Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Мороов рефлекс

Мороов рефлекс 24 Сеп 2010 20:28 #55091

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Anini wrote:
Дали сте чуле за Моров рефлекс? Заради една ситуација која ми се случи со мојот два ипол месечен син се изначитав за Моровиот рефлекс. Тоа е еден од многуте нормални рефлекси со кои се раѓаат новороденчињата. Се јавува почесто кај некој бебиња за разлика од други, понекогаш без посебна причина, а почесто заради гласни звуци, тресење или чувство на тонење како кога бебињата се спуштаат или подигаат без адекватна поддршка. При овој рефлекс бебињата се здрвуваат, нагло ги креваат рацете симетрично, ги шират обично стиснатите тупаници, ги истегнува колената нагоре, повторно стега тупаници и ги враќа рацете до телото во положба на гушкање. Често е пропратено со плачење. Сето ова се случува за неколку секунди. Додека сето ова изгледа страшно за родителеите, докторите се загрижуваат ако овој рефлекс не постои. Сите новороденчиња се тестираат за овој рефлекс. Овој рефлекс треба да се изгубие помеќу 4 и 6 месец.

Ова е мојата случка која никако да ми излезе од памет. Кога бевме во Охрид додека му менував пелена почна да ги грчи рачињата во висина на рамења да ги ококорува очињата како да е преплашен од нешто и многу да плаче. Значи немаше температура. Тоа се случувачше тој ден повеќе пати особено кога го слуштавме да лежи на грб.Јас се извадив од памет, личеше како Моров рефлекс само што не спиеше туку го правеше кога бепше буден. Го однесовме и во Охрид и во Скопје на педијатар и ми рекоа дека веројатно заради болка од стомачни грчеви така реагирал, ништо страшно, ама сепак бил Моров рефлекс. Една општа докторка ми рече да го носакм на клинака на снимање. Многу е малечкок за снимање, не знам што да правам. Кај не се јавив и генерално повеќето ми викаат да не се тревожам, ама кога некој ќе ти спомне снимање, невролог, немам памет. Дали на некој му се случило вакво нешто? Извинете за долгиот пост, ама многу сум уплашена.




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 28 Сеп 2010 02:01 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моров рефлекс 28 Сеп 2010 00:37 #55811

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Anini nemam slusnato za ova refleks no kako i da e se nadevam deka se ke bide vo red i ke mu pomine na maloto sonce. mozam samo da pretpostavam kako ti e tebe kako majka, kolku teski momenti pominuvas no imaj nadez deka se ke bide vo red
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моров рефлекс 28 Сеп 2010 01:37 #55836

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Мороовиот рефлекс не е болест, состојба, синдром, недостаток... нешто што треба да се лечи.
Тоа е сосема нормална и природна појава кај СИТЕ новороденчиња, до нивниот 4-5. месец. Се смета дека е настанато оштетуваље на нервниот и моторниот систем на бебето, ако овој рефлекс сосема изостане по неговото раѓање, т.е. ако го нема воопшто.
Бебето во матката поминува 9 месеци во течност, во една бестежинска состојба, лебди, и кога ќе излезе од неа нема котрола над своите екстремитети, има чувство дека паѓа, се плаши од изненадни гласни звуци или движења. И реагира со нагло кревање на рачињата или ноџињата, стреснување, грчење... како сакате наречете го.

Кај Алексеј се задржа баш школски како по книги Мороовиот рефлекс, мм и јас се смеевме - еве го сообраќаецот крена рачиња :love: .
Бебињата сакаат да се чувствуваат заштитено, "стуткано", да не им "летаат" на сите страни раце и нозе, да се плашат од нив, туку да си бидат до телото, во положбата која ја имале во матката - фетусната положба.
Секогаш кога вашето бебе ќе се стресне на овој начин, земете го во раце, фатете му ги рачињата и ноџињата, доближете ги до телцето, гушнете го нежно да се смири. Помогнете му полесно да се адаптира на новата средина за живеење.
И смирете се и вие самите, тоа значи дека вашето бебенце е сосема нормално и здраво :)

П.С. Мороовиот рефлекс е и една од причините зашто бебињата се повиваат како фишеци, затоа што се стегнати, не им скокаат екстремитетите неконтролирано и помирно спијат.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 28 Сеп 2010 01:40 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mladenovska, Ерата

Ре: Мороов рефлекс 29 Сеп 2010 18:36 #56435

  • Anini
  • Anini's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 88
  • Thank you received: 36
  • Карма: 4
Ви благодарам многу на одговорите. Се надевам се е во ред и ќе се потрудам да ја заборав таа случка.
Кинки ти благодарам на објаснувањето.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мороов рефлекс 29 Сеп 2010 19:07 #56439

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Моја деца су имала благо изражен Моров рефлекс, али мој брат је имао изузетно изражен и то баш дуго..имао је пуних шест месеци када је овај рефлекс постепено нестао..на сваку промену се кочио, млатио рукама, колачио очи, ма било га је страшно гледати..али један стари педијатар је мојој мами рекао да то није ништа, да је то нормалан рефлекс код малих беба и да ће проћи..а како је знао да млати рукама и док спава, често се будио и био нервозан..тада је тај исти педијатар саветовао мами да му везује ручице уз тело када спава..а у то време су се и бебе везивале као фишеци, тако да то није било ништа неуобичајено..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мороов рефлекс 29 Сеп 2010 23:08 #56458

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Анини и самата си дошла до заклучок дека е еден од нормалните рефлекси, така да потреба за паничење нема ама ич. Баш Моровиот рефлекс е еден од показателите дека бебето е сосема здраво. И на овој рефлекс се тестираат бебињата после раѓањето.
Кинки све детално има објаснето, а ти не мора да ја забораваш ситуацијата затоа што е по све нормална.
Кај нас се приметуваше највеќе додека спие Јана, таман потонала во сон, и туку ќе се штрекне самата од своите рачиња и ќе се разбуди.Ова се случуваше кога беше мало бебе ама и кога наполни некои си три месеци, не се сеќавам баш добро. А како новороденче, исто и кога ја пресоблакав во горниот дел од телото мафташе со рачињата. Ех, каков времеполов си направив со сончката моја :srce: Анини, уживај во бебушот, а ние сме секако тука за да ги разрешиме сите недоумици на потазе мајките, и ние сме биле такви :kiss:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мороов рефлекс 30 Сеп 2010 18:09 #56768

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
I mojot bebus ripase i toa mnogu preterano ali mi kazaa da ne se sekiram deka do kaj 6 ,7 meseci ke pomine taka i bese, inace riopase so racete i se budese smesta.ali jas imam drug problem i neznam dali e problem moeto detence se trese so usta koga saka nesto da fati ili se nervira, neznam dali ke me razberete ne mi e seedno se trese po nekolku sekundi ostanuva bez vozduh, toa malce me panici.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мороов рефлекс 06 Ное 2010 20:48 #69462

  • kukulicka
  • kukulicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Love Luka :*
  • Теми: 643
  • Thank you received: 149
  • Карма: 11
Bozeeee, sega koga citam mi stanuva jasno toa sto ni se sluci pred mesec dena. ih kako naednas mi zaplaka i se zgrci Luka mislev nesto mu storiv go povrediv a jas samo menuvav pelenka. uh strasno!!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мороов рефлекс 29 Апр 2011 20:03 #132977

  • AriT
  • AriT's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 36
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
I jaa primetuvam kaj moevo kako da mu se zgrcuvaat prstinjata i pocnuva da se nervira i place Dali e isto?Samo prstinjata a ne racete i nozete.Dali e isto mnogu sum zagrizena sakam da go nosam do kaj pedijatarot!
[link=http://pregnancy.baby-gaga.com/][image noborder]tickers.baby-gaga.com/p/dev304pr___.png[/image][/link]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мороов рефлекс 10 Јан 2013 07:23 #229225

  • Ppanika
  • Ppanika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 365
  • Thank you received: 113
  • Карма: 0
И моево исто се штрека најчесто додека се успива, и додека спие, и сеа за нова година од петардите, кутрото око неможеше да склопи, цело време се будеше, неможевме да го успиеме. И недај боже да му се покриени или стегнати рацете кога ке се штрекне, вришти на цел глас, неможеме да го смириме, незнам зошто ама ич не сака да му се стегнати или покриени рачињата, цело време е покриено само до гради и рачињата над кебе. Баш се чудев пошто сите препорачуваат да е стегнато и повиено за да се смири, ова моево напротив вришти ако е стегнато или повиено...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мороов рефлекс 14 Фев 2013 08:33 #232582

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Kako sto ima gore pisano Kinki moevo bebule e kako soobrakaec i ic ne spie mirno preku den, celo vreme mavta so racete i sam se budi a potoa place zosto mu se spie.

probav i jas da mu gi stegnam racete so pelena, ama neke, se nervira. A i koga go banjam koga go prenesuvam od kadickata na krevet da go legnam za oblakanje kako zaba ke se istegne i uplaseno place...valjda e istoto ova. Se nadevam brzo ke pomine.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.