Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Трговија со мајчино млеко, банки за мајчино млеко

Трговија со мајчино млеко, банки за мајчино млеко 16 Апр 2013 10:16 #237115

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Ја знаете странава: http://www.onlythebreast.com/ ?

Мајки се наоѓаат преку платформава и тргуваат со мајчино млеко. Значи мајка која не може да дои, а сака детето да и биде хрането со мајчино млеко може да набави. Очигледно е легално, зашто спаѓа во храна, а не телесни течности. Цена отприлика неколку евра за 100мл, некои прават испорака и во Европа. Гледам има опција „продава и на мажи„?!

Од друга страна има и банки за мајчино млеко, најчесто во склоп на болниците, на принцип на донација. Млекото се дава на прерано родени и бебиња со компромитирано здравје. Се испитува и по потреба пастеризира (30 мин на 60 и нешто степени). Во банките за млеко примаат донации само од мајки кои имаат доенчиња помали од 6 месеци, зашто млекото се адаптира на возраста на детето и понатаму е непогодно за многу млади бебиња.


Од друга страна до пред пеесетина години па и поскоро било нормално детето да се дава на подој кај други жени - доилки. Посебно за жените од богатите семејства.


Факт е дека мајчиното млеко е најдобрата храна за детето и дека се уште не може да се синтетизира во истиот квалитет. Но јас никогаш не би купила туѓо млеко, уште вака од жени кои не ги познавам. Не дај боже, би дозволила детето да ми биде хрането од донирано млеко од банките за мајчино млеко ако има таква потреба. И друга жена да ми го дои ми е незамисливо...

Што мислите за ова?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Трговија со мајчино млеко, банки за мајчино млеко 16 Апр 2013 12:08 #237121

  • andrea
  • andrea's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 44
  • Thank you received: 11
  • Карма: 0
Некако сум скептична и истото мислам дека кај нас не би функционирало.Како би се испорачувало до мајките,сето тоа бара одредени хигиенски услови,брз начин на испорака.Со исклучок на болниците мислам дека би требало да ја имаат оваа опција особено клиниките за предвремено родени деца.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Трговија со мајчино млеко, банки за мајчино млеко 17 Апр 2013 02:19 #237172

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
Vo Finlandijava funkcionira seto ova. I dosta dobro se plaka za majcino mleko. Posledno sto go procitav e deka gi stegnale mnogu uslovite za doniranje/prodavanje na majcino mleko i deka so novite pravila e skoro neizvodlivo da se izvrsi cel proces, no dali seto toa e usvoeno ili ne ne znam.

Zavrsiv so doenje, decata mi zavrsija so cicanje i sega mirna glava :fijuk:

No interena e temava. Ke soberam informacii kako seto ova funkcionira tuka :OK:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Трговија со мајчино млеко, банки за мајчино млеко 17 Апр 2013 04:24 #237184

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
Kaj nas mozes da doniras melko, a ne da go prodades... Znaci vo bolnicata kaj nas i posle melkoto odi za deca vo klinikite, ili prerano rodeni ili bez majka etc... Mislam deka e ok...

Inace sto znam, zavisi od kontrolata i kako se raboti, ne bi dala bas sekoje mleko na mojeto bebe...
Последна промена: 17 Апр 2013 04:24 by lena0809.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.