Латинското име за ова растение е „секогаш живо“ што значи дека е неуништливо без оглед на условите во кои расте. Таму каде расте и вирее ова растение, неговата „секогаш жива“ и неуништлива енергија се пренесува во домот и домаќинството.

 

Ова повеќегодишно растение високо е 10–60 см, има дебели сочни лисја наредени во розета. Исто како кактус се вади ретко, а ако е засаден во двор не треба да го наводнувате. Цвета од јули до октомври и во овој период може да се соберат лисјата за чаеви и други лековити препарати.

Свежо исцеден медицински сок
Овој сок е добар за изгореници, каснувања од инсекти, „волчји“ очи и брадавици, сончеви пеги и дамки, херпес и исеченицикожа. Сокот помага и при воспаление на непцата, воспаление на увото и грлото.

Чај од „чувар на куќата“

Чајот го подобрува излачувањето на урината, помага при болни менструации и дизентерија.

Две лажички сецкани лисја посипете ги со една чаша врела вода. Оставете ги да стојат два часа. Процедете го и пијте по 1/4 чаша, 4 пати на ден пред јадење.

Мед и „чувар на куќата“ како природен лек 

- 500 грама домашен мед 300 грама листови од цвеќето. Измелете ги лисјата и полејте ги со медот. Оставете да стојат неколку дена. Секој дн по една лажичка земајте на празен стомак и потоа два часа не јадете ништо Во зима, заради намалена физичка активност доаѓа до зголемено задржување на штетни материи во организмот. Мешавината со мед го забрзува метаболизмот и го чисти организмот од токсините. Исто така се користи кај проблеми со срцето, а докажано влијае и на проблеми со миоми на матката и цисти на јајниците.

Маст

- Грст ситно сецкани лисја и 200 грама маст.

Мастата се мие во девет води. Во еден сад измешајте ги состојките. На тивко нека се раствори маста без да врие. Потоа тргнете го садот од шпорет и оставете да стои 12 часа. Потоа повторно загрејте ја и процедете ја во тегла. Чувајте ја во фрижидер.
Оваа маст е лековита за рани како резултат на удар и нагмечување, гнојни рани кои не заздравуваат долго време, отоци и сончеви пеги и дамки на кожата, каснувања од инсекти и фистули.

Најново на форумот

  • No posts to display.