Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Агресивност кај децата

Агресивност кај децата 06 Јун 2011 15:55 #140283

  • Kimy
  • Kimy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 292
  • Thank you received: 43
  • Карма: 1
ve molam za pomos zatoa sto veke 2-3 nedeli kerkami pocna da bide premnogu agresivna,mnogu brzo se luti a koga ke se naluti pocnuva da se dere da place na cel glas da se kasa samata sebe a i mene ednostavno,se tegne na site strani,se obiduva da tepa neznam premnogu e agresivna,jas celo vreme se obiduvam da i ukazam deka toa boli sto ape deka mama ne se tepa ali nisto ona pak si tera po svoe a do dusa i moze da ne me razbira bidejki e seuste mala godinka i 3 meseci e ali neznam veke kako da postapam zatoa ve molam za pomos sto bi napravile vie u moja situacija i dali vi se ima ova sluceno dosega?

vi blagodaram odnapred
pozdrav
Последна промена: 06 Јун 2011 15:58 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај бебиња 06 Јун 2011 16:16 #140294

  • sanja83
  • sanja83's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 69
  • Thank you received: 8
  • Карма: 1
Потполно ист случај и кај нас:sram2: Се надевам дека таквот начин на однесување е само ствар на нивниот моментален развој! Мислам дека децата од 13 - 16 месеци се во еден период на развој кога често менуваат расположение, лесно се фрустираат, често се бесни, со вишок енергија и незнаат што да направаат, па агресивно реагираат! Се надевам дека оваа однесување е пролазно!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 06 Јун 2011 16:41 #140300

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Ана не е агресивна арно ама последните неколку пати кога одиме на гости кај едни пријатели со нивната ќерка која е 5 месеци постара од мојата, прво се бакнуваат а одма потоа се фаќаат и се туркаат, гребат не знам зошто така Во меѓувреме се други и со други деца ама само со неа е таква, мм вели дека се двете исти немирни, иста крв и не се трпат една со друга :) Се надевам ќе и помине и нема да стани диво дете, баш е милозлива сега, сите ги бакнува, гушка. А додуша и мојава знај некогаш да ми ја залепи една ама и велам дека мајка не се тепа и ќе дојди да ме баци.
Последна промена: 06 Јун 2011 16:50 by None-bt.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 06 Јун 2011 16:44 #140302

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Гледам дека тука негде ни се децата. И ќерка ми знае да се залета накај мене и да почне да ме каса како куче, исто знае да биде нервозна...ама тоа не сум го поврзала со никаква агресивност, туку едноставно сега и излагаат забите (позади 4-ки од сите страни веќе има) и нормално дека ќе биде нервозна. И мене кога ми растеа умници се сеќавам колку ме болеше и колку бев нервозна. Ама тие се бебиња и не знаат да кажат.

Така да, според мене, бидете релакс :OK:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 06 Јун 2011 17:35 #140310

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
  • Карма: 34
"agresivnosta" e normalna razvojna stapka kaj decata. vo ovoj period tie razbiraat mnogu povee od ona sto mozat da go iskazat pa se cesto frustrirani. Isto taka se im e igra i podtiknati od nasite reakcii (auu me boli, nemoj, mama ne se tepa...itn) tie go povtoruvaat odnesuvanjeto duri i koga ne se navistina luti ili nesvateni - ednostavno im se dopaga nasata reakcija.

Na taka malo dete ne mozes da mu objasnis deka koga ke te kasne toa boli.. pricinata e toa sto seuste ne se emotivno zreli da razberat empatija.

Ona sto moze da go napravite sega e da go ignorirate nesakanoto odnesuvanje. Ako udri ednostavno sozdrzete se od reakcija.. po nekolku obidi najverojatno ke prestane bidejki nema nikakvi povratni reakcii.
The administrator has disabled public write access.

Агресивност на деца на детско игралиште 27 Ное 2011 09:00 #166672

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Можеби има ваква тема,нема проблем нека го премести постот модераторот.
Сега се вратив од лулашки со ќерка ми и многу се изнервирав.
Не од децата туку од мајката.
Има две близначиња машки 3 год. агресивни до немај каде.
Прво едното близначе во секунда од ништо и се пушти на едно мало девојче што се лулаше ја грабна за коса, ја фрли на земја и вика ке те убијам си седнала на мојата лулашка. Сето тоа се случува за две секунди додека не ги раазделивме.
Мајката на близнаците на тоа имаше конетар немој М... те молам.
После 5 минути и се пушти на керка ми,која се качи да се лизга и бидејки беше пред него се фрли врз нејзе и почна да ја дави. А јас додека се качам на лизгалката имаше две секунди.Моето две годишно дете се истрауматизира.
Мајката пак седејки на клупа искометира:М... молим те немој така ке те носам дома ако не си умен.
Искрено да беше мое дете кога ке му ја врзев една да незнае каде да се заврти.
Таткото на предходното девојче што го бутна едвај се воздржа да не се скара со мајка му на М...
Јас искрено неможев и искоментирав, и и реков ако му викаш така молим те ке те слуша сигурно. Гледаш дека е агресивен и повредува други деца.
А она мене машки се па такви се,јас неможам да им влијаам на карактерот.
Што мислите вие, јас мислам дека све се постигнува со добра казна. Не викам дека треба да го тепаш(само по газе), ама да ги удриш по голо газе да го заболи да, да го казниш нема надвор, нема цртан.
А дотичната госпога си ќути и и е гајле.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Агресивност на деца на детско игралиште 27 Ное 2011 09:58 #166677

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
За методата дали да го удрам или да му зборувам, верувам дека сепак да му зборувам е подобро. Посебно кај тие деца што ги опишуваш. Само ќе им го потврди во главата мислењето дека ќотекот е решение. Прашањето е како дошле до таа ситуација?! Ако мајката на сите такви испади реагирала сооодветно, не само со молим те, туку со сериозен муабет, што тоа значи, дека не смее така, тоа го боли другото детенце итн, може немало да стигне до таму работата. Дефинитивно агресијата доаѓа природно, кај некого посилно изразена, кај некого послабо, гребат, буткаат, маваат кога сакаат да добијат нешто. Но ние како родители и воспитувачите кои се грижат за нив мораме соодветно да реагираме и да им објаснуваме дека така не се постапува. Дека постои нешто како молба, нешто како трпение, нешто како сите сме исти, сите не боли, во градинка сите имаме право на играчките итн.
И мене многу ме страв од агресивни деца во комбинација со немарни родители. Па тој аргумент, машко е?? Се кострешам цела.
Летово на лулашки доаѓаат две момчиња, едното некои 5 години, другото 2 или 3, уште не ни зборуваше убаво. Тука околу лулашките постилаат деланки од дрва, да ублажи пад ако падне некое дете. И овие двајцава земале и бараат низ деланките поголеми што личат на ножеви. Фатиле по еден во рака и трчаат на околу. Верувајте дека така растрчани ако погодат некое од нашиве малечки, ќе го прободат. Или очи ќе му извадат. Грозна слика, денот ми го расипа. Баба им си седеше на клупа и си листаше списание. Големи се, знаат да се пазат (и тоа како!) и она не ги погледнува. И како беа облечени, и како зборуваа и како беа шишани, врискаше: АГРЕСИЈА. Абе како мали вратари на дискотека беа.
Е толку ме страв и од тие и за тие деца. Не знам на кого му е потешко, дали на нашите деца околу нив или ним. Зашто јас верувам дека таков начин на живот не може да биде исполнет. Да сакаш да биде се по твое, да се тепаш и сосила да одземаш не носи задоволство. А тоа не носи успех во училиште, не носи убави врски со луѓето итн итн. Многу ми е тешко кога мислам на вакви ситуации.

Сега се малечки и гледам во градинка се со мирно се решаваат конфликтите. Воспитувачките имаат авторитет и ги слушаат ако им речат да не се буткаат, гребат и сл. За дома муабет не правам веќе, се објаснуваме постојано за се. Ама кога ќе бидат поголеми, ќе има деца кои нема да ги имаат тие основи, ете од дома ќе ги учат да бидат насилни, уште и ако не оделе во градинка и таму не виделе како се решаваат конфликти, тешко.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nataly, Fairy, Zoja, Dilberta

Ре: Агресивност на деца на детско игралиште 27 Ное 2011 12:13 #166694

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
На децата не им паѓа агресијата од небо, од дома ја учат. Ако дома ги плескаат, игнорираат и не ги почитуваат (или ако мама и тато меѓу себе така се однесуваат), и ако тоа е единствено однесување кое го знаат, секако дека и тие така ќе се однесуваат. Тепањето не е решение, поготово по голо газе, Калина, се надевам дека не го мислиш сериозно ова туку во афект го напиша. Знаеш колку боли да плеснеш голо газе? И каква порака му се пренесува на детето со таа постапка?

И ние понекогаш се среќаваме со истиот проблем на игралиште. Се воспитуваме ненасилно, а децата, барем повеќето од нив ги воспитуваат со навреди и ќотек, и нормално на мама не може да и врати, ама затоа ќе му се истури на детето на лизгалката. Во такви случаи, ако проценам дека може Алексеј сам да се одбрани не се мешам. А ако некое поголемо дете го закачне, тогаш не гледам дали е мајка му, баба му или стрина му со него, реагирам. До сега фала Богу немало многу такви случаи.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 27 Ное 2011 12:15 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Zoja, Cize

Ре: Агресивност на деца на детско игралиште 27 Ное 2011 13:26 #166703

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Агресивноста кај децата на игралиште може да биде и моментална, поради внесеност во играта, неподготвеност да дели играчка или слично... не мора секогаш да значи дека потекнува од несоодветно однесување дома или изложеност на агресивни испади од страна на родителите. Нормално дека на контролирањето на чувствата и корегирање на агресивното однесување мора да им се обраќа постојано внимание. Затоа јас во принцип не се лутам на детето кое погрубо се однесува со моето, но итекако ми смета ноншалантно однесување на родителот од тип довикување од далеку дека тоа не е убаво. И нормално очекувам да стане и да му обрати внимание на своето дете и ако треба да го тргне од ситуацијата, исто како што и јас го тргам и му објаснувам на моето дете кога нестрпливо се бутка на лизгалките. И спремна сум да се порасправам со такви родители иако најчесто тоа нема никаков ефект зашто за жал и нивните родители неповратно ја испуштиле шансата да ги воспитаат.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, lavce, mamicka, Zoja, Cize

Ре: Агресивност кај децата 28 Ное 2011 07:50 #166875

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Au kakov lutko e stanat ama se nadevam deka fazava brzo ke pomine, ako ne dobie nesto vo momentot imas treskanje od zemja ama toa samo doma go pravi, nadvor ako mu se priblizi dete se ke mu dade i ke izbega. a doma ako ne e po negovo eve nekni baba mu varese jajce ne sakase da go jade dedomu zema edno parce lele koga go vide deka mu zemale go zema tanjirot i go isturi celo na zemja, neznam sto da kazam ama ove sigurno e od razgalenost i si gleda kade mu pali i reagira.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 28 Ное 2011 09:01 #166887

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Мирка и јас го имав истиот пробелм со мојот син на таа возраст. Има еден израз terrible twos кој се објаснува како фаза во развојот на детето на возраст од околу две години која се карактеризира со тоа што детето е негативно за повеќе работи, често вика НЕ, го менува расположението и има чести tantrums, не ми текнува како би се превело ова, на нашки се треска од земја :rofl: Сега веќе на три години можам да кажам дека е смирен и полесно се разбираме преку разговор. Ама тогаш ЛЕЛЕЛЛЕЕЕ се чудев како може толку многу љутина во толку мало човече да се има насобрано. На секое мое неможе он се трескаше од земја, едно време почна и главата да си ја удира од ѕид :zid: , додека не сфати дека го боли :) И кога ќе се наљутеше трча да те гризне и ако не успеа да те грзине тогаш земаше било што да тресне од земја иначе не му поминуваше љутината. Фала богу помина тој период :) Мислам дека тоа е така бидејќи многу малку зборуваше, не знаеше да се изрази што сака и на тој начин ги искажуваше емоциите. Сега кога нешто ќе се наљути почнува како некоја тетка да се кара, многу е смешен :rofl:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mirka

Ре: Агресивност кај децата 09 Фев 2012 07:05 #179237

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Хммм.... И јас го делам мислењето на Кинки дека сето тоа потекнува од дома. Нема да одам подалеку, ќе го земам примерот со првите комшии. Детето има 3 години, и кога ќе ни дојдат на гости се кострешам. Еднаш Димитар го успивав во спална, и слушам како овој се дере во ходник: „Сакам кај Димитаааааааааааар!“ И си викам, добро бе, мајкава и татково што прават?! Седнале у дневна, и едниот на другиот си префрлаат: ај ти стани, не ја прееска станав, сега ти стани. :what:
Што вика Калина, да е мое!!!
Друг пример, моја другарка има дете исто 3 годишно. Кога ќе дојдат на гости умен седи на маса, а кога ќе му се здосади прашува дали можел да гледа цртани или да игра на компјутерот. Ќе му пуштам цртани и детето си гледа, абе мерак да ти е. Значи, толкава разлика, исто години имаат. Комшииве викаат немало шанси да има мирно дете на 3 години. Им викам, еве ти пример, значи има шанси. Само што малиов на комшииве нон стоп гледа како неговите се караат (значи, нон стоп се расправаат, мислам дека и мажов е насилен) а другарка ми е ептен тивка особа, мирна, и детето едноставно гледа и имитира.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 09 Фев 2012 08:33 #179277

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
  • Карма: 0
Колку сами ми е сменето мислењето по оваа тема сега за разлика од пред 3-4 години. Порано ги оставав сами да се изборат ако некое дете ги закачне (демек ќе се челичеле и ќе се научиле да се бранат).Која глупост! Сама ги терав на агресивност. А тие сиромашките мирни и мирољубиви никогаш не враќаа. Само си го кркаа. Капак ми беше кога синот во една прилика ми кажа мамо не сакам да се тепам, не можам да удрам друг, те молам не ме терај! (тоа беше одговор на моето ептен паметно прашање : Зошто не се брани?).
Е тука си реков СТОП. Чекај па јас грешам. Правилно е тој да не се тепа, туку јас како родител треба да го заштитам. Ако сум јас тука и видам ќе реагирам, а ако не сум тука го учам да каже на учителката.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Агресивност кај децата 09 Фев 2012 18:30 #179388

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Klaudija wrote:
Хммм.... И јас го делам мислењето на Кинки дека сето тоа потекнува од дома.

Уф Клаудија, имав една епизода од неколку недели со керка ми, кога почна да плеска со рачето, и тоа покрај мене и татко и, најстрашно беше што знаеше да го заплеска без причина и другарчето од комшии со кое буквално секој ден се заедно, навикнати се да играат и да делат играчки и се бараат еден со друг. Значи кога тоа почна да се случува за мене беше шок, секогаш сум размислувала како би се поставила ако некој го протепа моето дете, но никогаш не можев да замислам дека она би можела да протепа ... и тоа реално без причина. Дома во никој случај не ја учиме на агресивно однесување, пазено дете со сето внимание посветено на неа ... е сега боже мој се случува да се потскараме со маж ми, ама зарем постои брак во кој никогаш немало кавга... сакам да кажам дека расте во нормална фамилијарна средина опкружена со љубов. Кога почна да протепува, за прв пат почнав и да ја казнувам ... 2 мин во ќошот на гарнитурата, ни пред ни потоа не е казнета за било што. Не можам ни јас да разберам зошто го правеше тоа, за среќа и мое големо олеснување по неколку недели престана и се надевам дека епизодава е трајно завршена. Така да можно е тоа што кажуваш дека однесувањето потекнува од дома, но во мојот случај верувам дека е несвесно предизвикано. Како и да е ако се појави такво однесување битно е да се реагира а не да се игнорира однесувањето ... мада не сум сосема сигурна и дали реакциите ми се секогаш на место.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 09 Фев 2012 18:44 #179389

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
TatjanaV wrote:
Уф Клаудија, имав една епизода од неколку недели со керка ми, кога почна да плеска со рачето, и тоа покрај мене и татко и, најстрашно беше што знаеше да го заплеска без причина и другарчето од комшии со кое буквално секој ден се заедно, навикнати се да играат и да делат играчки и се бараат еден со друг.

Токму така. Епизода која поминала. Примеров кој го кажав трае и трае и трае... Никако да се санира проблемот, бидејќи никој не му укажува на детето дека тоа не е во ред.
TatjanaV wrote:
Како и да е ако се појави такво однесување битно е да се реагира а не да се игнорира однесувањето ... мада не сум сосема сигурна и дали реакциите ми се секогаш на место.

Точно. Мене многу повеќе ме иритира игнорантскиот однос на родителите отколку самото дете. Пред некој ден бараше црвено јајце, коа запна да се дере, глас снема. Научено е да му се угодува нон-стоп, и го користи тоа.
Последна промена: 09 Фев 2012 18:52 by Helix.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 10 Фев 2012 04:37 #179472

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
TatjanaV wrote:
... е сега боже мој се случува да се потскараме со маж ми, ама зарем постои брак во кој никогаш немало кавга... сакам да кажам дека расте во нормална фамилијарна средина опкружена со љубов.

Моментално читам една преубава книга за развојот на мозокот кај децета во првите 5 години, и баш е дискутирано за ова, семејства во кои понекогаш има конфликти - значи најнормални семесјтва. Се додека се решааваат мирно и квантитативно не преовладуваат над позитивното однесување не прават никаква штета. Напротив. Да не забегувам сега во област која не ми е специјалност, ама вели синапсите кои се повеќе стимулирани (позитивно однесување, смисол за хумор, кооперативност) ќе се развијат повеќе. Па и во градинка има конфликти меѓу децата, меѓу воспитувачките и децата и се додека се решаваат на фин начин тоа може да биде само позитивно искуство. И нема што детето да расте во некоја нереална средина.
Моево некогаш кога не му е нешто по кеиф, зема и ме гребе по лицето. Ама мислам очи ќе ми извади. И јас само викам „Не, боли. Мама е лута„, правам озбилна фаца, он некако смирува гнев, и иде, бара eye contact и вика „Здраво мама. Ѕвини.„ со најмила насмевка на свет. Не да му простувам :srce: И после се објаснуваме за неговите постапки, па зошто не можел да добие тоа што сака итн. Понекогаш го гледам ги фрла играчките од високо, мечето, зајчето и сл, и вика „паче (плаче)„ и си мислам од кај му е таа идеја, ќе го предупредам дека може да го боли, да се скрши (демек, а плишани или гумени се) и сл, ама не ми се гледа нешто сериозно.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 06 Мар 2012 06:54 #186384

  • Inicka
  • Inicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 196
  • Карма: 4
Sin mi ima 18 meseci i vo posledno vreme mnogu pocna da ima izlivi na bes.Bukvalno cel den ide po mene....so izvinenie ne mozam ni do wc da otidam.Ako mu ja zatvoram vratata vika vrishti tropa,se treska od zemja.Pocna da se luti za se i seshto i koga ke go iskaram ili ke go zemam vo raka da go trgnam od mestoto kaj sto pravi gluposti on me udira.Jas ke go poglednam luto i on pocnuva da me gushka i vika mmmmmmm :) .Isto taka koga nesto ne mu e po volja ako ne moze mene da me udri ke me pogledne luto demek sega kje vidish ti i sam se udira.Probav da go ignoriram,da go karam pak isto on si tera po svoe.So deca voopsto ne e agresiven,imalo slucaevi ke go butne deteto a jas mu vikam nemoj ti da butkash gushni go i on odi i trca da gi gushka.Ako drugovo dete ne saka, on e uporen duri se nervira zasto ne go gushkaat :).Malata na zolva mi vcera go iskuba za kosa a on samo ja pogledna i i ja trgna rakata da ne go kube.Ispagja samo majkata jade kjotek :)
Последна промена: 06 Мар 2012 06:59 by Inicka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 06 Мар 2012 08:56 #186430

  • Elenika
  • Elenika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 398
  • Thank you received: 552
  • Карма: 0
Inicka, ke da ti e nesto lut, stom ne pokazuva agresija prema drugi. Mene mi izgleda deka mu nedostiga da si igra poveke so tebe - ova od iskustvo, taka se odnesuvase sin mi na taa vozrast. Ne e isto deteto da ja gleda kako mama raboti po doma i ne si igra so nego.
Vo sekoj slucaj toa e samo faza koja sigurno ke pomine. Sega toj veke razbira deka rabotite i tek kako mozat da bidat po negovo i si go bara toa. Cekaj, doprva te cekaat inatenja i vikanja NE na senesto, pa duri i da go saka toa sto si mu go ponudila. Taka decata ja gradat svojata nezavisnost i razvivaat svoe jas.
Pak ke napisam - apsolutno se raboti samo za faza i toa ne e nikakov problem, tuku normalen razvoj na skoro 2 godisno detence.
Jas takvite ispadi gi resavav so humor (i seuste gi resavam slicnite) - najprvin so golickanje - mnogu gubat energija decata so grcenje na teloto i so smeenje, a ostanuvaat so prekrasno raspolozenie posle toa, pa so pravenje gluposti od tipot sum se sopnala, pa sum ispustila nesto od raka i demek hihi rabotava, vidi mama pravi gluposti. Ne e deka ova poslednovo e nekoj najdobar primer da se ottrgne vnimanieto na deteto od toa sto nameracilo da go napravi, ama pa kaj mene funkcionirase. Potoa, igranje so kolicki - maskite deca ednostavno go obozuvaat toa, pa igranje krienka. Seto toa ako uspees da go zapakuvas vo 2 intezivni saati igra i smea, veruvaj cel den ke ti se smeni, a i nemu. Ke ja dobie seta ljubov i neznost, pa ke pocne da se zasituva od tebe, pa ke saka i drugi raboti (da se nadevame) sam da pravi i na kraj ke mozes i vo wc da otides :laugh: .
Петлето 23.06.2008
Коковчето 18.08.2011
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi

непослушност кај децата 23 Ное 2012 15:12 #222696

  • ana baze
  • ana baze's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
  • Карма: 0
моето синче има 2,5 години и пред два месеци почна да оди во градинка. Последните месец дена покажува голема агресија кон сите како по дома така и во градинка. Во градинка веќе ги има прекарите тепач и багабонт, навистина со наведната глава секој ден одам по него. Кога дома го прашуваме што правел во градинка не сака да разговара, си тера по свое, а ако се случи и дома да го скараме возвраќа со клоци и тупаници.Не дозволува никако да му се доближиме, дури и кога сакаме да го погалиме да го гуснеме веднас тоа го претвора во грума игра, борење и штипење. Не знам дали на тој начин протестира затоа што оди во градинка или има друг проблем. Ве молам за помош и совет. И уште едно прашање од која возраст детето може да оди кај психолог? Неговото однесување е навистина загрижувачко.
The administrator has disabled public write access.

Ре: непослушност кај децата 23 Ное 2012 15:19 #222697

  • blue eyes
  • blue eyes's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 72
  • Thank you received: 15
  • Карма: 0
Off ana baze i mojata kerka e na ista vozrast i toa sto go pisa isto kako jas da sum go napisala...detevo moe bese tolku fino,ubavo vospitano,ne znaese da stipe,da udira,da grize,a sega??haa nemozam da ja prepoznaam,stanala tepacka,neznam od kade toa,ama ete taka ako ja skaram pocnuva da me tepa,sto ke i dojde pri raka udira,me kube...i jas pomisliv deka i e nekakov revolt,ama pa do dusa ne znam ni vo gradinka sto se se pravi,dali gleda od drugi deca pa taka naucila..neznam stvarno,ama inaetdjika golema stanala,ja edno taa drugo..se mi odi kontra,se si velam da ne im e takov period...
ajde po iskusni mamicki neka go spodelat svoeto mislenje moze ke dadete nekoj sovet,dali treba ignoriranje ili nesto drugo....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 29 Ное 2012 17:45 #223809

  • ana baze
  • ana baze's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
  • Карма: 0
moeto detence e recisi 3 godinki i pred dve meseca trgna vo gradinka kade raboti svekrva mi,no ne e vo nejzina grupa.deteto pocna doma da pokazuva agresivnost i da ne tepa mene i tatko mu i da kazuva deka ne ne saka tuku samo baba ja saka.koga sakam da mu se doblizam da se igram so nego ili da mu zboruvam,svekrva mi e postojano tuka i me oddalecuva od nego (e sega ostavi go sam,sega ne mu zboruvaj duri i so raka mi se vnesuva vo lice,sega baba ke te cuva mama ima rabota...)molam za sovet?
Последна промена: 29 Ное 2012 17:55 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 30 Ное 2012 05:46 #223857

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Речиси сите деца покажуваат некаква реакција кога тргнуваат во градинка. Агресивноста е еден од начините на кои се изразува твоето дете затоа што за него градинката е голема промена. Се разбира дека треба со трпение да му објаснуваш, да пробаш да ти кажува што го иритира или плаши во градинката, со тек на време полека да се надмине одбивноста од градинка. Ќерка ми е таа возраст и она почна без проблем да оди ама еве па сега почна да ми кажува дека не сака ... нормално имало некои настани кои пробуваме да ги разрешиме.
Што се однесува до бабата, нема многу филозофија ...седни си ја бабата и смирено објасни и дека не може она да ти го креира односот со детето, уште помалку да влегува и да "дели правда" во момент кога вие двајца комуницирате. Има такви доминантни баби ама треба да се договориш со сопругот и смирено без расправии да пробате да и објасните дека не може она да го замени вашето место во животот на детето.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nataly, lena0809

Ре: Агресивност кај децата 14 Фев 2013 11:22 #232601

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
  • Карма: 9
Еве и јас да се пријавам овде , ќерка ми има 22 месеца , и во последно време ако нешто не и дадам да направи , ме влече за коса ме плеска по лице... како да се справам во ваква ситуација , зашто не е убаво а пак дали ке ме разбере ако и објаснам дека не е убаво :jok:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Агресивност кај децата 14 Фев 2013 12:21 #232609

  • jasmina 25
  • jasmina 25's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 802
  • Thank you received: 64
  • Карма: 7
razbiraat se slavica no od nas zavisi do kade mozat da odat i jas ponekogas ne znam kako da se spravam vo takva situacija eve na primer poslednive nekolku dena go ostavam da place zosto do pred nekoe vreme se taka dobivase tesko e treba zivci za toa no uspeva koga ke vidi deka so placenje ne dobiva nisto se smiruva i zema si igra so igrackite ednas mi se sluci barase nesto nese sekavam sega sto i ne mu go davav toa i pocna da se drecka da se frla na zemja jas se pravev kako da ne slusam i ne gledam i prestana i ne se povtori toa dreckanje uste ednas...jas mislam samo ignoriranje i zivci za toa nisto drugo a ti kako sto kazuvas te mava i vlece za kosa probaj so ubo da i kazes deka ne e dobro toa sto go pravi mislam ke razbere...sekako ne odma no so tek na vreme ke svati deka ne treba taka da pravi...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Slavica

Ре: Агресивност кај децата 16 Фев 2013 12:26 #232786

  • Inicka
  • Inicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 196
  • Карма: 4
Sin mi ima dve i pol godini skoro i isto kako sto opisuvate koga nesto ne e po negovo me udira me vlece.Isto situacija ako ima drugo dete i on ne e opusten a deteto mu ja zeme igrackata se sipuva na mene me udira :) ,so deca ne se tepal nikogas nego mene mi ja istura nervozata.Koga ke go iskaram ke pocne da place i jas go ignoriram,stanuvam da si odam vo druga soba toj trca po mene me vlece,me gushka se dodeka ne mu prostam,a kapak na se baba mu go naucila da vika mamo molim te prosti mi i taka so racinjata koga ke mi napravi ne mozam da ne mu prostam :) . Mislam deka to a e samo faza,zasto gledam i deca od drugi prjateli istoto go pravat.Sepak e prolazno,tie sega naglo rastat i trista raboti im se meshaat vo tie mali glavcinja.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.