Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Да видиме што ве снајде денес

Да видиме што ве снајде денес 22 Јан 2011 00:28 #104425

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7909
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Прво го утнав автобусот. Наместо во 7 сум се качила во 7б и ме затера накај Државна болница, наместо накај Буњаковец.
Кога го видов тоа, таман отвори врата шоферот да слезам,кај Нова Македонија, ми се скина кесата која ја носев и во калта ми падна списанието.
Тргнав пешки накај Соборна. Налета автобус и уморна ај да не одам пешки се качив за една станица, па на излегување слободната карта ми падна на скалите, лом си ги направив ракавиците додека ја зедов :angry:
и на крај ми требаа 15 минути да си го најдам клучот во ташна.

А вас?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nataly, Независна

Ре: Да видиме што ве снајде денес 22 Јан 2011 00:38 #104433

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
kako mi ja pogodi temava Ane :)
taman vlegov vo kancelarija direktorot mi kaza deka sum napravila tehnicka greska i sum gi izmesala cenite vo ponudata do eden nas kupuvac, mi se krena kosata, a tolku mnogu vnimavav koga ja spremav, ocigledno kolku poveke vnimavas tolku poveke gresis.
Veke edna nedela frcat e mejli so edna koleska od Grcija za banalna rabota, napravivme cela nauka, si go tera taa svojot film i bas i e gajle jas sto i pisuvam, ne me ni cita. I od nea mi se krena nervata, kako moze da ima tolku nerazbrani lugje
e toa e za denes, a da, ke zaboravev, nokeska vo sonot me brkaa kucinja i edno me kasna na rakata, moze i toa da ima vrska sto mi bese vakov denot:(
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 13 Фев 2011 21:11 #112197

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Замислете..една од најдобрите другарки од основно си ја најдов на форумов!!!! :jupi: :jupi: :jupi: Немогуче...немогуче..после толку години пак се сретнавме..аууууууу какав радосан дан..птице певају Алелуја!!! :aleluja: :aleluja: :aleluja:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: AWAO, Независна

Ре: Да видиме што ве снајде денес 15 Фев 2011 02:33 #112777

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Денеска.. сабајле станав да учам, пошто имав испит поручекта. Едно станување, напраив кафе и го стаив на маса... ОП! Пола шоља ја истурив, ми се истури на компјутер, по масата, по столот, на подот, по тренерката на мм... бришев пола саат! Уште од одма знаев дека ќе биде лош ден (пусто суеверие :)). Отидов на испит, бев единствена што полагаше, се осеќав одвратно таму сама... излегов незадоволна од тоа што го напишав и успат прашав дали сум го положила тој другиот и ми кажаа дека НЕ. Едвај ги додржав солзите и со трчање в кола кај мм рикнав да плачам. И така цел ден си рикам...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 15 Фев 2011 04:33 #112832

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Понеделнички рано станување + на лева нога :dry:

Сабајле успана цела, во такси сум си го истресла новчаникот.
На работа не можеше да биде полошо, милион утки, -20% од плата :zid:
Си тргнав накај дома пеш (секогаш пешачам- слабеам :zelen: ) Ама во ќеса си ја носев пршутата која со душа ја дочекав, и ме бркаа кучиња, па морав шпринтот да го дадам (бог знае како изгледав од страна) :hahaha: :hahaha:
Дома мм си варел шпагети за ручек и јас демек ај да ги исцедам ме мрзеше да земам цедалка па ај со капакот од тенџерето и ги истурив сите во лавабо :grr:
Договорено со друштво за вечерва за во кафанче, јас да пеглам- омилената кошула на мм ја залепив, од нервоза заборавив да ја исчистам пеглата и продолжив да си ја пеглам сукњата и неа ја залепив.
Среќа што беше убава вечерва, иначе ќе го прогласев за дефинитивно мој најмалерозен ден :grr:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: redsonja, Frenky, Mama Sani, Синоличка, Независна

Ре: Да видиме што ве снајде денес 15 Фев 2011 04:38 #112835

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
[quote="Anna Molly" post=112832
Среќа што беше убава вечерва, иначе ќе го прогласев за дефинитивно мој најмалерозен ден :grr:[/quote]

bila ubava ama se uste ne zavrsila :skok: tiruriru,tiruriru
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Molly

Ре: Да видиме што ве снајде денес 15 Фев 2011 05:15 #112856

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Идеме денес со мм и син ми во мојот храм (читај - Матица) и нАли ај некоја книга да ми купат за Валентајн..И стигнуваме и индијанецов на цел глас..МИ СЕ КАКААААА..Пошто ова му беше вторпат така да ми направи..првиот пат мисијата беше успешно завршена во вц во Матица..сега ми беше срам да ги прашувам пак вработените за вц..моравме да си отидеме и ништо од книгите. :zid: :zid: Па добро бе, зарем кај што мама се крсти, на синот да му се иде по нужда???Пихххххх..што среќа сум..ќе биде на татко му изгледа :laugh:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: sole, Kuklicka

Ре: Да видиме што ве снајде денес 15 Фев 2011 06:10 #112871

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Излегов утринава да завршам некоја работа и да му купам подарок на дм, па да се најдеме, да пиеме кафе. Тој на работа требаше да оди попладнето, па се брзав да стигнам што побрзо. Бев каде што планирав и застанав на постојка да чекам автобус. Си реков - ќе се качам со првиот што ќе дојде (сите одат на местото каде што ќе се чекавме). Кога тргна во правец во една подалечна населба (област), косата ми се крена :grr: Леле, си реков, што направив :ohmy: Помислив - ок, нема да се задржи толку многу во тој дел, ќе сврти и ќе стигнам за брзо. Му пратив смс на дм (не се слушаше за да зборувам на телефон) да излезе по 5 минути, иако, во одредена мерка, бев свесна дека реално не можам да стигнам толку брзо :poimnemam: Пратив уште една смс дека ќе му пратам сигнал кога ќе приближам. Автобусот си возеше, од еден во друг дел (уште поодалечен од претходниот)..., абер немаше да оди во насоката кон која сакав :angry: Читам на листата со термините, кога-каде е - збеснав кога видов :grr: Цел час се возев ... Дм ми се јави, чекал... Му кажав што ме снајде-не можеше да се изначуди :laugh: Ми вика: "Сега во која населба ќе одиш?" :hahaha: :hahaha: :hahaha: ама видно сериозен, а мене ми се смееше на цела мака и нерви... Автобусот сврти од истата страна од која тргна претходно и се врати на истото место од каде што се качив (не како што мислев, во обратна насока) :mdf: :mdf: :mdf: Кога видов дека ќе ме врти од другата страна на градот, слегов на истата постојка од каде што тргнав :laugh: :( :nc: Најдов такси, но порачано било :( Се погоди фин таксистот, повика друго, па потоа се сети и рече ќе ме однеси мене, а другото што ќе дојде ќе биде за тие што имале претходно порачано. Само што се израдував и влегов (иако знаев дека 5-пати и повеќе ќе ме чини од картата со автобус :( ) видов како доаѓа автобус кој сигурно оди онаму каде што сакав :grr: Помислив да слезам и да се качам во него, но немаше смисла од таксистот и си останав, со помислата што побрзо, еднаш да стигнам на саканата локација :zid: Си платив колку што ме чинеше (ѓаол и пол :tazna: ) и конечно стигнав :aleluja: За релација од 10-тина минути возење, се возев цеееееееел час. За тоа време ќе одев и ќе се вратев од Прилеп :grr: На договореното место се погоди и "свекор ми" (мојов му кажал што сум направила, цел час ме чекал здрвен, додека јас се возев наоколу :emm: ) и се смееше, а исто и јас :hahaha: :hahaha: :hahaha: Истовремено ми доаѓаше да пропаднам в земја :sram2: :unsure: Така помина патешествието мое денес. Барем го запознав делот каде не сум била (како да сум во Лондон, што вика дм) :muahaha: :muahaha: :muahaha: Кој нема во главата, има во нозете (или во мојот случај-парите).
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 15 Фев 2011 06:14 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 16 Фев 2011 13:42 #113270

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Вчера. Идам во банка да извадам пари од сметката на мм и кога што да видам колонааа, ај викам ќе чекам. Се утепав од чекање може 1 саат, кога стигнав на ред ми ја нема личната карта :zid: Леле ќе се убиев, И уште незнам кај сум ја истресла :tupco:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 16 Фев 2011 14:52 #113318

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
  • Карма: 7
Доаѓа еден мој претпоставен, а ние собрани колеги еден куп и ми дава 15 страно испринтани ексел документ пратени од едно правно лице. Докиментот целиот податоци и бројки.
Моето претпоставено лице ми вели: Ај те молам пресметај ги овие, дали овој што ни ги пратил му се точно пресметани?!:ohmy: , јас го зимам документот и гледам 15 страни 800 колони во ексел документ и на крај ауто сум, и го прашувам пак, Што да направам?
Ми вели пресметај дали се точно собрани бројките, или да ти помогнам, сакаш да ти диктирам!? :muahaha: :tazna: , лелел :tupco:

Незнаев што да одговорам, премногу колеги, несмеам да го нправам глуп претпоставениот, полесно беше јас да се направам ГЛУПА!!!!!!:grr:

И фино лепо седнав и го пресметав, за Да нели податоците ја дадат истата сума од истиот документ.
Се чуствувам :otpozadi:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann

Да видиме што ве снајде денес 25 Фев 2011 15:12 #116914

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7909
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Си се качувам во автобус 22 и уште среќна - од новите автобуси ми се погоди. И врти кај Соборна десно, чекам да сврти нели лево накај Центар, ама не!
Затера прво по Водњанска и се симнав кај Државна болница :zid:
Значи не сум видела добро мора да имало некоја буква А или Б, после бројката.

И нормално, немав друг излез сабајлево, освен да си платам такси да стигнам на работа. :mdf:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 25 Фев 2011 15:22 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 25 Фев 2011 23:29 #117131

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Не се случи ова денес, туку завчера..ама сум забРавила да пишам..Отидов да земам Омега 3 во аптека, така беше може 7 саат навечер, и земам јас капусливе плус сируп за син ми за имунитет и еден лосион против опаѓање на коса...и сметката излегува 1244 ден..Плаќам со картица и си одам. Наредниот ден шо Цацко ме тераше викам ај на нет да проверам уште колу имам на сметка..кога гледам, на резервација ми стои 12 440 ден во аптека!!!! Таа аптекарката стиснала + една нула и ете ти заебанција. лелеееее си викам, 11 000 и кусур ли повеќе да ми земат????Трк одма во аптека, аптекарката приметила уште вечерта пошто не и се слагал есапот во каса, и ми кажа дека планира наредниот ден да ме бара преку банка за да си ги земам парите. Како и да е, јас бев побрза од неа ;) и ми ги врати 11 200 остатокот. Наравоучение - гледајте ги тоа отсечоците кога плаќате со картица!!! :pijani:
Последна промена: 25 Фев 2011 23:31 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann, macika

Ре: Да видиме што ве снајде денес 26 Фев 2011 23:52 #117468

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Е ова првпат ми се случува во мојот живот. Некој ни ѕвонеше на врата во 3:30 сабајлево!!! :what: :what: :what: Каков хорор човече :skok: :skok: Рипаме на врата и јас и маж ми, гледаме на тоа шпијунката...ама нема светло, не можам да видам кој е. А нема шанси да отвориме. И чекаме така пет минути, слушаме лифтот се затвора на некој друг спрат (веројатно тој што ѕвонел кај нас се симнал некој спрат подоле..и којзнае што праел, вашно со рескање на лифтот си отиде). Лелееееееее какви будали има на овој свет...човек еден ден срце ќе го стрефне, какво време дојде :unsure: :unsure:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 25 Апр 2011 18:43 #132063

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7909
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Отворајќи го капакот од пекачот во кој се печеше месото си ги изгорев прстите со врела пареа :tazna:
не да боли.....
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 25 Апр 2011 18:45 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 04 Мај 2011 01:20 #133465

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7909
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Останавме со колешката заклучени во редакција, сами. Бидејќи работиме по двајца во канцеларија, јас и таа заработени, со затворена врата (прозорот ни беше отворен да се ветрее канцеларијата) занесени, не чувме кога си заминале сите. А и вообичаено е кога си одат оние кои заклучуваат да проверат по канцеларии. Е денес не го сторија тоа. И таман да си одиме - цврц, нема :laugh:
и се јавував кај директорот, па тргна накај нас и му текна на пола пат дека во канцеларија кај него има уште еден клуч од редакцијата и така се снајдовме

:hahaha:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 17 Мај 2011 20:59 #136280

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7909
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Пак јас овде :laugh:

Тргнав од дома накај работа попладнево и во сред возење ми пукна сајлата за кумплуг. И нормално ми угасна колата. Се јавувам дома ми велат - стави во втора и тргни. А бе нејќе кола скока како диво магаре :hahaha:
па ај почнав некако полека и тргнав :skok:
Ама финтата сега беше како на семафор. Ако застанеш, се гаси колата, па пак од почеток со тргањето кое е ужасно тешко.
Стигнав некако, но ништо не можеше да ме подготви за тоа што ме чека со паркирањето. :laugh:
Летечки до паркинг местото со втора и кочење во место :rofl:
Исто како во „Жикина династија„
Преживеав!!!! :jupi:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 17 Мај 2011 21:11 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamaAnita, Frogy, Mama Sani, Kuklicka, Независна

Ре: Да видиме што ве снајде денес 21 Јул 2011 12:00 #145505

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Ова беше синоќа...

Со мм кај 10 и пол си гледаме ТВ, а Андреј спиеше во спална. И одеднаш ни влезе лилјак дома, па го бркавме низ дневна, како хорор филм со Дракула да гледате.

На крај лилјакот се пушти на кај мм и тој го удри со перниче. Птицава падна на подот и ги собра крилава, а јас врз него фрлив кујнска крпа и го завиткав во неа. Лилјакот со крпата ги фрлив низ прозор, во паника се разбира.

Инаку пред 4 години ни влегоа два лилјаци дома, ама тогаш не бевме толку храбр, избегавме во спална и цела ноќ си останавме внатре. Си правевме филмови како додека сме во спалната, на завесите во дневна ни висат лилјаци:laugh: Утредента немаша ништо:ohmy:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamaAnita

Ре: Да видиме што ве снајде денес 23 Јул 2011 05:08 #145656

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Isto sinoka, mijam tanjiri posle vecera, a maliot si igrase so malo metlice, demek metese po doma. Bidejki metliceto stoi vo ostavata kade sto imame i golem bojler, toj go ostava na mesto i slusam bojlerot pocnuva da raboti.
Lele vikam, pritisnal nesto,(digitalen e) ama gledame so mm bojlerot sveti isto kako koga e pustena toplata voda, znaci tuka se e povrzano na centralen gasovoden sistem.
OK, vikame nisto ne e mi se pricinilo taka, a plus miev tanjiri i najverovatno bojlerot se pustil poradi toa, znaci i toplata voda kaj nas raboti na gas.

I kolku 5 casot stanuvam za vo WC, a jas spijam vednas do radijatorot, koga pominuvam radijatorot gori, zezok :what: , maliot go pritisnal dugmeto od bojlerot kade sto se uklucuva parnoto i cela vecer na sred leto sme spiele so parno :what: .
Ne znam kako ne primetivme porano , ama otvoreni vrati, prozori, a parnoto si gori :tupco:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamaAnita

Ре: Да видиме што ве снајде денес 05 Сеп 2011 16:41 #152527

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7909
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Си ги мијам нозете во када и ми иде топла вода, па ја да си пуштам демек ладна, вртење махинално чешмата во погрешна насока, пуштање врела вода .... :what:
се попарив
најтужно е што сама си го направив тоа, па немам по кого да псујам :hahaha:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ZZ

Ре: Да видиме што ве снајде денес 05 Сеп 2011 16:55 #152533

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Мене не денес, ама вчера..бевме во Веро да пазариме, и јас си застанав на рафтот кај што се продаваат слаткарски работи и гледам прехранбена боја во прав. Беше плава ама ептен темна. Ја видов кесичката нешто не ми штима, како подкината малку и си ја вратив на место. Арно ама, од тој подкинатиот дел, мене ми паднало од бојата на стапалото и така без да приметам си се шетав низ цел Аеродром :muahaha: Дома стигаме, се гледам, цела нога лиљакова ми станала:laugh: Најтрагично беше што едвај ја извадив, и се бањав, и со алкохол и со ацетон за на крај да си ја вратам оригиналната боја на кожата :laugh:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Sani

Ре: Да видиме што ве снајде денес 06 Сеп 2011 04:46 #152586

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
  • Карма: 6
И мене вчера...купував нешто во Стружанка со картичка и на враќање да земам нешто од продавница, стасувам до каса и :ohmy: ја нема картичката... Ај имав во новчаник некои 500ден. па вадев од корпата :sram: Среќа уште работеше Стружанка, па пак назад да ја земам картичката :da: Сега знам, после секое пазарување проверување! :poimnemam:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да видиме што ве снајде денес 09 Сеп 2011 16:23 #153101

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
  • Карма: 34
Idam denes vo prodavnica i da platam... op mi ja nema ednata EC karticka! Se istufkav plativ o kreditnata akrticka i zlegov. I si mislam sega kade mi e kartickata i kade sum mozela da ja izgubam. Sedev u kola pola saat i ne mozev da se setam nisto pa pravec u banka da ja zaklucam kartickata da ne me opeljusi nekoj.
Ok se pomiriv deka sum ja izgubila i si trgnav nakaj doma.
Doma stignuvam i pocnav da gi stavam rabotite u frizider sto sum gi kupila koa gledam nekoj ostavil 2 kriki leb vo frizider i taman mislev kako ke go karam mm koa ke dojde doma gi zemam parcinjata leb i mi ispadna kartickata od megu niv.
Lena si pravela sendvic so mojata EC karticka :)

Sreka ne pomina poveke od 24h od blokiranjeto pa ne morav da ja menjuvam kartickata.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara, mamaAnita, Fairy, Zoja, Ананда and this user have 2 others thankyou

Ре: Да видиме што ве снајде денес 09 Сеп 2011 16:32 #153102

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7909
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Значи деновиве ми тргна со кинење сукњи :laugh:
Завчера симнувајќи се од автобус, една девојка позади мене ме згазна на сукњата. И ме изнервира, затоа што речиси ме соблече. Ама кога стигнав на работа - имав што да видам. Ми се скинала сукњата, па среќа црна и додека стигнав таму, не беше забележливо (валјда) а и блиску ми беше од автобуска до работа.
Среќа нејзина не го приметив тоа веднаш, инаку маф работа :hahaha:
Ама после таму одвај се снајдов со материјал за шиење, па трчај во тоалет да ја соблечам и сошијам.

Денес кај сестра ми да седнам на креветот, некако лошо ја наместив сукњата (која инаку е од оние на парчиња што се шиени) и по едниот раб испука цела :rofl: - па ајде пак крпење.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 09 Сеп 2011 16:33 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, bubamara, Zoja, Ананда

Ре: Да видиме што ве снајде денес 03 Дек 2011 19:32 #168411

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7909
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
На службен контакт форвардирав мејл наменет за другарка ми, .
Немаше ништо критично, освен што мејлот започнува и завршува со зборови со кои се зезаме со другарка ми :tupco:
сирот човек се јави да ме информира дека сеуште стои она за кое се договаравме, и дека ако треба тука е за се само да му јавам, а и да ме извести дека изгледа по грешка сум му го пратила нему мејлот.
:rofl:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi, Elka, bart

Ре: Да видиме што ве снајде денес 05 Дек 2011 07:53 #168643

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Мислам дека е успех три пати по ред да ти истече кафе, а измеѓу да имаш две чистења на шпорет. Може и во Гинис да влезе:tupco:
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi

Најново на форумот