Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Меморандум на родителите на деца со пп

Меморандум на родителите на деца со пп 07 Окт 2011 06:46 #157938

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Меморандум на родителите кои имаат деца со посебни потреби.

1. Уживајте со своето дете!
Тогаш и другите ќе уживаат со него.

2. Не очекувајте премногу!
Уживајте во секој мал успех.

3. Не губете време на испитување зошто тоа Вам ви се случило!
Тргнете да барате помош за детето и за себе.

4. Верувајте дека Вашето дете многу ги оплеменува луѓето околу себе.

5. Верувајте во себе!
Вие најдобро го познавате своето дете. Се што сакате може да постигнете.

6. Немојте да бидете сами!
Побарајте помош!

7. Променете ја дефиницијата за успешно дете!
Вашето дете е поинакво и за него успех е нешто друго.

8. Бидете упорни. Борете се!
Бариерите и проблемите секогаш ќе Ве пратат.

9. На своето дете пред се бидете му родител!
Тоа е Вашата најважна задача во неговиот живот.


10. Без оглед на сите тешки моменти, силата црпете ја од веселите и радосни моменти!

11. Секој нов ден е поинаков! Некои се полесни, некои се потешки.!
Некогаш нема да можете да направите се што ќе посакате, а некогаш ништо.

12. Дајте си себе си одмор бидејќи тоа Вам ви треба!
Само одморени и задоволни можете да соберете сила за понатаму.

13. Кога Ви е тешко плачете, тагувајте,....
Тоа се нормални чувства.

14. Пронајдете време кога би можеле да бидете сами со партнерот!
Сите сте под стрес и сите сте си потребни едни на други.

15. Стремете се кон фамилијарно заедништво!
Спречете го оддалечувањето на едни од други.

16. Посветете се на останатите деца!
Вашето посебно дете нема ништо да изгуби.

17. Не се откажувајте кога ќе ви кажат "НЕ"
Упорноста отвара многу врати.

18. Зборувајте, покажете и докажете на сите колку обврски имате како би можеле полесно да ве разберат другите.

19. Поврзете се со други родители!
Разговорот со други кои се наоѓаат во иста позиција како Вие е корисно.

20. Разберете ја вашата ситуација како животно школо!
Вашето посебно дете Ве освестува да ги спознаете основните вредности на животот.

И запамтете : НЕ СТЕ САМИ!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Меморандум на родителите на деца со пп 08 Окт 2011 04:22 #158056

  • Sneze
  • Sneze's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 315
  • Thank you received: 52
Премногу добри мисли се напишани и се вистинити . Благодарам за поделба на истите и навистина е така . Заедно сме посилни .:guskanje: :srce: :OK:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Меморандум на родителите на деца со пп 08 Окт 2011 17:03 #158162

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
:gp: Macika :srce:

posebno mi se dopadna slednovo
Секој нов ден е поинаков! Некои се полесни, некои се потешки.!
Некогаш нема да можете да направите се што ќе посакате, а некогаш ништо.
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.