Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Циркулација кај бебиња

Циркулација кај бебиња 17 Јун 2013 17:12 #241521

  • Миња
  • Миња's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • monabombona
  • Теми: 359
  • Thank you received: 82
  • Карма: 1
Мамички јас не можев да најдам ништо слично на ова, па отворив тема. Значи вака,знам дека малите бебиња имаат послаба циркулација и затоа имаат послтудени дланки и стопала, ама ние мислам дека тоа го одраснавме. Е, сега ме загрижува тоа што во последно време приметувам дека кога го држиме во раце исправен, стопалцата од кај табаните му стануваат темно црвени и одат кон виолетово. Не знам дали и порано се случувало истото бидејќи нон-стоп беше со чорапчиња, а сега е бос. Значи тоа се случува само во таа положба и само ако го држиме под памперсот или под газето. Кога ќе го свртиме, или легнеме бојата му се нормализира. Матичната ми рече дека најверојатно е од начинот на кој го држиме, па снемува циркулација, ама не ми е нешто јасно. Ако снемува циркулација нели ќе му се оладат стопалцата? А на него му се топли, само бојата му се менува. На интернет се изначитав се и сешто и ме фати паника, па ве молам, какви се вашите искуства.
* Шмизлата 05.01.2007
* Шармерот 06.02.2013
If evolution really works, how come moms have only two hands
The administrator has disabled public write access.

Ре: Циркулација кај бебиња 19 Јун 2013 08:44 #241555

  • mamabella
  • mamabella's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 8
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
Moze ne sum kompetentna da ti odgovoram tocno,kerkicata moja ima samo dva meseci i uste sme nemale takvi situacii,ama mozam nesto logicno da zaklucam.Prvo ne se panici,i ne citaj sve i svasta :) Ako mu se topli nodzinjata znaci ima krv slezeno dolu,logicno ti go drzis so nozdinjata nadolu i krvta mu sleguva nadolu.Zatoa mislam deka ne e soprena cirkulacijata,tuku naprotiv krvta normalno si cirkulira i si sleguva nadolu.Zatoa i bojata e crvenikava i violetova(bitno ne mu se bledi ili pomodreni)Toa od krvta sto si nalegnala vo toj del.Plus i vremevo e potoplo,pa zatoa do sega ne si primetila takvo nesto.Moj sovet ti e da ne se zamaras premnogu,sigurno nisto strasno ne e...samo mu e zesko na bebceto :cucla: Pozz :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Миња

Ре: Циркулација кај бебиња 19 Јун 2013 09:22 #241557

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
i mene mi nema logika odgovorot na matichnata. jas sum videla mnogu bebinja so takvi modri stapalca ama nikogash ne mi teknalo da prasham, nitu nekoj spomnal. se nadevam deka ne e nishto za koe treba da se grizish.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Миња

Ре: Циркулација кај бебиња 24 Јун 2013 03:32 #241640

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
  • Карма: 0
Vaka zlatna,
Da ne te maci griza i da ne se sekiras, deteto ke go odneses na klinika na eho na srce. Da ne nagagjame ova ili ona, zasto ako ima nekakov problem (ne daj boze), se sreduva polesno dodeka e pomalo. Znak deka ima nekakov problem so srceto, e ako ne kacuva tezina i ne napreduva onaka kako napreduvaat drugite bebinja (refleksi, guganja i slicno).
Eve sega jas ke ja nosam malata na eho na srce (ima 5 godini). Izvadiv upat sega samo da ja odnesam. I pomodruva ustata i liceto koga place. Cisto za da spijam mirno ke ja odnesam.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Миња

Ре: Циркулација кај бебиња 25 Јун 2013 03:36 #241671

  • vesnicka
  • vesnicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 648
  • Thank you received: 363
  • Карма: 5
Монабомбона баш и јас сега погледнав кога ја држиме така во раце и кај нас се менува бојата. Значи не е чисто боја кожа како до тогаш, туку има како поизрзани виолетови капилари (исто како кога на нас ни студи). Кај вас таква ли е бојата? Сум гледала јас еден куп бебиња со такви рачиња и ноџиња.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Циркулација кај бебиња 27 Јун 2013 07:45 #241728

  • Миња
  • Миња's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • monabombona
  • Теми: 359
  • Thank you received: 82
  • Карма: 1
Да Весничка така. Баш вчера бевме на вакцина, и го држев пред докторката таму, па и покажав на што мислам. Таа ми рече дека е нормално затоа што го стискам меѓу нозете или под нозете и да не се секирам. Само ако имало модрило (менување боја) во централниот дел (стомаче, лице, усни или јазик, тестиси) тогаш било алармантно, а ова било периферна циркулација. Така ми објасни, па се смирив. Ама, знаеш еве вака кога и друга мајка ќе ми каже дека и кај нејзиното здраво детенце се случува истото ми е уште полесно. Фала.
* Шмизлата 05.01.2007
* Шармерот 06.02.2013
If evolution really works, how come moms have only two hands
The administrator has disabled public write access.

Ре: Циркулација кај бебиња 06 Дек 2014 00:22 #253146

  • book
  • book's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 61
  • Thank you received: 11
  • Карма: 0
Гледам одамна не се пишувало на оваа тема но јас сепак се надевам дека за брзо ќе добијам одговор :) Еве читам од вашите искуства за помодрување на ножињата па и ние имаме слична појава но во форма на ситни модри точки најчесто под и над коленцето. ДР. прво ни велеа дека не е ништо, па последно не исплашија дека станувало збор за внатрешно крварење но откако направивме крвна слика ја исклучија таа можност но сепак не ни дадоа одговор од што би можело да се појавуваат тие точки, наводно од тесни чорапчиња или хулахопки но јас постојано и ги забележувам и тогаш кога не носи ништо тесно на неа, само што некогаш ги има многу а некогаш речиси исчезнуваат но повторно и се јавуваат :( . Еве сега сме 6,5 месеци а јас најпрво и ги забележав околу 3-4 месеци кога беше.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.