Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Доење во јавност

Ре: Доење во јавност 09 Мар 2011 20:03 #120909

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Мене тоа никогаш не ми било табу, и ги охрабрувам сите што се двоумат да дојат во јавност, само така ќе го разбиеме тоа. Малиов мој беше многу тежок за доење, само во апсолутна тишина. Или ако е ептен гладен, а сме затечени некаде, на лекар или сл. И млекото ми е многу силно на почетокот, прска, па овој се брани, се бориме. Сега патувавме прв пат со авион и го доев зашто беше многу немирен, воопшто не ми беше срам. Имавме две седишта и беше комотно. Тоа во авион. Ама на аеродром ме испосрамоти. Цица, па нешто ако чуе, скока и се симнува на земја дечкото, ќе разгледа и сака после назад, така стоенка. Е ај скриј се де, биди дискретен, па и вика, ајде ајде :) А и луѓето околу нас, колку и да сакаат да не се вртат привлекува внимание. Како расте се попалав е, веќе не знам дали би се обидела да го дојам во јавност. Скоро планираме одмор и баш се мислам како ќе биде кога ке шетаме некаде. Ама тогаш и мм ќе биде со нас, подруго е кога си сама.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: saligrem

Ре: Доење во јавност 09 Мар 2011 20:31 #120911

  • МакеДа
  • МакеДа's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 179
  • Thank you received: 27
  • Карма: 3
Јас мислев дека нема да можам да дојам во јавност, ама сум згрешила. :laugh: Само секогаш се покривам со пелена или ќебенце (срамежлив тип сум, па не сакам да зјапаат). Ама во никој случај не дозволувам син ми да гладува затоа што не сме дома, туку сме излезени или на гости. А на гости обично одам во друга соба. И кога сме дома, а некој/нешто му го одвлекува вниманието, одиме во спална за да цица на раат. :da: Најважно е нашите малечки да бидат сити и среќни, ако на некого тоа не му се допаѓа - негов проблем. :fijuk:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: saligrem, Mama Sani

Ре: Доење во јавност 09 Мар 2011 23:52 #120949

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Sum doela i ke dojam. Pa sto da pravam? Jas im davam da cicaat sekogas koga ke posakaat, ne mozam da gi tempiram. A da gi ostavam da gladuvaat nema sansi, ke placat, a i ne sakam da placat. Neka si komentira ako nekoj saka i koj kako saka, mene toa ne me dopira. Inaku sum doela vo Anja, vo Meksicki restoran, vo Dzino, po nekoi kafici, plazi grcki i ohridski, parkovi i sl. Vazno decata da si rastat i napreduvaat.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Hermiona, МакеДа

Ре: Доење во јавност 29 Мај 2011 15:25 #138760

  • Hermiona
  • Hermiona's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 739
  • Thank you received: 312
  • Карма: 3
До скоро немав потреба, ама од пред 1 месец дојам во јавност. Во Џино, во трговски во пролазот кај Feydom, во парк, во кола на полн паркинг. Не користам никаква прекривка. До сега сум ја кревала маицата и кога Марко ќе се залепи, ништо не се гледа. Летово може ќе има потреба ако сум полесно облечена, ама пелена или најобична марама, не планирам ништо посебно да купувам.

Не ми е гајле доколку има некакви коменари, битно е детето да е наадено и среќно, ништо друго не ми е битно.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cinnamon

Ре: Доење во јавност 17 Јун 2011 17:14 #142156

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Бев во една продавница во Рамстор и слушам една мајка ја прашува продавачката дали може да влезе во гардероба да го надои бебето :what: Прво мислев сака да го пресоблече, ама после слушам прашува за доење. Греота, секакви не има
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 17 Јун 2011 18:03 #142161

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
  • Карма: 9
I jas kerka mi ja dojam vo javnost , zasto da ne? Koga place nema da ja ostavam gladna toa sigurno. Vo park , vo kafic , prikriena so kebence , peskirce sto i da e , i davam da jade. Svekrva mi na pocetok se cudese ama potoa vide deka ne e nisto `strasno` :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 13:01 #224073

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
И јас исто на Калина и давам да цица на јавно место и ич не се срамам од тоа пошто така детето ми се храни и готово.А на кој му смета едноставно не мора да гледа и завршена работа.Тоа е најнормална и најприродна работа на свет така да сум за доење во јавност.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 14:19 #224080

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
  • Карма: 0
Сеуште не сум доела во јавност. Сум за доење и целосно ги поддржувам мајките кои дојат без разлика каде и на кое место е тоа.
Се надевам дека во иднина кога би имале потреба од доење на јавно место нема да имам никаков проблем да го сторам тоа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 15:36 #224083

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Dojam redovno vo javnost, ke se pokrijam so lesna pelena i sinko/kerka ke si se zadovolat :)Tie i onaka nekogas samo taka se smiruvaat samo ako gi stavam na grada i voopsto ne mi e sram od toa, najprirodna rabota si e.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 15:50 #224084

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Не гледам причина зошто не би доела во јавност, сум доела и со второво планирам да дојам во јавност. Се случувало да бидеме излезени со синко на прошетка и да дојде време за цицање, сигурно нема одма да трчам дома, ќе си најдам некое местенце, ќе се покријам со лесна пелена, марама и така го доев. Се случувало тоа да биде во ГТЦ, во парк на клупа, еднаш дури и во Енрико, си седнав на една маса во ќоше, се свртев према ѕидот и си го доев. Имав погледи од луѓе ама пред се беа добронамерни. Мислам дека и никој од страна не гледа на доењето во јавност како нешто срамно или вулгурно, тука како најприродна работа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 17:26 #224090

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Јас изгледа сум шампион за доење во јавност :) не дека така сум одбрала, туку дека на син ми му се прицицува се во незгоден момент :laugh: а освен тоа, многу сме мобилни, многу шетаме, многу се дружиме надвор од дома, многу сакаме да јадеме по ресторани и да пиеме кафе по кафичи, а скоро секогаш го носам со мене,па доењето во јавност ни е малтене секојдневие, особено кога е убаво времето па голем дел од денот сме надвор.

Значи - штом му се прицица, било поради глад, жед, мазење, утеха, гушкање, заспивање - јас го дојам, секаде и секогаш. Битно ми е детето да ми биде среќно, ничиј зачуден поглед или кренати веѓи не ми се побитни од среќата на моите деца. :oblace:

Со ќерка ми бев малку порезервирана, гледав да избегам на мирно место без луѓе, да се покријам и т.н (што стана проблем како што растеше бидејќи не сакаше прекривки), а со син ми дојам во јавност најчесто и без никаква прекривка, прво зашто му смета прекривката, друго зашто не ми е проблем, имам релативно мали гради кои тој речиси сосема ги покрива кога си цица гушнат во мене, а и не гледам ама баш ништо вулгарно или сексуално во гола града која ДОИ дете. Дали некој гледа нешто чудно во бебе кое пие млеко од шише? Не? Па зошто би било чудно цицањето?! Некое бебе пие млеко од шише Нук, некое од Кико, а моето од мојата града.

И навистина треба сите да се присетат што е исконско и нормално а што не, и да не сеизвитоперува најприродната работа - доењето. :cvet:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: lena0809

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 19:16 #224107

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Голем поборник сум за доењето, секогаш и секаде па и во јавност. НО ... малку ми е чудно што провејува низ повеќе поствои моментот дека градата е храна за моето бебе и ете како што некое пие од шише, моето си цица и нема тука ништо чудно. Доењето не е само чин на хранење, доењето е итекако интимен чин во кој мајката и бебето споделуваат емоции ... ако сакате по Фројд, мајчината града за бебето е најпрвата орална фаза на неговото задоволство. Е ако доењето го гледаме како емотивен чин, тогаш не е тешко да се разбере дека не секоја жена се чувствува пријатно да споделува интима во јавност, па затоа некои одбираат да се затскријат и да ги одбегнат случајните погледи. И не знам дали јас сум падната од Марс ама женската града воопшто не ми е еквивалент на шише, напротив таа е една од најеротските делови на женското тело, што не значи дека доењето во јавност е вулгарно или чудно, но мислам дека секогаш може да се пронајде некоја малку поинтимна позиција која е ем попријатна за бебето ем ќе се избегне ситуација ако некој погледне во жената додека дои да се прогласи веднаш за манијак.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Meyo, Glasna*

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 19:48 #224113

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Татјана морам да не се согласам, еве зошто.

Прво-доењето е интимен чин, но што ако бебето/детето нервозно ми плаче за цицање, да се вратам дома од сред парк или да шпартам низ плоштад барајќи слободна клупа, или...а тоа си плаче и плаче. Тогаш што? Најбитно ми е да му ја задоволам потребата на детето (дал за храна или нежност тоа небитно) а ако морам во јавност па макар и во ресторан, таму и ќе биде.

Второ градата постои з ада дои, а тоа што нашево модерно општество на моја огромна жал е еквивалент на секс, за жал тоа е проблемот во општеството. Градата е создадена за да дои. Точка.

И на крај, пак на моја огромна жал, многу мал дел од луѓето (како што гледам и на оние кои се и мајки, и доилки) сфаќаат дека ако го дојам детето во јавност, тоа е така зашто така морало, детето ми било гладно, раздразливо, нервозно, уморно, па сум морала. Нема да го оставам детето гладно или нервозно за да не случајно некој ми ја видел градата!

Ако не е срамота да се рани дете во јавност, зошто градата-хранилка да е срамота? Зошто да се кријам? Па јас само го ХРАНАМ моето дете. Од мојата града. Која постои за да храни.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: темјанушка

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 19:57 #224114

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
sinolichka, si ja utnala poenatata na tanja. kolku shto jas sfativ, taa ne e protiv doenje vo javnost, naprotiv. tuku ima protiv stavanje pregolem akcent na toa, so shto od eden ubav i intimen chin prerasnuva vo dokazuvanje na neshto shto ne treba.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Dilberta, blair waldorf, Meyo, Glasna*

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 20:02 #224116

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Седи, кец, а? :laugh: баш фино ја сфатив дека таа поддржува доење во јавност ако мора, но исклучиво затскриено и далеку од погледи прво зашто доењето е интимен чин, второ и за мене апсурдно, градата е еротска. :ImOK:

Татјана?
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 02 Дек 2012 20:20 #224117

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
dali e intimno ili erotski, zavisi koj kako gi percepira rabotite.

za mene lichno, vistinata e taa. jas mozam toj emotiven chin da go spodelam so moi najbliski, me prashuvale dali smeat da vlezat vo soba i da gledaat. dodeka vo javnost, ne sum se chustvuvala prijatno, prvo zatoa shto ja nemam taa komocija, vtoro, zatoa shto me nervirale tie marami i peleni.

megjutoa sum doela zatoa shto deteto mi bilo pred se.

istoto vazi gledano i od druga strana. mali ili golemi, nesakam da mi se na megdan :laugh: i dokolku vidam nekoja majka javno da doi i toa so celata grada izvadena, mahinalno mi se lepi pogledot so shto se razbira vo nareden mig, trgam glava na strana. nitu nejze ja osuduvam, moze taka i e najprijatno, nitu mene toa me pravi zirkach. i da, gradata za mene predstavuva eden erotski del od nasheto telo.

a ako vekje se odbere doenje vo javnost, treba da se ima obzir i sprema drugite i okolinata zatoa shto ne site se so isto mislenje.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Dilberta, Meyo, Glasna*

Ре: Доење во јавност 03 Дек 2012 03:31 #224121

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
Jas sum nekade na srede: mislam absolutno deka dojenje e 100% prirodno i licno isto sum go pravila nasekade... Koga Elias si bil gladen ili mu trebalo cicanje... No mojot problem e, deka mojive gradi se golemi i mi trebaat 5 race za dojenje, znaci ne mozev samo dete na grada i kraj i nekako ne mi bese sekogas udobno... Toa da bese, bukvalno mislam deka ke dojev i na kasa od samoposluga ;)

No ne mislam deka gradite se samo za dojenje... Absolutno se i eroticni simboli i momenti, no jas strogo razlikuvam gradata vo svojite funkciji... Koga gledam zena da doji, tuka nema nisto eroticno... Edna moja drugarka (si go doji deteto veke 4 godini ;) veli sekogas: koga mazot mi ima kontakt so mojite gradi, toa odi direktno dolu... A koga sin mi cica, toa odi direktno vo srceto :) Taka i jas go gledam i ne mi smeta nekoj koji doji, a iskreno koga mi dojdat studentki polu goli toa si e nesto drugo na primer...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Sani, Синоличка

Ре: Доење во јавност 03 Дек 2012 04:01 #224124

  • Roze
  • Roze's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 860
  • Thank you received: 507
  • Карма: 0
I jas sum doela vo javnost, no sekogas sum ja pokrivala gradata so paloma... ne zaradi drugite, tuku zosto mene mi bilo nezgodno i nikogas od nitu eden pol ne sum dobila prekorni pogledi. Mislam deka koga ke vidime bebe kako si rucka, vo toj moment kompletno se izbiva erotikata od poimot grada :laugh: :P
Последна промена: 03 Дек 2012 04:02 by Roze.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 03 Дек 2012 05:01 #224132

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Синоличка wrote:
Седи, кец, а? :laugh: баш фино ја сфатив дека таа поддржува доење во јавност ако мора, но исклучиво затскриено и далеку од погледи прво зашто доењето е интимен чин, второ и за мене апсурдно, градата е еротска. :ImOK:

Татјана?
Вака душо, најдобар одговор дали градата е еротска или не може да ти даде сопругот ... ако чувствата му се исти кога гледа во града и шише, тогаш ок јас ќе се повлечам. Сега да не буквализираме, јас не викам дека секогаш кога маж ќе погледне во града се возбудува.

Да не се повторувам зашто тие што ме сватија ме сватија ... реков дека НЕКОИ жени не се чувствуваат пријатно да споделуваат интима во јавност, но не ги осудувам воопшто тие што немаат таков проблем. Дали доењето е или не е интима, еве покрај мене се јавија уште некои мајки кои сметаат дека е, значи нема потреба да се натегаме и околу тоа ...кој како сака нека си го доживува.

И ако внимателно ме прочита не реков доење во јавност само ако мора, реков секогаш и секаде со мало прилагодување...тоа не е тешко и на стадион. Зашто детето секогаш има потреби, кога ќе подпорасне ќе има потреба во јавност да мочка па обично нели бараме место кое е поприкладно за таа намена.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: prasence, mamaAnita, Frenky, ivi, Mama Sani and this user have 3 others thankyou

Ре: Доење во јавност 03 Дек 2012 06:45 #224153

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Znachi Tatjana obozavam da te citam :cvet:

Apsolutno do zbor se slozuvam so Tatjana , i ova kako doilka aka krava bidejki so bliznaci koi non stop cicaat, 90% od vremeto gradite mi bea nadvor. Doma, moraa gradite da bidat nadvor, i na pocetokot se cuvstvuvav mnogu neprijatno od domashnite bidejki jas NON STOP nekogo doev ,NON stop, na sekoj pola saat po 1 h mi beshe dojkata nadvor :tupco: so ogled shto do 6 meseci ekskluzivno se doevme. NIkoj ne me pogledna popreku niednash, no na pocetokot site goltavme knedli od prichina shto da GRADATA E vo sushtina vo golem del erotski atribut na edna zena. Ako izlezevme da se shetame, non stop nekoj imashe potreba da cica ama non stop, i vo sushtina MENE mi beshe neprijatno da se razgolam , a imam mashala gradi, plus so pola kg mleko non stop vo niv :D, ne pelena shatorsko krilo da se skrijam mi bilo potrebno. BAsh mi e intimno doenjeto i sekogash sum barala nachini toa pointimno da se izvrshi. I da jas sum NAJGOLEM pobornik za doenjeto,kako nikoj sum se trudela decata da cicaat, shto podrazbira mesec dena izmolzuvanje za da go zachuvam mlekoto za da moze da cicaat malishanite. No toa shto smetam deka e bash neprijatno za site da se izvadi dojka kade i da e kako i da e poshto deteto e gladno ne me pravi neddrzuvach na doenjeto VO SEKOE VREME.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ivi, Dilberta, Glasna*

Ре: Доење во јавност 03 Дек 2012 08:48 #224170

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Meyo wrote:

BAsh mi e intimno doenjeto i sekogash sum barala nachini toa pointimno da se izvrshi.

Ставам потпис на ова :)
Иако дојам во јавност секогаш гледам тоа да го направам на некоја забутана клупа или ептен забутано место каде што нема фрекфенција на народ а ако веќе има се покривам со пеленче.И секогаш кога поминува некој а дојам си го искривува вратот за да види што се случува :laugh: И што ми е најсмешно повеќе се вртат жени од мажи :hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 03 Дек 2012 10:31 #224187

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Dokolku padne odluka da doi deteto vo javnost togas i ne treba da vi smetaat pogledite i upatenite komentari kon vas, bidejki sekakvi luge ima, ne se site kako nas moderni i ne e za site vo red da vidat cicka na megdam :)

Mene mi e vo red doenjeo vo javnost, no samo dokolku nema druga alternativa. Imase slucka vo marketot kaj sto rabotev, majkata go stavi deteto vo kolicka za pazarenje da go vozi toa pocna da ja graba, da ja tegne, da place, i ona ja digna bluzata, ja izvadi gradata i mu dade da cica. Zenata si pazaruvase, si gledase proizvodi a deteto cica?? Ova ne e vo red spored mene, mozese da go izvadi da najde soodvetno mesto a ne taka.

Ne sum doela vo javnost, mozbi nekako tempirani bevme, pa si kroev planovi i si ja doev na mirno intimno mesto.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ivi, Glasna*

Ре: Доење во јавност 03 Дек 2012 19:31 #224252

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
TatjanaV wrote:
Вака душо, најдобар одговор дали градата е еротска или не може да ти даде сопругот ... ако чувствата му се исти кога гледа во града и шише, тогаш ок јас ќе се повлечам.

Vaka dusho, :) gola grada na zena na plaza ili so epten otvoreno dekolte i sl e erotska,a moze da bide i vulgarna.

Grada koja DOI dete ne e erotska,tuku e hranilka. I ako nekoj ja gleda kako erotska gradata koja vo momentot na doenje sluzi da narani dete,problemot e vo negoviot mozok,a ne vo mene sto sum ja izvadila gradata da mu dadam na moeto dete da cica.

Sosema e ok ako taka i e poudobno na majkata,da se pokrie dodeka doi vo javnost. Pa i ako ne i e udobno da doi voopsto vo javnost toa e nejzin izbor. Jas i da sakam ne mozam da go odberam ni ednoto ni drugoto-prvo sin mi ne podnesuva da cica pokrien,vtoro cica cesto pa ne mozam sekogas da tempiram,treto koga saka da cica ne mozam da mu dadam da jade kasha zasto ednostavno ne ja prifakja,cetvrto ne pie ni sok ni nisto od shishe so cucla.

I shto sega? Da ne mu dadam da cica za da ne slucajno nekoj ja dozivee mojata grada kako erotska?!

Da pojasnam,mu davam na moeto dete da cica bilo kade koga moram,zasto e neophodno i nema druga opcija,zasto ne sakam i ne mozam da go ostavam da place za cicanje,a ne za da predizvikuvam maski pogledi so mojata erotska grada. :laugh:

Svetu quo vadis? Od koga iskonskoto doenje deca e nesto sramno i vulgarno?
Сончулката 2009
Шармерот 2012
Последна промена: 03 Дек 2012 19:35 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: karolina, темјанушка

Ре: Доење во јавност 03 Дек 2012 19:53 #224255

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Зашто детето секогаш има потреби, кога ќе подпорасне ќе има потреба во јавност да мочка па обично нели бараме место кое е поприкладно за таа намена.

Tatjana,dali ti cicanjeto go sporeduvas so uriniranje?

Te molam pojasni mi ja analogijata na dete od 2 god na koe mu se moca i bebe od 6 meseci koe vristi za cicanje. Te molam objasni odvaj cekam da cujam kako toa e slicno.

Temava e dosta aktuelna po mnooogu forumi (stranski) i eve edna moja omilena anegdota na ovaa tema.

Komentar od maz: doenje vo javnost ne poddrzuvam. Ako e golata cicka ok,ajde sega i jas da go izvadam mojot penis na sred restoran.

Odgovor od drug maz:
Ako tvoeto dete cica od tvojot penis,slobodno da si go izvadis vo javnost koga place po nego za da cica.

Vulgarno i odvratno,no mnogu plasticno ja dolovuva poentata.

I Tatjana,dali si doela? I sto bi napravila ako si na moe mesto na pr vo ovaa situacija-bebeto vristi za cicanje,ne saka ni hrana ni voda,ti si vo prepoln kafic,dojdena so taxi,nadvor e minus 5 c.

:)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
Последна промена: 04 Дек 2012 04:38 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 04 Дек 2012 04:08 #224262

  • Sunshine*
  • Sunshine*'s Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 288
  • Thank you received: 113
  • Карма: 0
Jas sum ZA doenje na bilo koe mesto i vo bilo koe vreme i voopsto ne mi preci da vidam majka koja javno go pravi toa, naprotiv... Bez razlika kade sum, koga ke posaka da cica bebuska vednas baram nekoe pointimno mesto za doenje (garderoba vo butik, prazno separe vo restoran ili kafic) ili ednostavno ke se svrtam kon zidot ili ke stavam pelena vrz gradata. Toj sto doenjeto go gleda kako nesto erotsko ili vulgarno, spored mene ima problem so percepcijata.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.