Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Мрзливо бебе, спие и не бара да цица

Мрзливо бебе, спие и не бара да цица 11 Сеп 2012 17:04 #213039

  • ppadme
  • ppadme's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 11
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
Здраво мајки,

Бебчето ми има 8 дена и откако ми го донесоа во болница до денес постојано спие и она што е интересно не се буди за цицање, не плаче за цицка, како да не е гладно.
Со сите можни методи за будење се обидуваме, ја расоблекуваме, ја преповивам, со влажна рака и поминувам по лицето,и го отварам муцето, ја скубам, ја штипкам, џабе е се, едноставно детето не се буди и спие со саати.
Млеко имам и се измолзувам, па после и го даваме со шишенце и тоа најчесто додека спие, исто така и даваме и дохрана се со цел да не ја изгладнеме и детето да внесе барем колку толку млекце.
Ја однесов и на педијатар, но советот беше биди упорна и на секој саат, саат ипол или на два саата давај и да цица, но како кога јас не можам ни да ја разбудам.
Имаше малку жолтица додека бевме во болница, мислевме дека и е од тоа, но еве веќе и ја сменува и ништо не се менува во онос на јадењето.

Ве молам пишете било каков совет ако некој имал искуство со lazy feeders бебиња зошто сум стварно очајна и почнувам да се нервирам премногу, а знам дека тоа не е добро ни за мене ни за бебето.

Благодарам однапред
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мрзливо бебе, спие и не бара да цица 11 Сеп 2012 17:15 #213040

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Син ми беше таков. Спиеше во болница многу и не цицаше, па почна да губи на килажа. Имаше и жолтица. кога рекоа ако не почне да качува килажа можно е да почнат со инфузии цела ноќ го будев на саат саат и пол и го доев. утредента имаше резултат.
Дома продолжи исто - бидејќи продолжи жолтицата.
Ама ја бев упорна - го будев и го доев. Не знам зошто молзиш и не ја ставаш на града да цица сама. Полесно и е да пие од шише. А на града треба да влече.
Ако не е будна целосно, дури може малку да се разбуди и да заспие пак на града (син ми заспиваше по 5 минути цицање) ама битно нека цица од тебе
Ако имаш млеко, доволно па се измолзуваш, зошто даваш дохрана?
Вие и го полните мешето редовно со твое млеко или со дохрана и затоа ќе си спие. Натерај ја да се активира малку со цицањето!
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 11 Сеп 2012 17:20 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Мрзливо бебе, спие и не бара да цица 11 Сеп 2012 17:26 #213044

  • ppadme
  • ppadme's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 11
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
Работата е кога ќе се разбуди ја ставам на града, ќе повлече два три пати и се откажува, по што заспива. Треба да ја стимулирам со чешкање за да продолжи, и тоа трае со саати.
Се измолзувам затоа што точно е дека е полесно со шишенце и не сакам да прегладнува. Иначе немам многу млеко ама мислам дека тоа е доволно за нејзе.

Едноставно заспива и на града, а ако не се измолзувам ќе нема како истите да ги празнам а она ќе остане гладна...

Фала ти за одговорот ама ова ми изгледа како меч со две оштрици
- Ако не се измолзувам и му давам рачно, може да прегладне а јас да го изгубам млекото
- А ако му давам рачно од шишенце, ќе стане уште по мрзливо и ќе се навикне на шишенцето

....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мрзливо бебе, спие и не бара да цица 11 Сеп 2012 18:02 #213046

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
  • Карма: 3
ppanme jas go imav istiot problem so kerka mi si spiese i ne sakase da cica ustvari ne znaese da cica zatoa si se vrativme vo bolnica uste na nekolku dena za tamu so pomos na sestrite da nauci da cica i da bara da cica znaci kolku poveke ja stavas na gradata tolku poveke ke steknuva navika za cicanje, od moe licno iskustvo so sin mi ti preporacuvam da ne i davas so sisence i AD oti ke ti se odbie kako sto bese vo mojot slucaj ama sin mi ubavo si cicase no ne stavase na kilaza zatoa morav AD da vovedam,jas mislam najdobro e da ja pratite kilazata davaj i samo da cica i izmerete ja ako stava na kilaza ne e gladna znaci ja drzi podolgo vreme mlekceto, i uste nesto zaboraviv kerka mi ja doev do godina i sekogas cicase po pet minuti sekogas merev na saat otpocetokot mislev ne e docicana i se nervirav koga ja odnesov kaj maticnata kilazata ni odese nagore a dok mi rece ne se nerviraj pa deteto brzo si cica i se nacicuva za pet munuti tolku kolku sto mu e dovolno POzdrav


"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мрзливо бебе, спие и не бара да цица 11 Сеп 2012 18:47 #213049

  • ppadme
  • ppadme's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 11
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
Mami Anje фала ти многу за одговорот, дефинитивно таа тактика ќе ја применам во нареднава недела. Ќе и давам само да цица, колку и да е поретко, ќе исклучам шишенца. AD измолзено млеко и сл. и ќе ја пратам на килажа, ако е се ок со килажата (дај боже)тогаш најверојатно она што си го внесува со цицанјето колку и да е нередовно и не е на сааат ипол, два можеби и е доволно.

Во секој случај ќе пишам што сме направиле.

Поздравче
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mami-Anje

Ре: Мрзливо бебе, спие и не бара да цица 12 Сеп 2012 08:25 #213128

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Ppadme, ocigledno si taze mamica. Uzivaj sto imas bebe sto spie, budija za cicanje i insistiraj da cica od grada a ne od cucla.
Nakoro pred tebe e period koga ke placete mnogu i ke vikas sto ubavo bese koga spiese. :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мрзливо бебе, спие и не бара да цица 12 Сеп 2012 09:05 #213138

  • ppadme
  • ppadme's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 11
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
Мамички само да ви кажам дека вчера вечерта имавме мал напредок, ја оставив сама да си побара да цица, ма да тоа беше после повеќе од 4-5 саати од последното јадење, ама после тоа коа фати да цица и отвори очи 5 банки, цела вечер дежуравме со маж ми, не можевеме да ја заспиеме, битно убаво си се најаде. Е денес е друга песна, цел ден пак спие зошто вчера не спиеше...

Поздрав и уште еднаш фала што барем ми давате сила во целава ситуација :cvet:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мрзливо бебе, спие и не бара да цица 07 Сеп 2013 12:29 #243691

  • trendy
  • trendy's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 9
  • Thank you received: 5
  • Карма: 0
Zdravo,
nie go imame potpolno istiot problem.Se dovedovme i do dehidriranje.
Se probavme i seuste sme mrzelivi.
Ve molam da mi kazete kako zavrsivte i kako nadminavte so problemot.
Pozz od Mila i nie sme osum dena.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.