Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур)

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 04:20 #221557

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Ни еден ден не сме користеле ништо од ова и немам намера да купувам зашто некако не ми се практични овие работи,како во вреќа пикнати децата,незнам.Не сум против далеку од тоа ама јас за Калина несакам и нема да користам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 04:47 #221563

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Јас кога беше Јана бебе бев многу запалена за слинг, ама кај нас воопшто ја немаше, а не се осудив ни да ја нарачам пошто сепак ми беше неопипан терен тоа и ми беше страв да дадам огромни пари вклучувајчи ја поштарината нели, а да не се снајдам со марамата.
Сега некако и се намерачив на Boba wrap, многу поедноставна за маневрирање ми изгледа, слингот дефинитивно не ќе да е за мене, многу местење има, а мене така може да ме фати с'клет и одма да се откажам. Boba wrap ми е некако многу и покомпактна и лесна за местење, баш вчера гледав клипови и од едно и од друго.
Е сега друго ми е муабетот..
Дали boba wrap воопшто се исплати да се купи имајќи на ум дека тоа е едно големо памучно парче платно од 5 метри и на него нема ништо, ама баш ништо друго? А е некои си 2000 денари кои за едно платно и не се за занемарување..пошто немам искуство со ваква марама, не знам дали сум во право, затоа ако може некој да ме просветли.
Инаку носењето на децата во слинг, боба или било која друга ваква марама е инспирирано од жените од Африка кои секако дека не ги купуваат марамиве, па ме интересира економскиот момент со марамава.
А како начин и стил на носење, мене ептен ме бендисуваат сите, и меи таи ми се свиѓа ама некако ми е најслична со кенгур.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 04:59 #221564

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
Maramite gi ima i vo juzna Amerika, a afrikanskite majki isto gi koristaat, no gi vrzuvat malce poinaku... Ako sakas ke ti pustam nekoj linkovi od doma, tamu ima mnogu nacini kako se vrzuvat, sto za novorodeno bebe sto za pogolemi deca... Ako covek se oprava so maramava nisto drugo ne mu treba, jas licno si go nosiv Elias 1,5 dena samo vo marama.

Mei Tai e isto super, ama on, kako i kengurot, treba da se smeni koga detevo ke podporanse... Znaci ima razni golemini... Toa na mene mi e minus, ako znaes da sijes imam planove za Mei Tai, togas e najlesno, pa si napravis sama :)

A za manevriranje, za maramava se razbira treba malce vezba, ama ic nee tesko... Ima po lesni metodi na vitkanje i po teski, ama mnogu brzo se ucaat i posle si na raat... Na zalost doagam tuku na prolet vo SK, ke ti pokazev inace :)
ivi wrote:
Ни еден ден не сме користеле ништо од ова и немам намера да купувам зашто некако не ми се практични овие работи,како во вреќа пикнати децата,незнам.Не сум против далеку од тоа ама јас за Калина несакам и нема да користам.

Mislam deka od ovije raboti po prakticno nema ;) Nie ziveeme na prvi sprat so strmi skali, mojive vo Skopje se na 4 sprat bez lift... Znaci i tuka i tamu da sum nosela kolicka mislam deka ke poludev... So prvo, kolicka, bebe, tasna... Znaci tuka mislam deka maramata bese hit, stavi go deteto na sebe i setaj. Isto, jas ne vozam kola a vo gradski transport so kolicka Bog da cuva ;) I toa mi bilo samo prakticno...

Sto e do bebevo, ima mnogu, mnogu istrazuvanja kakvi benefici za bebeto vo psihata nosenjeto nosi... Ako sakas ke pratam nekoj linkovi... Za mene toa mi bese najlogicnoto, Elias si bese 9 meseci vo mene, i posle logicno na mene ili na cice ili na marama...A posebno koga bebinjata imat nekoj fazi na kenkanje, stavi go na sebe i uzivaj...

Mislam, nema da te ubeduvam, sakam samo da kazam, ne negiraj nesto sto ne si isprobala, prv pat koga go vrzav Elias se preporodiv ;) A on niti ne bil kenjkav nito nesto tesko bebe :)

No nazalost e fakt, deka dobrite kenguri i marami vo MK uste tesko se naodjat :( A i retko nekoj znaae da posovetuva, bidejki ima produkti sto ne cinat... A i skapi se :(
Последна промена: 16 Ное 2012 05:24 by Marge. Причина: спојување на последователни пораки
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara, Nebo, Синоличка

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 05:20 #221568

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Гледав видеа на јутуб за Boba wrap и ми изгледа многу практично ама ме интересира дали знаете како се врзува новороденче во легнат положај да биде? Ги гледам овде така ги носат, ама не можам да најдам...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 05:24 #221570

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Бубамара, прашањето ти е многу на место. Јас ја имам оваа марама (тука линк) и не е ништо повеќе од парче квалитетно платно. Побарај на странатам мислам дека ги имаат димензиите. Материјалот е памучен, нешто како дуксер, значи подебело од памучна маица, ама не толку топло како дуксер. Ако ме разбра :P Исто треба да биде умерено еластично, не многу, оти ќе виснува, ама не и круто. Јас би дала шанса на homemade. Мене ме чинеше околу 40 евра, со бесплатна испорака нели ;)
Јас истата оваа марама ја носев класично додека беше помало бебето, значи како што е опишано на сите-от, а покасно накај година кога стана научив да ја врзувам како слинг, на страна. Тоа е сепак за поголеми бебиња, скоро да ти седи на колкот. Дефинитивно има своја драж носењето, ама јас лично го носев само по саат-два на прошетка или кога сме на одмор, или ако треба на брзина да скокнам до локалното продавниче. За се друго мене ми е колична незаменлива. Ние имавме комбинирана, каде бебето лежи како во коритце, убаво заштитено, на рамно, покриено, ако има ветер му држи завет количката. Доле торбата, пазарлукот, па успат мама ќе си седне на кафе, а бебето си спие. Со марамата одев само ако немав други обврски, или ако е мм со нас. На пр, еднаш на лекар бев со автобус, умрев од страв ако закочи лошо како ќе се треснам со детето некаде. Па ташната со пелени ми паѓа од рамо. Не се осеќав воопшто комотно. Во кола кога ќе го ставев веднаш заспиваше на седиштето, па заедно со седиштето го монтирам на количка, ни да го размрдувам, ништо. Пак ќе речам, навистина е уживање со марамата, посебно на планина, во парк, низ град на необавезни прошетки :da:
Последна промена: 16 Ное 2012 05:26 by Marge. Причина: средување на линк
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara, Синоличка

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 05:30 #221571

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Слингот ми беше многу симпатичен, но кога почнаа една година да ги повлекуваат зашто имаше случаеви на задушени бебиња, некако ми стана шубе
Извор

Носењето на грб некако не ми се допаѓа, ние Андреј го носевме во кенгурче, ем си го имаш пред себе, ем си го гушкаш и галиш и си остваруваш контакт очи со очи, а не да ми го гледа тилот. :)




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 16 Ное 2012 05:30 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 05:35 #221574

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Мораш да го пазиш детето, да го надгледуваш, слушаш. Јас затоа и не го носев првите 2 месеци, толку мислам беа. Ептен се мали. После веќе и они сами вртат главче, кенкаат ако не дај боже им е лошо. Има safety checks кои треба да се запазат, не е баш само врзи и терај, барем не првите неколку пати. После ти станува рутина.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 05:41 #221576

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
  • Карма: 0
И јас размислував за шиење, но сега кога видов што и како сфатив дека не е баш изодливо. Прво материјалот е навистина посебен, со две лица, внатрешното е како ќебенце, еластичен е, и не е секаде иста ширина.
бубамара, во Скопје бобаврапот е 2950ден, и навистина се исплаќа, јас сум задоволна, барем засега.
За врзување уште сум спора, но полека се навикнувам, а во однос на задушување, како што кажа Cize, треба да се внимава, има начин како да лежат, на која страна и сл. Мене пак не ми е страв, зошто блиску ми е, и така постојано ја слушам, па сигурно и во марамата ќе ја наслушнувам.
Последна промена: 16 Ное 2012 05:48 by meU87.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 06:28 #221584

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Jas imam sling no za zal retko go koristam,zasto nemam potreba. Doma ne mi bese potreben, od sekogas si bil bebe koe si e mirno i spokojno i koe mnogu retko kenka,a sega e super mobilen pa ne ni saka vo race. Za nadvor najcesto ja koristime kolickata od istite pricini koi gi navede Cize. Inaku Mario obozava da go nosam vo slingot pa ponekogas na bliski destinacii se shtame taka i toj e presrekjen :srce:

Diri mi e krivo sto slabo go koristime slingot,bidejkji sum negov ogromen fan,bebeto uziva i poradi prirodnata polozba (isto kako vo race) i poradi bliskosta i mirisot i toplinata na mama :srce:.

Go merkav koga bev trudna so malovo,zasto golemata mnogu sakase da bide vo race maltene dodeka ne proode. Kamo srekja da go imav slingot so nejze,se kje mi bese pesna! No ete sinko e sosem poinakov narav i iako saka da se gushka ne saka da bide cesto vo race pa slingot ostana ne mnogu iskoristen.

Inaku go kupivme tuka vo Sk od Bebe Sling (pogore niz temava mislam pisav i link),gospogjata od butikot prekrasno objasnuva kako se koristi,a so samiot sling sleduva i cd so instrukcii za upotreba. Navistina e skap (2900mkd) no jas ne bi eksperimentirala so home made sling od bezbednosni pricini, bidejkji tokite so koi se vrzuva slingot se specijalno za taa namena i se testirani za tezina i do 20kg.
I bas poradi ova razmisluvam ponekogas golemata da ja stavam vo slingot (3god i 15kg) bidejkji taa se uste koga e mnogu umorna posle podolgo pesacenje saka vo race :) bas kje probam :)

Bubamarce kje ti pratam na fb link od edna prekrasna strana cij fan sum (ne mozam sega kucam od mob),se vika Babywearing around the world ili nesto slicno. Ima odlicni soveti.

Kako sto kaza Lena nosenjeto na bebeto ima samo pozitivni efekti,isto kako vo race samo sto vaka racete se slobodni :)
Ova ne e izmislica na modernoto opstestvo tuku iskonski nacin na nosenje na decata...ima prekrasni avtenticni sliki od Bolivija,Peru,Kolumbija.... :srce: i nasekade niz Azija i Afrika. Pa duri i na Blakanot gi nosele taka decinjata,osobeno zenite koi morale i so novorodence vo race ili na grb da izvrzuvaat fizicki raboti. Iste koga bev vo Pariz prv pat pred edno 6 god.bev prijatno iznenadena kolku zeni si gi nosat bebinjata na sebe,osobeno zenite od afrikansko poteklo...navistina zgodno osobeno vo metro i niz muzej :)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 06:46 #221586

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
lena0809 wrote:
Mislam deka od ovije raboti po prakticno nema ;) Nie ziveeme na prvi sprat so strmi skali, mojive vo Skopje se na 4 sprat bez lift... Znaci i tuka i tamu da sum nosela kolicka mislam deka ke poludev... So prvo, kolicka, bebe, tasna... Znaci tuka mislam deka maramata bese hit, stavi go deteto na sebe i setaj. Isto, jas ne vozam kola a vo gradski transport so kolicka Bog da cuva ;) I toa mi bilo samo prakticno...

Sto e do bebevo, ima mnogu, mnogu istrazuvanja kakvi benefici za bebeto vo psihata nosenjeto nosi... Ako sakas ke pratam nekoj linkovi... Za mene toa mi bese najlogicnoto, Elias si bese 9 meseci vo mene, i posle logicno na mene ili na cice ili na marama...A posebno koga bebinjata imat nekoj fazi na kenkanje, stavi go na sebe i uzivaj...

Mislam, nema da te ubeduvam, sakam samo da kazam, ne negiraj nesto sto ne si isprobala, prv pat koga go vrzav Elias se preporodiv ;) A on niti ne bil kenjkav nito nesto tesko bebe :)


Можеби е практично и убаво меѓутоа на нас навистина не ни треба вакво нешто зашто ние сме на втори и имаме лифт а Калина ја шетам секогаш во количка во која секогаш ужива.А за по дома немам некоја голема потреба од такво нешто зашто Калина не сака нон стоп во раце а и башка најсигурна ми е кога јас ќе ја дигнам и знам како сум ја фатила и како ја држам,а тие работи ми се некако несигурни(зборам само за мене)ми дадоа нов кенгур некористен,ете го седи ниту еднаш не сум го употеребила зашто пак ќе речам децата ми се како пикнати во вреќа во ваквите нови и модерни работи.И знам дека во времето кога ние сме биле бебиња немало вакви работи и многу поубаво сме растеле.
Последна промена: 16 Ное 2012 06:59 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 07:36 #221608

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Jas puknav od maka sto za Luka ne kupiv sling, gi imav videno uste pred edno 5 godini na Kipar, mi izgledase kako bebinjata vo torba da si gi nosat i mnogu mi se svigase. Koga veke mi potporasna detevo, demek ke siev, vadev od internet snitovi, isprobuvav doma so carsav demek kako bi izgledal, ama odi najdi soodveten materijal :blabla:
I koga doznav deka sum trudna so vtoro, prvo sto rekov za ova kupuvam sling! Ama kaj nas osven onoj so prsten (ne sakam marama, mislam deka e za mene malce komplicirano), nema od drugite izbor ko sto vidov. Nema vrska, takov ke kupam, veke i boja odbrav, i toa nema ic izbor, barem na nivnata strana, ne znam dali e isto i vo prodavnicata.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 07:52 #221614

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
И јас исто Небо. Всушност тогаш немаше овде да се купи, се нарачуваа од странство, па и така се откажав. Купивме кенгур, ама малку го користевме, оти Никола беше крупничок и неизводливо ми беше да го носам во тоа. Така што најчесто татко му го носеше во кенгур.
Ама да би имала второ,без размислување ќе си купам слинг. Колешка моја имаше и многу убаво беше кога ќе го донесеше на работа бебче, во тоа затуткано, смирено... Не можам да го опишам моментот и на нејзината и на неговата среќа и смиреност.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 08:48 #221628

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
  • Карма: 0
Иви во кенгур можело детето да се става дури од кога ќе почне главчето само да го држи(ова ми кажа ортопедот во средата кога бевме на контрола)
Небо, сега има поголем избор и кај нас, освен марамите со прстен има и boba wrap, boba carrier.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ivi

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 10:10 #221651

  • leona
  • leona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 123
  • Thank you received: 38
  • Карма: 1
Сум пишувала на темава, ама еве пак да пишам.

Ние уживавме во носењето. Задоволна сум и од слинг марамата, нашата е со прстен, и од кенгурот. Иако син ми не беше баш лесно бебе, ние со задоволство си се носевме често. Во слинг марамата ми беше многу згодно на почеток, особено кога се движевме надвор, а и кога патувавме. Ја користев и над година, особено кога одевме заедно на пазар по овошје и зеленчук, до околу 10 кг и не ми беше тешко. Кога е поголемо бебето, само си се гушка, па и се држи и мислем дека е полесно. За носењето си треба и желба и навика, па откако ќе се совлада вештината да го ставиш во добра положба во марамата и брзо да ја наместиш, многу е практично.

И кенгурот убаво го искористивме, мојот е за поголема килажа (до 18 кг) на Cybex и ептен ни се најде во текот на зимата, плус дека е подебел држи топличко. Во слингот не му беше толку интересно, зашто во тие месеци сакаше на напред да разгледува и многу ми мрдаше. После кога се распролети пак се вративме на слиннгот. Носењето во кенгурот ми беше сосема удобно, зашто е дизајниран тежината да ја пренесува и на карлицата, не само на грбот. Во Хрватска многу го користат Ерго, како што користела Лена, и имаат позитивни коментари. Јас не сум пробала друг па не можам да споредам, ама од овој што го имаме сум супер задоволна.

Сега му е предизвик да оди, па не ги користиме. За второто бебе сакам и boba wrap за првите месеци.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 10:42 #221657

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Mene uste na pazar me prasuvaat sto bese toa vo sto go nosev Maksim koga bese bebe :)

Slingot e odlicna rabota, i bas mi e milo sto si go koristev.
Go dobiv na podarok od Avstralija, od eden proizvoditel na slingovi.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 11:31 #221666

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Ако најдам соодветен материјал, дефинитивно би пробала за домашна варијанта на Boba wrap, еве и Cize ми е добар репер штом ја користела и дава што би се рекло аманет :)
MeU87, јас па дури и пониска цена сум запамтила, сигурна сум дека марамата вреди секој денар за благосостојбата што ја пружа и на мајката и на детето ама сепак би се обидела ако најдам убаво платно да ја сошијам (да ми ја сошијат де, јас сум тапа), пошто треба само точни димензии и убаво да се обраби.
Инаку негде беа спомнати количките, количка си е количка и има сосема друга намена, така да не планирам да ја отфрлам од употреба, а марамава за одредени ситуации вреди да се има.
Фала девојчиња на советите :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: meU87

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 11:45 #221668

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
bubamara wrote:
Ако најдам соодветен материјал, дефинитивно би пробала за домашна варијанта на Boba wrap, еве и Cize ми е добар репер штом ја користела и дава што би се рекло аманет :)
MeU87, јас па дури и пониска цена сум запамтила, сигурна сум дека марамата вреди секој денар за благосостојбата што ја пружа и на мајката и на детето ама сепак би се обидела ако најдам убаво платно да ја сошијам (да ми ја сошијат де, јас сум тапа), пошто треба само точни димензии и убаво да се обраби.
Инаку негде беа спомнати количките, количка си е количка и има сосема друга намена, така да не планирам да ја отфрлам од употреба, а марамава за одредени ситуации вреди да се има.
Фала девојчиња на советите :)

Ubavinata na maramata e sto nema sto da se sie!
Ako ti treba ke ti najdam tocna dolzina, imam i za sling merki i za marama, samo da se podrabi, tolku!
75cm sirok i 5m dolg treba da bide materijalot i da e podraben od site strani.

najgolem problem e da se najde vistinskiot materijal, da ne e premek, posto ke te boli grbot koga ke pootezne, a da ne bide ni pretvrd da ne zulja.

Eve ovde pogledni za iuste nekoja ideja:

www.peppermint.com/baby-wearing-instructions.html
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
Последна промена: 16 Ное 2012 11:55 by MamaMaja.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 11:50 #221669

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
bubamara wrote:
Ако најдам соодветен материјал, дефинитивно би пробала за домашна варијанта на Boba wrap, еве и Cize ми е добар репер штом ја користела и дава што би се рекло аманет :)
MeU87, јас па дури и пониска цена сум запамтила, сигурна сум дека марамата вреди секој денар за благосостојбата што ја пружа и на мајката и на детето ама сепак би се обидела ако најдам убаво платно да ја сошијам (да ми ја сошијат де, јас сум тапа), пошто треба само точни димензии и убаво да се обраби.
Инаку негде беа спомнати количките, количка си е количка и има сосема друга намена, така да не планирам да ја отфрлам од употреба, а марамава за одредени ситуации вреди да се има.
Фала девојчиња на советите :)

Jas dadov na svekrva mi da mi napravi Mei Tai togas, no ne bec zadovolna... mi bese materialot pretrd i nekako ne mi odise...

Vazno e da najdes mek, ama jak material... Znaci materijal, koj sto se vitka ubavo, so koj moze da se vitka i da bide mek i da ne stiska, ama i da bide solidek... Jas si ja imam isto uste maramata, moze da ti je izmeram ako sakaz... Mojava e samo podolga, bidejki jas sum si po odkrugla :) A mm koga ja vitkase imase uste materijal za da si ja zavitka polovinata, pa mu bese uvabo toplicko ;)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 11:52 #221671

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
  • Карма: 0
И јас бев со мисла сама да ја направам,но кога го видов и осетив материјаот се откажав од таа намера, мислам дека нема шанси да се најде таков материјал или пак барем јас немам сретнато( на женски пазар, може го има на друго место).
бубамара можеш да пробаш ништо не губиш, може само да имаш после вишок 5м материјал дома :trep: , а да нема да зажалиш во никој случај, навистина вреди за секој денар.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 16 Ное 2012 11:59 #221673

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
meU87 wrote:
И јас бев со мисла сама да ја направам,но кога го видов и осетив материјаот се откажав од таа намера, мислам дека нема шанси да се најде таков материјал или пак барем јас немам сретнато( на женски пазар, може го има на друго место).
бубамара можеш да пробаш ништо не губиш, може само да имаш после вишок 5м материјал дома :trep: , а да нема да зажалиш во никој случај, навистина вреди за секој денар.

I jas takov material nemam najdeno duri kaj nas, no iskreno ne sum ni barala... Drugarka mi ima afrikanska marama so 80% angora, nesto pomeko nesum videla... Strasno ubavo se vitka i mnogo detaljno moze da se pravat site variaciji so nejze... Takva sakam odavna, maramite se kako droga, ednas pocnal, ne mozese da prestanes ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 17 Ное 2012 12:20 #221816

  • beelyana
  • beelyana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 148
  • Thank you received: 158
  • Карма: 1
најдов инструкции за шиење и од каде да нарачам прстени.
А да не лутам низ темава, од кај би можела да најдам прстени кај нас?
Последна промена: 17 Ное 2012 12:20 by beelyana.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 17 Ное 2012 12:52 #221820

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Јас мојата марама (парче правоаголно платно) ја врзував како слинг без прстен. Еве како:
линк 1

А за класичното носење еве ги видеата:
линк 2

Најтешкото е човек да се навикне на големината на платното, и да го витка без бебе. После тоа е рутина. Мислев од почеток дека нема да можам надвор да го врзувам зашто платното е долго и ќе ми се влече, ама се испраксирав, и секаде можев да го врзам.
Последна промена: 17 Ное 2012 19:14 by Marge. Причина: средување на линкови
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 17 Ное 2012 15:48 #221834

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
  • Карма: 0
Прстени може да се најдат на Бит пазар кај што се продава бижутерија или пак во било која продавница за бижутерии.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 17 Ное 2012 20:57 #221850

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
  • Карма: 3
Da vi kazam iskreno ama vaka nikogas ne bi nosela bebe koga ja gledav dodeka go mestese celo vreme bev stegnata nimu da i padne :aham: od napred kogae bebeto posigurno mi izgleda


"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
Последна промена: 17 Ное 2012 20:58 by Mami-Anje.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Носилки за бебиња (марама, слинг, кенгур) 18 Ное 2012 03:48 #221858

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
Mami Anje wrote:
Da vi kazam iskreno ama vaka nikogas ne bi nosela bebe koga ja gledav dodeka go mestese celo vreme bev stegnata nimu da i padne :aham: od napred kogae bebeto posigurno mi izgleda

Sigurno e i taka i vaka, ama na grb da go vrzeses treba mnogo vezba... I kooperacija na bebevo, ako go nemas nikogas taka vrzano posle nema da bidat mirni dur gi zavitkas... Taka bese kaj nas, zato na grb go nosevme samo vo Ergo... A nekolku moji drugarki si gi nosia decava taka, zivi zdravi do den denesen :) Samo majkive bea izverzirani :)
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.