Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Читање пред спиење

Читање пред спиење 25 Дек 2009 14:30 #5522

  • igi
  • igi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Always look on the bright side of life
  • Теми: 89
  • Thank you received: 4
  • Карма: 1
Дали имате навика да им читате на децата пред спиење?
Јас почнав да му читам на син ми пред некој месец.Прво не го интересираше, ама сега кога ќе му се приспие сам си зема сликовница и вика одиме пална.Ние дури успеавме и да го заборавиме шишето за заспивање.Го заменивме со сликовница.
Последна промена: 26 Дек 2009 03:09 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Читање пред спиеење 25 Дек 2009 14:54 #5533

  • mimi
  • mimi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 8
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
Нема заспивање без читање :cheer:
Јас пробувам да ескивирам, викам не мора да читаме, ќе ти раскажувам, ама не се откажува, инсистира да читаме и тоа по негов избор.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Читање пред спиеење 25 Дек 2009 15:43 #5573

  • sandricka
  • sandricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Најсреќна мама
  • Теми: 371
  • Thank you received: 135
  • Карма: 10
Браво и за мама Igi и за мама Mimi :) Ние сме уште малечки, само да потпораснеме уште малку и одвај чекам да читаме сликовници. Ќе се вратам малку во моето детство. Тоа ми се допаѓа да имаат барем малку како што ние сме имале детство, а не само на компјутер да се седело. Иначе сега имаме од оние сликовници само со слики и знаеме да покажеме кај е кучето, мачето, коњот, пилето, жабата :cheer:
The administrator has disabled public write access.

Одг: Читање пред спиеење 25 Дек 2009 21:15 #5860

  • Lile
  • Lile's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 66
  • Thank you received: 1
  • Карма: 5
Ние сега сме во фаза на раскажување приказни пред спиење.Црвенкапа ни е на прво место па волкот и седумте јариња.И тоа редоследот оди вака црвенкапа минимум 3 пати а волкот и седумте јариња до 2 пати.Абе пена устава ми фаќа од зборување,и таман ќе го видам мижи и заќутувам за да одморам ама одма ме сеќава ми вика маме па :) и се така додека не заспие убаво.
Сликовници мора во најскоро време да си купиме оти вака една приказна 3 пати му ја раскажувам и се различно,да не си го бунам детето :laugh: :laugh: :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Одг: Читање пред спиеење 26 Дек 2009 02:49 #6009

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
И ние не читаме од книги туку раскажуваме и тоа смешни (измислени) приказни :) повеќе се смее отколку што треба да спие и најсмрт ми е кога ќе ми рече ај таа и таа, а јас сум заборавила што сум измислувала во моментот :blush:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Одг: Читање пред спиење 26 Дек 2009 03:59 #6048

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5144
  • Thank you received: 2409
  • Карма: 111
Ooooo i nie citame pred zaspivanje obavezno nema beganje :)
Kaj nas redosledot za nokna sema ide vaka:Volkot i sedumte jarinja i Zajko i trkata so avtomobilcinja.E sega nekad bara uste togas doagaat na red Crvenkapa,Snezana i djudjinjata,Marika i Jovance i drugi gi imame cel kup :laugh:
Samo sto nie ne se uspivame so slikovnicite toa ocinjata i se pet banki koga citam.I posle dve procitani ili tri jas vikam ajde mamicke sega i slikovnicite treba da nanaat :laugh:

A imame i dnevna sema e tuka gi redime site mozni slikovnici mama e ko spiker :laugh:
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Одг: Читање пред спиење 26 Дек 2009 04:03 #6050

  • mama X
  • mama X's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Карма: 1
Нас сликовниците ни се за чкртање откако откривме дека постои пенкало, па така мораме да раскажуваме. Последнава недела откривме дека тато многу добро раскажува и тоа волкот и трите прасиња, секоја вечер повторно и повторно.... Не само Даниел почнав и јас да заспивам во рок од 3 минути. Единствено се плашам од толку свинско да не фатиме свински грип :laugh: :laugh: :laugh:
My sun
The administrator has disabled public write access.

Одг: Читање пред спиење 26 Дек 2009 04:09 #6057

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Ние сме многу проблематични за заспивање, и дур се однесеме во кревет и дури заспиеме. Не и читам навечер, сликовниците ни се за преку ден :laugh: пошто ако ги земам у кревет, знам што ме чека. Раскажување сто пати до рани зори и да и паѓаат очите за заспивање, нема така да заспие.
Ама, на репертоар ни се обавзено задниве десетина дена прво Вокот и седумте јариња, па одма после тоа иде Црвенкапа. До пред некој ден ги раскажував по едно десет пати, а сега ми вика "ајде мамо Волкот и седумте ариња и мајката коза" :laugh: и ќе и ја раскажам, и вика, "ај те молимте :laugh: уште за Црвенкапка и готово".
Ама не заспива уз разкажување, затоа што ме надополнува цело време, како и да е како ритуал ни стои :)
The administrator has disabled public write access.

Одг: Читање пред спиење 28 Дек 2009 14:04 #7016

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Citame sekoja vecer, dodeka i se prispie i psole sama si kazuva, ajde Anja kaka da nani:) i zaspiva za 5 minuti.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Читање пред спиење 28 Дек 2009 14:07 #7022

  • Elicka
  • Elicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Животот е убав
  • Теми: 258
  • Thank you received: 103
  • Карма: 4
Сликовници в кревет не носиме. Креветот ни е за спиење, а сликовниците за разонода преку ден.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 13 Сеп 2010 18:51 #51357

  • julikej
  • julikej's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 82
  • Thank you received: 4
  • Карма: 1
Мислам дека е прекрасна работа да му се чита на детето пред заспиавање. Сметам дека тоа треба да се прави уште од најмала возраст. Вие кога почнавте да им читате на своите деца?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 13 Сеп 2010 19:03 #51364

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Ја мојима нешто нисам практиковала читање пред спавање..Лазар је обожавао сликовнице када је био мали и јако много сам му и куповала и читала, али преко дана..некада је знало тако да нам прође и по два сата у читању и разгледању слика..ево и Дора обожава сликовнице, а пар омиљених зна напамет, па онда она као ,,чита,, мени..али опет не пред спавање јер су ми обоје некако превише активни у том читању и не верујем да би се тако успавали..

Кад су били мањи, певала сам им успаванке пред сан..а сада само лаку ноћ, пољубац и спавање..:)
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 13 Сеп 2010 20:16 #51412

  • Iv14
  • Iv14's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 55
  • Thank you received: 6
  • Карма: 3
Ние обавезно читаме една сликовница пред заспивање. Без тоа не легнуваме. А кога беше со баба на одмор пошто баба не догледува мораше да и раскажува приказни :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 13 Сеп 2010 23:25 #51461

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
О да, вечерниот ритуал подразбира читање на сите сликовници што ги имаме дома, Алексеј ни чита нам :laugh:
Ги знае на памет сите 10-12 сликовници и врти страна по страна, точно знае на која слика кој текст го има и божем чита. Некогаш и јас морам да му ги прочитам уште еднаш па така успивањето ни трае подолго.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 13 Окт 2010 13:49 #60707

  • junior
  • junior's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 7
  • Карма: 0
Браво за сите што сте успеале да ги навикнете дечињата на читање сликовници. Пред спиење или како разонода преку ден - во секој случај е прекрасен ритуал и начин да се помине време со детето. Сепак, јас не знам колку ке можам да го научам моето на таков ред. Има само една годинка и две недели, ама никако да седне мирно повеќе од 2 минути :( Кажете како да го постигнам тоа...?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 13 Окт 2010 14:02 #60712

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Ние не читаме пред спиење, ама читаме многу преку ден, обожаваат да читаме, нормално спрема возраста. Помалата нема многу концентрација, па затоа и бирам сликовници со помалку текст.
Junior, има сликовници и за таа возраст, со убави слики и не се труди да му го читаш текстот туку раскажувајте што гледате на сликите, така ќе се заинтересира.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 13 Окт 2010 14:02 #60713

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
tesko deka na taa vozrast kje sedi mirno podolgo vreme.treba da e nekoe bubalce pa da moze da se skoncentrira povekje.
jas ova od iskustvo.duri sega mozam da kazam deka so neda sedime i citame slikovnici i knigicki.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 13 Окт 2010 14:19 #60714

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
Ние моментално сме во фаза не ти јас ќе читам :) Ги зема сликовниците и си измислува приказнио според сликите, читал тој, срце мамино :love:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 16 Ное 2010 05:29 #72978

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
и кај нас е фазата чекај јас ќе читам, ми ги чита радосниците смешки е,ама кога запсиваме не читаме, туку легнати заедно јас раскажувам приказни што не постојат обично за Вини Пу имам смислено една за роденденот на Вини Пу и сега само таа ја бара, нормално со грешки ја кажувам па она ме корегира.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 16 Ное 2010 06:14 #73015

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Nie redovno si citame prikaska pred spienje, taka se zaspivame. Najcesto se kompletot od Brakata Grimm od Toper ili Hajdi (iako makedonskiov prevod e uzas, jas gi imav na srpski na vremeto), isto ja citame i Martina, vo moe vreme bese Marika, no sega i go modernizirale imeto :P
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 16 Ное 2010 15:58 #73101

  • Bube
  • Bube's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 94
  • Thank you received: 17
  • Карма: 0
И ние не успеваме да читаме. Евентуално само првата страна, ако е сликовницата со малку текст, а ако има повеќе текст ни првата не успеваме да ја прочитаме. Па си листаме сликовници само со слики без текст, имаме едни мали со животни, овошја, зеленчуци и си ги листаме и кажуваме што е што. Т.е.таа ги листа и кажува. А некогаш знае да земе од поголемите и да им „чита“ на куклите, ама и тоа трае многу кратко.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 04 Фев 2012 16:26 #178304

  • Hermiona
  • Hermiona's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 739
  • Thank you received: 312
  • Карма: 3
Марко е мал, ама откога решив да не му давам да цица за да заспие си воспоставувме рутина - се бањаме, пиџами, го правиме млекцето заедно, легнуваме на спална, читаме по една приказан - он секако не седи туку скока по спалната се превртува се качува врз мене сака да ја затвори книгата - ама прочитуваме. тогаш и го пие млекото, па го легнувам во кревет, прокенкува, го допива млекото стоечки, ке се провти и за околу пола саат е заспиен.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 18 Јан 2013 06:57 #229925

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Со синко читавме многу сликовници. Почнавме уште пред да наполни една година и до пред година дена му читав интензивно. Во зависност од возраста такви беа приказните. Почнавме со црвенката, трите прасиња, па после со Могли, Алиса во земјата на чудата, па во последно време му читав енциклопедии за диносауруси :laugh:. Ама читањето не беше никогаш пред спиење. Уствари почнавме така, ама забележав дека тој со приказните не се успива туку се расонува и затоа читањето ни беше ритуал во текот на денот.

Малово немаше интерес до скоро да и читам, макар што неколку пати пробував, ама еве во последниве неколку месеци и таа пројавува интерес. Таа сака да и се чита и раскажува пред спиење. Во моментов ни е хит Пепелашка :roll:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 18 Јан 2013 08:25 #229933

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
Uf moja tema :) jaz kako freak a i mm pocnavme da Elias da mu citame da 3 meseca :blink: On bebe spie a nie citame ;) I taka do den denesen, citanjeto i knigite se mu strast... Preku den, pred spienje, na sabajle, ako e do nego ke citame cel den... Koga beses nekade 2 godinki pocnav da mu kupuvam CD so detski knigi, ima tuka mnogu, pa duri najdov i moji stari sega na MP3 vo internet, jaz gi imav na ploci :) I taka ponekogas slusa taka, no se uste citame... Pred spienje obavezno no kako jaz koga bev mala, mena zaspivanje dur se cita... Tatko mi so saati citase, pa znaese i da zadrema a jaz slusam :)I Elias e istiot :srce: Sega pocnuva na germanski i on po malce da cita, ama mu odi sporo, pa se nervira i pak citame nie ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Читање пред спиење 18 Јан 2013 13:34 #229958

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
И нас некако ни требаше време да засакаме книги. До кај година и пол не му беа многу интересни, а сега со уживање слуша. Има толку интересни, духовити, поучни приказни. Имаме една со едно бувче кое плаче, па како се лутат животните, па најсаканата мајка на светот, за деца кои се учат на нокширче, за миење на запчињата, леле преубави се. Го имаме и Ноди се разбира, па сликовници со Мики Маус. Имаме и германски, а и македонски, и морам да пофалам навистина има голем избор и таму и ваму. Јас му читам полека и со интонација, онака театрално, и тие што ги читаме најчесто веќе ги знае на памет па кога ќе фати он да ги чита, смешки е, со истата интонација како мене чита :srce:
Дефинитивно најсмешна книга што ја имаме, ја добивме како подарок, е за еден крт на кој некој му се покакал на главата :muahaha: И кртот лут оди од животно на животно и прашува кој му се покакал на главата, и сите животни се правдаат, не сум јас, види како какам јас. И се е тоа илустрирано :tupco: Добра била книгава за деца што се откажуваат од пелени :)
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.