Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Ловци на соништа

Ловци на соништа 03 Апр 2011 13:26 #127632

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646


Во многу племиња се верувало дека ноќниот воздух е исполнет со добри и лоши соништа кои летаа. Постоеле и многу начини на кои луѓето се обидувале да ги уловат оние убавите соништа. Индијанците за таа цел имаат - ловци на соништа. Обичај е со тоа да се даруваат новороденчиња и штотуку венчани двојки.
Тие имаат и своја легенда за нив- пред многу години, стариот племенски поглавар од племето Лакота, бил на висока планина кога добил визија. Во нејзе Иктоми, големиот учител на мудроста, се појавил во облик на пајак. Тој му се обратил нему на свет јазик и додека зборувал, зел обрач од врба, коњско влакно и монистри и почнал да плете мрежа. Зборувал за циклусите на животот и како го почнуваме животот како бебе, поминуваме низ детството, растеме, до староста кога завршува циклусот. Во секој животен период постојат многу сили, некои добри, некои лоши. Ако ги слушате добрите, тие ќе ве насочат во вистинската насока. Кога Иктоми ја завршил приказната, му ја дал мрежата на поглаварот и рекол дека мрежата е совршен круг со дупка во средината, и треба да ја искористи за да неговите луѓе ги најдат своите цели, за да на вистински начин ги искористат своите идеи, соништа и визии. Ако верувате, мрежата ќе ги улови вашите добри идеи, а лошите ќе заминат низ дупката. Поглаварот ова им го пренел на луѓето од своето племе и затоа сега многу Индијанци ги закачуваат ловците на соништа над своите кревети. Доброто се фаќа во мрежата на животот, а злото минува низ дупката во центарот на мрежата и веќе не е дел од нивните животи.
Ловецот на соништа се става покрај прозорецот од спалната соба, па според верувањето во неговата мрежа се фаќаат соништата и оние кои се добри се запомнети. Добрите соништа, знаејќи го патот лебдат низ мрежата, ги чуваат во себе знаењето и спомените, а потоа поминуваат низ центарот и лизгаат по пердувите право до личноста која сонува. Лошите соништа безнадежно се заплеткуваат во мрежата и горат со првата сончева светлина.
Ловците не мора да се користат само во спалните соби, туку можат да бидат амајлија во автомобилот или на влезот во домот. Се прават од алка, помали или поголеми монистри, конци и пердуви.
Па ако имате кошмари, само закачите еден ловец на соништа над креветот и добрите соништа ќе ви дојдат сами.

Дали сте запознаени со ова и дали можеби имате свој ловец на соништа? Дали верувате во нивното влијание или можеби верувате дека е резултат на потсвеста?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 03 Апр 2011 13:29 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ловци на соништа 21 Апр 2011 15:28 #131644

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
Прв пат слушам, ама интересно е!!:OK:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ловци на соништа 22 Апр 2011 18:19 #131776

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
Na kumot nas pred nekolku godini mu kupivme na podarok Lovec na sonista od Grcija. Veruvale ili ne samiot se falese deka prestanal da sonuva losi sonista otkako go zakacil. E sega sto kje da e rabotata ne znam ama koj si ima maka moze da proba :laugh:
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ловци на соништа 25 Апр 2011 03:16 #132029

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
mene drugarka mi od meksiko mi donese uste pred 7-8 god.zakacen e za prozor kaj decata vo spalna i e identicen kako na slikite.nikoj od nas nema komsari,taka da nemozam da kazam dali ima vlijanie.
a mozebi ima ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ловци на соништа 25 Апр 2011 19:40 #132068

  • Nataly
  • Nataly's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Be yourself – everyone else is taken !!
  • Теми: 846
  • Thank you received: 600
Jas prvpat slusam za ova nesto, ama vaka mi izgleda super ...Jas cestopati sonuvam loso, pa taka da ova bas dobro bi mi doslo ..samo uste da njadam kaj se prodava ???ne sum naletala na vakvo nesto dosega..Ima li kaj nas ???
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ловци на соништа 07 Јул 2011 09:25 #144255

  • delfinka
  • delfinka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Sekoj e blagosloven ako veruva vo Boga!
  • Теми: 28
  • Thank you received: 3
Kaj moze da se kupat ovie lovci?Gi ima li vo Mk?Ili kako sto spomena nekoj pogore gi imalo vo Grcija...kade potocno?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ловци на соништа 25 Јан 2012 07:16 #176547

  • butterfly87
  • butterfly87's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 829
  • Thank you received: 515
Интересно, татко ми нонстоп има кошмари па баш би сакала да му дадам нешто вакво да проба, ако некој знае кај да најдам ептен ќе ми заврши работа
[link=http://lilypie.com] [/link]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ловци на соништа 27 Јан 2012 06:59 #176889

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
Grcija, u sekoe gradce gi ima po milion u prodavnickite za suveniri.
A sega vo zima ne znam.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.