организам да му осигурате доволна количина. Исклучок се железото и фолната киселина за кои е потребно да се земаат дополнително, секако после извршена консултација со доктор.


Извор
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 18 Дек 2009 22:16 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nikas

Одг: Доење 19 Дек 2009 17:17 #431

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1648
  • Thank you received: 571
  • Карма: 15
Jas ja doev mila 25 meseci(ke ja doev uste megutoa razbrav deka sum bremena )Mislam deka dokolku mozeme da doime ,da mu go ovozmozime toa na naseto dete.Go dojam i maleckovo i planiram da ja dojam dodeka saka.
The administrator has disabled public write access.

Доење 20 Дек 2009 05:13 #934

  • JasminaGorjanDejan
  • JasminaGorjanDejan's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 1
  • Карма: 1
Samo sakav da napisam nesto za doenjeto i za toa kolku e ubavo za deteto ama sto da praveme nie drugite majki koga prirodata ne ni dava ete jas sam takov primer,koga se porodiv ne mi nadojde mleko sedum dena ,deteto oslabe poveke odtkolu sto trebase ne ne pustija od bolnica pa odma pocnavme so adaptirano mleko po preporaka od pedijatarot vo bolnicata ,koga se vrativme doma posle dva dena pocna po malku da nadovaga mleko ama kasno koga veke maliot se nauci od sise, probavme i da se izmlozuvam go stavav na grada ,sekoj den iako celo vreme placese isto taka probavme i so lazna bradavica samo da moze da go dojam ama nisto edna nedela se izmolzuvav so pompica za da mu davam od majcinoto mleko, ama mleko mnogu slabo imav od ednata grada mleko snemav odma a so drugata si napraviv tolku golem problem sto se izmolzuvav so pumpicata a i maliot pocna mlekoto sto go izmolzuvav da go povraka pa taka posle nekokolku nedeli skroz snema mleko,i da vi kazam tesko bese ama toa e toa eve veke tri meseci nie sme super super si napreduvame iako sme na adaptirano mleko ,malku e potesko so site tie sisinja ama se izdrzuva se za nasite decaa.
I edno prasanje imame tri meseca i edna nedela se hraneme so HIp 1 i si jademe spored toa kako sto pisuva vo kutijata,i si vovedovme super red so jadenjeto jademe okolu 180 do 200 ml na obrok,a predhodniot den pedijatarot mikaza da mu davam po 160 ml a na moeto dete toa ne mu stignuva na tri saata toa saka poveke i mi preporaca ako ne mu stignuva toa mlkeo da mu davame sokcinja,e moeto prasanje e dali da mu davam sokcinja ili da si davam mleko po staro kako sto si davav.fala odnapred
Последна промена: 20 Дек 2009 05:17 by vecki.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 20 Дек 2009 05:46 #978

  • baby24
  • baby24's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 36
  • Thank you received: 1
  • Карма: 1
Jas seuste ja dojam Lea iako imam moznost uste utre da prekinam ama smetam deka e podobro za nejze taka i planiram barem do maj dr godina da ja dojam da pomine ova zimovo i ova gripovive.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 20 Дек 2009 05:51 #982

  • vecki
  • vecki's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 155
  • Thank you received: 27
  • Карма: 9
кај мене Марија за некој ден ќе прави три год ама од цице не се откажува ,едино што почна веке да ми смета е тоа сто ноќе уште се буди да цица .
а другите цицаа Памела до 1и 4 мес.,и Кристина до 4 год
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 21 Дек 2009 14:15 #1801

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Anja ja doev isklucivo do 6-tiot mesec, pa pocnavme poleka so dohrana. Inace, seuste si cica.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 21 Дек 2009 16:43 #2004

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
Ние се доиме исклучиво сега за сега, и планирам да се доиме уште долго време, највеќе ми е страв кога ќе почнеме со дохрана да не ми се одбие од доење, и кога ќе тргнам на работа исто, се надевам сеуште ќе се доиме барем навечер.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 22 Дек 2009 16:01 #2875

  • nnatasa
  • nnatasa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 194
  • Thank you received: 164
  • Карма: 2
i nie uste se doime. Mlekoto odnosno kolicinata se stabilizira spored nacinot na koj ziveeme jas i taa. pocnav da rabotam odavna pa se prilagoduvavme so odmolzeno. inace 4 i pol meseci bese samo na doenje po preporaka na pedijatarot pocnavme so probuvanje vkusovi i dopolnitelen vnes na c vitamin... deka bilo zima i deka imalo virozi, ok.
do 6ti januari polni 6 meseci i od togas ke pocnam da i spremam konkretni obroci.
Inaku probavme dosta ovosja i zelencuci.

Licno bev poddrzuvac na samo doenje do 6 meseci, no ne sum veke. Spored nekoi mislenja od pedijatrite sto gi kontaktirav/am i od dosega procitanoto a i se slozuvam so istoto, pocnuvanje odnosno vovevduvanje da mali kolicestva na dozvolena hrana za bebeto e ok zaradi toa sto, ke se izbegne momentot na slabokrvnost posle 6te meseci ekskluzivno doenje, odnosno takanarecenata anemija sto se smeta za normalna kaj novorodencinjata. Jas taka mislam, znam deka mnogu nema da se slozat so mene.

no nie ostanuvame da cicanje do "daljeg" odnosno dodeka mozam da odrzam zadovolitelno kolicestvo na mleko. osobeno sega vo nejzinata prva godina na zivot, vo vreme na eden kup virusi i gripovi, mislam deka so toa sto cica moe mleko deka e zastitena od seto toa nadvor. se nadevam deka ke uspeam barem do april slednava godina da ja dojam pa makar i toa da bide ednas dnevno - ne gledam zosto toa ne bi funkcionralo ako se trudam kako sto se trudev i dosega... kerka mi i cica i pie od sise odmolzeno...toa sto treba od mene da primi - jas ke go ovozmozam.

Za emocionalniot del ke bide visok i jas da pisuvam, nitu za mene nitu za kerka mi nema poubav del od denot koga cicame i se gledame vo oci :)
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 22 Дек 2009 17:32 #2963

  • smisjana
  • smisjana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 81
  • Карма: 7
Транзиторна анемија може да се јави и кај доенчиња и кај оние бебиња кои се на адаптирано млеко и кај оние кои почнуваат со дохрана со полни два месеци, како што било пред десетина години. Ќерка ми има речиси пет месеци и се уште е само на доење. Последниот пат кога правевме крвна слика (пред неколку недели) хемоглобинот и беше 119,што е добро за бебе кое е на исклучиво доење. Е, сега јас имам „привилегија“ што можам да користам породилно боледување од „цели“ девет месеци и што можам и пружам исклучиво доење до полни шест месеци. ДОколку мораше да почнам да одам порано на работа порано, веројатно ќе поминував низ истата голгота, како Наташа, одмолзување, замрзнување, греење...И точно заради доењето, според мене породилното боледување треба да трае најмалку една година и никој и ништо да не може на жената да и го ускрати или ограничи тоа право. Ама, тоа е за во друга тема и за во друга нормална држава.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 22 Дек 2009 18:09 #3022

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1648
  • Thank you received: 571
  • Карма: 15
Мила беше исклучиво на доење до 6 месеци и хемоглобинот и беше верувале или не 146.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 22 Дек 2009 18:15 #3031

  • lili
  • lili's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 66
  • Thank you received: 2
  • Карма: 2
neznam dali ima poubavo nesto od cicanjeto na bebeto!Filip cica u uziva vo toa!Jas voopsto nemav maka so doenjeto ni na pocetok,toj kako sto izleze od mene go naculi muceto da cica :-)!MAJKI DOJTE GI SVOITE DECA,TOA E NAJZDRAVO ZA NIV!
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 22 Дек 2009 18:41 #3083

  • lusi
  • lusi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 113
  • Thank you received: 15
  • Карма: 3
Ќерката ја доев до 14м. синчето го дојам сеуште, ама морам да ви казам дека немаа никакви проблеми со грчеви, ама јас мноооогу внимавав што јадам
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 22 Дек 2009 18:46 #3092

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5144
  • Thank you received: 2409
  • Карма: 111
I nie uste cickame ama samo koga legnuvame da naname.Znaci preku den ednas a navecr se budi i po nekolku pati.
Golema cicomanka e kolku samo se raduva koga ke ja vidi cicata pred nananje,celata se trese od radost.E sega tocno e deka e malku macno navecer da te budi po nekolku pati (ova nekolku zavisi koga kako 4-5-6 pati) ama koga ke razmislam sto sve dobiva preku mlekceto pogotovo sega zimno vreme a i neze i pricinuva ogromno zadovolstvo i i deluva smiruvacki togas mene voopsto ne mi prestavuva nikakov problem tuku zadovolstvo.
A za blizinata i emociite se topime i dvete prekrasno cuvstvo :)
trtlata na mamika
Последна промена: 22 Дек 2009 18:46 by Majsi.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 22 Дек 2009 19:06 #3143

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 903
  • Thank you received: 448
  • Карма: 7
Leon e 17 meseci i uste si cica.Planirav da go odbivam vo april ama ke vidime kako se odviva situacijata,moze i da si prodolzime so cicanje.
??
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 22 Дек 2009 19:18 #3174

  • nnatasa
  • nnatasa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 194
  • Thank you received: 164
  • Карма: 2
Smisjana, bravo za hemoglobinot! odlicno, nie uste nesme pravele ama kaj i da eke napravam i jas.
Inaku, jas ne odluciv da vovedam malku cvrsta hrana poradi toa sto se namalilo mlekoto, tocno e deka mi se namaluva no odmolzuvam non stop i uste odrzuvam zadovolitelna kolicuna na mleko fvo zamrznuvacot.... zoram za nekade okolu litro i pol do dva litra mleko zamrznato moe. znaci ima za cicanje (mene mi se modri gradite os stiskanje ama ne e toa vazno). Mislam deka e ispravno taka, da cica i da probuva vkusovi od cetiri i pol meseci. Mozebi nekoj do 6 meseci samo ke doi, nekoj ke napravi kako mene, nekoj od odma ke pocne da dava i mandza projdena niz blender...
Mislam deka ne gresam sto vaka postapuvam i mislam deka vaka i obezbeduvam sto i treba. tocno e da bev doma ke imase prilika da cica pocesto i pomalku kako sto bese do 40 dena, no sega pak, cica poretko vo smisla pomalku podoi no podolgo vremenski i iscicuva od dvete gradi... mene toa mi zbori za toa deka i deteto "kapira" koga ima izvor mleko i koga nema pa taka si organizira potrebite... na stariot forum procitav deka deteto "sorabotuva", mislam deka tokmu toa i na nas ni se slucuva. No i da bev doma, pak ke davav po malce kako sega... tri pati vo denot po 50 g kasa od morkov ili jabolko ili kajsija zar moze da napravi problem ili steta...?

Jas koga pisuvav za malku hrana mislam tokmu na toa, malku hrana nema ni 150 grama hrana dnevno, ne bi go narekla to hrana ami probuvanje na vkusovi i kombiniranje.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 23 Дек 2009 01:13 #3516

  • Sandra
  • Sandra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • :)
  • Теми: 145
  • Thank you received: 14
  • Карма: 7
Jas ne znam kako ke se organizirame so cicanjeto koga ke pocnam na rabota, a toa e uste 20 dena.
Ne saka da pie adaptirano nikako, a saka jogurt, kiselo mleko, pavlaka, ama ne znam dali toa moze da mu zameni mlecen obrok od tipot na majcino , t.e. adaptirano mleko?
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 23 Дек 2009 03:51 #3651

  • mami29
  • mami29's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 420
  • Thank you received: 257
  • Карма: 3
И јас од вторник тргнувам на работа. И стварно ме фаќа страв. Уште не тргната ми закажале целодневни состаноци. И на моето прашање, што ќе правам со син ми, кој сеуште цица, шефот само се насмеа. :)

Не можев никако да продолжам боловање преку комисија, немав врски :(

А сега си цицаме преку ден еднаш до двапати и преку цела ноќ неколку пати до кај 10 сабајле. Кузнај како ќе правиме после, валјда ќе се навикниме некако. :)
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 23 Дек 2009 09:39 #3741

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Sandra напишал/а:
Jas ne znam kako ke se organizirame so cicanjeto koga ke pocnam na rabota, a toa e uste 20 dena.
Ne saka da pie adaptirano nikako, a saka jogurt, kiselo mleko, pavlaka, ama ne znam dali toa moze da mu zameni mlecen obrok od tipot na majcino , t.e. adaptirano mleko?
Kolku napravi Stefan?
Nemas potreba da mu davas da pie adaptirano. Moze so nego da mu pravat kasicki dodeka si ti na rabota ili da si pie jogurt, kiselo mleko, pavlaka, sirence da jade, tie se isto mlecni proizvodi a ke cica koga si ti doma.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Одг: Доење 23 Дек 2009 11:27 #3753

  • lili
  • lili's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 66
  • Thank you received: 2
  • Карма: 2
Pa ne e tolku strasno! Eve jas trgnav na rabota,prvite denovi gradite mi bea .....kako silikoni da sum stajla :-)!!Poleka poleka se adaptira lacenjeto na mleko!Sega cica koga sum doma,normalno!vo meguvreme si jade1!e malku e potesko koga sum treta nokno vreme!Mu se cicnuva togas,posto koga sum doma si cica recisi cela nok!
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.