Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Јапонска диета

Јапонска диета 22 Мар 2014 09:51 #249371

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
  • Карма: 3
Јапонската диета го забрзува метаболизмот и овозможува за само две недели да се симнат до 8 килограми, а посебно е ефикасна кај лицата која ја поминале 35-та година.

Сите сме забележале колку малку е потребно да се опуштиме па набрзина да ставиме некој килограм, а колку многу труд и мака е потребно потоа да ги изгубиме килограмите. Ова посебно важи за луѓето кои ја поминале 35-та година, бидејќи како што старееме така и нашиот метаболизам се успорува. Јапонската диета ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да се ослободите од неверојатни 8 килограми за само две недели.

Пред почетокот на диетата треба да имате лесна вечера. На пример сварете 150 гр. интегрален ориз и направете салата од околу 100-150 гр. свеж зеленчук како краставици, ротквици, зелка, пиперки и домати. Можете да ја зачините со малку оцет и маслиново масло, но никако не треба да додавате сол! Исто така, оваа лесна вечера се препорачува да се јаде и два дена по завршувањето на диетата од две недели.

Планот за јапонската диета е прилично ниско калоричен. Она што е карактеристично за оваа диета е тоа што солта (како и солените зачини од типот на вегета) се строго забранети. Како и кај повеќето други диети, исто така е забрането внесувањето на шеќер и алкохол, но и на леб и тестенини од бело брашно. Во текот на денот се јадат три оброци помеѓу кои нема никакви ужини. Доколку почувствувате глад можете да се напиете лимонада. Во еден литар слабо газирана вода додадете сок од еден лимон и пијте во текот на денот, посебно кога ќе почувствувате глад.

Оваа диета треба да се следи точно како што е напишана. Не смеете да ги менувате намирниците или распоредот по кој се јадат, и треба да се придржувате на точно утврдените количини. Главната цел на овој начин на исхрана е да се забрза метаболизмот и сите намирници се внимателно одбрани за таа цел. Храната која е вклучена во диетата е прилично разновидна и во најголем дел се состои од овошје (освен банани и грозје) и зеленчук, сирење, риба и месо. Рибата и месото се подготвуваат на растително масло – маслиново, сончогледово, сусамово или пченкарно. Исто така се препорачува и секојдневна прошетка од барем половина час бидејќи физичката активност влијае на забрзувањето на метаболизмот.

Во оваа диета практично и нема појадок затоа што повеќето денови за појадок се пие само црно кафе (не инстант) и тоа без шеќер. Кафето содржи природни антиоксиданси кои го штитат телото од дејството на слободните радикали. За ручек се јаде риба, пилешко или слично посно месо со зеленчук кој можете да го динстате или да го јадете како салата. Интересно е што порциите воопшто не се мали, на пример за еден оброк имате половина пиле или една цела тиквичка! За вечера се јадат варени јајца, кефир, сирење и овошје. Дозволено е и месо со зеленчук, но порцијата треба да биде помала отколку за ручекот.

За да не ги вратите брзо изгубените килограми, по завршувањето на диетата воведувајте ги „забранетите“ намирници постепено и внимавајте да не се прејадувате. Уживајте во новата линија и трудете се да ја задржите! Ако сакате да ја повторите диетата ќе треба да почекате да помине некој месец бидејќи држењето на оваа диета не се препорачува повеќе од два пати во текот на годината.

Во текот на диетата е забрането да се внесува сол, шеќер, леб (освен црн леб) и сите видови на пецива и тестенини од бело брашно и алкохол.

План за исхрана

1 и 13 ден
Појадок: црно кафе
Ручек: 2 тврдо варени јајца, салата од варена зелка со растително масло, чаша сок од домати без сол
Вечера: риба на скара или варена

2 и 11 ден
Појадок: црно кафе, парче црн леб
Ручек: риба на скара или варена, салата од зеленчук или зелка со растително масло
Вечера: 200 гр. варено говедско, чаша јогурт

3 и 8 ден
Појадок: црно кафе, црн двопек
Ручек: голема печена тиквичка, 2 јаболки и 2 тврдо варени јајца
Вечера: 200 гр. варено говедско, салата од свежа зелка со растително масло

4 и 9 ден
Појадок: црно кафе
Ручек: 1 ровко јајце, 3 големи варени моркови со растително масло, 15 гр. тврдо сирење
Вечера: овошје

5 и 10 ден
Појадок: свежо изрендан морков со сок од лимон
Ручек: голема варена или печена риба, чаша сок од домати без сол
Вечера: овошје

6 и 14 ден
Појадок: црно кафе
Ручек: половина варено пиле, салата од зелка или моркови
Вечера: две варени јајца

7 и 12 ден
Појадок: чај без шеќер
Ручек: 200 гр. варено говедско
Вечера: две варени јајца, овошје

Во еден литар слабо газирана вода додадете сок од еден лимон и пијте во текот на целиот ден, посебно кога ќе почувствувате глад.

Јапонската диета не треба да се држи подолго од 14 дена!


"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Јапонска диета 22 Мар 2014 09:55 #249372

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
  • Карма: 3
Сега ја видов оваа диета и ми изгледа како добра јас веднаш решив да ја издржам па да видиме дали ќе ги симнам тие 8 кг што ми сметаат ајде кој е за :glad:


"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
The administrator has disabled public write access.