Есента доаѓа, ни ги носи своите бои и времето што нè известуваат дека летото е зад нас. Многу нешта се менуваат во природата, а со тоа и нашите навики за уредување на просторот како дома, така и во дворот.  Влезот во куќата е нешто што треба да се земе предвид, не само во функционална смисла - туку пристапот кон куќата треба да изгледа убаво.

 

Есенските бои во природата се прекрасен спектар - од зелена до жолта, портокалова и црвена, сите комбинирани со бојата на дрвјата и земјата ви ги полни очите со убавина од интензивни бои.
За декорација на влезот во домот користете ги сите овие бои, но и плодовите кои ги дава природата. Жолтот есенско лисје и тиквите се многу ефективен декор сами за асебе, но исто така и искомбинирани заедно.
Интересна саксија со актуелни есенски цвеќиња, тикв и аранжман од суво цвеќе или гранчиња - толку едноставно, а ќе даде свеж и пријатен амбиент.
Сето ова дополнете го со затворен свеќник и украсна свеќа, чиј пламен во вечерните часови ќе им даде посебна бајка и романтичен изглед на целата куќа и влезниот дел.

Слама искомбинирана со есенски лисја - ќе даде нота на природност и свежина, а свеќник со миризлива свеќа ќе го надополни секое катче.
Тиквите се навистина најефикасни за украсување. Од двете страни на влезот, едноставно наредете ги овие жолти украси, дополнете со жолти саксии и и украсете ја вратата со венец од есенски лисја.

Плетени корпи и дрвени садови, во комбинација со споменатите (неизбежни) есенски мотиви - ќе додадат повеќе природност и ќе се чувствувате како да сте во шумска бајка.

Исто така можете да направите дрвена табла со порака за добредојде.

Ви предлагаме да се занесете во имагинативна декорација на влезот во куќата, ќе уживате во самиот креативен процес, а влезот кон домот ќе даде еден посебен впечаток и посебна енергија на топлина во целиот дом.

Најново на форумот

  • No posts to display.