Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Измолзување и хранење со измолзено млеко

Ре: Измолзување и хранење со измолзено млеко 10 Дек 2012 11:11 #225298

  • leona
  • leona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 123
  • Thank you received: 38
  • Карма: 1
Кога имаше воспаление на увцето, на година и четири месеци, купив Медела мини пумпица од Космо. Скапа е, ама јас сакав да го задржам млекото, а син ми беше многу жален што не може да си цица. Млекцето го пиеше од квадратен стаклен мал сад, од ќошот. Од чаша не му беше згодно. Претходно за вишок млеко во неколку случаи ја користев рачната пумпица од чико, ама ми беше мачилиште, ужасно ме болеше, бидејќи имам многу осетливи брадавиции. Нема споредба со пумпицава од медела, многу е понежна, пријатно е измолзувањето. Лесно се одржува и мие, компактна е, и со мали димензии. Можеш да си подесиш колку силно ќе влече. Почнуваш секогаш со најмал интензитет и си зголемуваш колку ти е пријатно. Иако ја користев дваесетина дена, само додека го болеше увцето, јас сум многу задоволна. Не ми направи проблем со брадавиците. После си се вративме на доење.

И јас се соочував со твоите дилеми околу продолжување на доењето кога тргнав на работа. Првите денови кога се разделивме ми беа многу тешки и емотивни, ама се навикнавме и двајцата. Се доевме сабајле непосредно пред да тргнам на работа, а ако се разбуди порано, и два пати од сабајле. Си доаѓав за пауза, и после тоа веднаш штом ќе се вратам се доевме и по неколку пати. Многу често ја заменуваше вечерата со моето млеко. И секако ноќе колку сака, особено во период на настинки, повраќање или кога му растеа заби. Јас си се навикнав како автомат да си се будам кога ќе побара, се доевме во полусон, па си продолжувавме двајцата, и не се чувствував ненаспиена. Тој период ми беше најзгодно да си спие со нас, зашто стана тежок да го земам и ставам по неколку пати во ноќта во креветчето, а и јас се расонував. После неколку месеци вака, имав разбирање од претпоставените и ме пуштаа да се враќам дома порано, а и тој беше поголем, па престанав да доаѓам од пауза. Ние цело време си се заспивавме со цицање, ама кога го чуваше друг, се навикна и така да заспива, без проблем. А ако сум јас присутна, обавезно со цицање бараше да заспие.

За викенд си се доевме по негов распоред :)

Јас намерно не употребував никакви цуцли, па си пиеше и уште пие течности од чаша или од ќош од стаклен сад. На почеток користев чашка со пластично клунче од томи типи. Поголема количина почна да пие со цевка од мало стаклено шишенце, интересно му е така.

Кога ќе тргнеш на работа ќе се прилагодите на новата ситуација и двајцата, и ќе си бара повеќе подои попладне, па ќе процениш дали има потреба за измолзување.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Измолзување и хранење со измолзено млеко 12 Мар 2013 14:11 #234685

  • Mamita
  • Mamita's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 277
  • Карма: 1
Мамички, ај хелп плис. Утре имам некои обврски кои морам да ги завршам и ќе ме нема добри 4-5 саати, па синко ќе морам да го оставам со мајка ми. Пошто го дојам сакам да се измолзам, а мајка ми да му даде. Е сега пошто јас од двете гради на едно добро молзење од саат - саат и пол измолзумам само 20 мл, дали можам да почнам да се измолзувам од вечерва па да продолжам утре, односно дали можам да го дополнувам шишенцето со веќе измолзено малеко со ново? Или не смеам да ги мешам?

Се надевам објаснив убаво :) .

:tnx:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Измолзување и хранење со измолзено млеко 12 Мар 2013 16:22 #234698

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
nema prichina zoshto ne gi bi meshala, se dodeka se chuvaat soodvetno, sterilno i na ladno.
a zoshto tolku malku ml? pumpata da ne ne ti chini?
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mamita

Ре: Измолзување и хранење со измолзено млеко 15 Мар 2013 06:38 #234937

  • Mamita
  • Mamita's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 277
  • Карма: 1
Е зошто толку малку, зошто мм ми купил една „уради сам“ пумпица од 1001 дел :zid: . И завчера земав ја расклопив и одново ја склопив и сватив дека едната гумичка била наопаку ставена и затоа не правела вакум. Сега е ок и измолзувам далеку повеќе од 20 мл.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Измолзување и хранење со измолзено млеко 15 Мар 2013 08:55 #234952

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Jas nemozam ni 20 da izmolzam neke, tece samo koga cica bebeto vaka ne :/
Nemozam da mrdnam nigde bez nego ili moram da se vratam maksmum za dva saati posto im pravi odma sceni, vriska piska.

Nie bidejki imame problem so stolicata, po navrseni4meseci ke mu vovedam malku adaptirano dokolku ne se sredi dotogas, toa bese posleden sovet od pedijatar, t.e da probame kako ke reagira?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Измолзување и хранење со измолзено млеко 15 Мар 2013 15:53 #234991

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
emi, od AD, stolicata ushte tolku kje mu se stvrdne. toa e edno od svojstvata na tie mleka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Измолзување и хранење со измолзено млеко 16 Мар 2013 03:55 #235014

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
Mama Vase wrote:
emi, od AD, stolicata ushte tolku kje mu se stvrdne. toa e edno od svojstvata na tie mleka.

Tocno toa sakav da napisam, AD tesko ke go opravi toa...

Inace za izmolzuvanje, da mozes da gi pomesas, a ne sekoj mozda dobro da izmolzuva... Drugarka mi doji kerka si so godini, ama da izmolze ne moze...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.