Сарделите цветаат секоја година одново, доколку се внесаат во затворен простор пред првите мразови. Подготвени за зима тие можат да ја дочекаат наредната пролет во светол подрум.

 

За сарделите оптимална е светла просторија со температура од 5 до 12 степени. Бидејќи немаат голема потреба за светлина, доволно е место близу до прозор. Во зима повремено полевајте ги, бидејќи ја складираат водата во стеблата и доволно е да е земјата малку влажна.

Сарделите често цветаат и во есен, особено ако ноќите се пријатни. Кон крај на септември треба да ги отстраните сите цветови, свежи и овенати, за да билката заштеди енергија. Неопходно е да ги отстраните и овенатите листови. Секако повеќето листови ќе паднат во зимата, но веќе овенатите делови треба да ги отстраните со рака. Отсекувањето е полоша варијанта, бидејќи ќе останат само кратки гранчиња.
Кроењето е важен дел од негата. За да цветаат обилно во текот на цела година, во октомври или во март искројте ја билката. Сит е мали изданоци треба да се отстранат и да останат само главните.

Најново на форумот

  • No posts to display.