Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Случајна средба или....?

Случајна средба или....? 22 Фев 2011 16:45 #115696

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Не памтам ликови, особено од непознати личности. Но нејзиниот лик никогаш нема да го заборавам. Имаше сигурно околу 60тина и повеќе години, средно висока, со црна коса уредно собрана во пунџа. Пристојна госпоѓа. Носеше црна кожена јакна, панталони и шарена марама околу вратот.
Патиштата сосема случајно или не, ни се вкрстија. А средбата е нешто кое нема да го заборавам додека сум жива.
Беше на почетокот од декември, попрецизно на Св. Ѓорѓија празникот. Завршив со работа и се сетив дека треба да одам до центар, карши главната пошта, да земам материјали за работа. Таман ќе му јавам на сопругот дека можам да го земам.
Одвај се пробив од сообраќајната гужва до местото каде требаше да ги земам материјалите и со трчање назад во автомобилот. Ме нервираше овој здодевен дожд кој никако да престане цел ден. Додека се местев и се подготвував да тргнам, некој ми чукна на прозорецот од спротивната страна.
„Ех што мораше од таа страна. Па ова е југо нема дугме да се отвори прозорецот од било каде„ - си помислив и се пресегнав преку седиштето да отворам.
Тоа беше таа.
- Да ве прашам нешто? - ми се обрати со љубезен глас
- Повелете - мислев ќе праша за правец, тргнала некаде па сега не знае како да се снајде.
- На каде одите?
„Ух, која дрскост! Не ме познава, а сега ме прашува на каде одам„ - помислив малку збунето, малку нервозно.
- Ако одите на кај центар, дали можете да ме повезете до некаде? Знаете одам накај сестра ми во Драчево (мислам дека така рече не сум сигурна), а ми избега автобусот кој требаше да ме однесе до центар, па после да фатам друг автобус за до кај нејзе - продолжи без да го почека мојот одговор.
Никогаш не качувам стопери и непознати личности во автомобил, но не знам зошто тогаш решив да отстапам од ова мое правило. Ми даваше сигурност нејзиниот изглед и глас. Сепак, постара жена, што може да ми направи?
Влезе во автомобилот и тргнавме. Низ центар, накај Југодрво. Го поминавме семафорот кај Собрание и само што тргнав накај Градска болница, одеднаш ја слушнав жената како вика:
- Пазете!!!!!!- и ме дрмна за раката.
А јас како да се освестив. Одеднаш пред мене еден старец кој одвај одеше и је минуваше улицата низ сета таа гужва од автомобили. Закочив на неколку сантиметри од него. Срцето ми лупаше како лудо. Се преплашив.
- Јас не го видов- одвај изустив.
- Добро е, помина. Имаше среќа. Колку невнимателно од негова страна, одвај оди, а така поминува улица. Некој ќе го удри и ќе го носи на душа, ни крив ни должен - како да сакаше да ме смири.
Продолживме до нејзината конечна дестинација и пред да се разделиме и се заблагодарив што на некој начин ме спаси:
- Ви благодарам што така брзо изреагиравте.
- Е дете, не ми се заблагодарувај. Пред да влезам во автомобилов кај тебе, бев во црква. Ај си викам празник, па запалив свеќи за здравје. Ете Господ ме пратил кај тебе - рече и си отиде.

*************************************************

Ви се случила ли вам некоја ваква необична, моќна, средба која не само што нема да ја заборавите, никогаш, туку која на некој начин ви донесла нешто ново, необично, позитивно или било какво искуство?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 22 Фев 2011 16:48 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Случајна средба или....? 25 Фев 2011 22:49 #117118

  • fibimk
  • fibimk's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 50
  • Thank you received: 7
A so mislis deka e toa Ane?Nesto kako pretskazuvanje ili?Mislam od kade pokraj site koli taa da ti zatropa bas kaj tebe!!! Cudno sepak...znaci ima nesto tuka neobjasnivo i nesvojstveno za nas.
Jas da ti kazam veruvam vo takvi raboti.....nekade,nekogas ke ti se pojavi pred nos od nikade sto se vikai kako nekaoe predupreduvanje ili slicno.
Mene licno ne mi se desilo nisto,ama na moja bliska osoba da.Bikvalno vaka se sluci;
poznanickava moja raboti so tezga bizuterija i na prolet koga ima grupi na pauza sedela na klupa da odmori. Naednas od nikade sto se vika se pojavuva baba,si sednala tuka i si pocnale muabet. Posle nekoe vreme dosle grupa i taman da stani da usluzi,babava i vika.....e kerko moja,nemoj tolku mnogu d arabotis zosto si ja odrabotuvas srekata.Na toa ovaa klimnala vo znak taka e i stanala da raboti.Ne pominalo dve minutki,se vrti ovaa kon klupata,gleda ja nema babata....se vrti okolu ja nema.....Pa kaj ke odi edna baba za 2 min?sigurno nema d apomine kilometri....bukvalno kako da isceznala.
Koga ke ja proanaliziras babata so rekla ke si reces taka e....vistina e so rece. toj sto mnogu raboti navistina si ja trosi srekata. Mnogu primeri znam i bas si velam...more zivi si zivotot ko slep....najubavo e da reces nisto ne znam,nisto ne mozam....znajte onaa poslovicana: Gospod na slepite pilinja sedelo mu pravi. A toj sto se maci vo zivotot e snaodliv,nema potreba od Mene,pa neka se maci.Sum mu dal race,noze i um i neka se snaoga,a na drugi mu e sve podmacnano vo zivotot.
Последна промена: 06 Ное 2011 17:49 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.