Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Адаптација во градинка (јасли)

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 20 Окт 2013 20:17 #244994

  • okce
  • okce's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 25
  • Thank you received: 10
  • Карма: 0
I nie trgnavme na gradinka,dadicka veke cetvrta godina odi gajle nema epten i e ubavo duri i za vikend saka da e tamu.A so pomalata prv den ja ostavam ucitelkata bas bajagi stara i koga gledam edno detence so edna sandalka seta,drug place nema koj da go smiri,a mojata ne placese i ajde ke ja ostavam 1 saat ama nekako ic ne mi se napravi keef prviot vpecatok mi bese :ljuta: ,i odma plan za prefrluvanje vo druga grupa.Me vide koga izlegov se nasmea,a inaku 20 meseci sme i se vrakam i so da vidam drugata ucitelka pak ic ne me bendisa, a mojata sirota vo edni igracki sede,guska edno mece nosot tece od plac nema koj da ja izbrise a plus kapacite na ocickite i pomodreni od placenje i mi vika ne placese sega pocna,deteto go zemam i doma.Ostanavme nekolku dena doma ja prefrliv vo druga grupa i odime pak a jas so strav od istata reakcija.Ne preceka negovatelkata i ajde vika te cekame deka bile obavesteni deka se prefrla i mojata opaa skokna kaj nea :jeee: ,bese do 11.30 i od tretiot den spieme ima placki ama po malku
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 01 Ное 2013 07:59 #245287

  • Kuklicka
  • Kuklicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 530
  • Thank you received: 333
  • Карма: 5
Одамна не сум пишала па еве сега да се испофалам дека керка ми оди на градинка од 02.09 и адаптацијата ни помина прекрасноо. Значи првиот ден заплака само 5 мин. кога ја оставив и нели нормално чекав надвор да видам како ке помине и за 5 мин учителката излезе и ми рече дека се смирила и дека си игра со дечинјата. Првата недела ја земав пред спиенје иакоучителките уште третиот ден ми рекоа да ја оставам и да спие дека нема да прави проблем.Деновите кога беше болна и седеше дома плачеше секој ден зошто не ја носам во градинка. Значи се изненадив од нејзината желба за одење во градинка и за тоа колку брзо почна и песнички да кажува и приказни и се. Ете јас имам едно позитивно искуство од градинките.
[link=http://lilypie.com] [/link]


[link=http://lilypie.com] [/link]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 13 Дек 2013 04:04 #247340

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Девојки , жени, мајки :) ми треба мало советување.
Малава ја пуштив во градинка во септември. Супер се прилагоди, не дека умира да оди ама не се ни буни. Кога ќе дојде од градинка е весела, кажува што како, ама ако и кажам ааа утре пак ќе пеете..одма неееее...неее сакам...нејсе..друго ми е муабетот.
Како и сите така и ние сме во периодот на адаптација и со болештиниве. Не сме врзале повеќе од 2 недели. Прво имаше стомачен вирус, па бактерија во нос.и во ГРЛО.....па пак бактерија само во нос ...и после 2 недели дома од вторникот ја пуштив за да синоќа ми качи Т и кашла :angry: после само 3 ДЕНА!!!!
Знам дека треба да се помине периодот ама сакам да се советувам дали да бидам упорна и да ја носам (секако одкако прво дома ќе оздрави) или да направам пауза до кај март негде. Ќе биде и потопло...вака сабајле е минусно надвор па и тоа да не ја пресекува незнам веќе немам памет :)
Не дека се отру со антибиотици јас гледам да не давам, пиеше за бактеријата само морално беше ама сепак. Еве почнав и тие бронхо-ваксом да ги давам демек штителе од бактерии. Друго само пиковит IQ давам. Друго се природно.
Абе злато дете имам :P не одбива ништо ама ништо. Од како почна со дохрана јаде здраво по дома....сега и брокули живи и карфиол жив, ѓумбир рендам со мед. маџун давам, козјо домашно млеко пие (до 2 беше на аптамил) во овошје буквално се дави...ама ништо не ми одбила да кажам е ова не јаде...значи СЕ! И стварно си мислев дека има супер имунитет, кога тоа едно-две болна....и тоа со ваква исхрана до сега.
Што милсите да бидам упорна ова зимо да го кркам и јас и она или да направам пауза до кај март-април? Само да не треба пак јово на ново да се учиме се со адаптација.... :angry:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 13 Дек 2013 04:46 #247341

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Мој совет: Ако има кој да ја чува дома, преседете ја зимава дома. Инаку само ќе се малтретирате со вируси и настинки.
Па од пролет здравје пак ќе почнете. Таа како што ќе расте ќе има појак имунитетот и помалку ќе се разболува.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Марфи

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 13 Дек 2013 04:48 #247342

  • dusa
  • dusa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Everything is possible again
  • Теми: 55
  • Thank you received: 18
  • Карма: 0
Марфи, јас сум за тоа да бидеш упорна, првата година во градинка е најтешка. Ќерка ми почнав да ја носам од јануари значи сега скоро година дена има како оди во градинка, и ние ги поминавме сите тие бактерија во нос, една па друга, и дефинитивно имаш две недели оди па две не оди и после секое неодење повторно адаптација, меѓутоа еве ја сега од септември навака не сме направиле пауза.
Исто буквално се јаде, со тоа што мислам само да пробаш со хомеопатија да и ги лечиш работите наместо антибиотик.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Марфи

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 17 Дек 2013 07:27 #247459

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Sinko moj taman se navikna, sekogas bese raspolozen i koga go nosevme i koga go zimavme ( kaj nas navistina upali fintata mm da go nosi ) bevme bukvalno takvi 2 dena vo gradinka, 15 dena doma.

Sega ne go nosam i ne planiram da go nosam do mart-april, batalete celicenje po cena na antibiotici, po cena na zdravjeto na deteto.
Na prolet nema tolku mnogu bolesti, a i plus ke bide pogolema, ke pogolem imunitet za razlika od sega, i mnogu pobzo ke stekne imunitet kona drugite deca sto se vo grupar.

Moj sovet e da si posedite doma ( neli ako ima koja da ja cuva ) barem dodeka da pominat ladnive meseci


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 04 Мај 2014 16:31 #250476

  • maja86
  • maja86's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 19
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
Мамички здраво на сите...Јас поради работата бев принудена моето дете да го носам во градинка уште на 10 месеци...Но не знаете како брзо се навикна, како ги прифате воспитачките, а уште подобро ги прифате децата си играше со нив уште одма кога го испуштив од рацете хехех Значи фала богу немав мака со тоа..... :kez:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 05 Мај 2014 04:51 #250491

  • winnie the pooh
  • winnie the pooh's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 305
  • Thank you received: 63
  • Карма: 2
i jas imam pozitivno iskustvo na ovaa tema, moeto dete e pusteno vo gradinka od polni 9 meseci, srede zima vo januari, za eden mesec pocna da ostanuva od 8-16h, ne sme imale problemi so adaptacijata, osven so nastinki, virusi, sipanici i sl sto e i normalno, se toa pominavme vo prvata godina, pa eve go sega ima 5 godini nitu ednas ne odbil da odi vo gradinka. Mislam deka bese mnogu mal neznaese sto mu se slucuva, ne razbirase za da odbiva ili protestira na nekakov nacin. Zdravje boze i so vtoroto istoto go planiram.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 15 Јул 2014 13:55 #251419

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Јас психофизички се спремам уште од сега.Здравје ноември- декмври ќе тргаме во градинка. Сум за дете да се социјализира, ама ме мавна некоја лева и само мислам ко неарна.Дали ќе јадат, дали ќе спијат, дали ќе си играат со другите деца, дали ова дали она. Знам дека ќе вриштат ќе корнат по мене или по мм, ептен се лепенки за нас.Кај баба и дедо не сакаат да сеат без нас. Едниот е многу палав и ако не е по негово, фрла, мава, гриза, скубе знам дека модар ќе го земам. Другиот е помирен, ама си има и он жути минути . Уф храната ич не ми се свиѓа, моиве се научени на сосема различно од тоа, уште се успиваме, а таму сигуууууууууууууурно ќе ги успиваат. Ама кога се мора, ќе стиснеме заби и ќе издржиме.А за болестите знам дека ќесто ќе фаѓаме бактерии и други караконџули ама и дома често ми се разболуваат.Кивнал некој во Дебар они болни се
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 15 Јул 2014 15:55 #251420

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
  • Карма: 6
И ние планираме да тргнеме во градинка од септември здравје. Многу не се плашам, како за сите така и за него :) Он тоа како ќе го прифати не сум сигурна. Многу е приврзан со нас, како вас Molly но се е навика. Едино со болештините како ќе биде не сум сигурна. Времето ќе покаже :)
Леле колку сум храбра сеа :kez:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 15 Јул 2014 23:11 #251433

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
леле ве читам и се потсеќам кога ние почнувавме во градинка. :D
уф каков ентузијаст бев јас не можам да опишам. дека ќе му е супер со дечињата (откако ќе го надминеме проблемот со делење и оставање) и дека се ќе биде ОК брзо, ама...некако тешко беше првата година.

сега од оваа дистанца, ми се чини дека можеби на моменти премногу сум се грижела...

Ништо не е гаранција ниту дека ќе се разболуваат ниту дека ќе бидат ненајадени, тепани и тн. тежок е почетокот, ама дека се менуваат децата во градинка и те како се менуваат.
е сега многу зависи што и како ќе ви се падне со учителки и нивниот однос и грижа какви ќе се кон децата. ако се трпеливи и грижливи се полесно ќе се надмине.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 24 Мај 2015 23:41 #254453

  • mica1
  • mica1's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 3
  • Карма: 0
Еве ви едно искуство мое со градинката, односно државна градинка! Имам ќерка која има 1,5 година. Имено, ја праќав во државната градинка која има свој клон во Хром. Кога Кјара се врати дома, беше изгризана од дете од некоја поголема група ( дошле повеќе дечиња во бебешката бидејќи учителката била болна). Не знаете какви модрици имаше!

За прилагодување тешко, секогаш беше измочкана и несредено и неспастрено, а за плачење првите 3 недели секојдневно.

Сега се размислувам за приватна градинка, поточно за Британска Детска Академија, бидејќи моја колешка го носи детето таму веќе 5 години и е презадоволна. Што мислите?

пс Имало и група за родители и деца, каде мајките се дружат а децата се забавуваат со воспитувачи..
Последна промена: 27 Мај 2015 23:24 by Big Sister. Причина: link
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 26 Мај 2015 10:36 #254493

  • Padme
  • Padme's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 116
  • Thank you received: 30
  • Карма: 0
BCA - добар избор, само мислам дека е најскапа од сите приватни градинки. За МК услови - прескапо. Во зависност од возраста на детето, има различна цена, а и различен број на учителки/негувателки. Постои опција, која се доплаќа, да го земаат и враќаат детето од/до дома. Супер звучи целиот концепт, ама немам информација од терен како е спроведено рекламираното во пракса :). Доколку имаш некој што го носи детето таму и ти го пренел своето искуство, те молам сподели, бидејки и јас барам градинка за од Септември.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Адаптација во градинка (јасли) 05 Јун 2015 14:18 #254628

  • mica1
  • mica1's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 3
  • Карма: 0
@Padme, јас бев неколку пати во новата група за родители и деца и искрено да ти кажам сум презадоволна! Воспитувачките кон децата се однесуваа како кон нивни деца, дружбата беше прекрасна и немам ниту една лоша критика.

Се распрашав и плус видов, оброците им се вистинско уживање и обемни, храната специјално им ја носат и се водат по сите стандарди. Плус програмите по кои работат не сум ги видела ниту во една градинка до сега, затоа што активностите што ги пишува видов дека и ги спроведуваат, а истите се ем воспитувачки и едукациски.

На крајот даваат рапорти за тоа дали детето идело по нужда, колку изело, колку спиело (и тоа од колку до колку саат), какви активности имале... Се! Комплетно се.

Јас се одлучив таму да ја запишам Кјара, може ќе фрлам некој денар повеќе, ама знам дека ем е на сигурно, ем ќе научи, ем ќе е наспиена, пресоблечена и ќе ја гледаат во чекор.

Инаку имаат и летен камп, а програмата е преголема и предобра. Здравје, летово ќе ја пуштам да се дружи и на летен. Видов и на фб имаат доста инфо. Инаку, можеш и да им се јавиш, па и да ги посетиш ненајавено. Не прават проблем :)
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.