Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Доење во јавност

Доење во јавност 28 Сеп 2010 01:04 #55822

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Ме интересира дали доите во јавност и доколку доите дали користите некакви прекривки.

Моето синче е голем цицкоман, и ретко се случува да излеземе некаде а да не ни се пријаде.Така мама често бара прикладно место за доење. На сајтот mama.lamol видов некои прекривки, меѓутоа незнам колку се практични.

Пишете ги вашите искуства
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 01:21 #55831

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
И моево синче е цицкоман (многу ми се допадна изразов на Водолија :laugh: ) и уште, иако има 18 месеци не бира каде сака да цица (пример во сред продавница ми трга блузата и вика "Де!" (тоа му е израз за цицање).

Кога беше мало бебе и цицаше во јавност, се покривав со марама, секогаш си ја носев со мене.

Сега не сака со ништо да се покријам, се живо трга и сака со рака обавезно да си игра со другата града, така што веќе максимално избегнувам да го дојам во јавност. Ама голем е и успевам со нешто интересно да му го одвлечам вниманието :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 01:33 #55834

  • Mama i Ana
  • Mama i Ana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 8
  • Thank you received: 1
  • Карма: 2
Jas mojava ja vikam cickoljubec, inaku i jas dojam nadvor, pomala duri bese se pokrivav so najobicna marama, a sega isto kako nebo, ja trga saka da gleda pa ne koristam nisto takvo, obicno gledam da e malku pomirno mestoto kaj sto ke sedneme ama ako nema vo blizina togas bilo kade se doime, i da ti kazam ama ic ne mi gajle dali nekoj pominal i dali videl i sto videl, jas ja hranam kerkami i toa mi e najprirodna rabota na svetov. Obicno ako pominat zeni mi se smeskaat, a mazi koga ke im stane jasno sto se slucuva go menuvaat pravecot na dvizenje ili se pravat deka ne zabelezuvaat.... samo ednas mi se sluci da me zjapa eden manijakalen vo drzavna ama i toa ne mi bese problem mu upativ ubistven pogled pa go zavrte pogledot. Bitno e bebinjata da se srekni i zadovolni, ne bi i go uskratila podojot zatoa sto sme nadvor. Vodolija jas iskreno ne bi dala pari za takva pokrivka znam na koja mislis i jas ja gledav, ama sto znam, probaj prvo vaka so obicna marama:OK:
Последна промена: 28 Сеп 2010 01:34 by Mama i Ana.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 01:41 #55837

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Mama i Ana wrote:
Bitno e bebinjata da se srekni i zadovolni, ne bi i go uskratila podojot zatoa sto sme nadvor.

Апсолутно. Јас сега избегувам зашто ептен цела ме соблекува и најчесто вистински цица навечер, а тоа преку ден и надвор е само мазење.
А и мене ми се случило манијакални да ме зјапаат и тоа кога не бев во Македонија, едно индијци, пустите ко да не виделе, подзинати :skok: .
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 01:46 #55839

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Кога го доев Никола и ќе му се прицицаше, никаде не се срамев, само секогаш бирав место кое е подалеку од многу луѓе (ако сме во ресторан или некаде излезени) а ако немав избор, ставав пелена преку рамото мое и тој под нејзе нели да се направи како заштита и да може убаво да си цица.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 02:05 #55845

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
О да, се доевме кај сакавме и кога сакавме :love:
Ако бевме стационирани ќе се завртев со столчето накај ѕид, а ако бевме некаде надвор, тогаш се покривав со пелена.
На стариот форум јас отворив ваква тема и баш убаво што ја имаме повторно, се потсетив на тој преубав период за мене :love:
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 02:24 #55849

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Значи јас не гледм од што да се срамиме?! Ама не гледам апсолутноо ништо еротско во отворена града за доење, па тогаш градата е храна, нели?
Никогаш од никој не сум се срамела, син ми го доев секаде пошто и тој беше љувител на цице, а со малава е малку поспецифично пошто цица само легната на кревет, така да немам многу прилика да ја дојам на јавно место.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 03:34 #55855

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
Јас од поодамна не дојам во јавност, а можам да замислам сега како би изгледало тоа:muahaha:
Инаку, дур беше бебе, најнормално го доев во јавност, а за тоа како царска работа се покажа слингот. За секунда го вртев од исправена, во положба за доење, се покривав со долниот дел од слингот и така си цицаше колку сака. Дури можев и да шетам така, а тој си цица, фино покриени, никој ништо не гледа.
Откако прооде, не бара да цица надвор. Понекогаш ќе му текне, ама не инсистира.
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
Последна промена: 28 Сеп 2010 03:34 by redsonja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 12:09 #55878

  • saligrem
  • saligrem's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 993
  • Thank you received: 87
  • Карма: 14
Jas seuste nemam hrabrost da go dojam vo javnost.Koga izleguvame na podolgo mu zemam dohrana mleko vo sisence
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 12:29 #55887

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
  • Карма: 10
saligrem wrote:
Jas seuste nemam hrabrost da go dojam vo javnost.Koga izleguvame na podolgo mu zemam dohrana mleko vo sisence
Мој личен став: Сметам дека е голема грешка доколку имаш доволно мајчино млеко да му даваш дохрана во шишенце. Како што напишаа и другите нема ништо срамно и чудно во доењето во јавност.Јас се покривам со тетра пелена и кога ќе ми побара му давам да цица. А доколку не можеш да се опуштиш да доиш во јавност предност би дала на пократки прошетки, а не на дохрана од шише со вештачко млеко. А ако дохраната е измозено мајчино млеко, е тогаш ок :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 14:14 #55922

  • eva79
  • eva79's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 31
  • Thank you received: 2
  • Карма: 1
jas isto kako saligrem, ako sme izlezeni na podolgo mu nosam sisence so moe izmolzeno mleko. Mene ne mi e vo red na bilo koe mesto i pred bilo koj da se izvadi grada bez razlika sto se doi. Mene licno mi se ima sluceno da bideme na gosti kaj prijateli a tamu da bidat i drugi lugje pri sto zenata ni dve ni tri ja izvadi cickata pred site (prvpat vo zivot ja gledame). Mazite umrea od sram, namesto taa da se zasrami i da otide barem vo drugata soba pa da go doi deteto, a ne pred site.

a isto taka sum mnogu PROTIV toa da mu se dava na deteto vestacko mleko samo zatoa ne e doma vo momentot
Последна промена: 28 Сеп 2010 14:17 by Mama Ane. Причина: posledovatelni postovi
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 14:27 #55931

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
Тоа што мажите на женските гради гледаат исклучиво како на нешто сексуално и се посрамиле ако некоја жена дои пред нив, си е нивен проблем, всушност проблем на денешнава цивилизација, која се продава преку сексот. Женските гради денес се симбол за секс, асоцираат исклучиво за секс, а природата ги наменила за нешто сосема друго. Па гледајте го само маркетингот. Се се продава со слики на женски тела - сокови, автомобили, што и да е.
Е сега, тоа што ние сме се одделиле од нашите природни корени и инстикти, ќе си го плаќаме уште долго, меѓудругото, и со купишта предрасуди околу доење во јавност.
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
Последна промена: 09 Мар 2011 21:38 by Big Sister. Причина: citat
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 14:46 #55951

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
  • Карма: 6
Јас сум ЗА доење на јавно место. Наместо вулгарно, тоа може да се изведе на малку подискретен начин и на подискретно место. А за давање дохрана наместо доење, за тоа сум ПРОТИВ.
Сепак, секој според своите убедувања и свеќања.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 17:15 #56001

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
eva79 wrote:
Mene ne mi e vo red na bilo koe mesto i pred bilo koj da se izvadi grada bez razlika sto se doi. Mene licno mi se ima sluceno da bideme na gosti kaj prijateli a tamu da bidat i drugi lugje pri sto zenata ni dve ni tri ja izvadi cickata pred site (prvpat vo zivot ja gledame). Mazite umrea od sram, namesto taa da se zasrami i da otide barem vo drugata soba pa da go doi deteto, a ne pred site.
А мене па не ми е во ред ваквиот начин на изразување. Жената ја извадила дојката за да си го надои т.е. нахрани бебето, а не да игра стриптиз. Ниту за присутните мажи, ниту за присутните жени тоа не треба да биде шокантно, па да зјапаат некултурно во нејзината дојка или да се срамат.
Зашто би се срамела од тоа? Дали некој од другите гости што седеа на истата маса се засрами затоа што џвака со отворена уста? Или пак, воопшто, да се засрами затоа што јаде, мези?
Зашто би се срамело бебето чие јадење е сервирано на поинаков начин отколку што се сервира на возрасните?
Потпис за Соња, се додека на женските гради се гледа само и само низ еротска и сексуална призма, и се додека се нарекуваат со секакви несоодветни и вулгарни имиња, ќе има луѓе на кои им пречи доењето во јавност.
Жената од примерот на ева можела и малку подискретно да надои или да оди во друга соба, се согласувам, но да се осуди на ваков начин заради тоа што не го направила тоа, и таа осуда да дојде од жена и мајка ми е сосема неразбирливо и неприфатливо.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 17:28 #56006

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
:pardon: :pardon:
И уште сто пати :pardon: ?
Срам, незгодно, не можам, ќе ме гледаат....ау! Да не сме у 15 век случајно?
Се доиме кај ќе стигнеме и без пардон. Ако му пречи на некого или му стварам нелагодност повели напушти го моето друштво. И ќестоко реагирма и на најмала забелешка околу тоа. Поприродно нешто од тоа нема. Си имаме пелена, се вртма на страна или ако ептен е зорт се затскривам на разни начини.
И не подржувам мајки што се срамат да дојат во јавност, не ги разбирам и не не ги оправдувма кога му даваат вештачко од пусто нивно заостанато сфаќање по теркот....ау па што ќе речат луѓето?! Срамота било. Вакви наметнати норми на однесување најмногу презирам...заради околината, другите....
Заради моето бебе најбитно ми е да си е надоено, сито, среќно, задоволно.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 28 Сеп 2010 20:30 #56056

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
se immame doeno i nadvor i na gosti i ne gledam nisto sramno vo toa, naprirodno mi odagja, malata saka da jade i moe e da i dadam.e sega nikogas ne bi ja izvadila apla gradata stalno se pokrivam so edna pelena i resen problem. sum doela vo park na klupa vo eden ucilisen dvor, kaj drugarka mi vo dukan,na gosti kaj sto ke odime. sega veke e pogolema i i davam nekoja kasicka, moze da bara da cica samo ako i se spie
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 30 Сеп 2010 13:11 #56546

  • eva79
  • eva79's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 31
  • Thank you received: 2
  • Карма: 1
Kinky wrote:
Дали некој од другите гости што седеа на истата маса се засрами затоа што џвака со отворена уста? Или пак, воопшто, да се засрами затоа што јаде, мези?

prvo, komparacijava e apsurdna, samo kolku da se kaze nesto
Зашто би се срамело бебето чие јадење е сервирано на поинаков начин отколку што се сервира на возрасните?


vtoro ne rekov deka treba da se srami bebeto, ne mi izvrtuvaj zborovi.

treto, nemase potreba zenata da go pravi toa pred site, mozese da otide vo drugata soba da si go nadoi. Za 1 min. na bebeto nemase da mu stane nisto
Последна промена: 04 Окт 2010 16:08 by Big Sister. Причина: provokacii
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 30 Сеп 2010 13:26 #56552

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
  • Карма: 10
se slozuvam so eva , stom imalo mesto kade majkata na mira da si go nadoi deteto mozela da stane i da go napravi toa
i jas na gosti koga sum odela sekogas sum go doela filip vo dr soba
e vo zort pri nemanje kade, togas sum doela i na javno mesto
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 30 Сеп 2010 14:15 #56597

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Ева, немам време да ти одговорам со цитати.
Ако си го прочитала убаво мојот пост, ќе видеше дека се сложувам со констатацијата дека мајката можела во друга соба да го надои бебето, или барем да се покрие со пеленка. Но за мене, тоа што не направила така не е воопшто толку страшно, трагично, шокантно и срамно, како за тебе.

Понатаму. Нема ништо апсурдно во мојата споредба на јадење од тањир со доење. И едното и другото претставува ист процес - хранење. Со таа разлика што возрасните јадат од тањир а доенчињата цицаат од градата на мајката.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 04 Окт 2010 16:09 by Big Sister. Причина: provokacii
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 30 Сеп 2010 14:31 #56609

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Луѓе бре, зошто да оди во друга соба??? И зошто да се покрива со пеленка???
Кажав и претходно, тогаш градата е храна, а сите оние што ја доживуваат пионаку, тоа е нивни проблем!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 30 Сеп 2010 14:40 #56611

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
  • Карма: 10
aj sea i jas mojata grada ja dozivuva kako hrana za moeto dete ama sepak koga imase kade a da ne e javno mesto ne mi smetalo tuku i mene mi bilo poubavo da si se trgnam vo dr soba odkolku da dojam pred ludje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 30 Сеп 2010 16:02 #56664

  • Bumba
  • Bumba's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • marija1981
  • Теми: 344
  • Thank you received: 136
  • Карма: 4
Секогаш кога имам мозност се тргам настрана за да го надојам моето бебе, дури и дома практикувам да одам во спална, без разлика што сме си сами, до душа од скоро правиме така. Он е многу љубопитно бебе и нема шанси да цица во присуство на луѓе во собата , сака да ги слушне сите муабети , а искрено и мене ми е поубаво да сме си сами додека цица.
Да се разбереме не мислам дека е нешто срамно доењето во јавност, ама на двајцата ни е поубаво малце приватност. А сум го доела на Кеј свртена накај Вардар :hug:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 30 Сеп 2010 16:17 #56679

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
До кај 4 месеци го доев секаде. и во дневна додека другите гледаат телевизија и во парк, во ресторан скриени малку... Ама сега сака да се врти лево десно, да си игра со градата и многу ми е незгодно пред други. Ако му зборне некој крева веднаш глава и прска млеко на сите страни, па гледам сами да сме или во кола евентуално ако сме надвор.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 30 Сеп 2010 17:32 #56743

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Se doime sekade i mi bese sram i cudno prviot pat e kako sega da go nadojam ne mi e zgodno, ali seto toa e period koj treba da se proba i veke nema da ima nikakov problem.Inace ako sme na gosti praktikuvam vo druga soba da go nadojam a ako e zort na lic mesto.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење во јавност 30 Сеп 2010 17:33 #56745

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Da za doenje na javno mesto, no ako moze da bide malku diskretno, zosto da ne. Sum doela i zdravje povtorno planiram da dojam ako treba i na javno mesto, poradi nekakvi lazni morali i skrupuli na nekoi nedokazani licnosti moite deca nema da gladuvaat.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.