Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Колку спијат вашите бебиња?

Колку спијат вашите бебиња? 06 Авг 2012 00:54 #209550

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Ние уште малку ќе полниме 1 година. Заспива во 21, најдоцна 21:30, а станува во 6, 6:30. Тоа би му дошле 9 часа ноќно спиење, без престан (сам спие во соба). Околу 10 и 14 часот спие по 1,5 саат, понекогаш 2. Значи, вкупно спие 12-13 часа. Колку спијат вашите бебиња?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 06 Авг 2012 03:03 #209556

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Кога имаше една година Ана навечер си легнуваше околу 9.30 и спиеше без престан до 7.30, а после во текот на денот спиеше на два пати по еден и пол саат. Тоа му доаѓа околу 13 часа спиење во текот на денот.

Кога наполни 13-14 месеци го исфрливме едното дневно спиење ама затоа другото е околу 2-2,5 саати. Пак спие околу 12-13 часа.

Филип не ми беше многу по спиењето, во споредба со Ана тој на таа возраст во просек помалку спиеше за околу 2 саати.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 06 Авг 2012 03:12 #209560

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
И ние сме слично.
Навечер си легнува во 22 најкасно 22:30 и спие без вооопшто будење до 7:30-8.
Преку ден спие 2 саати.....само што чудна ми е, на пр. ќе стане во 8 и веќе во 10:30 пак ми кенка за спиење....сабајле не држи многу....па спие од 10-11:15 (ко саат е)...и после околу 16-17 уште саат и пол.....па дури вечер во 22 пак.
Значи сума сумарум околу 12-13 и ние.
Одвај чекам да престане по 2 пати да спие преку ден...не можеме да излеземе некаде на подугачко,на ручек и сл.....ко ќе почне да ми кенка за спиење налет....
Ваљда за месец-два после годинката ќе смени.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 06 Авг 2012 05:57 #209580

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
И ние спиеме исто толку, отприлика од 22:00 до 08.00 наутро и уште 2 до 3 часа напладне. Почна да преспива само по еднаш напладне кога направи 16 месеци. Само што ние уште се доиме, па рано наутро околу 6.00 ме намирисува, се доближува до мене и во сон си цица, потоа продолжува до кај 8.00 :srce:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 06 Авг 2012 08:12 #209603

  • MAJA_DS
  • MAJA_DS's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Be yourself, everyone else is taken!
  • Теми: 118
  • Thank you received: 25
  • Карма: 0
Јас гледам моите деца веќе во 8пм да се најкасно легнати и заспани и спијат сабајле до кај 6ам.

Преку ден исто ми спијат на два пати по саат и пол :kez:


Nicht weil die Dinge schwierig sind wagen wir sie nicht, sondern weil wir die Dinge nicht wagen sind sie schwierig. (Seneca)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 07 Авг 2012 13:15 #209769

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Керка ми навечер спие обично по 11 или 12 саати,значи ја легнувам кај 21 или 22 часот и спие до сабајле до 9 или 10.Преку ден зависи некогаш спие 2 пати по 1 час,или еднаш по 2 часа,некогаш се дешава и еднаш по 15 мин,мала ситница,мува да помини таа се буди :angry:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 23 Авг 2012 16:24 #211201

  • Kuklicka
  • Kuklicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 530
  • Thank you received: 333
  • Карма: 5
И ќерка ми си спие по околу 12 саати навечер, легнува околу 21 (некогаш порано некогаш покасно ако сме излезени некаде)а станува најчесто после 9 часот. Навечер се буди за сок,ама не се буди целосно туку само ќе викне мамо ко-ко или ако е до неа шишето сама си го зема и често не ме ни буди мене :majsi: За жал од 12 месеци не пие воопшто благо млеко па така навечер наместо за млеко ние се будиме за сок :zid:
[link=http://lilypie.com] [/link]


[link=http://lilypie.com] [/link]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 24 Авг 2012 04:57 #211226

  • cresa
  • cresa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 54
  • Thank you received: 14
  • Карма: 5
Блазеси ви, што децата ви спијат. Мојот син кој има 20 месеци спие најмногу 10-11 саати, од кои ноќно време 9 саати и преку ден еднаш од 1 до 2 часа. Прблемот е што многу често се буди ноќе. Толку сум уморна и истрошена што немам сила ни да пишувам за овој проблем. Неговото неспиње и будење ноќе е од секогаш. Додека цицаше беше зависник од цицање. По цела ноќ седев и го држев во раце, зашто дечкото сакаше да спие со градата во уста. Кога се одбивме, многу плачеше и единствено помагаше заспивање во количка, па се навлече на тоа и по цели ноќи сум го возела низ дневна ( имавме посебна количка за дома) , во просек се буди на секои два саати, но некогаш и на саат или на три во најдобар случај. Пред 3-4 месеци веќе не се издржуваше, бидејќи буквално бараше по цела ноќ да го возиме во количка, се будеше на секои 15 минути мислам. Се одлучивме со маж ми да му ја тргнеме количката и ја однесовме во подрум. Пробавме да заспива меѓу нас во спална, а потоа да го ставиме во креветче. Функционираше на почетоткот, а сега ако сме двајцата он само се разигрува, па само едниот од нас спие лежи со него. Ако го оставиме сам одма се симиња од кревет и иде кај нас. Во последно време нејќе да заспие никако и се фаќам како почнувам се почесто да го заспивам во раце, зашто незнам веќе што да правам. Ај, дур заспие, ама после будењето и кенкањето тотално ме уништуваат. Му ја менував исхраната - да е полесна за навечер да не има грчеви, му го намалив млекото, поточно го исфрлив ноќното пиење млеко, да не има проблем од тоа, му купив млеко без лактоза, да не има си реков проблем од лактозата, го носев на лекар да не го боли слепо црево или што знам што, го носев на бајачки, го шетаме навечер по два-три саати трча без престан -за да го умориме нели и да спие, два саати пред да заспие пробав да не му давам ништо да не е до тоа проблемот бидејќи стомакот му е полн. Се пробав и ништо и ништо, детето се буди не спие ноќе и јас и маж ми си немаме сон. До пред два месеца значи се будеше често и како бебе имаше зависност од цицање и бараше нонстоп да цица, потоа се навлече на возење со количка низ стан кога се одвикнавме од тоа се навлече на галење по цело тело. Па така сега кога се буди одма почнува да кенка ако во истиот момент не почнеш да го галиш по цело тело, од глава до пети и така цела ноќ, дур го галиш он чути и спие демек. Ако престанеш да го галиш одма почнува да негодува и да кенка, и на крај завршува со силна плачка. Во последниов месец дена, па се буди со плачење и не можеме да го разбудиме , тропаме со играчки пуштаме телевизија, го миеме, му пееме, го смееме, но го буди само звук од телефон. Па одкога ќе се разбуди престанува до плаче.
Ете, ја си имам ваков проблем, решение не гледам и незнам кај згрешив што детето не ми спие. Преку ден е ангел. Воопшто не е плачливо дете, се смее, јаде, пие се без проблем. По цел ден си игра си трча низ дома, уствари он е многу активен преку денот цело време е во некое движение , се смееме со маж ми дека он не знае да оди туку само трча., ...ама навечер...навечер е журката
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 24 Авг 2012 05:07 #211230

  • Хава
  • Хава's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 182
  • Thank you received: 103
  • Карма: 0
А.спие цела ноќ 0д 8.30 до 7 -7.30 насабајле.Во текот на денот преспива три пати по 30-45 мин.
M.2007
A.2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 24 Авг 2012 05:36 #211233

  • mila982
  • mila982's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 25
  • Thank you received: 10
  • Карма: 0
Cresa ne znam kolkavo ti e deteto, no ijas imav takov problem so mojata kerka. I taa dodeka cicase po cela nok se drzevme na grada, posle se nauci da zaspiva vo edna lulaska i den denes se uspivame vo nea. I jas sto ne probuvav, se budese na sekoj saat, ke pine mlekce ke ja zalulam i ja stavam vo krevtce , taa pak stanala i taka sekoj saat. Se probav, lek nema, ednostavno posle deteto pocnuva poveke da spie. Ja se nauciv na nejzinoto nespienje, po cela nok si ja lulam i nasabajle odam na rabota i dremam cel den. Od godina i pol kako napravi malku situacijata se izmeni pocna da se budi po 2-3 pati noke i taka se pomalku. Sega ke polni dve godini i uste minimum dva pati noke se budi. Toa e sto da ti kazam nauci se na negoviot ritam, ke pomine.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 24 Авг 2012 05:39 #211235

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Mojov nesto pocna mnogu slabo da spie. Vo sabota ke pravime 3 meseca...
Navecer zaspiva vo 1 I spie do 7:30, buden e eden cas, potoa zaspiva I spie 2h, potoa e buden 2 casa, zaspiva I se budi na 2 casa, potoa e buden 2 do 3 casa I sekoe naredno spienje mu e kako na zajak po 30 minuti...
Maki tegneme dodeka da zaspie, mu se spie, place, ama nikako da gi zatvori ocite, sekoe zaspivanje ni e so placki.
Dali znaete na negova vozrast kolku casa spienje se potrebni?


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 24 Авг 2012 06:36 #211244

  • cresa
  • cresa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 54
  • Thank you received: 14
  • Карма: 5
Мила 982, син ми има година и осум месеци. И јас како тебе си дремам на работа. Тоа е, знам дека е така, но навистина многу е тешко кога си хронично ненаспан и уморен, просто криво ми паѓа кога ги слушам колешкиве како децата им спијат по цела ноќ. Мојот син одкога е роден до сега не преспал ноќ. Таков си е.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 25 Авг 2012 20:08 #211365

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
  • Карма: 3
Kaj mene Andrej zaspiva kaj 21 i 30 i spie do kaj 9 i 30 nekogas i 10 i 30 do pred nekoj den stanuvase samo kaj 6 za mleko sega pocna po tri pati vo tekot na nokta da stava za mleko ke go ispie i pak e top zaspan,a i preku denta mnogu si spie duri mozam da kazam poveke spie od kolku sto e buden spanko na mama


"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 26 Авг 2012 05:06 #211393

  • J.Sinolicka
  • J.Sinolicka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 71
  • Thank you received: 36
  • Карма: 1
Моево дете до 6 месеци се будеше на секои 3 саати ноќе за цицање.
Од 6 месеци до година дена се будеше по 2 пато ноќе да цица во 12 и во 4.
Од година дена му го укинав цицањето наместо тоа му давам формула Хипп 3
Си легнува во 22:00 тогаш пие 180мл млеко, се будеше околу 3-4 пиеше 150мл млеко и сабајле во 7-8 зависи кога ќе стане 180 мл.
Сега му го укинав тоа млеко во 3-4 сабајле, ке се раскенка, му давам цуцла ќе го нишнам и продолжува, ама обавезно се буди тоа време и закенкува, кога вади заб знае и почесто да кенка.
Одкако е роден не е преспан цела ноќ без будење, ама сега сме каде каде подобри отколку што бевме.

Значи спие од 22:00- 7:00 најкасно и многу ретко до 8
Преку ден спиеше два пати до пред два месеца, од 10:30 - 12:00 и од 16:00-18:00
Сега спие само еднаш од 12:00- 15:00

Цреша имав отворено тема за ноќното спиење еден период кога имав проблем причитац таму можеби нешто ќе ти помогне
Link1

Link2
Последна промена: 26 Авг 2012 17:25 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 12 Сеп 2012 07:55 #213112

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Nie imame 2 nedeli i sme si po spienjeto da ne go zarecam vo bolnica nemozev da go razbudam za da cica, sega ne napadnaa gcevi pa ne spie taka mirno se podrazbuduva pa pak zaspiva, ali imame eden problem sto denot mu e nok, nokta mu e den i sega kako ova ke se smeni ili samo od sebe.preku den nemozam nikako da go drzam buden zosto e malo i klapnuva za spienje, ajde sovet, prvoto dete ni den ni nok mi spiese do 2 godini sme se borele.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 14 Сеп 2012 05:13 #213346

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Мирка околу учењето што е ден а што ноќ, пробај дење атмосферата да е бучна и со нормално одвивање на сите обврски-тропање со тањири при раскревање, гласна музика, разговор, тв, машина, усисивач-дали спие или не, се ова најнормално да си функционира. Со цел да се навикне дека ноќта е дел од деноноќието за спиење а не денот. А затоа ноќе бидете тивки, дој го и заспивај го во темна и тивка соба и сл. Овој совет го прочитав во една книга и имаше огромен ефект кај Јана од кај 40 дена, а за малово сакало-нејќело во бука расте поред дада му :) Значи и кога спиеше преку ден кога беше новороденче јас си усисувам си се смееме на цел глас со Јана и сл. ама се знае навечер е друга песна, од 20 ч. се спремаме за мирна и тивка ноќ :)
пробај верувам ќе има резултати.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mirka

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 14 Сеп 2012 05:18 #213349

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Мирка и кај нас со второво исто беше така, денот го имаше заменето со ноќ и обратно, се се среди спонтано по навршени 40 дена кога почнав да ја изнесувам надвор. Ако си седите првите 6 недели дома, за бебуш е се уште рано да воспостави правилен ритам на спиење и буден период.
Ние сакале-нејќеле бевме бучни преку ден, како поинаку со три и пол годишна сестричка, а навечер сите преморени сакавме да спиеме, ама тогаш за бебушка почнуваше журката. Јас до 40 седев дома, највеќе поради тоа што времето беше дождливо и ветровите. Кога запролети почнавме да се шеткаме и биоритамот се среди.
Последна промена: 14 Сеп 2012 05:29 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mirka

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 14 Сеп 2012 17:22 #213450

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Калина првите денови спиеше исто и дење и ноќе,ноќе знаеше да стане по неколку пати за цицање,ама од пред некои три недели ја преспива цела ноќ,многу често знае да се успие во 20.30 па да спие до сабајле до 06.Инаку ако сака да спие ништо не и смета,ни телевизор,ни машина,ни светло и многу ми е интересна :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 18 Сеп 2012 11:41 #213776

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Mirka I mojot bese taka, denot mu bese nok, a nokta den. Odkako napravi 3 meseci se se smeni, preku denot luduva I si dremnuva po 30 min - 1h, a vecerta si ja prespiva cela
Seuste e rano za da steknuva naviki, se ke si dojde na svoeto, ima da menuva, da menuva uste mnogu.


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mirka

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 07 Окт 2012 16:19 #216709

  • ana84
  • ana84's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 281
  • Thank you received: 36
  • Карма: 0
moeto malecko ima mesec dena i mnogu cudno ima vreme na spienje,poslem 20h oskako ke go izbanjame si legnuva i stanuva na sekoj 2h za cicanje,no se do toa e taka se do 5 casot nautro, i poslem pocnuva da se budi vo 6,pa 7 i nekogas se budi tuka ili retko do 8. |Dali i vie imate vakvo iskustvo?
Sto pravite za vasite bebnja za spijat podolgo? mislam na oni pomalcekite, moze da se kaze novorodencinjata
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 08 Окт 2012 03:49 #216749

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Abe koga kako eve od pred nekolku dena pocna i noke da spie za razlika od prethodno, se budi na saat ipol do 2 , eve od vcera kako e legnat vo 9 ne e stanat samo cica i spie, nekoj denovi znae da zabusava posebno ako nesto mu se poremeti togas tesko nas,red uste nemame mali sme.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 30 Окт 2012 09:10 #219451

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Еве кај нас пак се се смени,спиеше по цела ноќ а сега обавезно се буди бар по еднаш ноќе а дење ми спие многу малку.Само се тешам што станува само по еднаш околу 2 и 15 па после во 6 или 7.Само една ноќ сега пред една недела ми стана 3,4 пати ич не спиеше убаво.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 30 Окт 2012 10:45 #219471

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
  • Карма: 0
Кај нас засега уште е истиот режим, се буди во 2ч, во 5ч , 7ч, па во 10ч.
Само синоќа скокна и од 00ч се разбуди дури во 5ч. Ќе видиме како ќе биде, викаат дека сеуште менувале, па до кога баш да видиме.
Инаку многу немирно спие, само нешто цивка, кенка, ржи, а понекогаш и плаче во сон. Прета со рачињата и како уште повеќе да се плаши од нив.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 26 Ное 2012 07:34 #223081

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Nas vo tekot na 24h ni se sobiraat 12h spienje, od koi 7h nokno spienje I 5h densko spienje ( 2 x 1,5h I 1 x 2h, ponekogas 3 x 1h i2 x 2h )


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку спијат вашите бебиња? 26 Ное 2012 07:41 #223084

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Nas vo tekot na 24h ni se sobiraat 12h spienje, od koi 7h nokno spienje I 5h densko spienje ( 2 x 1,5h I 1 x 2h, ponekogas 3 x 1h i2 x 2h )

Samo kog go vozime vo kolickata spie dodeka go vozime, 5h da go vozime 5h spie, znaci spie se dodeka ne zastaneme so kolickata:)
Noknoto spienje vo posledno vreme ni se smeni, zaspiva vo 00:30-01:00h, do togas si igra, se smee, a nie sedime so polu otvoreni oci, a ne bara da jade, najkasno jade vo 22-22:30h, slednoto jadenje mu e nautro koga ke se razbudi.

Nesaka poveke da spie vo krevetceto, pa spie so mene, a mm spie vo drugata soba, kutriot on :( , a jas I sinko si se guskame, si se toplime :oblace:


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.