Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Првите денови со новороденче

Првите денови со новороденче 11 Ное 2013 09:17 #245560

  • Chocolate
  • Chocolate's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 900
  • Thank you received: 273
  • Карма: 13
Еве една тема која сигурно носи милиони прашања... Како се снајдовте во првите денови после порагајот. Дали имавте страв , кој се ви помагаше ...Пишете за вашите искуства. Инаку како ми се доближува терминот се повеќе имам страв од тоа што после порагај ... како ќе се снајдам со сите луѓе околу мене :mozok: :tazna:





Границата меѓу уживањето и злото, олицетворена во чоколадото, е толку фина и престижна,...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првите денови со новороденче 11 Ное 2013 09:52 #245563

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Мене ми требаше помош повеќе за мене одошто за бебето. Имав тешко опоравување после царскиот и страшна анемија. Синко беше мирно бебе и убаво си цицаше и напредуваше, за него само за капење ми помагаше свекрва ми, мажот ми или сестра ми. Но, мене ми требаше многу здрава храна, салати, свежи сокови кои не бев во можност сама да си ги спремам и тука ми се најдоа повеќе моите.
После откако се опоравив повеќе луѓе само ми сметаа. ММ отиде на службен пат, јас кај моите и колку помагаа, толку и одмагаа. Само што сум заспала во 6 сабајле, еве некој отвора врата да не провери. Навечер а заплаче бебето, еве ти ги сите во соба, а немаше потреба од паники, се смируваше веднаш со цицање :), па еден вика преоблечено, друг многу голо, трет ладна му била водата... Затоа за второво да се опоравам што побрзо и колку повеќе сум сама мислам дека и на поголем ред ќе го научам бебето :).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првите денови со новороденче 12 Ное 2013 05:17 #245579

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 956
  • Thank you received: 340
  • Карма: 7
Jas imav lesen poragaj (so carski) i brzo bev vo sostojba sama da se grizam za bebko, ama imav golema pomos od majka mi. Taa mi bese logistika za se, iako nekogas i me davese so soveti
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првите денови со новороденче 02 Дек 2013 02:50 #246898

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Првите денови ни беа најдобри, кога ќе резимирам :lol: Со царски бев породена, ама уште од болница почнав да станувам(со тешки маки) и да ги дојдам.Тоа ми беше најбитно и шок беше кога после само 2 недели преку ноќ ми престана млекото. Јас привте недела дена не спиев од страв да не не ги чујам ако плачат, да не им се случи нешто додека спијам(будала) ... Нормално се е ново, треба време да се адаптираш на новонастанатата ситуација, болки од пораѓај, рагади, па цицале, не цицале, ама се е тоа толку слатко во споредба со она што следува во понатамошниот развој :roll: Имав помош дури и премногу и затоа сега сами неможеме да се чуваме. Двете баби беа 24ч со мене, мм и јас и после 40 дена останавме сами јас, свеки и две ептен плачливи деца, со ептен јаки грчеви, без спиење ...

Чоколатце мила, нема потреба од страв, ќе видиш како одма ќе проработи мајчинскиот инстинкт и ќе биде се ОК.Настојувај да ти помага сопругот, да не ти се мешаат премногу баби и жаби ... Мој совет - уживај во првите денови, зошто навистина многу брзо си раснат.Дур трепнеш поминала година, пет ...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првите денови со новороденче 09 Окт 2014 14:45 #252713

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
Od moe glediste, za zenata najvazno e i iskustvoto od bolnica, zosto bas prvite momenti, denovi so novoto bebe i novonastanatata sostojba za nea kako fizicki taka i psihicki ja dozivuva bas vobolnicata. So prviot poragjaj vo Struga bese uzas, so carski bev, nepodvizna so bolki, so kateter, infuzii, bolki, vrtoglavici, a bebusot ti go nosat odma i nikoj ne me ni opuli, da gi molis za da otvorat pendere bese. 4 dena nepodvizna i ajde sega doma, kade uste 40 dena ostanav nepodvizna, samo lezev, se mocav v krevet, mi se vrtese, me fati depresija, mi se izgubi mlekoto..... mi pomagase sveki, mm, sestra mi, ama se na se mesecipol invalid sto bev... A vtoroto vo Ohrid, so zakazan carski, odma sestri okolu mene, za 24 saati na noga bev, sama so sinko v raka, se sama si pravev, po 4 dena doma ko si ojdov ko od hotel da sum se vratila bev, se sama si pravev, od kapenje, do perenje, do jadenje...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првите денови со новороденче 18 Окт 2014 12:18 #252759

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Nie koga dojdovme doma uste vednas pocnav sve sama. dodusa i vo bolnica od vozbuda prvata vecer ne spiev ic, a potoa sekoj mig bev nad nego. doma pocnav da si go banjam, presoblakam, zaspivam.
imav pomos od svekrvata, mm, moite doaga, ama nekako ne osekav deka imam potreba od pomos. se osekav spremna i deka mozam da go pravam toa. sekako deka bev so carski mi pomaga pri banjanje, ili pa navecer mm go nosese za cicanje i go uspivase podolgo ako placese. no toj period sepak mi ostana vo ubavo sekavanje.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamicka

Најново на форумот

  • No posts to display.