Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Кардиолошка диета

Кардиолошка диета 09 Мар 2011 14:43 #120768

  • Aleksandra
  • Aleksandra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 41
  • Thank you received: 6
ДИЕТА ЗА 15 ДЕНА(од болница-Кардиологија) ГАРАНЦИЈА 100%

Доручекот е ист во текот на 15 дена,а се состои од 1 овошје (портокал,круша,праска,диња,лубеница,не смее банана и грозје) двопек,шоља кафе или чај без шеќер.

1 ден

Ручек

1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко

Вечера

2 домати или 2 дл.варени домати
2 варени јајца
1/2 главица зелена салата или краставица
2 двопек

2ден

Ручек

1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко

Вечера

125 гр.варено телешко месо
1 домат
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер


3 ден

Ручек

1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
1 главица зелена салата или краставица

Вечера

125 гр.варено телешко месо
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер

4 ден

Ручек

125 гр.кравјо сирење
1 домат
1 двопек

Вечера

125 гр. варено телешко месо
2 домати
1 јаболко
1 двопек

5 ден

Ручек

200гр.варено месо или риба
1 домат
1 двопек

Вечера
1/2 кг.варен зеленчук(морков,грашок,компир)
1 варено јајце
1 двопек


НАПОМЕНА:Месото и варениот зеленчуксе зачинуваат со вегета,6 и 7 ден се без диета.За време на диетата не се пие алкохол.
После 5 ден се губат 2,5 до 5 кг,а по два дена се повторува 3 пати по 5 дена и за 15 дена се губат без последици по здравјето 15 кг.,и нема да се вратат во колку по диетата јадете нормално освен секој понеделник:
Доручек: 1 чаша сок од лимон без шеќер
Ручек : 1 јаболко,1 двопек
Вечера : 1 варено јајце,1 домат,1 двопек

Наведените намирници може да се земаат топли или ладни но важно е да се земаат по наведениот редослед и да не изостави ниту еден,ако не се земаат по редослед или се промени некоја намирница нема да се постигне саканиот ефект.
Јас ја имам држено едноставно се топиш со неа со секој ден. Ако си спремна после ова да внимаваш може да ја почнеш ако не немој. Мислам како и со секоја диета.
Последна промена: 09 Мар 2011 14:50 by Aleksandra.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 09 Мар 2011 15:20 #120779

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
Aleksandra sum ja citala ovaa dieta, samo ne sum se nafatila da ja primenuvam :)
Ti vaka so iskustvo da mi kazes uste nekolku raboti :)
Dali moze da se koristi zasladuvac vo kafeto i cajot?
Dali moze da pies kafe, caj, cedeni sokovi megju obrocite?
I od prilika vo kolku saat rucase i vecerase?

Thanx :hug:


Every passing minute is another chance to turn it all around.
Последна промена: 09 Мар 2011 16:01 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 09 Мар 2011 16:23 #120818

  • Aleksandra
  • Aleksandra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 41
  • Thank you received: 6
Јас доручекот го јадев веднаш штом ќе дојдам на работа, а ручав околу 1ч Вечерата ми беше околу 6ч. Но мислам дека ова нема некоја голема важност, ќе си ги прилагодиш така како што ти одговара на тебе. Инаку ако сакаш да одиш точно по диетата кафе не се пие, имаш точно кога можеш да пиеш кафе, но јас тој дел со кафето не го почитував. Си пиев кога ми се пиеше. Сокови не. Засладувачи не. Само вода. Јас месото го варев без додатоци само вегета, а една моја другарка пржеше со зејтин-плескавици од меленото телешко месо и имаше одлични резултати и таа.Значи за подобри резултати без отстапки, ако решиш да си допуштиш нешто плус на твоја сметка :) Бидејќи доматите ми беа скапи јадев преработени од дома во шишиња. Само 4тиот ден си купував за со сирењето. И навечер ако ме фати криза јаболко или портокал еден јадев.Првата недела организмот ти се чисти а втората нагло се слабее, барем кај мене. Не се мерев колку кг. изгубив ама доволно B) . И другарка ми, и една колешка од работа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 09 Мар 2011 17:55 #120863

  • lola
  • lola's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 71
  • Thank you received: 33
И јас да прашам нешто - мене не ми треба слабеење од 15 кг, сакам да симнам само 5-6. Дали мене ми се доволни само два пати по пет дена да ја држам диетава?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 09 Мар 2011 17:59 #120866

  • radost
  • radost's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 204
  • Thank you received: 122
Само едно предупредување. Ако сте како мене може од оваа диета да добиете запек и да не ослабете ниту едно кило.
Секој организам различно реагира на диети па затоа претпазливо (многу е рестриктивна диетата).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 09 Мар 2011 18:10 #120871

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
Мои колеги ја држеа, и ослабеа, многу беа задоволни!!!
Мислам дека за викенд си слободен не ја држиш.
Ама јас ја пробав и не успеав, Па јас толку варени јајца јадам во текот на целата година, а не во текот на 1 недела!!:zelen:
А и плус имав опстипација;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 09 Мар 2011 19:38 #120898

  • Aleksandra
  • Aleksandra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 41
  • Thank you received: 6
15 кг и не мозжеш да ослабиш. Тоа екстремно дебелите може, но колку помлку кг имаш помалку и губиш.Мене не ми беше рестриктивна,сега зависи кој како си е научен да јаде а и плус не ги јадев јајцата за ручек.Не секогаш. Не дека не сакав ама заборавав да си сварам и да си земам за на работа.А ручекот го јадев на работа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 09 Мар 2011 22:02 #120929

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Ме интересира кој ја препорачува оваа диета и зошто?? Велите кардиолошка и зошто им ја даваат на пациентите? За да ослабат пред операција или..?
Премногу јајца за мене. Јас не јадам волку јајца цела година.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 09 Мар 2011 22:15 #120931

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Не знам точно кој ја препорачува диетава..но ете, нејзиниот наслов имплицира на тоа дека е препорачана сепак од некаква институција..но којзнае, тоа го немам проверено. Пред можеби 10 години ја држев..издржав еден циклус, тие 5 дена и стварно симнав некои 4 кг. Ја прекинав заради тоа што ми беше некако напорна...таа строга шема на намирници. Сепак, ете...ослабев ама не планирам пак да ја држам. :poimnemam:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 09 Мар 2011 23:14 #120939

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Pa da zatoa se vika taka, bila preporacana za pacienti pred srceva operacija pobrzo da oslabnat. Iako jas ne veruvam deka e taka. Sekoj organizam e prikazna za sebe, pa i so vakvi raboti nemoze da se generalizira. Mene me nervira vo dietava sto se moras poedinecno da jades: prvo jajca, pa posle dvopek... A jas moram da si kombiniram, poslatko mi e :laugh:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 10 Мар 2011 14:16 #121059

  • Aleksandra
  • Aleksandra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 41
  • Thank you received: 6
Јас кога ја држев си ги комбинирав јадењата, значи тоа дека мора едно по друго не ми значи нешто, а инаку ја имам сретнато оваа диета и на форуми од Балканот каде ја знаат како диета за 15 дена. Значи мож да Жан Митрев ја дава ама не ја измислил тој.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 10 Мар 2011 14:19 #121062

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Ехеее јас колку остапки имам правено па пак 12 кг ослабнав. На пример наместо кисело млеко јас јадев Активиа со житарки, наместо месото јунешко варено, јас јадев туна конзерва мала. Правев мали промени и имаше ефект..Сега се мислам дали да удрам пак една тура :laugh:
Инаку со душа го чекав викендот. Си го местев саатот да ме буди во сабота во 6 за да јадам Милка :) едноставно неможев без благо :sram:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 14 Мар 2011 16:08 #122177

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
Денес ќе ја почнам диетава. Да видам како ќе ми оди. Се надевам ќе можам да се придржувам кон се што е напишано.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 14 Мар 2011 16:15 #122180

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Со лесно Маја :OK:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 15 Мар 2011 15:31 #122511

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
Го поминав првиот ден. Не беше страшно:hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 15 Мар 2011 15:35 #122515

  • sole
  • sole's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1357
  • Thank you received: 218
Bravo Maja! Jas planiram da ja pocnam od naredniot ponedelnik, zasto vcera go utnav denot. Mi treba da simnam nekoi 5-6 kg, a polse planiram da prodolzam so broenje kalorii. Pisuvaj sekoj den kako ti odi. Dali osekas glad, se izdrzuva li tesko/lesno, kolku kg simnuvas...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 15 Мар 2011 15:40 #122520

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
Фала Соле! Вчера дали дека прв ден па орна за држење диета :hahaha: не осетив глад. Денес ќе видиме. Само незнам она канче кисело млеко колку треба да биде? јас си купив вчера кислео млеко Баланс, мислам дека грамажата ми е 350г. па цело си го изедов. :fijuk: Се надевам не е многу.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 15 Мар 2011 16:01 #122531

  • sole
  • sole's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1357
  • Thank you received: 218
I jas takvo planiram da jadam,edno kance. Vcera vo ramstor pobarav aktivia kako sto kaza pogore mama ane, ama nemase. neznam dali voopsto sega nema aktivia ili samo vo ramstor momentalno ja nemase.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 16 Мар 2011 19:15 #122960

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
Еве ме на третиот ден од диетава. Сега за сега е добро се издржува. Ми се јадеше денес сабајле нешто плус, ама се напив чај, па гладта ми помина. Не сум се мерела, мислам дека е рано, ќе се мерам на петтиот ден, да видиме дали сум ослабела нешто или не.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 17 Мар 2011 13:14 #123135

  • Aleksandra
  • Aleksandra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 41
  • Thank you received: 6
Сега и да не си симнала и малку кг да имаш симнато, не се разочарувај бидејќи вистинска разлика ќе приметиш на крајот од втората недела.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 17 Мар 2011 17:53 #123272

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
Александа фала ти. Во килажа незнам дали сум намалила и колку, ама во обем имам намалено. Имам едни панталони што ми се репер за слабеење. Ми пукаа кога ќе ги облечев, а сега дури има и да фатиш и да ги истегнеш. А, и до крај го закопчувам патентот, што претходно немаше шанси да се случи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 17 Мар 2011 19:34 #123334

  • LiMan
  • LiMan's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 123
  • Thank you received: 55
Ај и јас да се пријавам, почнав да ја држам диетава од понеделникот, и денес се мерев имам ослабено 2кг. Инаку мислев дека тешко ќе ми оди, ама не е тешка за држење..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 18 Мар 2011 12:16 #123426

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Браво Лиман :OK: . Во принцип овој период се издржува диетава, зашто можеш да прошеташ наваму натаму и да не мислиш многу на храна (сепак зависи од карактерор :) ) А и викенд кога ќе дојде ќе си мислиш којзнае колку ќе изедеш а сепак нема да можеш многу да јадеш. Ајде со лесно, и јас можеби од понеделник ќе ја почнам (да не се зарекувам)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 18 Мар 2011 14:23 #123485

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
Лиман супер ти трганала диетава :OK:
Јас денес ќе се мерам да видам до каде сум стигнала. Само да прашам дали диетава се држи само три недели, па ја прекинуваш, или може да ја продолжиш уште една или две недели?

Некако си се навикнав оваа недела на начинот на исхрана и супер ми е. :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кардиолошка диета 22 Мар 2011 17:03 #124663

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Маја до каде си? Уште ли ја држиш? Има ли ефекти?

Мислам дека треба само 3 недели да се држи а после само понеделник за да одржаваш линија :) Бо требало после тоа некоја пауза по некоја логика, ама не сум баш сигурна :unsure:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Последна промена: 22 Мар 2011 17:03 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.