Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Право на посебен детски додаток

Право на посебен детски додаток 24 Авг 2011 04:09 #149884

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Посебен детски додаток како паричен надоместок се обезбедува за дете со посебни, специфични потреби. Во оваа категорија спаѓаат оние деца со тешка, потешка или најтешка пречка во физичкиот развој, умерен, тежок или длабок ментален хендикеп, најтешки облици на хронични заболувања, најтежок степен на оштетување на вид, слух или говор, и повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот.
Правото се остварува независно од материјалната состојба на семејството. Висината на додатокот изнесува 27% од просечната плата во РМ во првата половина од претходната година.
Повеќе информации на www.uslugi.gov.mk- Обезбедување на право за посебен детски додаток.

Моето дете боледува од астма. Пред две години случајно разбрав за ова. Трчањето по административните лавиринти е многу напорно, но по месец и кусур син ми се стекна со право за остварување на овој паричен надоместок. Истовремено му следува и целосно ослободување од партиципација за лекови, анализи или при хоспитализација, а до тогаш лежевме 5 пати и во Козле и на Клиника, каде ве третираат како куче, а ви наплаќаат како во хотел.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 24 Авг 2011 04:31 #149893

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Значи ние го примаме од 3 година за мојот син. Најинтересно е што сосема случајно откривме за ова , оти никој не те упатува и не ти кажува дека имаш право за вакво нешто. Да точно има една потврда која се вади во социјално секоја година и со која имаш право на бесплатни прегледи за детето. Но, сепак дадов куп пари оти повеќето работи ги правевме приватно оти во нашава држава нема многу работи што ни требаа. Надокнадата е некаде околу 4200 ден.
Инаку си има комисија која тогаш работеше во Завод за рехабилитација во Капиштец, и таму треба да си закажеш и они треба да ти одобрат да донесат решение дека детето има право на ваква надокнада. Се носат сите лекарски извештаи и се што имате во случај за болеста или состојбата на детето.
Офф топик. Сега кога бевме на клиника за нефрологија ми текна на оваа можност и и викам на сестрата па детево е ослободено од плаќање и донесов копија од потврдата и не платив 150 ден. преглед. Секогаш сум плаќала оти си викам нема до осиромашам за 150 ден. но од друга страна си викам детево си има право на тоа, без оглед дали родителите се во можност да платат. Но затоа дадов 2500 ден за една анализа на урина што порано ја правеа на клиника, а сега немаат реагенси и ја дадов во Анализис. Мислам :unsure: Треба да видам дали да одам во социјално да барам поврат на средства???
Последна промена: 24 Авг 2011 04:32 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 24 Авг 2011 06:01 #149917

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Не само што не кажуваат и не упатуваат, туку кога отидов првиот пат да прашам- ме вратија.
Јас имам направено копии од потврдата и секаде каде што треба да платам (освен приватно) истите ги приложувам. А, најинтересно е дека за еден ист лек во различни аптеки дополнително ми бараат разни износи за партиципација, од која детето е веќе ослободено. По нивно толкување не било 100% ослободено, а на самата потврда пишува само ослободување, а не и процентуален износ. Ама, едноставно немам нерви да се натегам, па си плаќам. Не е работата дали ќе осиромашам за 100-200 денари, и онака до сега сум дала многу многу повеќе, посебно за лекарства кои ги нема кај нас или воопшто не одат на рецепта, но ако веќе вели дека законски тоа му следува, тогаш зошто да се откажам од тоа?
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 24 Авг 2011 06:05 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 10 Окт 2011 11:09 #158427

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Посебен додаток


За дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот се обезбедува посебен додаток како паричен надоместок. Наод, оцена и мислење за потребата од остварување на посебен додаток дава стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченоста на лицата во менталниот или телесниот развој.
Дете со пречки во развојот и со специфични потреби во смисла Законот за заштита на децата е:
- со тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој;
- со умерена, тешка или длабока ментална попреченост,
- со најтешки облици на хронични заболувања;
- најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот (слепо лице и практично слепо лице; практично глуво и тотално глуво лице; лице со потполно отсуство на говорот, лице со тешко оштетен говор поради детска парализа, лице со аутизам, лице со оштетен или изгубен порано стекнат говор) и
- со повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот.

Право на посебен додаток има еден од родителите на детето за дете државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Републиката, до навршени 26 години живот, доколку целосно не е институционално згрижено на товар на државата.

Висината на посебниот додаток изнесува 4.346 денари.Износот се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.
Извор:
www.mtsp.gov.mk/?ItemID=84546309C2CBD345AB33A4EF890CCA25
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 10 Окт 2011 11:44 #158434

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
bart wrote:
А, најинтересно е дека за еден ист лек во различни аптеки дополнително ми бараат разни износи за партиципација, од која детето е веќе ослободено. По нивно толкување не било 100% ослободено, а на самата потврда пишува само ослободување, а не и процентуален износ. Ама, едноставно немам нерви да се натегам, па си плаќам. Не е работата дали ќе осиромашам за 100-200 денари, и онака до сега сум дала многу многу повеќе, посебно за лекарства кои ги нема кај нас или воопшто не одат на рецепта, но ако веќе вели дека законски тоа му следува, тогаш зошто да се откажам од тоа?
Со потврдата сте ослободени од партиципација, но не и од доплатата за лекот. Ако не се работи за лек без доплата, мора да покриете одреден износ.:da:
Последна промена: 10 Окт 2011 11:45 by AWAO.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 13 Окт 2011 13:55 #158934

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Јас овде конкретно мислев на Флексотиде и Флексоназе. Пример во Зегин за нив не доплаќав ништо, а во други апотеки доплаќав и тоа различни суми, каде 20, каде 50 денари.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 27 Окт 2011 04:59 #161442

  • Sneze
  • Sneze's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 315
  • Thank you received: 52
Како го добивате надоместокот на трансакциска сметка или на рака од поштар ??? И дали се редовни со плаќање ?
Последна промена: 27 Окт 2011 05:01 by Sneze.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 02 Ное 2011 11:38 #162698

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Го носи поштар, а ако нема никој дома тогаш остава потврда со која парите се подигаат од Главна пошта. До сега се дури зачудувачки редовни во исплатата.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 02 Ное 2011 13:33 #162727

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Ги носи поштар дома. И секоја година викаат ќе префрлат на трансакциска на родителот ама еве уште не.
Инаку за сите кои примаат прва година ваква помош да си знаат дека во Јануари треба да однесат потврда нова инаку парите нема да ги добиваат за следната година. И секоја следна година парите доцнат и ги исплаќаат на крајот на март за сите први три месеци одеднаш или оваа година дури во април ги примивме одеднаш.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 18 Ное 2011 13:18 #165455

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Nadomestokot za ovoj dodatok e mizeren.
Vo momentov znam deka vo Hrvatska iznesuva 1200 KN (164€) invalidnina. ( i ja ukinuvaat bezveze i na deca koi imaat osnov da primaat, pa sega ima mnogu zalbi i poplaki).
Kaj nas e 68 €. Stvarno mizerno za deca so pp koi imaat potreba od privatni defektolozi, logopedi, fizikalni terapiii i slicno.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 19 Ное 2011 06:22 #165537

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
Nie ne sme kategorizirani ,nikogash ne sum se rasprashala dali ni sleduva,a sme davale i po 150 evra za logoped mesechno,plus za suplimenti okolu 50 evra ,plus shto toj ima i predominantno alergiska asma i za toa kolku lekovi treba.
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 19 Јан 2012 21:16 #175790

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Potsetuvanje za site koi primaat poseben detski dodatok deka mozat da odat vo ministerstvo za trud i socijala pozadi Tutunski kombinat vo barakite da go prodolzat BARANJETO. Pri toa treba da imate fotokopija od licna karta na nositelot (na majkata ili tatkoto osigurenik), i posleden cek od primeniot dodatok. Barenjeto se podignuva tamu. Inaku se podnesuva otkako ke vlezete pred salterot desno niz vrata, pa prva soba desno. ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 20 Јан 2012 04:45 #175794

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Мацика, мислам дека е поделено по општини. Јас одам во бараките позади Тинекс кај општината во Кисела Вода. Иначе, ми бараа и копија од трансакциска сметка, а бидејќи немаат склучено договор со сите банки, меќу кои и со мојата, морав да отворам нова трансакциска во една од банките на списокот што е истакнат кај нив.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 20 Јан 2012 04:46 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 20 Јан 2012 08:59 #175839

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Сигурно е по општини ова што го напишав е за општина Центар.
Ама ова за трансакциска и лани бараа па ништо. Оваа година нас не ни побараа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 20 Јан 2012 09:01 #175840

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Точно тоа и јас им го искоментирав, ама ми рекоа дека наводно веќе социјалната помош почнале да ја даваат на трансакциска, па би требало и ова. Баш ме чуди како од една до друга општина има разлика. Уствари, веќе ништо не ме чуди кај нас.:unsure:
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 20 Јан 2012 09:12 #175842

  • Sneze
  • Sneze's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 315
  • Thank you received: 52
Не се сите за во јануари за подигање на барањето ние сме до крај на март , така ни пишува на одобрението за примање на д.додаток .:guskanje:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 20 Јан 2012 09:18 #175845

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Baranjeto se podnesuva najdocna do 31.03 sekoja godina. Ama nie sekogas prvi si odime. :zelen:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 20 Јан 2012 09:20 #175847

  • Sneze
  • Sneze's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 315
  • Thank you received: 52
А да прашам како е постапката и кои документи требаат и каде да се однесат. ??:wtf:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 20 Јан 2012 09:23 #175849

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Па Снеже горе во првиот мој пост напишав. :emm:
Ти треба барање кое ќе го земеш на лице место, фотокопија од лична карта на татко или мајка на кого е осигурано детето (на чие име стигаат парите) и јас приложив и последно чекче од 12 месец за да видат тамо на кој број решение да се повикаат.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 20 Јан 2012 09:30 #175854

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Снеже ова се однесува за веќе одобрено барање за наредната година, не и за ново барање.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 22 Мар 2012 11:26 #190439

  • Sneze
  • Sneze's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 315
  • Thank you received: 52
Ви стигнаа ли парите за оваа год за јануари и февруари ???
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 22 Мар 2012 12:30 #190445

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Да, уште на почеток на месецов.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 22 Мар 2012 12:31 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 22 Мар 2012 16:19 #190472

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Нас не ни стигнаа. Дури пред некој ден ни стигна решението за оваа година.
Штом ќе дојде решението после тоа за некој ден мислам дека стигаат парите.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 23 Мар 2012 01:53 #190505

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
А дали следи детски додаток ако двата родители се невработени, а имаат сопствено живеалиште?




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Право на посебен детски додаток 23 Мар 2012 02:34 #190510

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Anabel nie dobivame poseben detski dodatok. Toa e za decinja koi imaat odreden zdravstven problem. A za obicen detski dodatok na kogo se mu sleduva ne sum sigurna. Imam prijatelka koja e samohrana majka i ima sopstveno zivealiste i barase takva opcija ama deka ima plata pogolema od 10.000 den ne i sleduva. :angry:

Editiram: Eve procitaj tuka na kogo se mu sleduva detski dodatok. www.mtsp.gov.mk/?ItemID=02104BBDF585F646B23405B4A961223D
Последна промена: 23 Мар 2012 02:36 by macika.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.