Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Веќе видено- Дежа ву

Веќе видено- Дежа ву 17 Јан 2011 16:37 #102665

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Терминот „дежа ву“ е француски и буквално значи во превод „веќе видено“. Тие што го имаат почувствувано ова, како многу честа појава, го опишуваат како убедливо чувство на блискост на нешто што всушност не би требало да биде.

Овој феномен е многу комплексен, и постојат многу различни теории за овие случувања. Швајцарскиот научник Артур Функхаузер претпоставува дека постојат неколку дежа ву искуства и за да се разбере овој феномен треба да се разгледа од сите аспекти.

Околу 70% од популацијата тврдат дека имале доживеано иста случка два пати односно дежа ву. Поголем процент отпаѓа на возраст од 15 до 25 години, а помалку на поголема возраст.

Потврдено е дека дежа ву е поврзано со епилепсија на дел од мозокот. Наводно, дежа ву се случува пред мал конфликт во тој дел од мозокот.

Постојат многу шпекулации за овој феномен односно кога тој се случува поради фактот дека „дежа ву“ се случува на разни луѓе со или без медицински предиспозиции. Неколку психоаналитичари го припишуваат овој феномен на едноставна фантазија или желба, додека други го објаснуваат како „грешки“ во сигналите во мозокот. Многу парапсихолози веруваат дека феноменот е поврзан со искутва од претходниот живот.

Извор

Имам читано многу на оваа тема, зошто многу ме заинтересира ова "лажно сеќавање".
Има многу парапсхилози кои тврдат дека ова ние останато сеќавање од минатиот живот- реинкарнацијата, Сигмунд Фројд, таткото на психоанализата, тврдеше дека дежа ву се случува кога личноста спонтано е потсетена на некоја несвесна фантазија, има мислења и дека е дежа ву-то е производ на астрална проекција ....

Какво е вашето искуство со дежа ву и какво е вашето мислење? Поради што ни се случува дежа ву?
The administrator has disabled public write access.

Веќе видено- Дежа ву 17 Јан 2011 16:44 #102670

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
mi se ima sluceno bezbroj pat da se fatam sebesi vo takva situacija , deka veke nesto sum doziveala , ama iskreno nikogas ne sum se zainteresirala da procepkam , zosto i kako se slucuva ova :poimnemam:
Bravo za temava Anamolke, so vnimanie ke ja sledam :kafe:
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Веќе видено- Дежа ву 17 Јан 2011 17:05 #102675

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Да, ми се случувало и ми се случува и што е најинтересно тоа се ситуации кои ги имам веќе видено, ама во сон. Најтазе е пред една недела кога влегов во лифт со една колешка, а други колеги и колешки останаа го чекаа другиот лифт за нагоре и муабетот кој го направивме и целата ситуација ми беше дежа ву.

Не знам точно зошто и како се случува ова, а ме интересира. Еднаш барав по интернет и наидов на она кое го пиша ти Анамоли - дека е дел од некоја потсвесна фантазија, како и тоа дека е можно да се јавува кај луѓе со изразено силна интуиција...
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 17 Јан 2011 17:13 #102678

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Ехеее одкога не ми се десило дежа ву. Најчесто ми се случува да отидам на некое место и да имам чувство како да сум била претходно, се ми е познато, дури и гестот на рацете што ќе го направам ми е познат, а сигурно знам дека претходно не сум била. Најинтересно ми е што баш во дадената ситуација се фаќам како размислувам за тоа. И мене многу ме интересира ова, има ли некој поупатен што и како значи? Убаво би било постручно некој да ни пообјасни :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 17 Јан 2011 17:19 #102680

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Се надоврзувам на горните постови, и мене ми се случува често (и како кај Мама Ане, и јас во моментот сум свесна дека е дежа ву :blink: ) и баш би сакала ако некој е поупатен во ова да ни објасни ЗОШТО се јавува овој феномен :emm:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 17 Јан 2011 18:35 #102706

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
I mene mnogu pati mi se slucilo deza vu. Najcesto nesto ke sonuvam i posle potpolno ista situacija, so isti luge i isti razgovor. Nekogas razmisluvam mozno li e za moment dodeka sonuvame da cirkame vo idninata. Bas bi sakala da znam zosto se slucuva ova. Isto taka mi se slucilo so moite ednas zalutavme vo edno selce vo Bugarija, seloto mi bese nevorajtno poznato, neznam nekoe custvo koe nemozam da go opisam, i ja prasav majka mi sme bile li predhodno nekogas tuka a taa mi rece nikogas(togas bev 4-5 oddelenie).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 17 Јан 2011 18:42 #102714

  • sandricka
  • sandricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Најсреќна мама
  • Теми: 371
  • Thank you received: 135
И мене неколку пати ми се има случено да одам прв пат на некое место, а имам чувство како да сум била претходно. После некое време ќе ми текне дека сум го видела тоа место во сон :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 18 Јан 2011 05:08 #102878

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
Mama Ane wrote:
Ехеее одкога не ми се десило дежа ву. Најчесто ми се случува да отидам на некое место и да имам чувство како да сум била претходно, се ми е познато, дури и гестот на рацете што ќе го направам ми е познат, а сигурно знам дека претходно не сум била. Најинтересно ми е што баш во дадената ситуација се фаќам како размислувам за тоа. И мене многу ме интересира ова, има ли некој поупатен што и како значи? Убаво би било постручно некој да ни пообјасни :)

Mi se ima slucuvano "deja vue" tokmu kako sto go opisa Mama Ane. Mi se slucuvase mnogu poveke porano, otkolku sega. Toa e povrzano so nekoe mesto, na koe odam prv pat, no se mi e poznato i vo narednite nekolku sekundi tocno znam sto e se sluci, ponekogas toa e moja gestikulacija, ponekogas nekoj lik sto go gledam ili nesto za sto se zboruva vo momentot. Nekoj mi ima kazano deka toa e vid na kratkorocno predviduvanje na nastanite. Dobro bi bilo nekoj poupaten malku poveke da go razjasni ovoj fenomen.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 18 Јан 2011 15:32 #102929

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
Милион пати ми се имаше случено и ми се случува. Уште во средно сама развив теорија дека тоа е заради реинкарнацијата. Сметав дека сите кога умираме повторно се раѓаме и го живееме истиот живот, со мали модификации (нешто како филмон Денот на дабарот)и дека честотата со која се случува дежа ви е правопропорционална со бројот на реикарнации(оној кој го живее својот 1-2 живот има мн. поретко од оној кој го живее 30тиот на пр.). Подоцна кога му ја кажував мојава теорија на брат ми ми кажа дека и некои други(парапсихолози или обични луѓе, појма немам) го имат сличното објаснување, значи не дека сум измислила топла вода :laugh: А многу често го сонувам она што ќе се случи, ама баш секој кажан збор и секоја реакција, дури некогаш ме плаши. Но за мене ова не е дежа ви, повеќе го толкувам како предвидување. Јас лично дежа ви го подразбирам како субјективно чувство дека ти е нешто веќе видено, познато, а не знаеш од каде..но не нешто што знаеш дека си сонувал.
Btw, eдна професорка по француски ми кажа дека на македонски се чита дежа ви, а не дажа ву, па затоа така го пишувам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 18 Јан 2011 15:49 #102932

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
Da, taka e, se cita deza vi i na francuski, isto kako bellevue sto se cita belvi i znaci ubav pogled, a deja vue vo prevod e veke videno.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 18 Јан 2011 16:19 #102945

  • Chocolate
  • Chocolate's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 900
  • Thank you received: 273
Ми се случува често, но јас знам едно објаснување дека едното око во тој моменд побргу ќе ја пренесе сликата до мозокот и кога другото веќе ќе гостори тоа на мозокот му е позната истата и затоа како да сме го доживеале истото претходно :) е сега колку е точно незнам





Границата меѓу уживањето и злото, олицетворена во чоколадото, е толку фина и престижна,...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 18 Јан 2011 19:47 #103015

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
Ona sto go imam citano e se napisano pogore, osven (sto mene mi e najverojatno) toa deka fenomenot deja vu se slucuva koga za mnogu mal del od sekundata ja gubime svesta, odnosno se slucuva nekoj prekin koj mnogu brzo prodolzuva i imame cuvstvo deka vekje sme go videle ili doziveale toj nastan. Se slucuva pri podolgotrajna sostojba na naptnatost, stres i zamor. Kaj mene sum primetila deka se javuva bas vo tie slucai. Psihijatriski gledano, se javuva kako del od simptomatologijata na nekoi mentalni zaboluvanja (kaj psihozi).
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 19 Јан 2011 04:46 #103136

  • Sazdovska
  • Sazdovska's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 11
  • Thank you received: 10
Изразот „дежаву“ е француски, и кај нас се преведува со изразот „веќе видено“. Бил предложен кон крајот на 19 век од психологот Емил Буарак. Овој феномен спаѓа во групата слични необични доживувања, како, на пример, „дежавекју“ (веќе преживеано) и „дежаентенду“ (веќе слушнато).

Првото биолошко објаснување подразбирало дека двете очи не само што го воспримаат светот во разнобоен дијапазон, туку и со одредена микроскопска временска разлика. Како што секоја хемисфера добива сигнал само од едното око, тогаш разликата во добиената информација, кога едното око веќе го видело настанот, а второто само го набљудува, се нарекува дежаву. Оваа теорија го добила називот „ментално удвојување“ и долго време се сметала за веродостојна, сè додека појавата на веќе видено не е откриена и кај слепите лица.

Денес како главен виновник за појавата на дежаву се смета органот за моментални реакции на мозокот - хипокампот, за што постои и теоретско објаснување.
Имено, хипокампот е одговорен за повеќето функции на мозочната активност, и во таа смисла и за распознавање и барање аналогии на предметите од околината. Научниците претпоставуваат дека слични барање се произведува и во деловите на сеќавањето кои чуваат мемории за „шаблоните“ на надворешниот свет. Па така, кога човек ќе види стол, тој го препознава по условниот модел зачуван во неговото сеќавање.

Состојбата спротивна на дежаву се нарекува „жамеву“ (никогаш видено), и при неа човекот губи ориентација во просторот и не ги препознава вообичаената ситуација и познатите луѓе. Како и дежавуто, така и оваа појава има краткотраен карактер и подеднакво е распространета, иако луѓето поретко и’ обраќаат внимание. Изучувањето на дежавуто и жамевуто ќе овозможат решавање на една од главните загатки на човечкиот ум - способноста свесно да се разликуваат реалноста, сеќавањата, соништата и фантазијата.

Извор
Последна промена: 19 Јан 2011 05:15 by Big Sister. Причина: извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 25 Јан 2011 17:01 #105653

  • baby29
  • baby29's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 58
  • Thank you received: 49
Spored Artur fankhouzer postojat tri tipa na fenomenot Deya vu:onaa sto veke go imam videno,ona sto go imam veke oseteno i ovde veke sum bil.Spored grupa naucnnici po sutska medicina koi se bavele so proucuvanjeto na ovoj fenomen velat deka toa ima vrska so nekoi anomalii so pamtenjeto.Pricinata spored niv e deka na nekoja situacija se sekavame no ne se sekavame na detalite,i po izvesno vreme se povtoruva slicna situacija ili fen.Deya vu no so razlicni detali odnosno se raboti za toa deka gi pamtime istite elementi na dve razlicni situacii.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 04 Фев 2011 20:03 #109146

  • delfinka
  • delfinka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Sekoj e blagosloven ako veruva vo Boga!
  • Теми: 28
  • Thank you received: 3
Interesna tema....se imam najdeno vo vakva situacija...samo sto jas mislev deka ima nesto parapsiholosko vo celoto toa slucuvanje?!?!?!?!
Blagodarnost sto doznav sto vsusnost e ova cudo!
Mn cesto mi se slucuva da bidam negde i da znam koj ke dojde,koj ke pomine,sto ke kaze... i samat s ecudam sto e so mene?!?!
Ama arna sum uste izgleda:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 28 Јул 2011 07:50 #146183

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Имав едно вакво искуство пред речиси дваесет години, додека стоев на автобуска и си го чекав автобусот. И друг пат пред тоа сум чекала на истата автобуска, но во еден момент кога се свртев околу себе ги видов буквално истите луѓе и ја почувствував истата ситуација како веќе доживеана. Тоа траеше кратко, веројатно помалку од минути, но и денес го паметам.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 23 Мар 2012 19:31 #190711

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Ми се случува од време на време...

Баш вчера имав една ситуација дома - на ТВ одеше некоја емисија, и го имав чувството дека и порано сум ја имала истата сцена дома, децата играат како и тогаш, на ТВ истата емисија, а мм ми го прави истиот муабет:wtf:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Веќе видено- Дежа ву 01 Сеп 2013 18:01 #243349

  • Mama*D*
  • Mama*D*'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • ex.DijanaP
  • Теми: 607
  • Thank you received: 93
:poimnemam: Мене ми се јавува,барем еднаш месечно, и сегогаш се трудам максимално да се сетам на што ме потсеќа.
Некогаш успевам но многу ретко,тоа е најчесто кога една со друга ситуација ми наликувале.

Идеална мајка, жешка љубовница, почитувана дама...Сето тоа треба да биде една жена!
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.