Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Верувате во бајачки, гледачи и слични работи ?

Верувате ли во гледачи? 11 Јун 2012 07:54 #202888

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
Значи не во бајачи, туку во гледачи? Јас не верувам во секој што се прави дека е гледач, ама до сега 2 пати сум се уверила дека сепак има луѓе што нешто знаат. Денеска по втор пат се уверив (иако не лично) дека иако ништо никој не и кажа на женава, таа знаеше се :blink: Значи и беше кажано само името, датумот и местото на раѓање и буквално таа се друго сама си кажа, се што ние претпоставувавме. Нема да влегувам во детали за едната работа, но за другото мајка ми прашала за мене, дали има некој голем проблем што не можам да забременам. Женава и рекла дека најголемиот проблем е стресот што го доживувам и што се нервирам околу една конкретна работа во фамилијава (за стресот одамна веќе гинекологот ми нагласи) и и рекла дека годинава ќе одам на одмор негде покрај вода (не знаеше дека ќе одам Охрид) и некаде во природа (не знаеше дека ќе одиме на село кај дедо му на мм). И и рекла на мајка ми дека водата и природата толку многу ме опуштаат, што ќе заборавам на тие проблеми кои ме мачат и дека е голема веројатноста после овој одмор да се вратиме 3ца... И рекла ако не на одморот, најкасно месец дена после тоа ќе се случит...


Да се разбериме, јас не сум човек кој го зема ова здраво за готово, повеќе сум човек кој сака ваквите работи да ги испобие со факти... Но некако ми даде некоја надеж и ме охрабри..


Што мислите за ваквите работи? Јас баш едвај чекам, еве и давам рок до крајов на годинава дали погодила :hahaha: :hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 11 Јун 2012 11:24 #202914

  • eleonora
  • eleonora's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 597
  • Thank you received: 246
Pa,ne deka veruvam ama od cista slucajnost se najdov vo Veles odamna i slucajno prijatelka me odnese kaj Dule-gledacot.Da ne zamaram,samo ke kazam site pobliski mi gi kaza po ime,datumot na svadba,sobata na sin mi ja opisa do detal,i mi kaza deka sum ziveela u stranstvo.U pocetokot epten bev pod impresija,ama kako pominuvase vreme se se pismanev deka ne e mozno i den denes iako pogodi sve,pa nesto ne mi dava 100% da veruvam-neznam zosto.

ADELLE,se navlekov na edna emisija na Enterteiment,Dzulijana&Bill,ona ima nekolku in-vitro neuspesni i se borat za dete.Otidoa kaj moderna gledacka,taa ima kaza deka mnogu skoro ke imaat ne edno tuku poveke deca.Izlegoa skepticni od kaj nea,ama za divno cudo Dzulijana zabremeni naskoro.Taka da mozda postojat luge sto gledaat,a i malku nadez ne e na odmet..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 11 Јун 2012 22:32 #202963

  • Станчева
  • Станчева's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • легач...
  • Теми: 250
  • Thank you received: 30
Апсолутно не вервуам, ни во бајачи ни во гатачи. Тие ти се едно те исто. Верувам само во Едниот Бог Исус Христос и само него му се молам.

Сепак сфаќам дека маката може на се да те натера, ама... Треба да знаеме што сме. Ако сме православни христијани, да одиме во црква, а не кај бајачи.

И... Не знам како можеш Елеонора да бидеш нладнокрвна на тиекоментари и предвидувања. Ако чекаш подолго време да добиеш дете, едвај ќе чекаш да дојде денот да отидеш на одмор, и едвај ќе чекаш да помине 1 месец па да направиш тест. Ова требаше да го пишам во прво лице. Барем ЈАС така би се однесувала. Стресот нормално дека на се влијае. И докториве и гледачиве, кога нема од шо, обавезно стресот е причина. А летоска кај на друго место се оди ако не покрај вода или во природа?

Можеби е игра на зборови, или би рекла игра со ѓаволот, оти тие се ѓаволски работи. А јас вервуам само во Бог.

Секој има право на избор по кој пат кќе тргне.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 12 Јун 2012 04:08 #203000

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Бајачи, гатачи, гледачи, за мене се едно те исто и НЕ, не им верувам.
Инаку, Адел навивам за тебе!!!
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 12 Јун 2012 05:02 #203016

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Како што има преваранти и од едните така има и од другите....меѓутоа не можам да кажам дека не верувам 100%.
Лично за себе не сум била но сум заедно со другарка влезена внатре кај една Вики од Чаир.
Инаку жената е дипл. маш.инж.....и ова го прави во слободно време.
Значи само од слика на фамилија без кажан збор....ги опиша целосно,кажа кој каде живее.што работи,какви проблеми има...го кажа полот на бебето за снаата на слика која не ни знеше во тој момент дека е трудна и уште милион ситници.....така да сите вие што не верувате ве молам да ми го објасните ова...како е можно човек прв пат што те гледа да знае се за тебе.
Абе уште не влезени внатре значи отвараме врата и влагаме и жената ја гледа другаркава и и вика....е добро дееее ќе останеш трудна,еееее не се секирај...за тоа и отиде првенствено (инаку сега има 1 год. синче)....така да не може никој да ме убеди дека нема нешто...што незнам ни сама, ама на некои ете така проверени гатачки да речам верувам......и се канам да одам ама пусти страв не ми дава....а и не ми фали ништо фала богу:)))
А бајачки,плукачки...и слични баби не ги ставам ни под разно во ист кош со овие жени кои за мене неоспорно имаа некој дар од бога.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 12 Јун 2012 05:19 #203021

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Katerina81 wrote:
.....така да сите вие што не верувате ве молам да ми го објасните ова....
Е, многу мразам вакви натегања. Ти веруваш, ја не верувам и точка, крај на муабетот.
Katerina81 wrote:
А бајачки,плукачки...и слични баби не ги ставам ни под разно во ист кош со овие жени кои за мене неоспорно имаа некој дар од бога.
Додека дојдеш до „вистинскиот“, по тебе таа Вики, ќе поминеш еден тон такви бајачи и гатачи, успешни и помалку успешни, вешти и помалку вешти во манипулирање да не речам лажење, илити оние што нема ништо да „ти погодат“ и оние што се` „ќе погодат“.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 12 Јун 2012 05:51 #203031

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Епа сега ако немаш конкретен одговор и не знаеш да објасниш...туку само слепо кажуваш НЕ ВЕРУВАМ 100% тоа не е натегање....туку ко децана на зашто, што одговараат е така.
Али нема врска НИКОЈ не може да објасни како погодуваат, верувам дека во 21 век на сите им е тоа као нон сенс....е да бееее ќе верувам во ојле дојле,глупости....ама не е баш така.
Ама во едно си во право....не сме тука да се натегаме и убедуваме...ја верувам ти не.
Ама не кажуваш зашто не веруваш.
Јас не сум била за мене пишав никогаш.....а и нема што да бидат вешти или не вешти во манипулирање и лажење што викаш.....кога за конкретен човек ти кажува од А-Ш 100% вистина..тука лажење нема.
90% немаат врска ДА....меѓутоа има луѓе кои имаат таква дарба...а и верувам дека никој не иде слепо кај некого или кај 50 разни гледачи, без да слушне од некого дека е добар или сл.
Незнам јас лично од свое искуство зборувам......да ти се случило и тебе од фам.слика да ти каже најдалечна историја за секого...гледајќи ти во очи да ти каже што ти се случувало и што ќе ти се случи....со еден збор да те смрзне и да се чудиш е од кај знае...другачие ќе размислуваш.....вака само е не верувам врска немаат и точка.....некако слабо.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 12 Јун 2012 06:19 #203038

  • eleonora
  • eleonora's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 597
  • Thank you received: 246
Станчева wrote:
Апсолутно не вервуам, ни во бајачи ни во гатачи. Тие ти се едно те исто. Верувам само во Едниот Бог Исус Христос и само него му се мола

И... Не знам како можеш Елеонора да бидеш нладнокрвна на тиекоментари и предвидувања. Ако чекаш подолго време да добиеш дете, едвај ќе чекаш да дојде денот да отидеш на одмор, и едвај ќе чекаш да помине 1 месец па да направиш тест. Ова требаше да го пишам во прво лице. Барем ЈАС така би се однесувала. Стресот нормално дека на се влијае. И докториве и гледачиве, кога нема од шо, обавезно стресот е причина. А летоска кај на друго место се оди ако не покрај вода или во природа?

Ova na Adell se odnesuva,ili gresam?
Последна промена: 12 Јун 2012 13:48 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 12 Јун 2012 06:24 #203040

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Јас го напишав своето мислење на поставеното прашање. Кој сака да верува- негово право, кој не сака, како јас на пример, нема да верува и тоа е мое право. Дали е како децана, слабо не слабо- тоа е твој проблем и твое мислење. А, зашто не верувам? Затоа што тие луѓе ги сметам за преваранти.
П.С. Да не сакаш да ти гледам на кафе? Се` ќе ти погодам. :lazgo:

П.П.С. Ова е одговор за Катерина, не го цитирав бидејќи пишував под него, ама во меѓувреме и Елеонора пишала.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 12 Јун 2012 06:27 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 12 Јун 2012 12:50 #203117

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
Jas ne veruvam, voopsto.
Na Adelle i kazala deka ke odi na odmor na voda, kako i 99% od tie sto idat na odmor, pa i rekol deka ke odi vo priroda. E sega se potrefilo deka ke odat kaj dedoto, inaku ke recese Aaaa Ohrid ubava priroda ima, na izlet nekoj ke pojdeme.
Sakam da kazam, NE ZNAAT oni nisto za nas, tuku kazuvaat raboti vo koi nie sami se pronaogjame.
Kazuvaat opsti raboti, a nie so nasata vrodena nadez i optimizam si gi vrzuvame za sebe i sebe bliznite.

Ednostavno mnogu poveke veruvam vo podsvesta, otkolku vo gledarki!
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 12 Јун 2012 13:45 #203129

  • Станчева
  • Станчева's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • легач...
  • Теми: 250
  • Thank you received: 30
eleonora wrote:

Ova na Adell se odnesuva,ili gresam?

Да, sorry. Те спомнав непотребно...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 13 Јун 2012 05:58 #203245

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
Станчева wrote:
И... Не знам како можеш Елеонора да бидеш нладнокрвна на тиекоментари и предвидувања. Ако чекаш подолго време да добиеш дете, едвај ќе чекаш да дојде денот да отидеш на одмор, и едвај ќе чекаш да помине 1 месец па да направиш тест. Ова требаше да го пишам во прво лице. Барем ЈАС така би се однесувала. Стресот нормално дека на се влијае.


Со оглед на тоа дека овој дел е наменет за мене, ќе го искоментирам. Не разбирам кај ја виде мојата хладнокрвност? И од кај ти знаеш дали јас едвај чекам или не да дојде времето да видам дали е вистина или не?

И докториве и гледачиве, кога нема од шо, обавезно стресот е причина.

Стресот како причина драга моја се докажува преку хормонски испитувања кои кај мене (имам пишувано на форумов) беа огромни, пролактин имав преку 200, а граница е ДО 24. Значи, си измислувале и докторите дека е стресот?

А летоска кај на друго место се оди ако не покрај вода или во природа?

Можда никаде, а? Шо викаш на тоа? Зар малку луѓе има кои не одат никаде на одмор? Како јас и мм, што лани не отидовме никаде цело лето на одмор, затоа што немавме пари?


MamaMaja wrote:
Jas ne veruvam, voopsto.
Na Adelle i kazala deka ke odi na odmor na voda, kako i 99% od tie sto idat na odmor, pa i rekol deka ke odi vo priroda. E sega se potrefilo deka ke odat kaj dedoto, inaku ke recese Aaaa Ohrid ubava priroda ima, na izlet nekoj ke pojdeme.

Маја, јас не влегував во детали, иначе жената не рекла само онака - крај вода и во природа, него го има објаснето и едното и другото место. Значи не зборам за природа од типот на Охрид и околината, него село и слично. И од кај знае дека баш на двете места ќе одам?

Sakam da kazam, NE ZNAAT oni nisto za nas, tuku kazuvaat raboti vo koi nie sami se pronaogjame.
Kazuvaat opsti raboti, a nie so nasata vrodena nadez i optimizam si gi vrzuvame za sebe i sebe bliznite.

Ова и јас го тврдев секогаш кога некој ќе ми спомнеше гледачи и слично. И сеуште го тврдам дека оние кои ништо конкретно не ти кажуваат, не знаат ништо. Чим ти врти општи муабети, џабе. Но што кога ти кажат детали од животот, имиња, датуми, места? Женава конкретно и кажала на мајка ми премногу детали за кои двете не верувавме дека е можно да ги знае... За една друга ситуација, не за мене.


Значи не ме сфаќајте дека ве убедувам во нешто, него си коментирам и гласно размислувам. Зашто еден дел од мене ич не им верувам, а еден дел... е убеден дека нешто има, пошто сама го доживеав тоа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 14 Јун 2012 03:34 #203395

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
Верувам дека има премногу измамници кои ја злоупотребуваат маката на луѓето, зашто ако човек тргне по такви работи, сигурно има мака. Сигурно не верувам во оние гледачи на ТВ (се сеќавате на Саше и крушата, претпоставувам :laugh: ). Тие и таквите како него се злоупотребувачи на туѓата мака и наивност, ништо повеќе. Дали има некој што може да види нешто што ние не можеме? Можно е и да има, велат во секој од нас има многу неиспитани места и неоткриени способности, кој да знае... Ама еден другар убаво еднаш си кажа на темава „И да знае да ми ја каже иднината некој, не би одел. Што ако ми каже дека на пример за година, две, десет ќе ми се случи нешто неубаво, па јас сите години да ги поминам исчекувајќи го тоа, место да живеам? Па на крај и врска да немало, од толку автосугестија и ќе ти се случи нешто на крај.“ Може е подобро да не знае некои работи човек(не рекле џабе "ignorance is bliss").
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 14 Јун 2012 05:46 #203407

  • lela
  • lela's Avatar
  • Offline
  • junior
  • BOG CE UVJEK SVAKOM DATI;SAMO TREBA VJEROVATI...
  • Теми: 549
  • Thank you received: 222
Neznam,ne veruvam no ima momenti i situacii kade stvarno e za veruvanje.
Koga covek e ocajen po nesto sto go nema(si zboruvam zasebe)togas mislam deka veruva vo se,bara "slamka spasa".2,5 god.nikako ne mozev da zatrudnam a se bese vo red so dvajcata.
I taka ocajna eden den se javiv na astrolog,i megu drugotot da ne dolzam mi rece dali sum imala spontan(koj go imav vo 6 mes.od prvata bremenost)i mi rece deka posle toa letoto ke zabremenam i jas vo juni mes.bev trudna .Dali podsvesno me opusti ili ne,ili stvarno znaela taa gospoga neznam,no znam deka si imam sega prekrasno since pored mene.Taka da Adele uzivajsi i svirkajsi ke bide toa sto treba da bide bez razlika dali nie sme veruvale vo gledaci ili ne. ;)
i tako bi točkica, iz točkice naraste graškić, iz graškića oraščić, iz oraščića kruškica, iz kruškice dunjica, iz dunjice lubenica, a iz lubenice naša mala bebica :love:

...http://
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 14 Јун 2012 07:06 #203414

  • milicka
  • milicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 266
  • Thank you received: 175
MamaMaja wrote:
Jas ne veruvam, voopsto.
Na Adelle i kazala deka ke odi na odmor na voda, kako i 99% od tie sto idat na odmor, pa i rekol deka ke odi vo priroda. E sega se potrefilo deka ke odat kaj dedoto, inaku ke recese Aaaa Ohrid ubava priroda ima, na izlet nekoj ke pojdeme.
Sakam da kazam, NE ZNAAT oni nisto za nas, tuku kazuvaat raboti vo koi nie sami se pronaogjame.
Kazuvaat opsti raboti, a nie so nasata vrodena nadez i optimizam si gi vrzuvame za sebe i sebe bliznite.

Ednostavno mnogu poveke veruvam vo podsvesta, otkolku vo gledarki!

potpolno se slozuvam! da i vleze mlado devojce odma bi svrtele muabet za deckovci :) jas mislam deka oni se kazuvaat a ti ke se pronajdes vo nesto. lupaat iminja - i normalno ke ti se pogodi nekoe :)

moj sovet - ne si gi frlajte parite, da znaese nekoj da gleda, prvi ke uplatea loto :aham:

inaku adelce najmila, dajboze da se vratite trojca :oblace:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 14 Јун 2012 07:49 #203416

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Јас исто така не верувам, но не ги осудувам тие што веруваат.

Но секако има некои необјасниви работи што сеуште науката не може да ги објасни, како што например е интуицијата, и сега се прашувам дали интуицијата е исто со гледање на иднината, или пак тоа е само претчувство/способност една индивидуа да може за себеси да предвиди што ќе се случи.

Зашто ете јас често имам интуиција за некои работи, ама тоа е кога се однесува за поблиското семејство. За некој што прв пат го гледам не можам ништо да кажам.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 14 Јун 2012 12:03 #203441

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
MamaMaja wrote:
Sakam da kazam, NE ZNAAT oni nisto za nas, tuku kazuvaat raboti vo koi nie sami se pronaogjame.
Kazuvaat opsti raboti, a nie so nasata vrodena nadez i optimizam si gi vrzuvame za sebe i sebe bliznite.

Ednostavno mnogu poveke veruvam vo podsvesta, otkolku vo gledarki!

Истово го мислам. Веќе толку се искусни што само што ќе видат одредена особа отприлика знаат за што е дојдена, а личноста со мака ги слуша само тие зборови што се однесуваат на неа и изгледа како лелее како погодувааа!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 14 Јун 2012 12:20 #203444

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
neli imashe edna vaka tema na rid?

kako i da e... dali veruvam kje vi kazam koga kje napolnam 41 god. koga bev vo paris mi prijde edna devojka portugalka i reche deka saka da mi gleda t.e. ima nekoe neobichno chustvo vo nea dodeka sedime edna do druga i misli deka moze da mi ja predvidi idninata.
do sega se shto kaza se ispolnini, a ova beshe 1995 god. predvidi edna sluchka koja kje se sluchi koga kje imam 40 god.


mm na parking go fati edna baba za raka i mu vika - imash dve mali kjerki ( jas se vrtam nakaj kolata, vo nea nishto nemashe zoshto beshe na servis. si pomisliv deka moze gi videla sedishtata ili glupostite niz kola od decata). vika, ednoto dete mnogu losho ti spie, stanuva navesher... jas mislam deka od dve deca ednoto obazvezno spie polosho ili ponemirno od drugoto. i na kraj vika, ti si dobar chovek, a zenati e loshotilok ama so dobra dusha :tupco:

jas i pokraj ova ne veruvam, barem sega za sega. poprvo bi rekla deka e chista srekja ili sluchajnost toa shto neshto se pogodilo.
Последна промена: 14 Јун 2012 12:21 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 14 Јун 2012 19:01 #203492

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
Mama Vase wrote:
i na kraj vika, ti si dobar chovek, a zenati e loshotilok ama so dobra dusha :tupco:

jas i pokraj ova ne veruvam, barem sega za sega. poprvo bi rekla deka e chista srekja ili sluchajnost toa shto neshto se pogodilo.

Abe da kazela obratno, odma bi i poveruvala, vaka koj ke si priznae? :fijuk: :muahaha:
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате во бајачки, гледачи и слични работи? 14 Јун 2012 21:05 #203493

  • Станчева
  • Станчева's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • легач...
  • Теми: 250
  • Thank you received: 30
Mama Vase wrote:

i na kraj vika, ti si dobar chovek, a zenati e loshotilok ama so dobra dusha :tupco:

:naviva: :naviva: :naviva: Леле се пресмеав :muahaha: :muahaha: :muahaha: Не можам да престанам!!! :D :D :D
Последна промена: 15 Јун 2012 02:28 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате ли во гледачи? 15 Јун 2012 03:21 #203518

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
MamaMaja wrote:
Mama Vase wrote:
i na kraj vika, ti si dobar chovek, a zenati e loshotilok ama so dobra dusha :tupco:

jas i pokraj ova ne veruvam, barem sega za sega. poprvo bi rekla deka e chista srekja ili sluchajnost toa shto neshto se pogodilo.

Abe da kazela obratno, odma bi i poveruvala, vaka koj ke si priznae? :fijuk: :muahaha:

ha,ha tochno do bukva. loshotilok neviden sum :rofl: :kez:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате во бајачки, гледачи и слични работи? 15 Јун 2012 03:29 #203521

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Малку во друга насока отиде муабетов...премногу општо ги сфаќате работите.
Тоа што сакав да кажам ( а и Адел ко што гледам) е не слепо верување на секого,не земање здраво за готово на секој збор,не општи работи како лоша си ама добра душа имаш,или ќе одиш годинава на одмор или не.
Не станува збор дека се пронаоѓаме ние самите во тоа што го зборат.
Зборувам кога КОНКРЕТНО ОД ЗБОР ДО ЗБОР, жената ќе ве опише,ќе ви каже што ви се случило вам и на фамилијата. Значи работи за кои ЗНАЕТЕ дека се вистина, кои се случиле.
Конкретно на другаркава и кажа каков проблем има што не може да остане бремена, кажа татко и од што боледувал и што ќе му се деси...опиша од збор до збор како се запознала со дечкото и дали ќе и стане маж...и кажа снаата бремена ти е ама не знае уште (вистина беше)...и кажа што и се случувало како мала од што била болна....погоди дека има кошмари и ред други работи кои ВЕЌЕ се случиле и никој друг не може да ги знае освен фамилијата.
За тоа беше муабетот...за КОНКРЕТНИ ВИСТИНА СЛУЧЕНИ работи. Ја незнам што сте се фатиле толку за општи работи и за тоа дека веруваме во што сакаме. Во овие кажани работи нема верување...тие се случиле веќе.
Ама ај....сметам дека сите кои што не им веруваат ни збор нит отишле нит имаат намера....да биле и да ги смрзнала таму некоја жена , да им кажала од збор до збор..татко ти (пример)работи тоа и тоа, има толку и толку сестри, бил болен од тоа,се излечил тогаш...значи ВИСТИНТИ ФАКТИ...другачие ќе размислувате....вака нема разон :P
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате во бајачки, гледачи и слични работи ? 15 Јун 2012 04:05 #203533

  • LiMan
  • LiMan's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 123
  • Thank you received: 55
Ај јас да пишам за моето искуство со баење. Значи никогаш не сум верувала во бајачки, нит па сум одела. Малиот мој од дента кога си дојдовме дома од болница па се до 18 месеци имаше проблем со спиење навечер. Значи буквално 18 месеци он се будеше по 10 пати навечер, јас бев како зомби, цело време си викав ќе потпорасне ќе се смени, ама јок, све исто.. Све пробував, читав книги, применував незнам какви стратегии, баш се сеќавам тој период таа тема на форумот ми беше најактуелна.. Се разболе малиов мој и еден период го чуваше една роднина на мм. Доаѓа едно сабајле, ме гледа дека сум крш и ја и кажувам за неспиењево.. Она ми вика а да земеш малку крстена вода да го попрскаш, а ја на тоа и oдговорив, море на крај на бајачка ќе го носам, неможам веќе вака да издржам.. И на тоа остана муабетот. Следната вечер доаѓа, детево мое во цела вечер се разбуди само еднаш! Јас цела воодушевена, пресреќна, доаѓа сабајлето пак женава и јас и раскажувам, и она на ова ми вика – епа не ти кажав, јас знам да баам му забајав вчера, баш сакав да видам без да ти кажам дали ќе приметиш некоја разлика. Ми се чини дека му забаја уште два пати тогаш, значи буквално преку ноќ, неможе да е коинциденција, детево почна да спие, ако се будеше најмногу 1 – 2 пати, а по многу скоро време почна да ја преспива цела ноќ. Инаку женава не е бајачка, значи не го работи тоа, како што ми кажа имала ептен проблем со едното дете и нонстоп одела кај некоја бајачка и таа на крајот и покажала како сама да му забајува.
Со гледачи немам искуство, ама ќе пренесам искуство на еден мој многу близок пријател. Човекот тогаш имаше многу семејни проблеми, проблеми со девојката и решил да оди кај тој Дуле во Велес. Отидовме на кафе наредниот ден, дечково беше буквално уште потресен од тоа што се десило. Тој Дуле меѓу другото буквално му нацртал како му е све дома, дворот, баш ми го покажа и ливчето, му кажал дека некоја роднина им правела магии за они да имаат дома недоразбирања, и му кажал и каде да ги бара. Значи во дворот имаш крушка, под крушата има тоа и тоа закопано, под прагот има тоа, во перниче на дневната зашиена коска од риба, на некоја негова кожна јакна не ми текнува што имало (ова беше пред 10тина години па веќе сум подзаборавила) и дечково буквално се најде дома од тоа што му кажал, само он не смеел да ги фаќа туку неговите и исто му кажа што треба да направи со нив за да ја неутрализира магијата, нешто знам фрлаше у Вардар... Абе неможам да ви опишам колку беше потресен и вознемирен другаров, и после тоа многу работи му се средија, и еве денес е и среќно оженет со таа девојката со која тогаш имаше проблеми..
Како и да е, верувам дека постојат луѓе кои имаат дарба за овакви работи, само што тие се многу ретки, а повеќето се измамници кои заработуваат на маката на луѓето..
Последна промена: 15 Јун 2012 04:07 by LiMan.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате во бајачки, гледачи и слични работи ? 10 Авг 2012 12:19 #210202

  • moni26
  • moni26's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Moj KoRak-moj san!MojA hRabRost-moj pLan!Moje jutR
  • Теми: 81
  • Thank you received: 8
Auuuu da znaete sto me snajde sega, Jas samo sto se vrativ od rabota i vidov deka sum zaboravila da kupam leb i otidov do prodavnica se vracam doma i na skalite(vo kuca ziveam) gledam mrtvo vrapce. :what: Se vrtev okolu da ne go donela nekoja macka ili kuce ama nema sansi bidejki nie ne cuvame milenicinja, i si imame ubava ograda okolu dvorot. Jas celata sum potresena da ne mi pravi nekoj nesto, a plus veke 3 godini skoro nemozam da imam deca. :angry: Go zedov vrapceto so lopata i go frliv vo kanta i si frliv sol na skalite. Dali nekoj znae nesto nekoja molitva zosto epten sum subejlija za ovie raboti.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Верувате во бајачки, гледачи и слични работи ? 12 Авг 2012 02:03 #210302

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
Moni26 pred nekoe vreme majka mi najde kaj nas na terasa mrtvo vrapce, bidejki ziveam vo stan nema koj da mi go frli vo terasa, ne veruvam deka tie nad mene si nemaat popametna rabota od toa da mi frlaat mrtvi vrapcinja, verojatno do tolku mu bilo pisano na vrapceto. Uzivaj i ne misli na neubavi raboti i gluposti.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.