Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Да видиме што ве снајде денес

Ре: Да видиме што ве снајде денес 03 Окт 2012 15:39 #216156

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Не знам од кај да почнам :kez:
Сабајле го однесов синко на школо и ај до кај моиве да поседам пред да одам на работа. излегов демек на време да стигнам и после пазарчето во Ѓорче ми пукна спојка на колата. (ме подрекоа вчера форумџикиве :aham: )
Се јавив кај татко ми да дојде со еден роднина, оти во 8 и пол сабајле мајстор нема. И демек додека ги чекам ај да одам да земам демек дел тука од Порта Влае. Арно ама нејке картичката во банкомат, ми вика погрешен пин. И си велам, ај не е од мојата банка можда затоа јавува грешка. Одам во продавница и ист проблем. А во новчаник ми фалат уште 50 ден, за да го земам делот. Се јавувам дома ми го кажуваат пинот,, пак погрешен пин ми јавува. И решив одам во банка, директ во тутунска. Све пешки. На банкомат се обидувам, ми јавува погрешен пин и ми ја зема картицата. Ајде во банка да ми ја дадат па за тоа време на шалтер подигнав пари. Се враќам назад, купувам дел, одам до кај колата, во меѓувреме едно 10 пати ми се јави татко ми каде а да прашал, па кога стигнав едно добри два часа окапав додека го сменија делот. да не спомнувам дека пукна уште еден штраф и одвај средија све, па тргнав ко некоја баба до работа со страв.
Хајлат на денот ми беше кога стигнав таму и лифтот Не работЕ :grr: ајде пешки по скалите до 4 кат. Ми се плачеше бе :aaa:

А, да, попладне имав обврски од работа и пак утепав добар 1 км пешки. Нозеве, кога дојдов дома што би рекол синко " ми умреа" :ImOK:

П.С За да не биде се толку црно, си се утешив со едно прекрасно крем есенско кусо мантилче....колку да се смирам де :aham:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 03 Окт 2012 15:41 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: TIFANI, Dolphin, Bubbi, ivi, Mamita and this user have 1 others thankyou

Ре: Да видиме што ве снајде денес 03 Окт 2012 16:55 #216167

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Koga procitav koj pisal vo temava, ic ne morav da citam so se slucilo :P Jasno mi bese deka e kolata, a kliknav da vidam samo sto tocno otkazalo :D
Mene me "snajde" sendvichot od 7. Posle vcerasnoto meni, morav da se opraam :nanana:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, TIFANI, Dolphin, Frenky, macika and this user have 1 others thankyou

Re: Да видиме што ве снајде денес 05 Окт 2012 15:36 #216522

  • TIFANI
  • TIFANI's Avatar
  • Offline
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
  • Thank you received: 158
  • Карма: 9
Se setame deneska so mm.Toa setalisteto poploceno pa i lizgavo,zasto bese vrnelo.Bez da mi kaze mm zastanuva na izlog da vidi nesto,a jas si prodolzuvam nared i sama si zboram.
Odejki zamalku ke se liznev i da ne padnam na zemja,mislejki deka e mm fativ eden covek za raka i mu ja teglam rakata da se zadrzam.Koga vidov deka ne e mm,umrev od stram
You make me happy
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, Bubbi, biljann, macika, ivi and this user have 2 others thankyou

Ре: Re: Да видиме што ве снајде денес 08 Окт 2012 02:36 #216736

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Еве и мене слободно може да ме вброите меѓу нездравите кои што во САБОТА се забраа до карфур.
Си викаме со мм и така детево станува во 7, да пие млеко и да тркнеме да видиме што толку ефтино има таман отвара во 8.
И стварно немаше гужва ама ич....имаше по некој човек ама ништо страшно. И шетаме ние шетаме..ова огромно..застани ваму-таму...кога почна да се полнииии леле луѓе не можевме со количките да се разминеме...а ние па уште со количка за детево ПЛУС :aaa: ....буквално беше тепачка...е сега стварно работите на промоција се така да кажам стварно џабе...затоа и беа ограничени на по 3 да земеш, да не дојде некој од локално дуќанче и да купи све па да продава 5 пати поскапо. А врвот беше кога извадија пиперки....аууу кога гркна наорд да се тепа буквално јадно работниче не можеше да намести една гајба во лет му ја зимаа, се кубеа,пцуеа,колнеа.....аууу си викам дали да фаќаш сеир или да се растажиш од социјални случаи кои го крпат секој динар, па ако треба и ќе бидат пцуени само да поминат ефтино...у пм.
И застануваме 7 метра позади каса..и му викам на мм ајде веќе искачај иди на каса..и ми вика па овде е касата (редот) а таа не се гледа....а ние па 5-6 прозиводи...мм начека некои ефтини батерии за играчкиве на малава :hahaha: мислам пола плата на батерии ни иде ...кога ги виде едни 8+8 гратис...вика не мрдам ќе ги купам :X
И јас и малава со количката нејзина ОДВАЈ излеговме...леле луѓе не те фермаат ни со дете...ааа не можам да се поместувам сеа што си барала тука,не се тргам ќе ми го фатат редот и сл.
Епа сама си го барав викам....и кружевме по продавници точно саат и 15 мин. колку што дремеше мм пред каса. Сто пати му се јавив да остави се и да излага пошто малава толку ја фати сафра што ја пуштив од количка, па кога се растрча по сите продавници внатре....
А најсмешно беше што продавниците уште не отворени само маалку подигнати решетките и внатре редеа...и малово кога ми се шмугна под едни решетки во Манго ми влезе а мене не ме собира...викам Матеа,Матеа.. не бре брате си фура пипка капути...а продавачки нигде на видик...па ме фати страв да не падне негде и си викам срам не срам ќе легна на земја ќе се протнам некако морам да ја извадам.....СРЕЌА одвај да видат продавачките дека едно мало џуџе имаат на неотворено уште па викам леле дај де наваму мое е..не ме собира мене под овие :sram2: Кој срам ќе беше да легнувам во земја пред полн трговски и да се бутам во продавница ко крадец.
Бруки сме биле...важно батериите беа купени. И сега повторно ми ја тапани глава со се што свири :blabla:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, TIFANI, bubamara, mamaAnita and this user have 14 others thankyou

Ре: Да видиме што ве снајде денес 08 Окт 2012 18:04 #216870

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Taman ozdrave maleckovo pred edna nedela I si vikam ke odime kaj moite na gosti, dodeka seuste e toplo, zatoa sto koga ke zaladi ne planiram da se vozam so nego po patistata.
Se spakuvavme I dojdovme vcera.
Sinuka na sinko mu se zatna noseto, ajde stavavme akva maris, koga mu se rastece kako cesma :ljutko:
Denes pocna I da kasla I na majka mi I velam ajde ke odime kaj na vnuka mi maticnata, zatoa sto vo bolnica na detsko nemase pedijatar, si otisle doma :what:
Stignuvame vo ordinacija, doktorkata nesaka da ne primi, mi veli ofete vo brza pomos :what:
Jas I velam nesakam da odam vo brza pomos, tamu nema pedijtar za da mi go pregleda, a ona mene pa znam de, e ako tolku mnogu sakas da go pregledam ke mora da si platis na privatno. Jas na toa - ke platam!

Go pregleda I mi veli nisto ne mu e, stavajte kapki vo nosot, grlceto mu e crvenko, ama nema nisto za da pie antibiotik.
Si ideme doma, sinko nervozen, kenka, se luti, bemoze da spie.
Dodeka placese, mu go poglednuvam nepceto, nababrenko, on zqbi ke mi vadi
Sirot uste toa mu falese vo ovoj moment :X

I denes cel den si placeme I sme si vo race... Site sme na noga :ljutko:


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 08 Окт 2012 19:26 #216879

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Денес ама ме изнервира едно девојче (најверојатно студентка) во банка. После работа ја ангажирав свеки да ми ги почува децата пошто требаше да одам до банка и да платам некои сметки. Си чекам ред да платам, пред мене имаше само една жена и таман завршуваше женава со плаќање во банкава влегува студенткава и ми вика
„се извинувам дали ќе може пред вас да одам, многу ми е итно, каснам, а треба само да извадам пари„
И ајде си викам, девојчево има некој зорт и и викам „ок, и мене ме чекаат деца дома, така да ако е за кратко нема проблем„ и таа вика „не, само вадам пари за 2 минути„

И стварно само извади пари и беше релативно брза, ама моментот што ме извади од такт е што додека чекаше да и ги дадат парите и ѕвонеше мобилниот и ја слушам зборува
„еве сега сум во банка, па ќе одам кај Ана па после заедно со Ана ќе искачаме„ :what: :kamsik: :grr: Девојчево се брзало да оди кај другарка и за да излегуваат после, а не и горело ништо под нозе. Безобразлук невиден :pukam:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann

Ре: Да видиме што ве снајде денес 12 Окт 2012 10:23 #217289

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Ne e denes tuku nedelava cela..

Neveroajtna , SF situacija, Horor potochno.

pred nekolku dena beshe mnogu vazen den vo mojot zivot, uplativme kapar za loacija za kukja na mnoguuuuuuu ubavo mesto, bash mesto od sonishtata. I normalno koga se davaat mnogu pari se sobirash se shto imash, se castevme se denta, ispolneti legnavme, i utredenta okolu 5 h sabajle zvoni tlefonot, komshikata... I znaeme shto moze da bide koga zvoni komshikata ama ne veruvav deka moze srekjata bash tol da se promeni za 1 den.
Zamislete situacija, bil brat mi vo anot vo centar vo koj momentalno ne ziveeme, sreden ischisten, beshe za prodavanje,ama posle se premislivme neshto da ne gjavam. Bil brat mi ja zaboravil vratata od terasa otvorena. Vlegol glushec, i go izgrizal crevoto za dovod na voda za mashinata za sadovi.napravil poplava, nashiot cel parket beshe bazen, A TEK KAJ KOMSHIKATA :what: , zidovite otkroeni bukvalno plafornite padnale, bazeni. I na kompletno istroshen budzet , sega renovirame 2 stana, parket, zidovi, trista cuda i niedno prijatno!!!!!

pekolna nedela po mnogu raboti.

Nad seta maka, mm preska mi vika, srekjna okolnost kje si go izbajcuvame bel parketot, kako shto sakavme. parketot go renoviravme minataat godina inaku..Tuka mi fali onoj smajlito so pishtolite
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 03 Ное 2012 14:04 #219973

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
ноќеска...
Вчера играа нешто на креветите и ги разместиле даскичките на креветот на Петар. Ноќеска Јана сонуваше лошо и се префри кај нас на спална, Иван ја сети па се разбуди и заедно идеме кај него на кревет. Викам ај додека не сум заспала да проверам дали е Петар покриен. Го тргам кебето и Петар го нема :what: Трчам по сите соби, барам го нема детето. Го будам ММ, го прашувам кај е Петар и двајцата во шок и ми текна на даскичките. Го тргам душекот и Петар под кревет...се слизнал надолу од едниот крај на креветот и си продолжил со спиење.
Дали да плачам или да се смеам :what:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Adelle, Annabel Lee, Marge, Koni and this user have 6 others thankyou

Ре: Да видиме што ве снајде денес 09 Ное 2012 16:59 #220776

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Идам да ја пуштам машината да ми пере кога детево плаче ли плаче зашто не сум во соба и јас цела во фрка ја пуштив да пере ама ко за беља не сум го ставила цревото во шоља за водата да има кај да отиде и ко ветер правец накај соба.Доаѓа мајка ми и ми вика ај да идам да си измијам раце,кога влегла што да види доле поплава,фрчи вода на сите страни,прска доле се поплавено,абе хаос.Па после ајде чисти,собирај вода :zid: Ама така ми е кога сум ко мува без глава :smee1:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 10 Ное 2012 11:54 #220837

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Ме затера мене деновиве некој малер.Еве и денес дешавка.Денес свадбата на девер ми а јас и мм договорени после црква да дојде да ме собере па да одиме во кафанчето за да не ја тормозам Калина цело време и така бидна.Само што стигнавме во кафанчево,се раскомотив и седнав со бебулево во раце,направивме живели и она пошто имаше две мали девојчиња ја утепаа од закачање.Леле кога почна бебево да плаче,да плаче,море шетај ја па излегов надвор на воздух неќе да чуе,се извади од памет и ајде рикверц дома.И нормално само што стигнавме она се смири и почна да се смее ко ништо да не било.Уфф,џабе само се малтретирав и толку се спремав за 5 минути работа :mdf:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 11 Ное 2012 18:04 #220982

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Ќерка ми беше завикана да оди на Златно славејче уште кога почна да оди рекламата на ТВ, и јас затоа уште минатата недела отидов во Југотон да купам карти. Ја прашав продавачката за кој ден и термин имаат поубави карти и таа ми рече дека за недела има карти во партер, 7-ми ред и јас веднаш земав карти за мене и за сестра ми.

Ана секој ден ме прашуваше кога ќе одиме. И конечно дојде денот Д :roll: , сите се спремивме, се договоривме со сестра ми да се чекаме пред Универзална, и гледам сите држат во рака зелени карти, а моиве беа плави. И го кажувам ова на сестра ми и таа ми вика: А ти сигурна си дека ти се картите за денес? и кога јас го проверувам датумот и таму си стои 10.11 (значи за вчерашното Златно славејче :tupco: ). Продавачката од Југотон убаво ме зезна, а моја вина е што не го проверив датумот на картите, туку и верував дека ми дала карти за во недела.
Се гледаме со сестра ми, што да правиме. Да влеземе со овие карти не можеме, а децава со душа чекаат да ги видат славејчињата.
Па ајде набрзина отидов до билетарата и среќа имаа уште карти, па купив нови карти.
Овие беа во 7-ми блок, и погледот не беше баш нај, ама битно децава беа пресреќни :fijuk:
Последна промена: 11 Ное 2012 18:06 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 13 Мар 2013 03:16 #234724

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Оф лелеее, што ме снајде...од петокот се оштрам за една караница на работа, и тамам започнав нешто демек „памти па врати...“ па ми текна на она „памти па врати, па прозорци, па ролетни...“ и прснав да се смеам и морав да побегнам од местото на настанот. А, што убаво планирав да и` се истурам на кокошкана...
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 13 Мар 2013 09:57 #234780

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Пред некој ден... Одам во wc да ги измијам забите. Си ставам паста на четката за заби и почнувам да се мијам. Кога чувствувам-лош вкус-ужас! Наместо мојата паста за заби, сум ставила од пената за бричење (на некој од мажите дома :) ) :tupco: Двете беа во плава боја и стоеја една до друга, па сум ги помешала кога сум земала. Пукнав од плукање и чистење со вода потоа :unsure:
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 13 Мар 2013 10:00 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 13 Мар 2013 18:05 #234816

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Ха, ха, Независна, маж ми вчера миеше заби со регенератор за коса во туба (го омаше гратис со една фарба), па се чудеше зашто не пени. Како си ги изрегенерира забите, само да знаеш...
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 03 Апр 2013 03:15 #236251

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 903
  • Thank you received: 448
  • Карма: 7
Ова не ми се случи денес,туку на 1 Април,и не беше првоаприлска шега.
Одам накај плоштад да видам дали ги однеле децата од градинката на плоштадот.Видов дека ги нема и се вракам назад и случајно погледнав на една бандера каде што беа залепени некролозите и ја видов сликата на вујко ми,со кој недела дена претходно кај мајка ми пиевме кафе.Нозете ми се пресекоа...Човекот починал а мене никој ништо не ми кажал.И отидов кај сестра ми во дуканот за да се смирам и и кажувам што се случи.Таа само ја наведна главата и рече знам.Моите не сакале да ми кажат дур не помине погребот,затоа што сум трудна и затоа што сум паничар.А вака само полошо ми направија.
Некогаш мислејки дека правиме добро на другите,грешиме...
??
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 27 Апр 2013 04:27 #237934

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Ova vcera me snajde, se dogovoriv so tri prijatelki da sedneme vo Toros na meze i pijacka da gi pocastam za rodendenot. Koga dojdovme tamu ednata drugarka vekje sedese so eden decko koj jas go imam videno 3-4 pati vo zivotov i samo znam deka im e drugar od detstvo na dveve drugarki i tolku.
Nejse, sednavme, jadevme, pievme, muabetce ova ona, koga trebase da si odime mi vika drugarkava, smetkata e platena. Jas cela zbuneta vikam kako platena. E pa ja plati B, toj sto sedese so nea koga dojdovme. Vikam kako moze da ja plati i zosto koga znaevte deka jas sakam da castam za rodenden, a plus i ne me ni poznava covekot :mdf: se iznervirav epten, me stavi covekov vo mnogu nezgodna situacija. Mi vika drugarkava, e taka rece ako na Elka i bilo rodenden, eve jas kje ve castam. Mnogu ama mnogu mi bese nezgodno, ama posle koga mi pomina nekako milo mi dojde, mnogu odamna nepoznat ne me pocastil nisto :sram: si se pocuvstvuvav taka kako vo denovite koga bev single :cica:
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 11 Јул 2013 18:07 #242108

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Ме снајде оти замаана бев невидено. :D
Ја вклучив ринглата да варам виршли за вечера, ама не видов дека погрешната. наместо таа кај што е садот со вода, јас другата, а на неа ги имав ставено виршлите, сосе кесичка. и осеќам некој чуден мирис, ама не ми текнува од што. кога почна да црцори на рерната од водата што истече и почна да мириса на скара се сетив :hahaha:
и останавме без виршли. ојдоа во канта, оти ми беше страв од тоа пластиката што се стопи.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 24 Окт 2013 07:57 #245063

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Ова дешавка од вчера :)
Како и секое сабајле околу 8 и пол станува ѕверов и давам млеко, пуштам Дора а јас на тераса искачам да испушам една цигара со кафето.
И што и текна кога рипна од кревет, се затрча и ми ја затвори вратата од балкон :krsti:
Леле кога ме фати една паника да не не може да отвори. Почнав да дткам..Матеаа ајде мама отвори ми...она стои до врата и се клешти. Проба да ја дигне рачката, пишка, се мачи..не можааам вика.
Леле нозе ми се пресекоа, викам што да праам сега. Надворечна врата заклучена (со клуч од внатре) јас надвор ни мобилен, ни ништо. Ако фати да се дере детево да не се уплаши.
Она госпоѓата проба еднаш - двапати и си легна пак да гледа Дора.
Тропам јас, викам Матеа...ајде пробај пак, отварај.....не бре не се помрднува.
Па поминаа може 15-20 мин...не да се смрзнав, незнам....абе по едно танко блузиче се скочанив.
И стана госпоѓава....ја бутна кваката со леснотија и вика ајде мамо можеш да влезеш ми се кака :what:
Незнам дали ми олесна или посакав да ја столчам тука, што се преправала дека не може да отвори. Смрзнав.
Проклети врати со една квака...кој ги измисли!!! :bes:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, mamaAnita, Marge, Fairy, Независна

Ре: Да видиме што ве снајде денес 24 Окт 2013 09:41 #245073

  • tomica
  • tomica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Патувањето од 1000км. почнува со еден чекор
  • Теми: 9
  • Thank you received: 4
  • Карма: 0
Хахаха Катерина81 баш ме насмеа,те затворила надвор за да не и сметаш додека си гледа Дора :hahaha: А ти си можела и уште една цигара да си испушиш :cigara: Ова ме подсети на една дешавка пред една недела,одам јас,синко и мајка ми на гости кај вујна ми и сега мајка ми и вујна ми ке одат на тераса да пушат, а јас и снаами си седиме и разговараме,децата си играат и поминува 20 мин. нив ги нема одам да видам што прават,а тие цигарите и си муабетат,се вратив назад и си седам,туку ете за 10 мин. доаѓа вујко ми од работа и вика абе одајте отворете им децата ги затвориле бабите на тераса,леле кога дојдоа премрзнати ама се цркнавме од смеење :lol: :hahaha: па мајка ми вика му викав на С: да дојде да те викне е баш погодила кога С: ке ми каже баба те вика ( сеуште незнаеме да збориме) :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 04 Ное 2013 18:04 #245355

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
од кај да почнам :D
Се враќаме дома вечерва и син ми ми вели дека му мирисал чудно шифоњерот. а нов е. и си помислив да не има нешто заборавено тој внатре, во некој џеб или ранец, па одам накај шифоњерот со глава и да мириснам демек, ама залетана, заборавив дека е пониок и мавање со глава во горниот рафт, значи по сред чело ми остана една црвена линија и на допир ме боли. утре ако имам модрица ќе биде забавно. :aham:

пред малку седам на кревет и осеќам бе боцка нешто на ногата. ај се поместив, се почешав, викам електрицитет ми е од облекава дека подебела, ама пак. кога да пипнам се вденав во ракава на игла. одвај ја извадив од под прекривач - мала безопасна игла. и среќа што јас ја најдов, оти син ми како што знае да се залета да скока на креветов ... :emm:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 04 Ное 2013 18:05 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 06 Ное 2013 07:42 #245415

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Sto ubavo me snajde pred nekoj den :)
Si se doterav za na rabota, suknjcka, stikli visocki i se frckam niz hodnik u firma po toa plockite. Plockite ni se novi, taze briseni - koga se liznav... :tupco:

Tri dena otposle - imam 2 podlivi na kolenata onaka jarko ljiljakovi :) i kukot sum go nabila, edvaj sedam na ednata strana.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 31 Јан 2014 09:34 #248348

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Пред некој ден, ја носам ќерка ми во школо, замрзнато беше и по паркингот одиме полека, внимателно и стигнавме во училишниот двор, ми се виде дека е суво и се опуштив. Ја пуштив ќерка ми сама да си оди, еден чекор и падна, па после јас као да ја кренам кога треснав :sram:
Па одма притрча еден татко да ми помогне :trep:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 10 Авг 2014 01:48 #251827

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
:cita: Вчера не стигнав да се запишам овде. Мада не е доцна и денес оти цела недела ми беше хаотична...како изгубена бев... тотално заборавена
прво кај моите ѕиркав повремено оти не беа тука, па во средата го заборавив клучот на врата- заклучена. среќа и долу портата се заклучува и плус има реси на врата, па никој не видел и не влегол.
е како да не беше тоа доста - следниот ден на одење накај дома ја заборавив отворена врата од задната тераса - која не е висока плус има скали. кога ми јави братучетка ми се шокирав. сабајлето трчање таму оти бев убедена дека ја затворив вратата и мислев некој обил и влегол. среќа пак само мојата невнимателност била во прашање.
вчера тргам од работа и не можев да си го најдам клучот од колата. ми идеше да ја фрлам ташната колку се изнервирав. па почнав да ги вадам сите ствари од ташната (без дно :smee1: ) додека го најдов (а се исплашив да не сум го заборавила на брава па да се заклучила колата) .
си дојдов дома и ги барам очилата со диоптер ми ги нема. викам сум ги заборавила на биро на работа. кога маж ми да оди на работа ми вика ти ги најдов - на кола. значи не ВО туку НА кола - во длапката меѓу шофершајбната и хаубата. ми останале таму кога вадев ствари да го најдам клучот бе!
нормално жива вода беа, а кутијата ми се искривила оти се натопила вода оти истури дожд додека си идев дома.

и така.... не е лесно да си жена :D
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 10 Авг 2014 20:24 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: None-bt, Независна

Ре: Да видиме што ве снајде денес 10 Авг 2014 16:41 #251837

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Се враќав од пазар дома (на 2 чекори ми е пазарот) и си ги преместував ќесите од рацете за да ми биде полесно потоа за отклучување на вратата, па застанав во тој момент и ги спуштив долу. Зад мене одеше човек и веднаш се понуди да ми помогне, иако упорно му велев дека нема потреба од тоа. Ми ги подаде ќесите во рацете, размислувајќи како е подобро да бидат. А мене "претешко" ми беше. Бев многу натоварена :D , носев 4-5 најлончиња со ситен зеленчук и овошје, единствено поголема беше лубеницата од 2кг. :D И потоа некој ќе каже дека нема кавалери/џентлмени. :P Има, само треба понекогаш и да одглумиме. ;)
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 10 Авг 2014 16:43 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 11 Авг 2014 14:07 #251852

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Pravev rucek i da probam so lazica dali e zacineto dobro si ja zalepiv lazicata za usta (deka so istata przev).

I sega sum kako da sum stavala botoks na usta :ljutko:
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.